Сакам да кажам дека не е фер сите околу мене да се жалат дека се болни, а јас на крај да завршам со тумори....
Татко ми секогаш вели: „Кога правиш нешто и да е најпогрешното на светот, како аргумент имај го твоето „сакам“ и пред се ќе бидеш силна...“ А денес... денес кога е ден за нови почетоци и кога таа сила ми е повеќе од потребна, каде е тоа „сакам“... А денес во главата ми се најгласни сите факти „ЗА“ и „ПРОТИВ“ мојата одлука... А денес грутката во грлото е потешка од кога и да било... А денес дланките се потат повеќе од потребно... А денес е ден за нови почетоци... А денес можем ли сигурно да речам:„нови почетоци... зошто јас така сакам“? Ај денес нека тргне...
Колку не ги сфаќам двојните намери на луѓето значи.. Фино лепо, од околу ме испраша - демек не било срамно да се мажам по втор пат. Само да се оговарало. Ако сум дојдена сама во Скопје, а маж ми не е тука, не значи дека се разделуваме... Си се смеам сега, нека пукнат од мака пошто не им давам материјал за фаќање сеир. Мене после саат време ми текна што ја мачело неа.
Зачудувачки е како за една година ми беше одземено детството и бев втурната во светот на возрасните. Толку многу работи се сменија. Се соочив со најголемиот страв во мојот живот. Нешто што мислев дека никогаш нема да го преживеам,ама еве ме живеам,дишам и поретко плачам од вообичаено. За една година имав два големи губитока,се соочив со операција на најблизок,изгубив контакт заради кавга со друг,некои соништа ми се разнишаа,други станаа по реални. Променив живеалиште,осознав работи. И еве ме пак се соочувам со раделба,што може да прерасне во почеток на нешто убаво понатаму. Кој знае. Некогаш ме уништуваат мислите,некогаш пак се нешто што најмногу го сакам кај себе. Поседувам цел спектар емоции,чувствувам силно и се` правам од срце. Некогаш пак истите тие висат ко црн облак над мене и ми предвидуваат темна иднина. Исто како во филмот Inside out,чудно е како некои некогаш среќни спомени,тагата ги допира и се обојуваат сино.
СДК дека ОСЕТЛИВОСТА е некој вид висок облик на интлигенција - бескорисно е да се обидуваш да му ја објасниш на некој кој ја нема
Девојката што седи до мене во автобус мириса на гумени бомбони Баш фино ме потсети на оние денови кога главна окупација ми беше со која боја да го избојам фустанот на принцезата...
Значи не можам криво ми е, отруле едни од најмилите и најдобрите улични кучиња...немате поим колку беа срцки, стари неколку години, постојано си беа на исто место...срцето ме боли, не можам да не мислам на нив...фрлиле оров во парк, каде што шетаат еден куп деца, каде што се шетаат домашни миленици, да даде Господ најмилото да им се отрови па да видат како боли. Ѓубриња скапани. Изреволтирана сум многу...таму живее дечко ми, неговото куче го шета таму...добро е што и нему не му се случило нешто. До кога, до кога. Да цркнат. Да умрат во најтешки маки им посакувам на таквите. Ѓубриња.
Пример да имаш осет дека лук или кромид не се конзумираат пред да одиш во некоја гужва, автобус или нешто така.
Ako se razbira nekoj vo otvaranje na mail,a pasvordot zaboraven,ve molam pisete mi lp. Mnogu mi e vazno!
Со мало задоцнување сакам да кажам дека вчера направив една година на форумов ! Брзо помина, да. Ќе се дружиме уште многу, не планирам да ве напуштам
Денес имам инспирација ,,ниар бај ми,, ...па спонтано ми дојде дека СДК оти комбинацијата ограничен ум и неограничен интернет може да доведе до сериозни оштетувања во околината
Ова што ни се случува нас младите е, во најмала рака, жално. Ти, на кого тато ти најде државна работа или истата ја доби лепејќи плакати по улица, ниту ти, што на твои 23+ уживаш, се излежаваш дома и мама и тато ти финансираат се, вас не ви зборувам. Им зборувам на оне млади кои сами се борат за парче леб. Сами ли не се цениме? Во најубавите години, кога сеуште немаш семејство, кога заработуваш за себе, ние тогаш не можеме да си дозволиме ни до Охрид да скокниме, а не да одам да ја видам Европа, светот. Доаѓа лето, а тебе душата ти врие, дали ќе соберам доволно пари за 7 дена да одморам на море, која од свадбите на кои ме поканиле да ја прескокнам за да избегнам додатен трошок, овој фустан од 3000 денари е третина од мојата плата и е скап за мене... Наближуваат триесеттите, а ти сеуште немаш партнер? На твои години по две деца имавме (познато ви е,нели?). На крај неизбежното- ти не знаеш што сакаш, и ние немавме па бевме среќни, без пари ве изгледавме. Еве, едно прашање, просветлет ме- како бре не изгледавте, ви се молам? Со овие 10 000?Не, друго време било, бесплатни превози, евтини карти, твоја е Југославија. Тешко им било. Немаштија. Немаат за внуците. Епа јас немам ни за сопруг, ни за дете, ни за внуци. Не изгази политиката, општеството, табиетот...ќе не изгази и времето... Купи го тов фустан! Потроши ја цела плата за на одмор! Море побарај и аванс од слената! Животот е многу краток и еднаш си во дваесеттите. Времето не се враќа, ни годините, ни шансите. Искористи се, и онака многу малку ни оставиле за искористување.....
We are who we are, nothing less, nothing more. Може изгледа како евтина реченица од Коељо и најверојатно ја има некој таков веќе некаде напишано за да мотивира некој мајмун да направи некое срање во животот, ама реално, ова е реченица која нè опишува сите до еден. Ќе прашаш зошто? Ќе ти кажам. Затоа што веќе некаде до својата десета година сме формирани како карактери во огромен процент. Дали сме мрзливи, дали сме авантуристи, какви луѓе генерално сме, речиси сме определни. До смртта никогаш нема да успееме да ги промениме тие нешта. Добро е да се познаваме самите себеси, да сме свесни за своите доблести и своите маани, да не ги игнорираме ниту едните, ниту другите. Првите за да го подобриме животот на оние околу нас, вторите за да го подобриме сопствениот живот.
Зошто бре ги правам упорно истите грешки и не менувам ништо? Толку ми е страв од промени???? Е*ати храброста Татјано....
да можев 5 пати да ти го лајкувам постот, ќе ти го лајкував Затоа што истите мисли ми се вртат во глава, затоа што и јас имам 20 и 4 години на одмор не сум била... Затоа што и мене ми е луксуз да си купам Рафаело... а рмбам.. е затоа
Доаѓа другарка кај мене пред 2 недели. Ми кажува како е разочарана од друга другарка и почнува да ми кажува колку била расипана, како вреѓала и сл... Вчера ги гледам заедно сликани на одмор во Грција. Навистина почнувам да се прашувам, до каде стигна светот? Бар мене ме знаат оние кои јас не ги сакам, почитувам, не глумам, не се воздржувам без оглед дали им одговара кажаното. Сакам да кажам дека светов е забеган целосно. Баш се прашувам, што ли кажала за мене на таа особа која до вчера не вредеше воопшто? Како може да каже некој каков е и да дели соба, денови на одмор. До каде со лицемерието ќе одиме... За греота сме колку сме бедни и заостанати. За се, не само за горенаведениов пример.
Да, сите со сите се озборуваат.. денес другарот/ата те изнервирала, изневерила и разочарала на некој начин, одиш и трубиш наоколу колку ти е тешко и неочекувано наместо да седнеш и збор два на него/нејзе да и кажеш. Да и го кажеш тоа, вистината и реалноста дека си разочаран и те боли наместо да го/ја зборуваш позади грб, не размислувајки дека си делел свашта со таа особа и дека не е воопшто вкусно наоколу самата постапка. Да бевме сите ама сите такви и да се однесувавме така кон блиските наши немаше светот да се промени до ова светло и да немаме блиски луѓе наоколу за да споделиме збор два и да си ја олесниме душата. Не е вкусно, како и да е.