Сега видов што се случило во Скопје, катастрофа, па дури и 15 загинати страшно Си мислам дека е до мене, само несреќи носам. После неколку месеци се решив да одам за Скопје и кога си дојдов дома татко ми ми вели имало невреме во Скопје спасила си се. Минатата година кога беше пукањето во Куманово исто бев за Скопје. Ќе почнам да мислам дека е до мене 2 пати се случуваат некои работа кога одам за Скопје, бев пак неколку пати но добро е тогаш ништо не се случи.
Понекогаш е многу тешко. Боли, боли толку многу. Боли до крвопролевање. Ја чувствуваш, те опива целиот. Ја оживотворува секоја пора на срцето, на душата, на телото... Љубиш... Радоста ти блеска насекаде. Таа е твоето сонце и во најгустата темнина. Се покажува на лицето, ја дишеш како воздухот. А сепак... боли. Таа е само Љубовта. Дишеш за Неа, се бориш за Неа, се жртвуваш за Неа... И ако не го почувтвуваш тоа крвопролевање во душата, нема да Ја познаеш вистински. Преку жртвата, преку својата жртва, само тогаш ја разбираш Нејзината полнота. Тогаш е најслатка, само тогаш сфаќаш дека Таа ти живее во срцето. Само тогаш... Љубете!
Реклама за кармин или реклама за да знаеш дека стигна до пубертет и дека имаш хормони. Како и да е јас се возбудив. За вас не знам
Еве ме послем извесен период,бев отсутен,одмори едно друго и ете сум пак. Вчера беше страшно премногу ми е жал,Господ нека ни е на помош.
Ubavo sto postoi forumov, se iznacitav eden kup dobri soveti. Nastrana negativnoto. Mnogu podobro se cuvstvuvam koga sum tuka, neli ako na forum ne si gi iskazes makite togas kade?
Без разлика на тоа колку мудрост има собрано во нечија глава, филозофиите не значат ништо кога истите претставуваат само фиктивна мисла складирана како знаење во некоја мозочна ќелија; не за џабе се вели дека со помош на взаемните односи меѓу луѓе, ги осознаваш и најголемите животни лекции кои не се учат читајќи стручна литература. Филозофијата е фантазија, баталете (над)мудрувања.
Значи нешто ко ќе не е погодено, не е и се затворам во себе и не сакам од дома да излезам. Се затворам в соба и буквално можам цел ден да седам дома. Тоа е. Знам дека е лошо, не чини. Мислам седи дома и се волшебно ќе се реши, е не е така.. Само туркање сака.
Сакам да кажам... ,, Не се самоубивајте затоа што тоа е еден од најголемите гревови, поп нема да ве пее и ќе горите засекогаш во вечните огништа. Исто така, ако сакате да се самоубиете, вие сте себичен губитник, неспособен лигуш, и само Господ смее да ве убие оти он ви дал живот.,, И после зашто некој сакал да се самоубие. Мене вака некој, шамари ќе летаат, одма желба за живот ќе добијам.
Многу ми се јаки оние 2-3 секунди помеѓу секавицата и звукот громот. Тоа чувство на возбуда, исчекување на громогласниот и продорен звук, звук што ги затресува прозорите додека сијалиците исто така затреперуваат. Тоа е гласот на природата, што ја понизува нашата надмоќност.
епа другарки, сега гледам колку ви било гајле за мене. сите знаете дека сум болна, а ни една не праша како сум. ама ако...по ова знам која ќе ми останит и поната му другарка, а која ќе ми бидит само познаничка.