Реални или измислени, искрени или лажни, некои ликовиод форумов ми влегоа под кожа, со некои можам да се насмеам, со други да се изнаплачам, пред трети да си ги кажам маките, четврти дами датат најдобар искрен совет.. Пронајдов вистински пријателки. Ме расплака еден пост денеска, боли, стега гради, забрзува пулс... Која и да е, небитно, сепак те гушкам мила Тивки, без прашања,без одговори, без зборови... @Dear_Thing * подолго време ја нема @Kiki-Angel , откако кажа дека имала рак ја снема... Дали некој знае нешто за девојчево?? Мисла ми остана...
Имам голема мака, ако сака некој да ми пише лп за совет и мислење би му била многу благодарна. Премногу е јавно да пишувам тука. Фала однапред.
""Здравјето пред сѐ."- една од многуте клише фрази, која се употребува многу често од поединци кои трубат сѐ едно те исто по цел ден. Затоа што, што по ѓаволите може да ти се случи до утре? Па секогаш пред да кажеш што планираш да направиш велиш: "Здравје Боже..."? Ништо. Ќе бидеш здрав исто ко што си бил и вчера, и би можел да го направиш тоа што треба без никаква потреба од "Здравје Боже..." пред тоа. Или па мора само да се кука и зборува за нешто... *по што следува превртувањесоочи од моја страна*" Вакво мислење имав, а верувам и други со истото размислување, сѐ додека не дојдов на тоа ниво да оваа "клише фраза" не ми стане водилка во животот. Оти само ментално здрава, и физички способна личност, може да го реализира тоа што е пред неа. Во никој друг случај тоа не е возможно. А и многу може да се случи за еден ден. Всушност, секунди се во прашање.
СДК Јули ми е нaјубaв месец,немaм дaтуми кoи ме врзувaaт зa месецoт aмa ете,сaкaм мн летo,a јули ми е бaш летен месец.Кoгa ќе пoмине јули кaкo и летoтo дa ми пoминaлo,незнaм зaштo тaкa,сигурнo oд шкoлски денoви ми е oстaнaтo,aвгуст чекaш дa пoмине и знaеш шкoлo,есен,сегa немa шкoлo aмa зимниците ќе пoчнaт крaј aвгуст и тoa ми е тoa... Јули ми е кaкo сaбoтa вo неделaтa,истo oмиленa,срединa нa викенд. Летo.....сaкaм дa трaе штo пoдoлгo
Секоја година после завршувањето на сесијата си правам планови за месец Јули. Обично тие планови вклучуваат присуствување на сите забави, луд провод, одење на одмор, поминување квалитетно време со пријателите и пријателките. Ете Јули помина, а ништо од плановите... ај барем спијам по единаесет часа. I need new buddies to go to parties with
Многу работи сакам да кажам и ќе ги опфатам во еден пост да не биде ангелчето пати по внимание за лајкови. Како тргнала работава човек мислење и став да не можи да си кажи туку ај да не вртам на кавга, се приклучив повторно на форум за релаксација. Мудриот човек ја разбира тишината. Будалиот не можи ниту со 1000 зборови да те разбере што сакаш да му кажеш и каде греши. Не помага ниту сарказам ниту игнорирање кога се некои личности во прашање. Многу работи се случуваат затоа што самите сме си дозволиле. Ако не сте спремни да ја слушнете вистината и да се соочите со неа не ја барајте! Напротив живејте си свет на лаги со розеви наочари многу е поубаво. Убаво е кога ја гледате светлината на крајот од тунелот но лошо е кога тоа била светлина на возот кој ќе ве прегази! Често на животниот пат луѓето ќе ве гледаат со подмолност, понижувачки, навредливо. Другиве ќе ве проценуваат низ призмата на материјалното колку имате и дали имате или пак немате. Ако сте си го дозволиле ова луѓето ќе ве гледаат и преценуваат по облеката, накитот, луксузот, парите затоа не се лутете ако од вас бараат само услуги, заем, се во ваше друштво за да ги честите. Утре ден кога веќе немате за трошење на пријатели, роднини ќе ве шутнат како скината крпа. Често знам да кажам да бев милијардер ќе имав многу пријатели, мажи, роднини, можи и браќа и сестри ќе ми се појавеа од некаде. Парите не го вртат светот но ги лепат луѓето до тебе како муви во мед што значи тоа не е нешто искрена љубов, пријателство, почит туку евтино купена. Секој си е приказна сам себе, секој си знае што си носи во душата, низ што поминал во животот и секој е различно воспитуван или пак самиот си ги поставил своите принципи и морални вредности по кои ќе се води во животот. Неговото искажано мислење и став од она што тој го доживеал како искуство или имал средба одблизу со секакви личности не го става во типот на "малограѓанштина". Искажано мислење и став не е навреда. Посебно кажана вистина никогаш не е навреда. Навреда е некој ако те нарече со погрдни зборови. Бидете поблагодарни на оние кои ви ја зборуваат суровата вистина отколку на оние кои лажно ве тапкаат по рамото без да ве посочат дека грешите и кои свесно ве водат во пропаст. Имајте убав ден.
Сакам да кажам нешто за ужасните реклами на Сигма што ги гледам низ градов некое време и кои ме вадат од кожа. Е, за овие зборам: Кој е тој стереотипен, сексистички маркетинг гение кој мислел дека ова е најдобриот начин за рекламирање на накит – и кој е тој социопат кој се сложил со идејава? Што сака да ни каже Сигма – дека ако немаш пари за дијамантски прстен не можеш да покажеш вистинска љубов? Дека едниствениот начин да и докажеш дека ја сакаш е да потрошиш неколку илјади евра? Дека за да постигнеш било каков компромис у врската мораш да ја поткупиш жената? Или дека за да ти дозволи да гледаш некаков спортски настан на раат, мора да ја заќутиш со скап накит? Рекламиве не само што се ретардирани, туку се и навредливи. У светот на Сигма, жените се празноглави, напорни суштества, кои се со нас мажите само ради можноста за материјален ќар, а чии срања ние очигледно ги трпиме само ради секс. Со други зборови, overpriced проститутки, со кои идеме „за озбилно“. Ама, не е дека Сигма не чула што е тоа феминизам и полова еднаквост и има нешто само против жените. Не, Сигма подеднакво ги мрази и мажите. На нас ни вика дека ако немаме доволно пари за да купуваме од нивниот накит секад кога сакаме да погледнеме некоја утакмица на ТВ не заслужуваме ни да имаме жена или некој кој ќе не сака. А и зашто би не сакале такви никакви – мислам, ако немаш пар илјади евра у џеб у секое време за да „преговараш“ со жена ти, како можеш уопште да се наречеш маж? Дај, иди утепај се, и пушти ја жена ти да си најде прав маж, што ќе и покажува колку ја сака со нашиот накит. Мислам, ги гледам билбордиве секој ден кога поминувам низ град и искрено, ми се повраќа. И се прашувам, од кој век и од какви дисфункционални семејства доаѓаат нашиве маркетинг гуруа? Ова е исто као некој да напраи реклама за пиво у која мажот се враќа дома касно, пијан и смрди на алкохол, а жена му доаѓа и почиња да му мрси муда дека е пијандура. „Влепи и ја една, покажи и кој е газда у куќа“ – Златен Даб, само за прави мажишта. Златен Даб, затоа што веќе ми докажале дека немаат ништо против сексистички и стереотипни реклами, со онаа со замокот и тројанскиот пивски коњ полн со љути жени. Затоа што сите мажи размислуваат само со курот и со пивскиот мев, и у прва прилика гледаат како да избегаат од сопругите. А жените немаат друг избор него мораат да ги бркаат за да ги довлечкаат дома со сила. Пошто, не е дека можат да ги остават и да си најдат некој подобар, нели? Или, скраја да е, да живеат сами, без маж. Али, за разлика од Сигма, чии стереотипи бодат очи, Златен Даб барем фино ги спакуваа у средновековен, Game of Thrones амбиент. Така да, Златен Даб, ако ви се бендисува идејата за реклама со мачо-маж кој пие пиво и тепа жени, ви ја донирам мојава идеја беспари. Ете, толку многу сум великодушен. Disclaimer: Мислењево не е финансирано од некоја конкурентска златара или пивара. Ама, ако некоја сака да го финансира, нема да се побунам.
Не знам.. така седејки и гледајки нанадвор се присетив на бензинските станици кога патував до мојот град и назад.. посебно тешко на душава ми падна кога една членка сподели филџан со кафе налик тоа што го пиев пред едно 2 години на бензинска во хрватска со една жена.. носталгија.. се присетив само на една шоља и ми падна криво и тешко што го загубив засекогаш мојот град, таму каде што живеев многу години, каде што растев и оставив дел од себе си. Знам оти никогаш повеќе нема да отидам во мојата куќа, во моето градче, таму некаде далеку и нема да ги видам луѓето што ги почитував. Кога појдов не изустив нити збор, не пуштив ниту солза.. ме возеа а јас имав грутка во грлото и знаев дека сето тоа го гледам за последен и единствен пат. Се качив во автобус.. и се стркалаа моите солзи за мојот град и се таму што оставив.. Тешко е луѓе, тешко е да не се вратиш и да не ги видиш луѓето таму каде што си пораснал. Налик.. тоа е животот, сите зборуваат дека треба да живееме таму каде што има финансии и солиден живот ама луѓе.. не е со во парите и не е се во тие пусти зборови, пуста носталгија кој ќе ти го грабне тоа од срцето?! Никој. Налик.. седнавме со женава, на зајсисонце со по едно кафе и цигара, се изнамуабетивме еден саат и уживавме во зајдисонцето, беше толку реално и носталгично, ме враќаше нешто наназад.. ама не се вратив, не можев не смеев. Собрав храброст и си заминав понатаму.. И ден денес се сеќавам на денот, на мигот и на тие моменти кога патував и безгрижно уживав во се тоа, и ден денес ќе се сетам на мојот град и ќе ми падне тешко, криво.. зошто ли пак да не го посетам. Живот..
Познавам луѓе кои ми помогнале за некои работи, а за благодарност ја очекувале само мојата почит. Но и такви кои после тоа при секоја прилика упорно повторуваат како ми се нашле и се правдаат со тоа ако нешто после ми згрешат. Тогаш не фала. Ако ми направи некој услуга, нека не очекува дека ќе простам ако злоупотребува после. Ќе возвратам колку треба да возвратам и знам колку треба. За таквите луѓе сфаќам дека всушност не ми помагаат од што ми значам нешто и сакаат да ме усреќат, туку само за да си го задоволат егото и да изигруваат херои. Поарно нека ме игнорираат наместо после низ нос да ми вадат за услугата.
Има некои човечки вредности кои во сликата за една изградена, цивилизирана личност допринесуваат уште повеќе дури и од интелигенцијата и образованието... На пример, при муабет со било колку близок пријател/познаник - да го покажеш твојот искрен интерес за неговите чувства и ставови наместо непотребна и наметлива љубопитност. Да не бидеш дел од оној „тренд“ што љубопитните прашања од типот „Кога дечко/свадба/деца?“ ги прави почести од искреното и културно „како си“. Да не бидеш дел од онаа толпа што ќе фрли зачуден поглед кон личност што отишла сама во кино, на кафе итн..., од она мнозинство поради кое многу луѓе, избегнувајќи го awkward чувството, не се одлучуваат да си го пружат понекогаш тоа задоволство сами со себе. Да размислуваш надвор од кутијата и да ги прошириш границите на твојата дефиниција за нормалното... Едноставно луѓето треба да сфатат дека гледањето на својата работа без замарање со ничија приватност и без осудување на сегменти од туѓи животи што не треба да ве засегаат - е доблест која треба секоја зрела личност во 21 век да ја има.
СДК... Како што тесната облека го загушува телото, така завидливоста ја заробува душата. Но, кој да разбере... НЕ (Луѓе), погледи и зборови расфрлени на секој чекор. Еден е како сите и сите како еден функционираат. Туѓите нешта се поубави и подобри од сопствените затоа што се нечии, а не наши.
Си се прашувам утре у кој град ќе има пукање... Секој ден има по нешто... Жал ми е многу за се што се случи досега за сите настрадани и нивните најблиски, ова е страшно што се случува и покрај сите обиди и напори не е ништо променето... Овој ќе помогне оној а никој нигдека, јас ова јас она трескање од земја, удирање во гради, празни зборови еден куп. Веќе секој еден е сомнителен па и ако живееш во таква држава страв да ти е на работа да идеш, камоли на прошетка да излезеш.
Толку бев убаво расположена вечерва, петочно, пица и Suits на мени, викенд пред нас... Сè додека не ми стигна нотификација од пријателката наша која се маркирала safe за време на пукањето во Минхен. Срце ми застана! Отворам да видам што се случило и го гледам трговскиот во кој последен пат бев во октомври. Не знам колку имам шетано таму, колку пати го имам поминато. Такво лошо чувство ми дојде... Сега кога здравје пак ќе шетам таму, прво што ќе ми текне нема да биде Еј, на овој штанд со тато дегустиравме Шардоне, еј од тука со сестра ми си купивме патики, еј од тука со мама купувавме козметика, туку прво ќе ми дојде на памет ова што се случи... На светов му треба едно reset копче. Не знам што друго да кажам...
Сакам да заспијам и утре кога ќе станам да почнам се одново. Сакам да се сменат доста работи. Сакам да заспијам и преку ноќ СЕ ДА СЕ СРЕДИ. Ех, кога би можеле ЧУДА да се случуваат. Ви праќам позитивна енергија. Да ви се остварат сите желби. Буквално СИТЕ. Како повеќе одам накај 30,моментално иам 25,се некако гледам да ми биди мене добро,па после на сите со ред. Значи ако нешто не е ко шо треба, не можам јас да бидам јас.
И после некои ќе ме убедуваат дека соништата не се остваруваат. Епа драги мои, јас сум од тие на кои им се остваруваат. Неможев да им поверувам на сопствениве очи дека ми се оствари сонот кој го сонував синоќа. Боже те молам уште да ме примат на работа каде што денес почнав пробно. Јас ќе се молам за тоа.