Спојлер: едно незгодно.. Си скролам така по фб и налетувам на клипче каде девојка си нанесува шминка. Секогаш ги гледам таквите и браво колку се умешни во шминкањето. Па така го изгледав до крај и сфатив дека уствари е дечко а не девојка. Ми падна малку незгодно да ви кажам. Прво, дечко а има шминка далеку поише од мене, друго знаеше да ја користи професионално, а и трето, јас на пола од стварите што ги налепи на лице име не им знам. Јас користам туш, маскара и пудра. Камена пудра кога е многу топло, и најново ми е еден прашок антишајн.. енд дец ол. Сакам природно и сакам кожа да ми диши бре! Сенки за очи ниту имам ниту знам да нанесувам, а и остало ми е шпанско село. Ама мора да признаам дека професионален изглед си е професионален и тука нема што да се дискутира. Добар ви ден! Бессони ноќи периодов. Си го мачам мозочево со прашања, кои за да ги добијам одговорите морам прво да проживеам низ нив една цела етапа. Кристално јасно ми е.. ********************* За било кое патување почнувам да се спремам 5 до 12 и да, стигам се на време да средам, факат ме бива за организација.(си пружам рака на себе да си честитам) Еве почнав за прв пат порано. Денеска преперувам се што планирам да носам, и купачите секако. Оваа година не си купив купачи. Лани купив повеќе а од нив дури 2 пара не ги искористив. А имам и од претходни години, па дури и по некои многу фенси од мајка ми. Од тоа време, без ниедна фалинка на нив. А ми се случило да купам купачи кои не беа ниту ефтини ама изгубија боја и сјај истиот одмор... Така.. А мислев и прозори да бришам. Ама гледам ќе врне..па нема поента...
Мала етида беше постојана во мене.Закопана и закржлавена. Како припрема за експандирање, од мојот најдобар и најлош агол... А сиот живот, да ти бил подготовка за ова . А што е животот, ако не е успех во образованието , состојбата на духот, на знаењето , на моќта на зборот и на телото? Частам за моето, по втор, или, по којзнае кој пат, ами ослободување.
Земјоделец цел живот, му купи куќа на синот во Парис нај модерно сизајнирана што може ,а човеков ко ке си оди во град си носи едно торбе така искинато малце навалкано а и тој така забатален кој ке помисли дека има пари .Браво бе деде ретки се како тебе
Za nekolku dena drustvoto ke mi e minus dve drugarki. Ke se mazat ke krsat glava Ako, samo neka se srekjni. Daj Boze da se srekjni. Im ja posakuvam celata srekja na ovoj svet. Ke mi falite be kozi edni
Омажи се велат, одомаќини се. Сакам да кажам, догледај го детето од свекрва ти. Знаете, во овие времиња на материјализирање на нештата за предност се смета ( ова, мајка ти го смета ) да го одбереш помалото зло. Па сега ти пресметај колатерална штета. Предупредување : над 32 е категорија стар беќар, над 40 ВПШ 1.За една ме заеба Преокупиран е со резултати од утакмица и голем дел од домашниот буџет го инвестира во спортска. Лишен од елементарните интереси на просечен возрасен човек- да најде асална работа, или било каква кога сме кај тоа прашање, да научи да го крева капакот кога моча ама тоа е друга тема. 2.Комарџија ( Тошо малерот си го бара оделото назад ) По улици на импровизирана маса од гајби од пива, по цели вечери со пријателите. Редовно ја ситни 500 ката во малска продавница за да почне со 50 на машина. Ама ноќта е долга. Веројатно е дека ќе го бараш ти (или помалото од децата ќе го пратиш) да го бара на најчестите локации пред да го пријавиш за исчезнат по 3 дена отсуство. Ќе го најдеш во биртија,каде заминува дел од профитот пред магичниот круг да продолжи. 3.Ќути кога јас зборам Се дери,постојано неконтролирано, анмално, избувливо. со или без повод има потреба да ја истакне доминацијата пред пријателите, домашните, комшиите во радиус до Кравари. Се му смета. 4.Домаќин ( Папучар ) Те остава да одбереш во која кафана ќе одите за православна нова година ( значи не стара нова година,). Не се меша кога ќе влезете во Кам заедно. 5.Хаусмајстор Го нема дома, го нема да го поправи бојлерот, да смени светикла, да купи гумче за казанчето ( ебани 2 денари). Секогаш е некаде, поправа, нешто кај некого. 6.Аматер автомеханичар Нон стоп гиба во колата, во неговата или во туѓата. Пред влез, најчеста локација. Инвестира во звучен систем. 7.Јади Бурек Шири југословенска пропаганда, иако не се ни родил во добата на такозвана Утопија, нешто слушнал од татко му, нешто од Лепа Брена. Не е лево ориентиран, ама критикува. Оди си Грујо, е новото "Судија педер” во политиката. 8.10 ка со кромид и жолта Практично живее по кафани. Од кенеф до ранење и спиење по маси. Ти ја зема платата и глуми трогнат од песните на певаљката. Ги части сите кои ќе седнат со него на маса. Факман. 9.Воркохолик Има неофицијална работа (вози такси по 15) и излезен е од дома по цел ден. Последен пат го виде пред 10 години. 10.Џан Полат Гледа мафијашки филмови, има ланец со крст, веројатно ја избричал косата ( она што остана од неа ). Има BMW (конзерва), нема бензин да ја вози. Ги пушта децата на сите екскурзии. Живее на кредит, не работи ништо. –“Оти и чаламот е работа” – рече и го врати телефонот во футролата обесена на ременот. Сакам да кажам, помалото зло, жими Маријана. Во смоки да ми се падни ќе го вратам. Оти изборот горе долу тој е.
Колку само навистина то што ќе го сонам ми претскажува дека нешто лошо ќе се случи! Минатата ноќ сонував како сум се дотерала во убав бел фустан и сум тргнала на средба со саканиот НО по патот ме пресретнаа глутница бесни црни кучиња, кои ме лаеа и не ми дозволуваа да си врвам по патот. Некако ги прерипав па понатаму ме пресретнаа мачки еден куп кои сум ги хранела но ни тие не ми дозволија да си продолжам по патот туку лакомо јадеја и на крај ме полази пајак по раката и се испискав и се разбудив! И немаше ни три дена од сонов ами пола ден и раскинав со дечкото без врска ко гром од ведро небо! Не знам ни која причина, мислев ќе идеме до Берово на прошетка ама сум се прелажала! Толку лесно и безболно типот ми речи в лице крај! Цела среќа што научив во време на мир да бидам спремна на војна, па ко за чудо се воздржав од плачење, си поплакав дома а нему му реков само ок. Нема ко порано ко ќе ми раскинеа ама ја те сакам, ама вака, ама како можеш.Ко мене да не ми зборат си се завртев и си заминав. Не сакам да знам ни причина , не сакам објаснување ќе си излези то на виделина, посебно ако е друга во прашање 100 % ќе излези уште одма нели ја толку воздржано си реагирав. И да пропаднаа многу заеднички планови ама ете ти не било среќа да се израдувам. Нема одмор ова лето и оваа година. Песнава ми е хит ова лето. Што и да е ќе помине, секое чудо за три дена.
Онаа кога пред спиење ќе се изнавежбаш до 101 и назад. Како од под туш да сум излегла, а сега ќе влегувам. Ама сепак добро ми дојде. Се решив веќе ќе вежбам секој ден! Штом недела дена веќе вежбам, озбилна е работата. Онака кога почнував да вежбам за два-три дена завршував.
Јас убаво си викам дека ако има побудали комшии од моиве, јас главта ја сечам на лице место Поглупи, позаостанати, подосадни НЕМА... Не можам да се одлучам кој би го зел првото место за најдосаден и најсељак, сепак со тешко сррце ќе речам за да првото место и припадне на една постара жена т.е. осамената бабичка. Женава ако те види дека влагаш во продавница, таа иде со тебе и купува исто ти што ќе земеш. Значи буквално ти ставаш бисквити и таа става исти бисквити, ти земаш смоки, и таа зема смоки, ти мастики и таа мастики...ако пропуштила нешто, тебе дури ти ги куцкаат производите на каса, таа се враќа по рафтови и зема тоа што не успеала да доземе Не е битно кој пазари/....дали јас, дали ти, дали некој дедо, дали дете, дали маж...битно е таа да начека некој пред прдавница за да влезе со него и исто да купи сама не влага...пред некој ден јас одам и ете ја таа како ме начека со мене, јас пазарам за 4ца луѓе дома, леб, паштети, мајонез, зеленчук, овошје, а таа иде со мене и исто зема (а сама живее женава)...да се расправаш не можеш, продавачките ја знаат више и нема што да се прави....си ти прави муабет, а ти дали и возвраќаш или не...не е битно...и најјако беше што зеде и таа влошки, ќе се нашле низ дома за внуките кога ќе дојдат. Немаше да биде толку трагично, ако внуките не беа возрасни жени, не живееја во Америка и доаѓаат еднаш на 3-4 години Знам...за во лудница е....ама следен пат ќе застанам кај кондомите да видам таа што ќе направи Од другите комшии да се нагласи најјакиот денешен бисер.... Дете (4-5 год.) и се обраќа на баба му, додека таа прави муабет со друга комивка (а јас поминувам покрај нив) : Дете: -Кравооо...абе, краво слушни ме...алооо бе, кравоооо.... Баба: -Како не ти е срам така да ми викаш, што сакаш сега, засрами се...мене крава ли ми викаш? Дете: -Ама краво бе не ми викај, па мама така секогаш те вика дома... смајли што се крсти...смајли што бега од државава ....смајли со куфер ....смајли на аеродром ....смајли што кубе коси...
Она кога мајка ти со денови ти вика да си ја исчистиш собата и ти си као ај денеска, ај попосле, ај утре и се така до бескрајот, и на крај и скурчува на женава и се упатува накај тебе у соба да чисти и ти прескокнуеш тросед у дневна, мало масиче и табуретка и си као нееееееее стооој јас сама ќе си ја исчистам. И така...
Едвај чекам да тргнам. Да оставам се позади мене барем на некој ден,сите грижи, сите солзи и цела болка. Ми треба ресет. Ми треба да потонам во неговата прегратка и да спијам долго и безгрижно. Ми треба спас од луѓево околу мене, од животов. Не сум силна повеќе, не можам повеќе. Чувајте се....
Мнoгу мнoгу сaкaм дoжд. Сaкaм тмурнo време некaкo тaквaтa aтмoсферa ме испoлнувa. Денес ќе биде убaв ден, бaрем зa мене.
Ваква љубов... ваква потреба... ваква поврзнаост.. ваква доволност еден на друг... за мене друго не треба!
Изгледа некои немаат попаметна работа, па се замараат кој што прави и се обидуваат да се мешаат во нечиј брак.
Добри комшии имаш,нема што Овие се бетар од мојте бивши комшии Слатко ме изнасмеа Посебно со она последното Цареви се и твојте и мојте бивши...а жалам за нив,што не сум во нивна близина веќе
Како стареам, ја губам толеранцијата спрема булшит, бош муабети. Порано беше smile and nod, сега не можам. Мака ме фаќа од оние што многу зборат, а не кажуваат (уште помалку докажуваат) ништо. Премини на поентата, ако ја имаш, или не тупи. Толку е едноставно. Начинот на кој се умилкуваш за услуга, е обратнопропорционален со добивање на истата. Пак, премини на поентата. Знаеме дека сум супер другарка, паметна, коректна. Ок е... што треба? Околностите го менуваат размислувањето. Нештото не чини дури не ти се случи тебе, ама после, те молам, не проповедај дека истото не е толку лошо, кога до пред одреден период си го плукал. Сфаќаме, секому може да се случи. Едноставни работи се тоа. Зошто клето-радозналава раја ве истренирала да се правдате за секој чекор? Не можам да слушам. Зборете ми друго. И тогаш го гледам комшијата на околу 60ина години, како поминува улица за да си ја собере мајка си - итра, витална женичка од речиси 90 години, и притоа ја бакнува во чело, а таа, мила и ситна, се смешка и стуткува во него... и светот од погоре не постои. Јас арна. Новости куп. Нов кревет од кој не сакам да станам. Облаци, мрза и малку ПМС. Поздрав до кумот, сваќата... и пријателите.
Мајката среќна, а детето што веќе на 7-8 години нема коса зошто мајката решила да експериментира на нејзината ќерка - тоа нема никаква врска. Се нервирам од вакви глупи работи. И не се мали овие работи, заради тоа што кога ќе порасне, тоа дете ќе биде несигурно заради тоа што половина од неговата коса е отидена во експерименти на мајката за да си прави видеа. Му дала телефон или таблет во раце за да седи мирно и му ја тегне кожата и косата. И она со таблетите... „му давам таблет и мир во куќа“. А тоа што на 10 години детето нема никакви интереси, развило болести, нема никаква физичка активност додека му се развиваат коските и мускулите - тоа нема никаква врска. Важно „да има мир во куќа“. За да имало мир во куќа сте направиле уште во старт грешка. Зошто и ти си бил/а мал/а и немирен/на ама твоите наместо да ти пуштат телевизор и да те мавнат на некое ќоше за да ќутиш - те заигрувале. Затоа ти сега имаш развиени коски и немаш болести. Каде ми отиде муабетот.. Ама добро е да престанам сега наместо да пишувам од овде до недоглед за денешните родители.
Толку многу сум изморена што немам сили ни да пишувам. Бев до 17h на работа и тоа за џабе не се брзаше ништо, али јас знам зошто бидејќи од 1ви сме на одмор и сега сакаат душата да ни ја земат Ама јас ќе си земам еден ден повеќе одмор, па баш ми е гајле што ќе речат Едвај чекам да дојде 1ви и јас да одморам малку и јас да уживам малку во летово Штом оваа година нема да одам на одмор бар на базент да одам ако не друго.