Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Безброј мисли ми го преокупираат мозокот и чувствувам дека во секој момент главата ќе ми пукне.
    Понекогаш, преголемите очекувања и погрешно оформената слика во главата за одредена работа, по извесно време се покажуваат во вистинско светло и предизвикуваат очај, разочарување, губење на надеж...

    Проблемот е што во мојава ситуација работата сеуште не се покажала во вистинско светло и единствен, а и најголем проблем е моето претерано мислење и анализирање на работите.
    Како и секогаш.
    И тоа секогаш погрешно.

    Само се молам да не ми се врати повторно песимизмот, а со оглед на ситуацијата во која се наоѓам, мали се шансите да размислувам оптимистички.

    И илјада пати се проколнувам себе си што сум ваква.
    Чувствителна, приврзана и секогаш со погрешни мисли, кои немаат никаква врска со реалноста, а сепак ме уништуваат.
     
    На SparkyAngel, anggell и Jenniffer им се допаѓа ова.
  2. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Магнум да направиле Бејлис сладоледи а на мене никој да не ми каже? :^) Една мана само, помалецки се од стандардните. Немој да се опиеме случајно или што им е финтата не знам, дискриминација им прават. Ако ако, по шест во кутија а дома никој не ме гледа колку јадам :!:

    Друго нешто ќе кажев. Кокошката бара гнездо кога и дојде јајцето до газот.


    Трето нешто. Какво е убаво тоа чувство да се осетиш млад, излегло сонце, реумата на одмор, за еден ден откачиш, живееш во моментот. Сакаш зелени нокти? Сакаш. Повели. Ден два, се враќаш во нормала во глава, надвор врне, коленото те врти, грбот ти пука, чмаеш, се погледнеш во рацете и се чудиш, не се чудиш при кој памет избра зелено, туку при кој памет избра ув гел :x
     
    На bittersweet, SparkyAngel, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Што значи да живееш рака за рака со една од најстрашните болести познати на човештвото?

    Денот кога Сидата влезе во мојот живот, ми го покажа вистинското лице на луѓето. Видов како можат да фрлаат камења, да навредуваат, да се плашат. Да не ја подаваат раката. Да минуваат на другата страна од тротоарот. Да мразат. Да те напуштат.
    Кога Сидата влезе во мојот живот, започна да поставува прашања. Зошто не помисли порано? Зошто беше сигурна дека нема да ти се случи? Зошто беше толку наивна? И настојуваше да го слушне одговорот.
    Кога Сидата влезе во мојот живот, го напиша зборот `пекол` во секој мој нареден ден. Објасни ми како е да се криеш. Да одрекуваш дел од себеси. Да се изолираш. Да имаш две лица. Да не можеш да го поднесеш своето тело. Да сакаш да се самоубиеш. Да се бориш со самиот себеси, и да изгубиш.
    Кога Сидата влезе во мојот живот, ми ја промени иднината. Ми го сруши небото над главата. Ги обои работите во црно и бело. Ме натера да се почувствувам глупава. Смртна.

    Денот кога Сидата влезе во мојот живот, избра да го направи преку историите на неколкумина. Намерно реши тие истории да се различни една од друга, да повеќе ни во лудило не ми помине низ главата дека `тоа не може да ми се случи на мене`. Избра мажи и жени, заразени по полов и крвен пат, богати и сиромашни, образовани и неуки. Намерно ме фати за раката и ме натера да разговарам со секој од нив со часови.
    За да разберам...

    ...неодамна, бев во срцето на Африка. Земја во која се наоѓаат 70% од светската популација заразени со ХИВ вирусот, или дојдени до стадиум на СИДА.
    Јоханесбург е преубав град, но и со завиден ноќен живот. А јас го сакам ноќниот живот. Го сакам сексот и уживам во истиот. Душевната празнина ја исполнувам со вртоглави оргазми, и различни партнери.
    Начинот на живот не ми дозволува да се обврзам со еден маж. Лажам. Јас не сакам да се обврзам со еден маж.

    Таа вечер се запознав со еден млад и згоден маж во раните триесетти. Беше жител на истоимениот град. Игравме и се забавувавме до раните утрински часови, а потоа го поканив да ми се придружи во хотелската соба.
    Тоа беше секс за една вечер, авантура. Следниот ден му го дадов својот број, и се договоривме некогаш и негде да се видиме повторно.
    Добив оргазам кој скапо го платив.

    Пред неколку седмици, добив повик од непознат број, префикс од Јужна Африка.
    Ги познав првите неколку броеви, и знаев дека е тој. Се насмеав и бев среќна што сака да ми го слушне гласот, претпоставував дека ќе се договориме за нашата идна средба.
    Ми кажа дека пред два дена ги добил резултатите од ХИВ тестот, и погодете што. Тој е ХИВ позитивен.
    Ладна пот ми го облеа целото тело, нозете ми се пресекоа и го изгубив гласот. Целиот живот ми помина пред очите во истиот момент. Посакував да е сон, и да се разбудам што побрзо.
    Но, не беше.
    Ми се јави за да ми каже дека треба да го направам ХИВ тестот, бидејќи он не е сигурен кога вирусот влегол во неговата крв.

    Така и беше.
    Веќе следното утро јас бев на клиниката за Сексуално Преносливи Инфекции како ургентен случај и дадов крв.
    За резултатите требаше да чекам две недели. Цели две недели!!!
    Тоа беа најдолгите две недели во мојот живот. Денови кога Сидата влезе во мојот живот, и ми ја раскажа приказната. Во неа неколку луѓе говореа за своите трагедии и проблеми остри како брич. Тие спомнуваа имиња и години, плачеа, молчеа, се смееа, тврдеа дека се среќни затоа што така го ценат секој ден од својот живот.
    Во секоја една секунда од разговорите со нив се чувствував како да сум во некој нискобуџетен филм. Дека режисерот ќе каже `во ред дечки, толку беше, заврши снимањето на филмот, тоа е, слободни сте`. Не беше тоа...

    Во светот има регистрирано 40 милиони заразени со ХИВ вирусот. А нерегистрирани? Тука е и фактот дека имајќи го вирусот, може да немаш симптоми од 8 до 10 години, и што дознаваш? - Точно така.
    Време е да се тестираш и да почнеш да водиш грижа за себеси.

    Денот кога Сидата влезе во мојот живот, ме извади од илузијата за безсмртност. Ме тресна од земја и натера да се почувствувам виновна, бидејќи до тој ден јас го гледав ХИВ само како статистика. Ме разубеди дека околу мене нема човек кој е ХИВ позитивен и носител на оваа чума на 20тиот век.
    Затоа што никогаш не знаеш, навистина.
    Кога Сидата влезе во мојот живот, ми призна дека не е вклучена во ничии планови. Едноставно влетува во твојот живот и ти носи хаос во твојата претстава за иднината. И дека ако некогаш не си ги сакал различните, ќе се промениш.
    Ќе се промениш многу.
    Засекогаш.
     

    Прикачени фајлови:

    • AIDS.jpg
      AIDS.jpg
      Големина на фајлот:
      234,6 KB
      Прегледи:
      560
    На SparkyAngel и Barbie20 им се допаѓа ова.
  5. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Како може едно копиле да ти расипе денот?
    Јас може книга да издадам за ова.
    :D
    Не е смешно!
    Денес сум максимум изнервирана, само поради една другарка, што на тешко срце ја нарекувам така пошто сите ја знаат каква е и никој веќе не ја дружи.
    Е таа другарка извади муабети за мене, лоши, што се проширија баш фино.
    Јас се научив за тоа, мислам секако. :nod:
    Па фино лепо отидов до девојчето и му кажав „фала ти што вадиш гласини за мене, чао“. Таа избувна и почна да се дере нешто, јас секако не ја слушав и се тргнав.
    После тоа почна да збори дека јас на неа сум се дерела. Мислам ШТО? :fubar:
    Од кај па тоа сега?! Притисокот ми се качи, верувајте.
    Толку сум изнервирана што ми е до степен да почнам да плачам.
    После тоа таа заплака, кога виде дека никој не е на нејзина страна. И оп, сите неа ја подржуваат.
    Ма немој да ме јебеш бре.
    Јас барем кога плачам, квалитетено трошам солзиве.. :D

    Не е ништо смешно, повеќе е жално бидејќи сега имам вина во мене, грижа на совест и ме јаде. Ама нема да се извинам.
    Иако девојчето малку психички не е во ред. Можеби и требаше да премолчам јас, ама ете, разумот бил побрз од срцето.
    Што ми е гајле.
    Сепак јас сум во право, како и секогаш. А и не сакам да започнувам кавги за без врска, ама ова ги помина сите граници. Не е само тоа што има говорено за мене, има многу нешта ама ете ја жалев јас.
    :puke:
     
    На LittlePinky и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  6. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Многу сакам на форумов да си имавме нешто обратно од ѕвездичкиве што си ги ставаме на убави постови, па фино да ги обележувавме и тие кои не ни се допаѓаат :wasntme:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Се надевам дека оваа преголема позитивна енергија во мене ке излезе на добро ;) .

    Толку многу надежи и очекувања има во мене што веке правам планови што како сакам да работам.
    Решив дека сакам да успеам и ке успеам.... Премногу верувам во себе |( или премногу пчекувам од себе :wasntme: не е битно...... Бидно е дека јас имам цел во животот и се водам кон таа цел, решив и ке успеам.

    Ако не тука, таму , ако не таму , онамо но нема да застанам додека не го постигнам она што го сакам..Додека не станам жена која што ке има 50 денари во џеб што сама ке си го плати своето кафе , без да чека од некого дали ке има да и даде или не...

    Никогаш до сега сум немала толку големи амбиции како што имам сега, но тоа ме радува и ме исполнува..

    Дури сега сватив како е во животот да имаш некоја цел , да имаш голема желба да се бориш за да станеш некој и нешто !
    Се надевам дека ове прекрасно чуство кое ме исполнува и ме води кон некоја цел да се борам да одам понатамо наскоро ке се реализира за да почнам да одам уште понатаму...

    Ако успеам тоа ке благодарение и на овие луѓе кои што се по крај мене кои што веруваат во мене и го гледаат мојот успех како мене....

    Ке дојде и тој ден кога ке ја кренам главата горе исправено бидејки знам дека сум направила нешто во животот со што ке имам да се гордеам и да ги направам луѓето околу мене горди :geek: ;)
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    http://www.youtube.com/watch?v=uaWA2GbcnJU

    Погледнете го видеово мислам дека секој што има барем малку човечност во него би требало да го прави ова. Длабоко допре во мене.И да бидам искрена малку ме подзамисли. Навистина светот би било многу поубаво место за живеење доколку секој од нас ги применува овие работи.
    Убава вечер.
     
    На ColoursOfTheRainbow, Elena69221, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  9. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Што е твое ќе си дојде.

    Кога бре, а кога луѓе? :geek:
    Ако сам не си го средиш животот, никој не ти го средува. Ништо само не доаѓа, ако имате силна желба, зграпчете го, океј грубо кажано, али то је то.
    Еве чекам лето Господово да дојде, да се запознаеме веќе еднаш, ама мислам дека виорот ќе те однесе, немам јас толкава среќа да имам човек ко него. Некои личности едноставно ни минуваат низ животот да ни донесат поука, да ни кажат дека животот е убав и сеуште постојат луѓе :)

    Ајде доста ви ширев негативна енергија...
    http://www.youtube.com/watch?v=tPYMq6WdJZ0
    Мило, треба на увце да ми ја пееш :wasntme:
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ииииии ете,пак се враќаме на старо.
    До кога?
     
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.199
    Допаѓања:
    136.180
    На денешен ден, ангел се симнал од небото и и кажал на Марија дека е во блажена состојба. Дека ќе роди божјо дете.
    Затоа е Благовец ден на мајките. На денешен ден, децата им заблагодаруваат на мајките што ги родиле, оти се измачиле за нив и ги донеле на свет.
    И јас и се јавив на мојата мајка. И кажав фала што ме роди, оти да не беше ти, немаше да ме има. Ми рече, фала шти си таква, оти е чест и гордост да имаш ќерка како тебе.
    Ми рече да имам и јас ќерка како мене, што ке ми се јави за Благовец.
    Сакам да им кажам и на феминките од темите во бременост, кои се трудат да добијат дете, нека ви е на помош денешниот ден, па да чуеме и од вас убава вест.
    И сите еден ден, да чуеме од нашите деца дека сме добри родители, а од внуците дека сме добри баби и дедовци. Оти не верувам дека има поубаво нешто од тоа.
    И да. СДК дека најдоброт дечко на сите времиња, е мој.
     
    На sweet-star, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, cresa-jagoda и 23 други им се допаѓа ова.
  12. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам некако.. празно :worried:
     
  13. lepadama

    lepadama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Го обожавам времево..Баш овој период кога има пролетни дождови.
    Некако ме обзема посебна еуфорија и ерупција на чувства кои не можам да ги опишам со зборови.
    I am blessed :D
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.245
    Знаете што е дроља, изворно?
    Таа што му е девојка на најдобриот другар и полна и е главата дека ти уствари го сакаш и дека ќе и го лапнеш и онака те мрази од дно на душа. Потоа раскинува со него и ти го брка бившиот дечко,а он е сосем кул и ти се јавува да те праша под која дијагноза е девојката...
    Е тоа е.
    Не е работата во момците, туку во карактерот овај дијагнозата на девојката.
    Како да го сфатам ова, еве не знам...
     
    На bittersweet, SparkyAngel, Marossa и 2 други им се допаѓа ова.
  15. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Колку ме растажи огласов. Каква немаштија, каква сиромаштија.... :x

    [​IMG]

    Во дневниот весник Вест, денеска беше објавен оглас кој никако не смее остане игнориран. Токму затоа, го споделуваме и кај нас.

    Станува збор за бездомник кој бара било каква работа и парче леб. Упатуваме апел кон целата јавност да не го одминете туку така огласот, доколку е возможно да помогнете, или пак барем да го проширите, со надеж дека ќе се појави некоја влијателна личност која ќе успее да го вработи овој човек.

    Телефонот оставен за контакт е 070 860 676.

    Го споделив на повеќе места и искрено се надевам дека доста луѓе ќе го направат истото и ќе се најде нешто за човеков.


    Деновиве само добрини правам и искрено убаво ми е.
    Сретнав прегладнето, преслабичко куче пред факултет и влегов во копирницата да копирам. Излегов од таму и гледам тргна накај мене кога ме виде. Се повратив назад влегов во една пекара тука во близина и му купив нешто како бурек со спанаќ, не беше големо, колку осмина и излегувам и го викам и таа од пекарата ме гледаше вака :^) .
    Излегов му го скршив пола и го душна и не сакаше да го јаде и почнав да се одалечувам и гледам почна да го јаде. Се вратив му го оставив целото и си заминав среќна и исполнета. :sun:
    Денеска две кучиња легнале кај мене во двор сестра ми ги виде и им изнесов што имаше од ручекот и мекица и леб, се изручкаа и после избегаа.
    Ептен ме исполнува тоа што колку толку се грижам и помагам на животинчиња. Души мили се. :)
     
    На Lepaaa, ColoursOfTheRainbow, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  16. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Интересна дефиниција. :up: :D

    Некои викаат дроља било карактерна особина, а ку*ва физичка зависничка од често менување на .!. па ако уште и си го наплатува тоа уште подобро за неа. :D

    Ствар укуса е работава. :) За мене поимот дроља асоцира на нешто подло, расипано, труло, играње зад грб.
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Песнава ја имам заборавено но сега кога ми текна нешто па кога се засмеав онака хистерично хаха значи неможам да не се церам како улава додека ја слушам песната хахаха....
    А да ја предложеме за евровизија
    РАКЕ ПУКЕ РАКЕ ШЛАКЕ хахахахаха

    http://www.youtube.com/watch?v=Eue0P7dRMhQ
     
    На GirlLove и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  18. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Е, преку ми глава ми е ....
    Зошто бе некои едноставно забораваат кои биле во блиското минато? Забораваат од каде доаѓаат?
    Зошто ми изиграваат сега светици кога сум ги гледала додека најголемите глупости и гадотии ги правеле и договарале пред мои очи/ уши.
    Родила дете па Мајка Тереза се прави.....
    Статуси од типот .... Да се биде мајка, да се има ќерка, да се има син ... бла, бла бла.... Кои патетики, ти се смеат луѓево, барем немој public да го правиш статусот и фотографиите , 50тте бивши да не ти го гледаат и смеат на сето тоа.

    Па уште ми се прави proud mommy во лице....
    Извини девојко, за неколку години Дај Боже и јас ќе бидам (ако даде Бог) мајка, но :!: мајка за чие дете утре ќе велат:
    - Види го/ја она дете , има успешна мајка, која цел живот се борела за нешто во животот, сама успеала,
    чесно, поштено, без да зае*и никого постигнала се во животот!
    Има татко на кого никого не му се смее зад грб, кој има достоинство да носи под рака жена каква што е неговата мајка!
    Жена бе во секој смисол, будало.


    Е тоа ти се вика Proud mommy!
    Ти си само мајка, да, ама ништо повеќе од тоа. Гордост немаш никаква!
     
    На SparkyAngel, Marossa, Angel4eeee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Значи какви девојки има леле леелее :D .Си напрајла транформација и коса и фаца :D само за да личи барем малку на мене :D ама не може.Треба да сфатиш дека некад не е е до тоаа драга ;) треба да имаш и нешто у мозокот, а јас што имам у мојот нема никад да знаеш.Се џудиш како сум го задржала толку долгоо.Хаха е тоа се вика искуство малена,секогаш коа ке направиш грешка глеј да ја поправиш ако е до тебе.Имаш 30години а се уште се понашаш како дете :!: Брчки на лицето :D .Порасни малку алоо :D .Не можеш да се однесуваш со секој детинесто пред секој.Што да причам не си флекси :D !!!
     
  20. ikss

    ikss Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Добро бе можно ли е??? :?: мислат родиле дете и свето е нивни?момицка помаленка од мене 100 години,со колицка у раката и се турка,таа прва влегува у трговскиот,у бутикот,у пошта СЕГДЕ!!мислам,ако твојата амбиција е била на 15 години дете да родаш и да се осеќаш као ја сам Бог,извини лажаш се,а јас ако немам дете и се трудам да дипломирам,тва не ме праа помалко вредна мури чаФко :D :rofl: ееее колко сам испровоцирана :o