Имам и јас навика да се зближувам претерано со луѓе. Ама... А како да кажеш на некој: А, бе, граници малку, ова е претерано. Многу сум внимателна со мојот личен простор, и ич не сакам некој да ми влегува во него. Посебно некој што е скроз непрофесионално да го прави тоа.
Конечно дожд. Свежина. Знак на живот! А знак на живот и од другата страна на стариот континент. Сега можам да бидам мирна. Се успокојувам со класична музика и убави мисли. Правам чистка на небитности. Ги шмирглам лузните. Ако веќе не можам да се ослободам од нив целосно, барем да ги измазнам да не се груби на допир. Па да можам да гушкам без да гребам. А ми се гушка. Тој ми се гушка. Па да испреплете раце околу мене. Да ми шепоти на увце и да ме љуби.... Па да се смееме ко лудаци со саати...И така до сите вечности!
Денес е голем ден.Денес е убав,најубав ден. Точно пред 9 години се роди таа.Мојата смисла за живот,мојата лепотица,моето се. Најубавите очи,најубавото носе,најмалите и најслатки рачиња тој ден ќи видов. Тој ден го почуствував најубавото чувство во животот,чувство што не може да се опише со зборови,чувство кое вреди повеќе од се на светов.Станав мајка го добив она кое девет месеци растеше во мене. Станав побогата со нешто кое вреди многу љубов,среќа,радост. Тој ден ми се смени животот на подобро,секоја болка,секоја тага,секој лош миг беше заборавен,останат во минатото причината беше тоа мало суштество.Тој ден со нејзиното раѓање дојдоа солзите радосници и многубројните насмевки.Неа ја боли рачето мене ме боли срцето,нејзините падови ме болат многу повеќе од тоа што таа го чувствува.Само една нејзина насмевка ми вреди најмногу на целиов свет ,а само една нејзина солзичка ме здоболува длабоко во душата и срцето. За неа би го дала животов,срцево,душата само засегогаш да го слушам нејзниот мличок глас како извикува мама и те сакам мама,гушкајќи ме силно.... Среќен роденден лепотицо моја,окце мамино,ѓаволчево мое биди здрава,жива среќна весела како и до сега. Мама ќе те сака цел живот и ќе биде покрај тебе
Во Авганистан, Иран, Ирак, Турција на секој саат гинат луѓе, има бомби, напади и никому ништо, а во Франција по втор пат се случува и... И едните и другите се луѓе....и едните и другите имаат семејства....и едните и другите се невини жртви.... И привиот пат кога се случи узбуни се кренаа, сите пишуваат (да, дури и глуперди од македонија по фб пишуваа) Pray for Paris, сега гледам Pray for Nice....а за другиве жртви во другите земји на кој му дреме. Сепак Франција е центар на светот...во другите земји не живеат луѓе, туку говеда живеат. Посебно во Иран, Ирак, нема мали деца, нема бебиња, нема млади туку сите се старци од по 100 години што гинат па затоа не треба да ги жалиме.
Значи само јас можам да успеам чоколадна торта да направам солена Кај солена, па и сува е ко леб стоен 3 дена
"Од денеска ќе запловите во мирни води итн." Голема вистина е запишана во статусот на форумов за мојот хороскопски знак. Официјално за мене летото започнува денес. Успешно завршени сите обврски, постигнати посакувани резултати и сега е време за забава,за патувања, танцување, уживање во животот со полн здив. Запомнете: Секогаш кога е најтешко мора да бидете најиздржливи. Не е важно колку бавно го чекорите својот пат до успехот, до своите соништата, aко сте на вистинската патека стигнување до целта е сигурно обезбедено дури и со најмалиот чекор. Повелете феминки мои заедно да прославиме за овој убав момент на радост.
И од тоа има уште пострашно верувај.Да очекуваш да добиеш баш во периодот кога си на одмор. Се осеќам ко чупињата што се тресат секој момент да им дојде за да испадне дека не се бремени, мислам дека сум и полоша од нив.
Ми фати око еден наслов, дијаманти за галичка свадба.. па добро бе мајката, немаме ние филиграни, бисери, 300 чуда, па дијаманти?! Се губи традицијата будали низаедни
Жално е ова што се случува во светот, сега е Ница, утре не се знае... Пак нема да има мир, некој ќе пресудува во име на нечии идеали... Но преку едно нешто не можам да поминам. Каде се сите оние што се молат за Ница, за Париз, за Мајами... да се помолат за осумте загинати полицајци во Куманово, кои животот го дадоа за да се спречи масакар од таков вид и кај нас. Фамилии се зацрнија и кај нас... Има ли некој да се помоли и за нив?
Себични родители израснуваат себични деца кои пак постануваат родители што повторно ќе ја пренесат себичноста и на своите деца. За жал реалност која се плашам дека не ќе можам многу да ја променам иако со сите сили се трудам.
Сакааам да кажам дека јас сум од оној тип девојки што секогаш доцнат. Сигурно сега викате тешко на тие што сум договорена да излезам..Епа да и јас викам тешко нив.Ретко се случува да подранам и јас да ги чекам.Е тогаш кинам живци,мразам да чекам некој..
Како може да има луѓе на форумов што се здаваат само за да испаднат попаметни од тебе, со тенденција да те навредат, па и ќе ти кажат кој си и од кај си, па и колку си богат/сиромав. По што проценуваат тие љуѓе некој човек што врска немаат ни од кај е ни што е па и си дозволуваат па и да го навредат пред цел аудиториум. Не, тоа не е бонтон, тоа е малограѓанштина. Комплекс "еве јас ќе кажам дека сум боља од тебе" . Не знам дали е повеќе за плачење или за смеење. Само да се чекало искра за оган да се запали. Страшно.