Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    :rain: :smoke:
    Добра ноќ!
     

    Прикачени фајлови:

    На Gordana10 и Barbie20 им се допаѓа ова.
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    сдк Дека ова хормоните се страшна работа :lol:
    хормони лете ко балони јер ти си урнебес :rofl:

    Лаку ноччч
     
  3. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Madam-A се согласувам потполно со тебе. :clap: Јас уште од минатата недела пуштив апел да се посетува тв серии темата хаха немам со кој да си ги коментирам епизодите. :lol:

    Него небитно тоа, мислам дека ништо не ме вади од такт, како што кога некој што седи позади мене во автобус ќе ми се изнакашла во косата. Аман не бидете толку безобзирни и гадни! :o :!:
    Цела зима не се разболев, за сега некој да ме разболе по автобусиве. :@
    Малку бон тон и добро однесување не ќе е на одмет! :!:
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    И на оваа тема сите си муабетиме, ја расипуваме, гајле немаме... ама кога можат други, можеме и ние 8)
    Видов дека си барала другарчиња за Скандал :lol: Чекај ме, каснам некоја епизода :tmi: да надокнадам и ќе се појавам ;) . Ма да и таму некако сите си кажуваат(кажуваме) што им лежи и нема некако да се потегнуваме за нечии коментари па да ги разглабаме...што знам, малку форумов испадна како да е за олеснување на душичката, а не за дебатирање.. или па може јас лошо сум ја сфатила поентата и сум ја промашила претставата :$
    Али, шта чеш :wasntme: ...


    Добра ноќ, девојки! |-)
    М, :makeup:
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Се родило бебето, уште плаво, побелено, не знам какво е, со затворени очиња го тапнале на ФБ.
    Добро бе родители, имате малку осет ?
    Некои слики од недоизлезени бебиња па не се ни за гледање.
    Мало, збрчкано, неискапено, до пред 2 мин. било во стомакот, зошто мислите дека некој ќе се радува ако го гледа тоа? :^)

    До пред малку дискутиравме за објавување слики на деца (за оние кои претеруваат), но сега е во шема да објавиш слика од најтазе роденото бебе. :x

    И напишале: Гордост наша. Абе чива гордост ? Со што има да се гордеете со тоа бебе, чекајте, не мислите дека е рано ? :tmi:

    Потоа следат срцепарателни статуси: кој не е мајка нема доживеано ништо во животов, нема успех, нема богатство... :puke:
    Сите знаеме како се прави дете, сите можеме да родиме.
    Ама, не е само: мајко роди ме !
    Кога ќе воспиташ и израснеш вистински човек, тогаш пофали се. Ама малку, зошто и многу фалење не е на арно. :P

    **
    Постојат многу жени кои би биле далеку подобри мајки, но не можат да имаат деца поради разни причини (нема маж, неплодна е, има х проблеми).
    Помалку вредна ли е таа жена ??????? :fubar:

    Таа жена можеби нема свое биолошко дете, но помогнала и била мајка на многу други деца (и луѓе воопшто). :!:

    **
    И за крај, каков и да си, на мајка најличен си. :lol:
     
    На Lella, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Monna.Monna и 25 други им се допаѓа ова.
  6. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.626
    Допаѓања:
    13.312
    Пол:
    Женски
    Туу бре каква безосетност од луѓево. Директор бил. Ме заболе!! Ќе си дојде ќе си пие кафенце, лагано си шмрчка, а јас ќе го чекам. Ма тоа не ми представува никаков проблем ;)
    Не за џабе рекле - Колку ќутиш толку те газат. Зборни си, привикни си.. на крај ќе ти се исплати! :)
     
  7. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Ммммммхм. Денеска се успав, онака ко за понеделник, да тргне неделата искривена, со бушава фризура во стил исток-запад и со десното рамо паднато на страна додека одам накај работа како зомби што не му се ни пие крв.

    Ја успав и девојка ми, срипа како рипчето на Том што го пржеше во тавче без зејтин. Мислам дека почесто ќе и приредувам вакви мини шокови чисто за да и докажам дека сабајлечки не е противзаконски да не се биде поспан и мамурен.

    А не заспавме предоцна... пар оргазми, 59 минути без ниеден шамар и не помина ниту полноќ кога веќе бевме во сон. Изгледа духот на минатиот понеделник кога станав во шест се осветува за преголемиот елан и способност да функционирам во тоа време.

    Додуша, речиси никој и не забележа дека задоцнив на работа, а и да забележал, никој збор не рече. Или сум ептен опасен или ептен небитен. :worried: Како и да е, за време на тајмаутот пред крајот на првата четвртина, го допивам кафето и ја прогласувам неделава за сериозна. Сериозно ќе гледам во недела да и` се изнасмеам од излезната врата. Освен ако не сум мртов, па да си се изнасмеам себе си од оџакот, претпоставувам од таму ќе ми излезе душата на патот кон Џевахир скај. |-)
     
    На kate21, Doozy, Lunaria и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Нормално е да ја трпам болката,
    Нормално е да побарам помош,
    Нормално е да ми велат дека сум себична, иако јас давам се од себе да им помогнам,
    Нормално е да сум нерасположена после овие работк,
    Нормачно е и да плачам заради тоа, но зошто не го правам сето тоа? Зошто неможам тоа да го постигна.? Зар сум го заслужила сето ова на 13 години... зар моите врснички кои пијат и пушат заслужуваат повеќе?

    За се ќе дојде време, велат... изгледа за да се стигне до крајот, треба упорност, добрина во душата и се разбира, воља за живот, без разлика која е таа причина за вољата, немора да биде само за вашите потреби, можете да живеете и за потребите на другите, но себе не се заборавајте, не заборавајте да си помогнете себе си со тоа што ќе сакате да бидете подобро. Вољата е најцврстиот столб на животот.
    ..
     
    На QueenElena и Srckata28 им се допаѓа ова.
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    СДК дека денеска е СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВИЈЕТО...
    Ви посакувам на сите здравје тооолку многу како што никогаш ништо да не ве боли и никогаш да не морате да посетувате лекар....Смеејте се бидејки тоа ги лечи сите болести.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Значи кога ќе ти тргне денот низ брдо... тргнато е! [​IMG]
    Доооказ, ја сам ти живи дооказ! [​IMG]

    Моето телефонче, коешто има благи моменти на ретардација... сабајлево не ми алармираше! :mp: Тоа нормално резултираше со успивање. :angel: До душа, како можам да речам дека сум се успала, кога не сум крива јас, туку хохштаплерското телефонче? [​IMG] Расчистен е случајот, се немам успано. :rofl: Јас сум невина. Не може да се суди, против ова мое спиење. Case closed. :rofl:

    Дојде мајка ми во соба, ме разбудуела. [​IMG] Дваесет минути, после алармот (што требаше да ме здрма, а не ме здрма ]:) ), али мање-више битно. И тука јас станав струја. Чувствував морална поддршка од Никола Тесла. [​IMG] За десет минути, сум се измила, облекла, наместила ранец, исчешлала, испеглала. 8) Мултитаскинг сум, бе. Дури и истиот автобус, што го фаќам секој ден, го фатив. [​IMG] Ама на страна тоа што, од можни седум предмети, земав само математика тетратка. Значи тоа на страна. [​IMG]

    Ај некако стигнав до автобуска. Вака, така или онака. [​IMG] Прво излегување од автобус, се сопнав на искорнета автобуска постојка! [​IMG] Toa беше моето вселенско патување. Онака улетана, уште автобусот вози, јас се брзам да излезам, и... [​IMG]
    [​IMG]
    Дај бре стварно, нека ги докорнат до крај старите постојки, нема смисла ова. [​IMG] Само сакаат да не' дискриминираат... овие ваквиве ко мене. [​IMG] Остај тоа, него си ја пробушив патиката. [​IMG]

    Во вториот автобус... Оти имам троа повеќе станици, си се потправ со раката на прозорот, со раката во чело и Елена малку фалеше да захрчи. [​IMG] Излегувам од автобус, другарка ми ме прашува, што ми е тоа црвено на челото. Ништо, бе. [​IMG] Паста за заби. [​IMG]

    Наредно... стигнувам во школо, залетана се мавам во проф. Среќа што не го познавам, не ми предава. [​IMG] А со цело срце и душа, се надевам дека нема догодина да ми предава. [​IMG]

    Некст... Се спремам за на голем одмор, гледам дека сум ги изгубила парите. :clap: И' се јавив на сестра ми (ја разбудив, патем :D ), да провери да не случајно сум ги оставила во ходник. Аха, да. Којзнае во која шахта ми паднале. [​IMG] Така си останав гладна, си вежбав математика на голем одмор. :inlove:

    Следно. Влагам дома и приметувам дека СУМ ГО ЗАБОРАВИЛА КЛУЧОТ. Фактички, не влегов дома. [​IMG] Ја чекав надвор сестра ми, едно дваесетина минути. ;( Цревата ми гргорат, немам скршен денар во мене, ја пцујам сестра ми, се пцујам самата себе. [​IMG]

    А да не зборам само колку имав „среќа“ во денешните посттромесечиеви тестови. Ај, досадно е тоа. [​IMG] И го кажувам ова се' на друга другарка ми вика, немало врска, битно сум била позитивна. [​IMG] Таман работа да не бев позитивна, до сега жуто комбе немаше да ми избега. [​IMG] После секојдневниве дешавки, се надевам дека ќе останам жива до крајов на денов. Чао. [​IMG]
     
    На bittersweet, Lella, Antolinaa и 10 други им се допаѓа ова.
  11. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Убав почеток на денот.
    Прво туширање, па пиење утринско кафе со другарка ми. Одамна не се видовме, требаше да надокнадеме. И така, после кафе шемата :wasntme: , имавме потреба од нешто жестоко. На подарок бев добила пред некое време рум, 50 степени. Одамна како да ме довикуваше шишето :D
    И јас како не-љубител на алкохол, се опуштив со една чаша. Изгор беше :(
    Како ја почнав неделата.. Ако секој ден го почнувам со чаша ракија, биче, биче интересантна недела.
    **

    Зборот ми беше дека денеска посебно ми недостасува брат ми.
    Што знам. Не сме нешто претерано блиски, и не љубеме да искажуваме некои емоции, ама знам дека дека и јас му недостигам.
    Брат ми.. Мојот херој. Мојата душа. Моето се!
    Кога тој чувствува болка, и јас чувствувам. Кога тој е тажен, и јас сум. А кога е среќен, тогаш сум најсреќна!
    Би го дала и срцето за него ако е потребно.
    Тој е најпрекрасната личност, која имам чест да ја имам присутна во мојот живот.
    Кукавица сум знам, што не можам да ги изустам овие зборови, но сигурна сум дека тој знае се. Убедена сум.
    **

    Имајте убав ден сите!
    И не заборавајте, не постојат невозможни сонови!
    Само небото е граница ;)
     
    На the-girl1 и Elennaa им се допаѓа ова.
  12. Happy.Mama

    Happy.Mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    120
    Убав сончев ден во Виена.
    Решивме и ние да го однесеме синко на прошетка во паркот, да го фати сонце де :D Го облеков малиов, and we're ready. :angel: И го возам јас малиов во количката, мм беше да земе сладолед за нас, си го возам јас така кога наеднаш ми застана една пчела на рака. :o А јас како што имам фобија од пчели, почнав да пафтам со раката како ненормална, да паничам тука а малиов не може да се соземе од смеење. Како демек разбира што правам, ма не, го гледаше татко му кој беше на 3 метра од мене и се цепеше од смеење додека јас правев драми во паркот. Ама Бог да и даде здравје на таа секси теткицата што поминуваше со својата ќерќичка во тој момент, им го одзеде вниманието и на двајцата. :whew:
    Заврши и таа случка со среќен крај. :rofl: Продолживме со прошетката, ама ако не се случи нешто додека ние сме излезени ќе пропадне светот... Од нигде никаде дојдоа црни, густи облаци, па почна да врне, да истура :rofl: Па си се вративме набрзина направени жива вода (јас и мм)..
    Како што си отиде сонцето, така си отиде и расположението на синко. Ајде мм почна да свири на гитара, да му пее, ама залудно :D Уште од мал (цели 4 месеци) тој си е верен фан на Даниел Кајмакоски ( го знаете де, тој што победи на Х Фактор пред недела дена ) кој воедно му е и стрико. Остајте тоа, му ја пуштив Ich brenn Dir Liebe ein, па кога се разигра детево, па почна да вика, да се смее. :rofl: Вака весел одамна го немав видено..
    Дојде време за спиење, конечно го заспав (благодарение пак на Даниел и неговата изведба со Angels), па ја средив куќата, го испратив мм по Кока Кола (затоа што ако не испијам 2-3 литри Кока Кола во денот почнувам страшно да се нервирам), и на крај го зедов лаптопот и се уклучив тука после долго време.
    Кај и да е, мм другата година ќе стигне. :rofl:

    Поздрави. :hai:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.012
    Допаѓања:
    16.125
    Нешто што ми ја врати вербата во љубовта...многу моќно....секоја чест за колумната

    Една недела која ми го смени животот

    http://www.femina.mk/%D0%BA%D0%BE%D0%BB ... 0%BE%D1%82
     
    На ColoursOfTheRainbow, kikav, Umbrella22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.100
    Пол:
    Женски
    Дека учам од најдобриот.
     
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.327
    Пол:
    Женски
    Не знам на кои други сум јас деновиве. :tmi: [​IMG]
    Де нешто губам, де наоѓам, па уште и ништо не знам. [​IMG]

    Изгледа не сум ви кажала, во средата ја изгубив белата маица по физичко, во петок ја најдов, а во петок француски учебникот го заборавив, вчера го најдов, другарката што седи до мене го земала по
    грешка. [​IMG]

    Ама ова денес беше врв. [​IMG]
    На одделенски нешто имавме која ви е животна желба, како тема на разговор и иде на ред Дрим да каже и кутрата наместо да каже дека животна желба и е да има сопствена јахта, таа рече сопствена шахта. :x [​IMG]
    Сите ми се изнасмеаа, не е фер. :sweat:

    Ама тоа не е се...!
    Сум ја заборавила македонски тетратката, а во неа ми беше автобиографијата, наставничката за тоа оценки ни ставаше и класната ме пушти до дома трчање да ја земам, а што е најтрагично знаете?
    Брзав, а симпатијата со другарите беше на скали, а ѕвонето беше, нашол кога да седи и јас таква цела демек фраерка да се направам пред него, а одврзани ми беа врвците на патиките, немав време да ги врзам што да правам и така убаво се испружив на скалите. :clap:
    Најтрагично е што и дежурните ме видоа, а се од класот на симпатијата, а врвот е што ми се изнасмеаа, а јас од фраерството си заработив огромна модрица на ногата и сега ужасно ме боли. ;( [​IMG]
    И сега сум во исчекување да видам уште што ќе ми се случи нешто друго. [​IMG]
     
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.831
    Светов комично побудалува, со него и јас, и некако си свиркам, на имагинарните вувузели во глава, знаеш...

    Периодов бомбастичен без експлозии. А играњето танго со 10 души одеднаш може само да ти предизвика мачнина во стомак и ветено несторено во неколку наврати. Пак почнува пролетната агенда, Саем на книга, списоци за книги (од кои половината нема ни да ги прочитам како што сакам), планови за тика масаала и салата од глуварче, колумни безначајни, а доволно препредени за да ти пишат од издавачка куќа за да рецензираш неколку новели (успесите не се само за во личниот дневник, нели туку и за на социјалните мрежи), себепотврдата дека енергетски нема шанси да се приберам дур не падне следниот снег!
    Очиве уморни, телово бара уште. Некоординирана до бескрајот. Ми прсна главата од куп луѓе, и сама сум си виновна. Кога некого предолго време слушаш и мислиш дека му помагаш, на крајот испаѓа дека тој е само мува што безглаво се ашка околу лустерот. И доста ти е. Сериозно. За седумилјади години.
    Од другите вести во светот, ќе пеам на промоција на Мане Манушев во среда. Наредно, на Саем на книга ќе коментираме новели од унгарски превод + можно е да гостувам во радио емисија. Ми годи, а зошто да не, башка што освен точак, ништо друго не возам периодов.
    Се’ се испомеша во домот на Облонски.

    Планираме Турција. Мене мачка пред око не ми се гледа од паметов што ми дисперзира ко студии. Скапавме на скајп. Ништо не е сјајно, ама who says no to love? Ми должи супа со тиква и браон чевли, за цупкање по калдрма.
    Сај отиде за Малта, чекам да ми донесе бран море. Со водолијава се отворивме периодов. Вино и подрум во кој модните крици делуваат очајно. Не разбирам како може да се организираат перформанси во гаража. Но те компренде. Ама ајде, важно Лидија имаше фантазија од креации. Доста ми е од уметност за милион векови, ќе си речам, дај да си варам грашок на балкон, или да сонувам за морнарско одело и ооооооооп, универзумот ти го праќа својот брат близнак да ти прави миксови во глава и да не можеш да кренеш глава од инспирација.
    Само нека потрае.
    Како ќе излезам на крај, везе неам.
    Сериозно везе неам што ми се спрема и не сакам да знам!
    До денот е бе.
    Идам да си нуркам во сладолед.
    :*
     
    На ana-girl и Johny им се допаѓа ова.
  17. moni24

    moni24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    121
    СДК дека денеска имам малку по слободно време и сум нај активна на фоумов до сега :D ,сега ке направам мала пауза за на кафица и пак ке ви се приклучам :* :)
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.263
    Пол:
    Женски
    Таман ко човек седнав со кафе во рака да си ја изгледам долгоочекуваната епизода од ГоТ ете го мм, ми се сипа зашто сум ја пуштила без него. А он не ја ни гледа серијата, има изгледано неколку моменти јас додека сум ја гледала. Ааааа како не, со таа плавата со змејовите е, ја гледам и јас. :rofl:

    Сакав да кажам, ако очекувате нешто од некој подобро кажете му го тоа, него да мислите дека може да ве прочита(ко селски буквар.) Ако не си кажете на глас веројатно е дека ќе останете разочарани.
    Ама јас не мислев вака да испадне, зашто вака направи? А ти што не ми кажа прво што сакаше?
    Mind reader не сум, само kindle reader сум. :rofl:
     
    На anuskaNESTLE, mims-89 и imelda им се допаѓа ова.
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Сдк дека се надевам со целото срце дека еден ден ќе престани оваја болка што ме притиска во градите дека ќе ја надам вистинската љубов и ќе има убави денови и за мене еден ден можеби... :doh:
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Зошто и кога сум во право прават да се чувствувам дека јас сум крива?
    Зошто трудејќи се да се заштитам, се случува токму спротивното?
    Зошто сите мора да ме навредуваат и понижуваат?
    Со што сум го заслужила ова?
    До кога лек ќе барам во солзите?
    Милион прашања, но, без одговор.
     
    На eliesaab, Grejsi и Jenniffer им се допаѓа ова.