[/quote] Еве специјалана покана за озбилна,уз пат собери ја и Абеја,може ќе ти даде превоз Нема да ме промашите,се сунчам на една мала плажичка на Лигурско море Побрзајте да не ми дојде многу од коктеливе,дека сама
Така златна Какво промашување, навигација, и ете ја Antoninaaa. Таљанска ривијера Е, ние додека се најдеме ќе се стемни Ако пивни си дур е ден, има пред нас и ноќ
Недела ...Врне дожд...Неможе да се искочи нигде лошо времето ...Утре понеделник Единствено шо ме држи у добро расположение е тоА што утре ке го видам БЕБУШОТ Ми фали...
Се прашувам како ми помина денов? Како се чувстувам? Смешно е, знам, ама ни самата не знам. Фала богу односите со дечко ми ми се поправени. И се тоа благодарение на мене. Како велат, ако човек сам не си направи, никој нема да му направи да му биде убаво. Изгледа дека се чувстувам изгубено. Или разочарано. Или тажно? Милион прашалници кои немаат одговор. Денес со дечко ми бевме во црква. Фала богу после толку време. Во дворот на црквата седеше една жена. Косата обелена. Облеката искината. Несреќна жена. Жена која нема ништо и никој во животот. Искрено, таква тага, самотија и несреќа не посакувам ни на непријателот. Никој не го заслужува тоа. Но длабоко во нејзините очи се гледаше дека сеуште има надеж. Му прозборе на гулабот. Повреден беше. Таа многу се сожали на него. Кога поминавме само не погледна и едвај изусти помогнете... Нешто внатре многу ме заболе. Ама како за несреќа сите пари ги потрошив и скапан денар немав во мене. Немав како да и помогнам. Дечко ми не сакаше да даде. Го замолив, но не се согласи. Се обидов да му објаснам, но очигледно моите зборови не вредеа многу. Продолживме по патот и сретнавме едно девојче. Ромка. И не замоли. Не за пари, туку за парче леб. Да и дадеме нешто да касне. Како што кажав скапан денар немав, а далеку од дома бев. Го замолив дечко ми само за 15 ден. еден ѓеврек да и купам, ништо повеке. Но џабе си ги потрошив моите зборови. Дечко ми само ми рече: Ти вака ако даваш, знаеш колку вакви има, на сите ли ке им даваш? Јас му се налутив, за првпат со право. Ќе давам, да имам ќе давам. Кога ќе пораснам сакам да отворам хуманитарна организација. За деца без родители, за деца бездомници и за болни. Да ти се плукнам и во државата и во претседателот, и во партиите и се што е поврзано со политика. Зошто лековите се толку скапи? Зошто имаат пари да го накитат Скопје, ама немаат пари малку да помогнат на сиромашните. Каде отиде добрината? Човечноста? Ах, аборавив дека денеска скоро и да не постои ниту добрина ниту човечност. Сакам да сум богата. Многу богата. Но не за јас да пливам во пари. Туку да правам добрини, да помагам, да украдам по некоја насмевка на некое несреќно дете. Секое дете да биде здраво. Секое дете се радува на играчка. На чоколадо. Но не секое дете го има тоа задоволство. Некои немаат ни парче леб. Кога ке пораснам ке посвојам дете. Дете оставено од своите родители. Дете што ја нема почувствувано таа мајчинска љубов. Сакам да му ја пружам. Не можам на сите. Ама барем на едно дете можам. Сакам барем едно дете да направам среќно. Добрината со добрина се враќа. Краток е животов за злоба да делиме мегу нас. Најголемо богатство е здравјето што го имаме, а потоа и љубовта од најблиските.
Порано неделите многу ги мразев никогаш не сакав недела ... но како поминува времето се повеќе си се приврзувам со семејството ми поминаа лудите години и ми одговара дружењето со моите најмили па дури и досадните генералки за чистње на мама ми се интересни. Одреден период ме нервираше тоа несакав ништо да помагам дома излегував и се враќав кога се ќе биде средено а сестра ми и помагаше на мама сега е обратно Таа излегува јас со мамита заедно јас средуваме цела куќа Нема ништо поубаво кога ќе си исчистеш и средиш,кога се ќе поставиш на свое место,кога се е убаво подредено.Уште од врата мириса чисто,на цвеќиња,на убавоо Колку ми е убаво па и да шетам после дожд,се е мирно чисто... Дека Недела сите си се по дома улиците празни,се осеќа мирисот од дождот и од јоргованите кои почнале да цветаат Средивме дома се и се договоривме со мамичка да прошетаме заедно,онака да пешачиме малку,да ни помине времето побргу...Знае дека уживам во такво време и ај ми направи ќејф женичката се согласи,срцка моја се гледа да ми угоди Си се изнамуабетивме како најдобри другарки си се смеевме ,а си набрав и букетче од јоргован за дома,да ни одговара со чистата атмосфера да не развесели малку ,да се осети свежина Доаѓа сестра ми отвара врата пеее ,ајдее велам што е толку расположена И се дере од долу : ми мириса на пролет,ми мириса на дожд во пролет И мирисало дома на пролет ,боже мој Ви посакувам да имате убава вечер на сите,смејте се и сакајте ги вашите најмили Еве ви една сликичка од јоргован а вие присетете се самите колку најубаво мириса
Недела ми е некако многу досаден ден од неделата бидејќи нема што да се прави и незнам некако ми е глупо ... Но оваа недела е најглупата недела во мојот живот затоа што ништо не се случува како што сакам јас . Ништо не е како што треба и работите не се одвиваат во моја полза а нели секогаш има некој кој кога ти е тешко ќе направи да ти биде уште потешко и ќе те изнервира . И колку и да се трудиш да игнорираш некои работи ни тоа не ти оди од рака а уште поболно е тоа што и работите што се случуваат не се во твоја моќ односно не зависат од тебе и неможеш ништо да сториш колку и да сакаш . Па така да ти мораш да се помириш со се и да глумиш дека се е во ред но не , ништо не е во ред и ЈАС НЕ МОЖАМ ДА СЕ ПОМИРАМ СО ТОА !!!!!!!!!! И онака не ми е денес денот па така ЛУЃЕ ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА И НЕ МЕ ЧЕПКАЈТЕ ТАМУ КАДЕ ШТО НЕ ТРЕБА !!!! Спојлер Незнам дали ова е за тука или повеќе е за во Испукајте се но морав негде да пишам инаку ќе
Да имам пари барем малку одвишок, што кај мене никогаш не се случило до сега, секоја недела би киснела во некое спа центарче, и би се препородувала. Ама кога њама пари и домашните тракаташки и неги ме задоволуваат. Мислам дека ме препородуваат неделиве кога ги минувам во када, со мачкање, тупујање, лицкање... И ласт бат нат лист за крај мутаво серииче и квази саси вода коктелче, пошто алкохол не иде во ваков ден. Анд алл д чраблс го авеј, ивен фор тен минитс. Си мирискам на ванила и камфор и друго ништо не е битно.
Понекогаш работите не излегуваат онака како што планираме. Еве на пример, јас сум човек кој се` планира од напред, до најмал детал, и секогаш работите фаќале сосем друг правец и испаднале сосем поинаку од она што сум го планирала, или сум замислувала како таа работа би требало да се одвива и да заврши. И затоа, скоро секогаш сум разочарана. Најдобро е ништо да не се планира, да не се создава слика во главата за тоа како би изгледало планираното, бидејќи во најголем број од случаите исходот е разочарувачки. Од друга страна пак, интуицијата никогаш не ме лажела. Дури и тогаш кога планирам одредена работа и се надевам дека се` ќе се одвива во најдобар ред, внатрешниот глас ми вели дека тоа што сум го замислила нема да биде така и дека работите ќе се испреплетат до тој степен што воопшто нема да има никаква врска помеѓу она што сум го планирала и она што се случило. И секогаш е така. Не планирајте! Случајните работи се најубави, нели?
Кога ќе видиме некого со широка насмевка често знаеме да го прашаме, што се случило, ајде пофали ни се, или пак на луѓето околу нас што постојано ги гледаме позитивно расположени им бараме формула за таа среќа... А зад среќата на човек кој постојано грее со својата насмевка, наместо некој голем успех или посебен настан како што очекуваме, може да се кријат толку ситни, секојдневни причини кои се всушност најголема причина за насмевките. Среќа се пеперутките во стомакот поради помислата на некоја личност да ти предизвикува блага насмевка за која не си ни свесна. Загубеноста во мислите во прошетка на свежа квечерина со мирис на дожд кој лебди во воздухот, со слушалки на ушите и релаксирачка музика. Задоволство се навидум безначајните секојдневни успеси... кога ќе уживаш во вкусот на колаче што сама за првпат пробуваш да го направиш, во момент на расположение погодно за готвење , или ќе ја преточиш моменталната инспирација на хартија и ќе ти се допадне добиениот резултат. Моментот кога ќе подучуваш девојче во комшии кое си го сметаш како помало сестриче, и ќе ти се пофали дека добила 5ка заради твојата помош. Фактот дека имаш круг на луѓе со кои телепатски си ги одземате зборовите и губите ориентација за време во муабетот со нив... И кога се радуваш на малите нешта, имаш толку многу причини да кажеш кога ќе те прашаат зошто зрачиш со насмевка, и секој ден ќе најдеш безброј нешта кои ќе ти разлеат насмевка на лицето...
Често знаат да ме прашат „зошто тој“ ? Јас само се насмевнувам и им кажував дека тој е посебен. Посебен беше, богами беше посебен за мене. Сите други го гледаат со поинакви очи, а јас, јас го гледам вистинскиот. Се пронаоѓам во него. Никој не разбираше, не се ни грижев за тоа, никогаш не се оптеретував со тоа што мислат другите за мене. Тој беше мојот избор, мојот најдобар избор. Иако сите кажуваа дека не е за мене, јас не ги слушав, го слушав срцето. Разумот немаше право на збор, бидејќи ако го слушав разумот ништо немаше да биде што е. Го послушав срцето, сега се каам. Но тоа не е битно. Секогаш треба да се слуша срцето, дури и кога разумот ти кажува дека греши. Иако ќе заврши повредено. Мора да научиме да го слушаме срцето. Некогаш е добро, а некогаш лошо.
Спојлер Се откри дека јас сум Maria.Vampire,ете ме повторно со стариот профил.Иако од се срце си го пожелувам новиот назад.Безразлика,еве сум. Иако повеќето од нас велиме дека не ни е гајле што другите мислат за нас,гајле ни е.Разликата е како ние се соочуваме со тоа. А јас денеска сфатив дека јас добро се соочувам со мислењата што ги луѓето имаат за мене.Добро е за разлика од многу порано. И сфатив дека мноогу сум научила од животот,а несакам ни да помислам уште колку ке учам. Феминки имајте убава неделна вечер и не дозволувајте мислата дека утре е понеделник да ви го уништи расположението. Сепак и лошотијата на понеделникот не го менува фактот дека секој и сешто има во себе некоја убавина и нешто што го прави уникатно.
Се здебелив Бајаги се здебелив женки. Лошо сме научени, од на кафе на јадење. Само незнам до кога вака Царски е верувајте
И така моите први,посни,чоколадирани јаболка,наместо да завршат на утрешната трпеза,звршија во мојот стомак. А толку се мачев,ги титрев за на крај кај мене в стомак да завршат.. Вчера само колку среќна бев, кога ги видов како излегоа. Малечки ѕвездички и срциња,така чоколадни,кој би знаел дека се јаболка? И сама си ги направив..Па и онај татко ми вчера одма да ги проба,за да ме пофали малку. А бе налет тоа и пари потрошив те за јаболката,те за чоколадото,те за стапчињата,те за струјата( на скапата ги правев),за машнички правење да ги украсам.И за што за, денес чоколадото да почни да се крши .А бе тато ме урочи! . Да не бев ,утре од поручек на школо ќе ги напраев пак.Ама малерот ме следи. Од слатките ѕвезди,срциња,чоколадирани останаа само украсените стапчиња. Колку само се изнервирав .
Ах,граду мој што ќе ти бидам јас,што ќе ми бидеш ти? Ќе пишуваш ли за мене,или јас ќе ти дарувам стихови? Ќе се сеќаваш ли ти ,кога некој ќе ме заборави? Ќе ми бидеш ли ти дом? Надеж во Пролетта.Остатоци од чувства,некому на дар. Овој пат сакам љубов која мириса на штотуку расцветани цреши во Скопје. Минатото секогаш е зад нас,врежано во спомени. Сонувајте,мечтатели.
Не бе не, за мене нема подобро од седенка со одбрани луѓенца, многу вино и многу вино. И ракија. Можеби и малку сирење. На одење кон дома не можев да не се запрашам како можам да сум со него? Со човек што ја мрази Bohemian rhapsody ? Ја љубам оваа љубов и покрај се.