Еи,браво,си се пронајдов.И јас имам поточно имаВ таква другарка.Бевме ептен блиски,се дружев и со дечко и,кого го изневери со неговиот брат . Инаку дечко и многу ја сакаше,како принцеза буквално ја чуваше.. Дури едно време знаеше дека го изневерува со брат му па и тоа го премолчи.Ама му пукна филмот на крај па ја откачи.А мене детево буквално ништо не ми згреши,значи ми викаше ти си ми замена бидејки немам сестра.Душа е,а ни неа не и имаше нешто згрешено па за да го мразам.. И нормално си продолжив да се дружам со него, детето не беше ни криво за нешто,тој беше жртвата во ситуацијава,а оваа затуцанава,престана да се дружи со ммене затоа што јас сум се дружела уште со него.
Еве уште една брилијантна идеја - Пудра за отстранување непријатна миризба на стапалата наречен "Пепелашка"
СДК дека пред да пробаш да го менуваш партнерот, за да видиш колку е тоа тешко да се стори, пробај прво СЕБЕ да се смениш...ако успееш себе да се смениш, тогаш постојат шанси и за него
И кога од трудење, трудна ќе останеш. Денес и да не ти е мака, слободата си ја заработив. Се што себеси не можев да си опростам, се што на другите не можев да им опростам..... Ми доделуваше улога на жртва. Жртва си на туѓо несвесно однесување, а кој е тука свесен ? Кој е присутен? Будна личност, препознава дека во близина има несвесна личност. А сосема е небитно кого обвинуваш, дали си жртва на некој друг или жртва на себе..... Потполно е исто. Или си слободен или си ова другото. Не можеш двете. А може да е и обострано. Ако некој постојано ве укривува за се, има само земено улога на жртва. Да е свесна , ќе си превземе одговорност и ќе сведочи нешто друго, место та тапка у место . Жалејќи се околу. Кога нема жртва-нема кривец, кога нема жртва -нема патење, кога нема жртва и патење- нема што за опростување и има само с л о б о д а. За жртвените јагниња, како нас. Ете така
Лудилото ескалира. Илјадници статуси, статии по портали, твитови и чуда циркулираат, фотографии со паметување... некој бара кривец, некој вреска не барајте кривец, некој седи сам во својот фејсбуковски ќош и проповеда во празно. Луѓе поминуваат и во скролање удираат лајк недочитувајќи до крај, продолжуваат понатаму да ги видат другите чуда. Си викам, да напишам еден џиновски статус, да објаснам како размислувам, да укажам на разум, на човечност, на хуманост, па си викам седи си другарче на страна и посматрај, гледаш дека секој без два грама памет се осудува да објаснува и дели памет. Си викам, ако можам да отидам да помогнам на луѓево што настрадаа, зашто од делење хуманост на социјални мрежи и човечност од пред компјутер видовме колку ќар имаат сите. Па сега само посматрам немо, пишувам анонимно на форум и ми иде да заплачам од тоа што ни тешки природни катастрофи не можат да нè обединат да сме човечни и да помогнеме едни на други. Отидени сме во неповрат.
Што е вистина - она што ме буди сред ноќ или она што го размислувам дур сум будна и свесна? Одговорот...??? Го мразам!
не знам како се вика она кога некој ти ги тестира праговите не толеранција а нема никаква потреба за тоа... па ме тера да се запрашам дали е случајно... и кога некој ќе ти нагласи " ќе ти вратам " никогаш не си сигурен кога ќе се случи тоа, па затоа моли се да биде побрзо...
Јас си вервав дека од Хогвортс писмо не ми стигна ради големиот пожар или Доби ама да ти било има премногу вештерки во државава веќе.
Е стварно не ми е јасно,до кај ќе оди ова градење во Скопје Сител објави дека кај Старата Железничка станица,ќе се гради дваесеткатница Лудило е ова или што е? Поред тие 2-3 огромни згради,и ова ни фалеше
Сфаќам јас користење ефекти на социјалните мрежи за поубаво да изгледа твоја лична слика која ја објавуваш, посебно кога се работи за измазнување проблематично лице, или пак некои стварно кул уметнички ефекти... Ама природно убава девојка на возраст од 18+ до толку да си го видоизмени ликот со јака лажна шминка додадена со ефект плус друга боја и облик на очите, што некој кој скоро секојдневно ја гледа буквално едвај ќе ја препознае на сликата - е таа потреба навистина не можам да ја разберам. И како после озбилно да ги сфатиш ваквите?
Провокација! СДК Ако видите девојка а по нејзе трчкаат кучиња и мачиња да знаете тоа сум јас. Не знам како ама магнет сум за нив, ме сакаат , ми се радуваат, низ цел град ги шетам, друштво ми прават пошто сум многу осамена. Сега едни дечиња толку разочарав чудо едно сум. Си нашле кученце, си го шеткаат кога ме виде мене на разминување со нив си тргна по мене. Камо среќа да ме сакаа луѓето како и Не случајно се рекло кучиња и деца трчаат по добри личности. животните. Господ златен како што сум магнет за нив да бев и за убави, згодни и паметни момци.Амин. И дечиња ме сакаат не велам не, бебиња знаат да ми се смешкаат, други на комшики/пријателки ми подаваат раче ама возрасниве послабо, не ме сакаат ни најмалку. Основно правило за оние кои се вработени во маркет/ бутик сеедно е дека треба секогаш да бидат фини, учтиви и насмеани а не намуртени ко намќори и да ти превртуваат очи ко Божем некој зима на вересија. Влегувам во маркет кај што редовно си пазарувам тетката учтива, културна. Влегувам во маалска продавница ни добар ден не ми вика, безобразие. Битно и на едните и на другите пари им оставаш. Да не зборам како реагираат овие вториве кога ќе го загледаш рокот на производот. За мои пари, битно ми е до кој датум се употребува продуктот, не планирам да се затрујам, па кај утка производ сум зела, пари џабе сум фрлила после и по доктори да давам.
Најлошо е кога треба да донесеш некоја важна одлука, па и некоја малечка да е безначајна, кога знаеш дека само ти си тој што мора да направи избор. Има луѓе што постојано играат такви игри и те тераат да избереш. Подобро е да им кажеш што сакаш ти и да оставиш ттаа личност да го избере истото што и ти или нешто друго. Ако почне да размислува што да прави игра против себе. Нека не знае, нека мисли колку што му треба време. Мене на моменти ќе ми е мирна душата, кога не ми е мислам на минатото.
Ми треба промена, сакам промена, на околината. Чуствувам дека луѓево околу мене ме загушуваат со толку злоба, лицемерие и корист.