Сдк многу ме интересира кога ќе се обои моето цветче И не ми се јасно на колку мислења се менуваат боите.
Не разбирам и кога бебиња бакнуваат в уста. Одвратно ми е и ми се гади. Жената си има маж, нека си го бакнува него. Што и претставува детето за да го бакнува в уста ? За да му даде лажна претстава на тоа што е љубов и интимност ? За да го поремети во умот ? Знам дека мајката си го сака детето, има милион начини да го покаже и докаже тоа, но не мора да го шлапа в уста. Може многумина нема да се сложат со мене и ќе мислат дека сум претерала, но за мене тоа е перверзно, педофилски, незрело, грозно.
И така јас дремам пред компјутеров, а книгите и скриптите ми дремат пред компјутеров. Јас ги гледам, тие ме гледаат, ми даваат знаци дека е време да дојде до првиот наш контакт денес. А замислете, станав рано од сабајле убедена дека ќе седнам да учам. И не! Секогаш кога треба да учам мене и гледање во празен ѕид ми е поинтересно.
Не ми е јасно како го прават тоа? Што им се децата? Не можам да разберам и не можам.Дали е до мене проблем,или стварно не е за разбирање не знам.
Ух бе Господи да ја напрам оваа презентацијата и да земам некое место. Леле само кога ќе ми текни дека за саат и десет мин. треба да одам на школо и таму 7 саати да седам. Да гледам личности кои се ненормално глупи и столични. А и сега почнааа ови натпреварите кошарка општинските и си немаме физичко,ШУЌУР! Аи бе шо мора наште да почнат кога нас ќе ни заврши часот,да не можеме да ги гледаме! Е НЕ Е ФЕР!Блазе оние кои се после нас! А за бегање од час нема шанси!ИСТОРИЈА ИМАМЕ,КАЈ ЌЕ БЕГАМЕ!А и онака јас никогаш не бегам . Вчера едно дете си доби 2 неоправдани и сега види ти како класниот да ги оправда.
Ретки се луѓето во кои човек може да има доверба, но кога човек ќе наиде на такви, би требало да отвори очи.Не за друго, може токму тоа што го бара, пред нос да му е, а да не примети. А и медитација пред спиење, рај за душа У контекст на претходно што кажаа членките, да си кажа дека сагласавам се.Сметам дека воопшто не треба така да прават, мене тоа не ми се допаѓа, има други начини на истакнување љубов према дете, имам видено во живо и воопшто не делува убаво.
На бебе се бакнува раче, ноже, стапалце, обравче, носе, косичка, газе...ама уста!? Шознам А баш ги гњавам, ги гушкам(читај гушам од гушкање ), ги скокоткам и ги лигушам најчесто на ножиња и меше Њааааааа Кутри бебиња со тетке стринке шо ги шлапаат во уста! Туку, ова низ муабетов погоре, јас друго дојдов да кажам... Гадно е од посабајле да ти го заебат денот. Сега незнам дали да се обесам или да го обесам тој шо ме стрга за лева нога Покачив притисок бе, не ви е ли жал, волови едни...Како можам јас секогаш гајрет на сите да давам, мене ко ќе ми треба рака за да се фатам, добивам нешто налик срамно влакно Ела на држи се Ако, нека ви е, јас сум посилна и подобра од сите вас заедно Ма то Оскар треба да ми дадат за глумица
Можеби ја претерав... Не знам. Кај некои измамив и некоја солза, но навистина не сакав. Се извинувам. Мојата породилна приказна можеби и беше малку тажна, но сепак слава на Бог, има прекрасен крај. Морав. Морав да го извадам тоа од себе, таа тага која ме потиснуваше, тага која вирееше и растеше низ годините. Денес се’ тоа е минато. Денес се гушкаме силно и уште повеќе се радуваме. Им се радуваме на насмевките, на сјајот на малите очиња, на плачот за прегратка и љубов... Дај Боже сите тоа еден ден да го доживеат. *** И да, сега малку повеќе заздравивме, се привикнавме еден на друг. Се надеваме дека почесто ќе ве поздравуваме. И за почеток, еден голем поздрав од нашиот ангел до сите теткички . Спојлер
Е мразам кога мајка ми ќе почне. Преубав е,зошто не си го фатиш? Зошто не му се вратиш. Што чекаш ? Нема ко него да најдиш ... И ме боли,ме гребе,ме пече...до коска до срж. Убавиот маж е сечиј маж,зарем не сфаќаш бе мајка ?
Сино цвеќенце – 100 мислења Зелено цвеќенце – 500 мислења Жолто цвеќенце – 1000 мислења Црвено цвеќенце – 5000 мислења Розово цвеќенце – 10000 мислења
Прекрасен сончев ден. Јас спремна сум за мали позитивни промени. Дефинитивно и времево влијае на мене. Денеска добив радосна вест, имало малку надеж и за мене. Камо секој ден да сум вака весела и расположена како денес!
СДК јас и Екрем имаме една иста работа кучи-посао, посао-кучи и така исто се' се врти во круг. Уморна од рекла-казала, уморна од таа/тој вака-онака...е добро де?! И сега што?! Што треба да правам јас?!.... Веќе од едно влегло од едно излегло. Секој ден иста песна, секој ден тоа па тоа.
Колку само е неблагодарно, подло и ниско кога луѓе ќе заборават од каде дошле и што правеле пред извесен период, па сега ништо не допира до нив, глумат некоја квази аристократија, се уфилмуваат и си задаваат улоги што не знаат да ги изглумат до крај па на крај сето тоа изгледа посмешно и од циркус. О Боже, акумулирам некој бес и се чудам како се воздржувам да не излупам се од земја деновиве. Ама ако...со такво понашање прашање на време е кога ќе се најдете пак на дното на тркалото, ама тогаш ни кучињата со маст нема да ве јадат, а до тогаш само свиркајте си и ич тулето да не бе боли. Во меѓувреме си бегам од реалноста со видеава. Позитивни до бескрај. Се повеќе ми е јасно дека ако утре имам деца ќе настојувам да се приклучат на некој ваков групен спорт, во најмала рака извидништво или планинарење. Таму е таа дружба, препуштен во природата, надвор од бетонската џунгла. http://www.youtube.com/watch?v=QllWNEGBKic
Јас никогаш нема да се научам дека не се прави ништо во последен момент. Од брзање незнаев кај ми е главата, не стигнав на предавање. И пак нема да ми дојде памет знам