Oнa чувствo кoгa брaт ти гледa пoрнo нa кoмпјутер дoдекa ти лежиш нa кревет сo телефoнoт вo рaкa. Дa беше некoј пубертетлијa пa дa сфaтaм, aмa oвa....Алo бе, oпрaј се веќе!
Глупав, поглупав, најглупав, „каде е сега Франција да става #prayformacedonia хехехехе’’ глупав. Ни мене не ми се веруваше, ама ете, сеуште ги имало!
Ја гледам емисијава Време е за бебе на Мрт1 и не знам дали да се смеам или да плачам. Родители кои имаат три или повеќе деца советуваат да се има повеќе од три деца бидејќи е убаво кога е поголема фамилијата. Сериозно?! Бар да им имаа смисла реченициве. Туку она седнала, бебето во раце ѝ плаче и вели убаво е да имате три деца, па и четири да имаш повеќе блиски со кого да си ги споделиш проблемите. Молам?! Заради таа причина треба да се има три деца? Сериозноо таа е причината заради која имаш три деца? Не знам може јас сум затуцана па не ја разбирам. Јас сакам повеќе дечиња, сакам еден ден гооолемо семејство да имам, ама затоа што ги сакам децата и тие ми се најголемо богатство, затоа што уживам во нивните искрени и невини насмевки. Туку друго ми беше мислата: Под итно треба да се преиспитаат Мрт и цела екипа и сите позади нив со сите нивни пропаганди кои се бесмислени. Аман веќе со глупостите!
Политичариве плата да земаат преку смс донации од народот, а за све што е отворено донација, од буџет да се плаќа.
Ќе отиде да чува бебе во Германија или Англија ( и тоа на два-три месеци) и читаш - ,,ние во Англија имаме...,, Ќе дојде во Скопје да студира и одма имаш ,,...ние во Скопје имаме...,, Кои тоа НИЕ ???
Излагам денес и одеднаш се слушаат извикнотици. Што ќе видам, некој удрил една женичка во години на мојата улица. Беше во свест, ама цела крвареше. Се јавувам на брза помош тааа "мадамот" од таму ми вели :-" Јави се во полиција" И ја:-" Ќе се јавам, ама вие одма да сте дошле "...и почнав да и се дерам. Ми спушти слушалка .... крава, мајмункаа.... Се јавувам во полиција, тој од таму ми вели:-"А, викна брза помош" Колку само сум изреволтирана... Здравството , особено брзава помош е катастрофа, пропаст. Гниди гнидии....нејќат да дојдат да спасат човечки живот Морало полицијата, па они да дојдат....нека се гонат бре у три лепе. А, па луѓево...гледааат и само извикувааат ко претстава да гледаат
Одма полицијата дојде...а брзата дури по неа.После неколку минути. Се надевам само дека ќе е добра жената ..знам само дека е за Ск пратена и доста била повредена. Остај се, баш така е.
Сакам да кажам дека жените когаа сакаме забораваме се... Забораваме дека маж што сака се може...се смее... Забораваме дека маж што сака посакува и зграпчува...полудува од страст и се бори со тоа... Забораваме дека маж што сака секогаш има зборови да го каже гласно тоа...и кога нема ги краде од друг,ги позајмува но кажува...на уво шепоти... Забораваме дека маж што сака со очи милува и посесивно опседнува... Забораваме дека маж што сака е тука...секој збор го пие,насмевката ја чува... Забораваме дека маж што сака се пијани и во ноќта признава како душата му гори... Забораваме дека маж што сака никоја друга не го прави среќен... Забораваме дека маж што сака не заминува... Забораваме дека маж што сака е како кактус...кој сите цврст и полн со боцки го мислат... а тој в раце расцветува,нов дел од себе открива... Забораваме и ги помешуваме овие мажи со Канибали душата што ја јадат...крвта од вените што ја пијат...што одбиваат...што попуваат...што глумат цврсти...што во љубов не веруваат... Забораваме па ги правдаме...сами одговор на прашањата си даваме... Забораваме па дозволуваме да не отрујат ,да ни го замаглат погледот...дури и најголемите љубовни докази да ги погазат... Забораваме па се забораваме и себе...што заслужуваме,што сакаме... Време е да престанеме!!!
Занев дека ќе поминам добро...уште кога ми закажаа за денес св.Петка,знаев дека ќе ме чува и дека ќе ми даде сила се да биде во ред..напомош нека е!!!!
Mommy, how do i look? Кога бев мала, добро се сеќавам дека имав голема желба секогаш да бидам облечена во фустанче. Ми текнува кога на сред зима ја молев мама да ми ги извади летните фустани за да ги носам по дома. Не ми беше проблем ниту да ги облекувам над дебелите зимски хулахопки или пижами, прифаќав се', само да носам фустанче. Понекогаш наоѓав некои стари здолништа на мама или баба, неупотребени платна и стари спаваќи, па скокав од радост кога ќе се облечев во нив. Којзнае како изгледав, смешно, слатко? Мама ми велеше: "Не се додолај". Ама, јас си терав по мое. А и денес некогаш ми се враќа тоа старо чувство, таа желба да шетам низ дома во некој долг фустан, да замислам дека чекорам по црвен тепих, дека сум преубава, дека сите гледаат во мене и ми се восхитуваат. Па што? Лошо ли е да замислуваш? А потоа ќе речеш, сите нејзини врснички излегуваат секоја вечер, со нивните друштва и дечковци, а таа? Таа замислува. Фло - девојчето што визуелизираше. Па што да речам, или сум јас премногу назад, или моите другарки премногу напред.
СДК Некoи луѓе ми се нз,дaли свеснo некoи рaбoти ги прaвaт или тoлку рaзбирaaт кoјзнaе.Еднa пријaтелкa пoдoлгo време приметив кaкo дa ме избегнувa,ќе се јaвеше,ќе ме викнеше сегa некaкo дистaнцирaнa,зa дa денес дoзнaaм,мaдaм е тaквa зaтoa штo јaс збoрaм,сум вo дoбaр oднoс сo некoј штo тaa не гo сaкa и немa муaбет.Кaј мене рaбoтите идaт вaкa,јaс дoдекa oд некoгo не видaм лoшo,не oсетaм нa свoјa кoжa зa мене тoј е дoбaр,немoжaм oд сoлидaрнoст премa некoгo дa не сaкaм,или нaштетaм нa друг.Мoже ти си зaслужилa тaкa,пa и јaс премa сите се oднесувaм кoј кaкo зaслужил,не сум дoбрa,и лoшa сo сите.И едните и др рaзличнo ќе ме oпишaт,кoј кaкo ме зaпoзнaл и дoживеaл нели?
Згрозеност сум од нашето малцинство. Ние што дониравме требаше ли на фб да се пофалиме. Проста си Македонијо и секогаш ќе бидеш.
СДК емотивна сум и убаво ми е. Сите емотивци што ги знам викаат дека не сакаат да бидат такви. Јас сакам. Тоа ме прави човек. Човек меѓу луѓето...