енглез у хавана- зш ми ги крадете жените кога немате пари ...шо не е уред со лугево сите зинале за пари и гзот ке го шитнат
Абе обожавам мажи! Али најомилени ми се оние тешки фраери што се губат во твое присуство, и подсвесно прават се што ќе (им) кажеш. И обожавам жени кои се совршенство што оди, и пак ја удираат со лакт во поминување ,, клошарката која куче нема кај да ја касне,,. Јбг сестро, не е се до парите, до карактерот е.
Животот ми прави сопки падни стани цело време,а јас ги гледам луѓето со насмевка на лицето,кој знае што си велат.Си велат овој отишол со паметот,гледај животот што му прави а тој се смее. Јас му се смеам на животот,затоа што нема никогаш да се откажам од мојата борба,борба за среќен живот,а вие само мислете дека сум будала.
Кога некои луѓе се прават со сила паметни смешни се На моите им купив аголна гарнитура денес, кој знае кај ќе бидам кога ќе им ја донесат, едно 1300км на север хмм Нема да и се израдувам Во понеделник ги носам на шопинг Си ги начукав годините, ама кога ќе ги видам среќни ептен душава ми е полна
Сë повеќе ми се чини дека... зад она, „обожУвам класична музика“ на луѓево на кои чат-пат налетувам се крие нешто по... длабоко, суштинско, содржајно. Се кријат песни од болка. Такви, испеани кроз солзи, со стегнати тупаници, заби што шкрипат, грла што вибрираат. Цеца, Лукас &co. И не е тоа толкав проблем, ама станува проблем кога го криеш. И...од ова брдо осеќајни чудаци и лудаци,човек не може на ред да дојде да осети нешто свое. Било што. Од револуцинерите.. слободоумците.. запознав доста такви со потенцијал да ви забранат да им контрирате, парирате, мислите, зборувате, правите.... Сé е хоризонтално кај нив, као. Освен кога е вертикално. А, вертикално им е нон-стоп.
Колку само сакам.. да заминам некаде по овие плаживе по рекламите и интернет.. Некаде каде што морето е сино и се гледаат коралските гребени, каде што песокот е бел навезен како синџир од дијаманти кои што светкаат од далеку.. Некаде каде што всушност убавината на природата е тоа што се цени и влева непроценлива описност, некаде каде што луѓето умеат да ја пазат и галат таа природа што никој не може да ја створи колку и да се труди. Е таму .. сакам да сум на одмор со маж ми.. под некоја мала баракичка од трска, спална и сосема мала кујничка за утриско кафе и вечерно вино.. Каде што нема да фаќам мрежа на интрнет и да навлагам во секојдневието кое што буквално сите не гуши, таа брзина и таа гужва од народ! Се стремам да пропатувам неколку часа на брод, да се изнагледам убавини од синило и полно живот.. Ако ми успее идејава ќе се вратам да раскажам дефинитивно.
Порано многу ме лутеше тоа што луѓето не се однесуваа со мене како јас кон нив. Сега веќе не. Сфатив дека многу од нив се злобни затоа што се несреќни. Ти имаш нешто што тие го немаат и продолжуваат да живеат во сопствената ограниченост за која и самите не се свесни за жал. И така кога ќе ми ги кажат нивните проблеми како човек што животот не го мазеше ако така мислат, пробувам да им помогнам без да се наметнувам и паметувам. И пак таа помош одбиена, доказ дека луѓето никако не го слушаат твоето мислење. Ок те предупредив до каде може да оди психата и таа самодеструктивност како човек што не ти мисли лошо, а ти потајно мене да. Да ти кажев дека посетив психолог и будала ќе ме направеше. После животот не чини, е нема да чини сестро со такви негативни мисли ќе тапкаш во место, а и рикверц ќе се вратиш.
Сакам да кажам дека премногу работи ми се случија за прекратко време, а јас не очекував дека така ќе биде, не бев спремна на бура. Со секој поминат ден се трудам да бидам подобра, да не мислам на ништо, да се фокусирам на тоа што е навистина важно. Уште малку енергија и мотивација и почнувам...
И пивофест и се. Ко че не е нешто ко шо треба.... Сакам само некој да биде до мене вечерва. Толку барам. Фала. Не ми треба ништо друго. Нема ни да излезам изгледа.
Откако излезе видеото ја удавив другаркава со песнава. Мислам дека ќе се откаже од мене ако после сега ѝ ја пуштам уште еднаш. Una cartica que yo guardo, donde te escribí que te sueño y te quiero tanto
Од ненајавени гости има само едно полошо - ненајавени и екстремно глупи гости. Главата ќе ми пукне од муабетите што се прават, не можам повеќе... дури и мајка ми избега.
Сакам да кажам за производите од Хербалајф,поточно за шејкот и чајот..све е хемикалии,јас ги користев два месеци и после се здебелив..3600 денари месечно за лош резултат на крај,плус и храна-испаѓа 23600 денари..
Зошто неможеме да разбереме дека сите сме различни? Некои учат бавно, некои учат брзо, други имаат фотографска меморија, некои учат напамет, трети ја бараат логиката насекаде, некои користат само маус, некои само тестатура… Но не сме глупи, сите имаме различни квалитети. Престанете да ги судите луѓето. Ако вашите способности не се исти не значи дека тие се глупави.
Мислам дека ја пронајдов мојата сродна душа, малку поскасно откако го пронајдов мојот животен сопатник. Мислам дека животот повторно се заебава со мене, малку покасно откако ме сјеба скроз. Мислам дека ако не полудам, нема да е нормално. Знам дека многу мислам, затоа н можам да спијам!
Луѓе се поќе и поќе мањаци пишат во приватни пораки. И ги пријавувам упорно, и упорно продолжуваат. Дајте ве молам нема смисла. Админи има тука или шо? Се нервирам од проста причина шо ова ми е рајат место за релаксирање и искрено ми сметаат напалени тинејџери на секое во пораки.