Прв пат ја слушам Инкогнито од Пистолеро, и не знам зошто ми го врати она чувство што го имав од пред две лета.. Тажно, носталгично, сепак за тоа време среќно. Се чувствувам психички изморена и прегазена, без трошка енергија во мене, или лежам или бесцелно лутам некаде.. Зошто на овие години се чувствувам ко старица заробена во ова тело? Ако сега е така, се плашам од помислата што ќе биде за 10 години од сега? Некои луѓе дефинитивно не заслужуваат место во мојот живот. Некои други, пак, ги нема веќе и чудно ми е кога ќе се сетам.. "Засекогаш ќе бидеме заедно, замисли не какви ќе бидеме кога ќе остариме, луди старчиња.." И зарем заврши? "Засекогаш" во принцип многу кратко трае, никогаш складно нашите желби.. Но, се знаеше дека ќе пукне еден ден, и добро е што тоа било сега. Ама зошто да се гледаме со вакви очи? Не ми фалиш во вистинската смисла на зборот, барем не во склоп на сегашниот мој живот, сегашната јас.. Можеби беше дел од мене, но тогаш, порано. Сакам човек, пријателка, пријател, партнер со кој ќе чувствуваме магнегна привлечност, ќе си одговараме во секој поглед, нема да има страв ниту срам да се изусти нешто што лежи длабоко во нас. Мислам дека ја имав неа, тука е и сега.. Тука сум и јас, но "не нема". Ја сакав повеќе од се' на светов, сега некако немам повеќе сила да се борам за нас, и проклето го мразам фактот што пораснавме, се променивме, толку други луѓе влегоа во нашите животи, тргнавме по различни патишта и се разделивме на некој начин. Само што секој мудро си молчи, никој не го признава тој емотивен пораз. Ама, никој не може да те замени... Ќе биде ли подобро? И го знам одговорот. Кога ќе сме пак деца, ако не со времеплов, бар во душа. А нема...
Вчера ми се јави некој на интерфонот и ми вика полиција симни се веднаш долу.Прашав што е работата,не добив објаснување освен дека мора да се симнам. Во меѓувреме триста глупости ми се мотаа низ главата.Мм само што беше излезен,па си мислев и на него да не се случило нешто. Товарив дете во количката,се облеков и се симнав на предниот влез.Никој немаше, се зачудив и пак се качив горе. Му ѕвонам на мм и му раскажав што се случи,ми вика заклучи се и не излегувај.Имало случаи каде исто се јавувале и проверувале дали си дома- од крадци! После кога си размислив има логика дека ако е полиција ќе се качат горе...ама касно.За друг пат да не реагирам така во афект. Па кога ме фати еден страв што да ви кажам.Некако како подолго живеам тука се поголеми стравови имам.Кога дојдовме се враќав во 4 наутро од излегување,сега ако е покасно не ми се излегува сама. Дали претходно многу наивно гледав на работите и некако не размислував многу.Сега можеби е и параноја...стварно не знам веќе.
Понеделник, чуден исцепкан викенд, со најава не сум на работа. И некој ќе ти се качи на глава. Едвај чекам да си одам, едвај! Нервозна сум, фрустрирана, ми оди да фатам и на шамари да ја дигнам особава. Толку себична и неспособна личност не сум сретнала. Паразит!
Да можам на најмалку 95% од возачите би им ги одземала возачките дозволи. Да се нема најосновна култура, да се поминува на црвено светло или ретко кој од возачите застанува на обележан пешачки премин, ретко кој ги забележува луѓето на пешачки премин каде нема семафор. Незнам кој им ги дал возачките дозволи, но во нашава држава очигледно нема и кој да им ги одземе.
Морам да научам да кажам НЕ. Едноставен збор, а толку тежок. Колку е тешко кога растеш полн со љубов, емпатија и искрено сочувство кон другите а секојдневно се среќаваш со нешта кои те тераат да се преиспуваш, па дали навистина, на дваесет години јас сеуште не сум се подготвила за овој свет... Дали морам да се откажам од тој детски, идеалистички поглед кон светот и кон луѓето? Можеби е клише. Но навистина не ми е сеедно. Жалам за скршеното пријателство, другарке. Можеби ќе те познаам кога повторно ќе ја ставиш својата маска.
Кога 'ќе го доживееш она кое ни на крај памет не ти било - да ти се отвори третото око, иако си далеку од спиритуалец некаков си. Лошото е кога, третото око ќе ти се отвори на едно од двете. Па не си сигурен дал е трето или само се бори да го заземе местото на второто. Како и да е, две ипол очи се сега за сега, уствари. Едново е полуОтворено, џо мити (упражњаваме оптимизам и позитив тинкинг) Нит е да се смееш, нит е да плачеш. Туку, проверено! Смеењето е полесно со третото око. Иди плачи да те видам Никад по-живи, никад по-диви. Спојлер
Јас сум единица Последниве години стварно ми фали брат или сестра,порано не го осеќав тоа. Можеби сум имала повеќе дружење,сега лугето се измениа,и не сакаат дружење. Се потсетив како дете,кога братучед ми и братучедка ми се тепаа јас бев среќна што немам кој да ме тепа Е сега ми фали,а мажот ми ми вика имаш среќа што немаш,затоа што во денешно време нема браќа и сестри во права смисла....за жал
Едвај чекам да дојди среда и да почнам на фитнес.Не знам шо се дешава со мене, личност на која од кревет не и се стануваше. Ај само на арно нека е.
ЧЕсто пати сум расеана скоро секогаш, ама овај пат се чуствувам растргнато. НЕ знам за кој пат да се решам. Септември е голем месец за мене, месец за одлуки, одлука за успешна јас, за погоре скалило за мојата кариера која сакам да ја реализирам. НЕ сакам само да тапкам в место и да чекам да ми падни нешто од небо, секогаш работите ги бирам и правам по потежок пат. ЗА рок од една година направив многу лично за мене, се чуствувам гордо, ама тоа е само еден мал почеток.. Се чуствувам толку моќно зад воланот не знам од каде тоа чуство ама уживам, особено кога хејтаат по жените не знаат да возат вакви такви кога можеш едноставно да ги замолчиш. Знам дека ова е еден голем тежок почеток на сите планови кои ги имам, верувам во себе. Трпение
Не вреди некои личности да ги држам за ракав кога тие сакаат да побегнат не ја прифаќаат мојата љубов или пријателство и упорно одбиваат подадена рака. Не вреди да се бориам за место во нечие срце или живот тие што ме сакаат сами ќе направат место за да останам покрај нив. Ветувам енма да плачам за оние кои ме напуштиле, ми свртеле грб, нема да го гледам како нешто лошо туку како знак од Бог дека не им еместото на тие личности покрај мене, кој знае можеби тој ме штити од нив, тој најдобро знае кој треба да биде дел од мојот живот. Мојот однос кон некои личности ќе биди пропорционален на нивниот и не чувствувам потреба да се оправдувам.
Оставете ги луѓето да го прават тоа што го сакаат, да се занимаваат со тоа што го сакаат, што ги интересира, што ги прави среќни. Не се родени сите за доктор на науки... Ако навистина ги сакате се што треба да направите е да ги поддржите и ако сте во можност - да помогнете во остварување на замислите. Ништо повеќе... Не ги кочете луѓето околу себе, тоа не води никаде... Дури и ако сака да биде слаткар, мајстор, механичар, пекар, лимар... Тој/таа го бира патот. Ваше е да укажете и да го поддржите изборот. Полесно за сите... помалку рушени надежи... повеќе среќни лица на работно место... повеќе радост во светов - доволно суров и без вашите себични очекувања и разочарани погледи!
Ме боли...неможам повеќе, не можам, сакам да се предадам, не можам да се борам со животот. Се изморив, зошто толку силно боли...Каква е оваа болка, ми се распарчува срцето, неможам, неможам, зошто ми го правиш ова животе. Каде ли толку згрешив, што направив? Дали дека сум премногу чуствителна и лесно заборавам секогаш сум повредена. Но не јас не сум глупава јас само си го живеам животот на мој начин, јас никогаш нема да можам да мразам некого, неможам да бидам огорчена, јас ја сакам љубовта насекаде, го сакав животот. Зошто уште пред да ми се случи нешто, ми се затвараат вратите, и тогаш доаѓа моментот дали ќе станам очајната девојка пред нечии очи или колку и силно да боли да продолжам гордо? Ова најсилно боли, иако го знам одговорот, ме боли.. Се изморив да бидам позитивна, се изморив да им давам сила на луѓето кои најмногу ми значат, се изморив...
Накај Битола! 10 степени надвор. Ме гали за да ме стопли со едната рака цело време. Со моето семејство и друштво тој помина по редот а со мачката имаа спешал конекшн Сега на мене ми е ред... Упознавањево со неговите ми е траума однапред...не сум спремна некако...а вози натака ...кажува смешки и се смееме ко луди... Уште малку па граница, па траект по некое време. Пуштете ми малку добра мисла...треперам. Ако ништо друго бар море ме чека! И љубов! Спојлер: ... Не! Немаме право да се буниме. Колата му беше ишкртана пред зграда кај мене. Прости луѓе вика брат ми, шта чеш.. Исто ѓубре сме, не сме ништо подобри...
Не се тоа маски кои луѓето ги носат. Промената се должи на искуствата, на она доживеаното што се насобрало. Не сум истата од пред 5 години. Не сум истата од лани. Ни од пред еден месец не сум истата. Сменети мислења, ставови, односи кон другите. Ден по ден, времето минува и не не прашува нас дали сакаме да мине или не. Животот не не прашува што сакаме. Се си тече а ние собираме тоа што има да се собере и еве сме каде што сме.
Не замерувајте на грешки при пишување во темава, се случува да типкам со расплакани очи кога сум потресена или емотивна па не гледам дека сум исплеткала букви. Нека ни е за многу години празникот Илинден! Честитки и за оние кои слават куќна слава или именден. Имајте убав празничен ден.
Тој шо ке ти избега сред секс- е тој да си го чуваш лепотице. *инспирирана од темата "Совети од женска страна за сите машки" * Момчето со гордост раскажува за неговиот случај, како неќел да го искористи девојчето. Аферим. Ретки се таквите ко тебе дечко. (фала богу шо се ретки)
Колку ли мажи ќе ни се радуваат на насмевката, на совршеноста, на нашата здрелост која сме ја добиле оздравувајќи од рана, која сме ја добиле не сакајќи, не барајќи ја....