@zhap4e во НЛО сФе ке видиш Туку едвaj чекам вторник да доjде. Одам на мини одмор од 4 дена. И бидеjки сите идат на море или езеро, jас во град ке одам. #увекнаопаку П.с времево или нека заврне или нека не се мршти
Понекогаш морате да бидете шармантни, а понекогаш дрски и храбри, но мора да го барате она кое навистина го сакате, затоа што тоа буди моќ која дава неверојатна сила.
Двајца другари.. овој напред, другар му го следи Си мислев, колку за нигде..нит е да му каже,нит е да ќути. Другари Ако другар не ти го чува грбот/задникот,кој друг. И во град на одмор е фино. Друштвото е битно.
@zhap4e Шетам така низ населбава ни мила ем драга. Уствари не е дотолку лоша, има и зеленило и клупа, ама да се мрчи нешто де. И наидов на еден еден женски примерок што ретко се гледа. Како изгледаше, наjдобро ке видите преку слика. П.с кога излегоа сликиве со хеланките, мислев дека се заебанциja. Ама не билодури сама не се уверив. П.с 2 бели гаките беа
@CrazyOne тоа се оние хулахопки ко хеланки.Луѓе мислат хеланки се И јас имам такви..претенки се,проѕирни ок за туники, ама
Сега кога зедов одмор, никаде ама баш никаде не ми се оди. Нема ни кај да одам, сите дома седат и ништо не се дешава. Кога бев на работа, секој проклет ден имаше дешавки и останував до сабајле, некогаш и директ на работа одев. Сега спијам и дремам цел ден на кревет, чекам да дојде пак време за спиење и тоа во 22 веќе очи ми паѓаат. Што не се десило никогаш. Се кладам дека последниот ден од одморот ќе ми биде најбурна ноќ од цел одмор
СДК... Не ја отворајте вратата што не можете да ја затворите. Некои ситуации се создадени за да останат премолчени.
Зрелите и разумни личности не се обидуваат во секоја дискусија да докажат дека се во право, објаснувајќи се на разни начини и тврдејќи дека „не се разбрани што всушност сакаат да кажат“, туку сфаќаат дека понекогаш едноставно соговорникот има сосема спротивно мислење од нивното и тој факт не можат да го променат. Sometimes the best solution is simply agreeing to disagree...
Денес не ми е баш нај, нај- не се чувствувам добро... Дал се прејадов на славата?! Сигурно од тоа ќе е. Ај ништо! Дополнително и овие љубовниве проблеми што ви ги читам... Дополнително се влошувам.
Добро мораше до толку да грми и да истура? Нека си поврне малку и готово. А така ми се јаде трилече од К8 со денови. Ми ги расипа плановите.
Напред, не завртувајќи се наназад кон минатото, кон тоа што било некогаш. И да се завртиш наназад само речи погрешив, но нема да дозволам да се повтори. Колку и да тешко, какви и рани да имаме ќе се научиме да живееме со детето во нас, ќе го прегрнеме сами и ќе му дадеме храброст да се бори за себе. Ако сме можеле да им простиме на многу личности кои не повредиле, ако сме можеле да дадеме шанса за исправување на сите други зошто да не си простиме сами на себе и да не си дадеме шанса на самите себе. Минатото било и поминало, тоа се лекции кои мора да се научат за да созрееме.
Сосема се согласувам со тебе, и ја сум против ваквите осудувања. Ама за оваа тема сите ќе зборуваме како другите ги осудуваат останатите. Чекај, а ние? Ти никогаш не си ги поставила истиве прашања од погоре? Зар ти никогаш не си осудила никој ? Сакам да кажам промената почнува од самите нас. Ти треба навистина никогаш никого да не осудуваш , за да го пишеш постов. Се надевам дека е така.
СКД не го губите времето во објаснувања, луѓето го слушаат само она што сакаат да го слушнат. Ете толку
Има поубаво чувство од сoзнанието дека твоето најсакано суштество ти ја држи раката во неговата, и посилна желба од таа истово да трае вечно??? Нема.. дефинитивно, нема!
СДК дека премногу ја сакам мојата мајка, таа ми е се во животов, но потајно, длабоко во себе ја обвинувам за нејзината шанса што ја прокоцка пред многу години да остане во странство со сите нас, изгубена шанса што ме тера да размислувам како се ќе беше поинаку.... оти гледам секој божји ден страшни настани кои ме згрозуваат и ме тераат често да се срамам што сум родена во оваа проклета држава, нема ден а да не се случи убиство, силување, банална смрт ради нечие невнимание, сиромаштија, алчност, газди со бесни коли и исплатени мизерни плати на своите работници... И што ли уште не Едноставно ова средина е премногу сурова за мене Никогаш не сум разговарала со неа на оваа тема, затоа што нејзините очи доволно кажуваат.
Овие неколку дена сум толку под стрес, што буквално се тресам целата, доживувам благи тахикардии, и си правам параноично сценарио во глава, што во нормални денови нема ни да го помислам. Се ќе беше супер да беше барем од твоја страна океј, но не, зарем може нешто некогаш да биде како што треба?! Знам дека згрешив, знам дека се однесував кон тебе како што не заслужуваше, но мора ли секогаш да ми се враќа 10х од она што ќе го сторам. Тоа што се случи пред некој ден знам дека сигурно изгледа лошо во твоите очи, можеби и те повреди и налути, но навистина не беше до мене! И сега кога правам се што е во моја моќ да бидеме заедно барем на 2-3 дена, мора од секоја страна да тргне лошо, нели..? Од дома еден проблем, од него друг потенцијален, од тебе трет.. Абе глупчо еден, да знаеш само какви планови кројам колку да украдам само неколку часа со тебе, и што чувствувам во моментов, мислам дека ич не би се однесувал вака. Се ќе биде добро, мора да биде добро, мора да се среди...
Se spremame utre da go proslavime 02 Avgust. Kakvo e vremeto izgleda i ovaa Nedela nema da se ostvari. Jas spremiv tulumbi, mi bese najsoodvetno, me asocirase na turcite. Ako ne se ostvari izletot, tulumbite sami ke si gi izedeme. Mozda Ilinden ke bide slednata nedela. Vetuvaat sonce. Dali e mozno, veke i ne mi se veruva. Prodavnicite gi naredija so zimska garderoba. Ako nedojde letovo ovaa god. mozda ke dojde dogodina
Не им е нив монотон животот, туку кога се занимаваш со другите и што тие прават погрешно, немаш време да мислиш за своите проблеми. Кога на другиот нешто му „фали“, ти потсвесно (или некогаш свесно), се воздигнуваш. Интересна е човековата психологија.