На крајот на денот ослободувачко чувство од се што функционира на принцип на закопчување Неодолива леснотија на постоењето...
Прво крајно време е да се вратам во нормала со старите добри навики како што е рано станување, вежбање, конзумирање на поздрава храна. Се надевам ќе успеам да се доведам во ред конечно во име на моето здравје и изглед би требало да бидам истрајна во своите намери. Амин. Колку олеснувачки и свежо се чувствувам по убава пенлива купка.Се чувствувам како вреќа компири или пак една огромна планина да ми се тргнала од грбот. Комшииве ми се сите ебиветер, кој од кој одбрани, што да ти расправам. Од една страна комшии што викаат, се расправаат во седум часот наутро, од друга страна комшија кој комуницирајќи со своето внуче кое му вели дедо тој одговара како Тарзан во џунглата со ЕООО.Приквечер да не зборам , траскање порти, брмчење со мотори во 2 часот по полноќ, мислиш в соба ќе ми влезат низ прозор. Не знам ниту кој ден сме од неделата ниту кој датум целосно изгубив ориентација за време и простор. Некои велат пеколно жешко било надвор, премногу топло НО јас не чувствувам никаква топлина може затоа што ми е студено во срцето кој знае. Додека сите се кријат од штетните зраци на сонцето јас упорно излегувам на тераса и уживам во неговата топлина, го крадам секој негов зрак, што знам тоа ме опушта, ми ја топли душава. Кога веќе љубов нит ме топли нит ме грее барем сонцево да ми се радува и да ме топли и грее.. Имајте убава вечер и избегнувајте негативни личности кои ви ја крадат енергијата.
Ми треба море,ми требаат долги прошетки покрај море,ми треба со часови да гледам во огромните бранови,сите се плашат од немирно разбранувано море,а јас како да му ги предавам маките и грижите на брановите,како да ми ги земаат тешкотиите и ги носат некаде на дното,кој знае...
Не си го зедов фустанчето што ми се свиѓаше заради продавачките. Како да земеш нешто, како да видиш нешто друго, како да пробаш, кога во врат ти диши некој. Јас правам чекор, таа прави чекор по мене... мајка ми прави чекор, другата продавачка прави чекор по неа Чоек, на крадци ви личиме? 10000 пати ми рече повели, 10000 пати и реков да разгледаме, а тоа значи тргни ми се од врат жено божја. А преубави работи имаше стварно ама нешто ми скокаше од нервоза во мене...плус немаа клима и мислев ќе ги убијам двете од жештини и од што се глупи. Јас на мајка ми и викам види ова ( и уште не завршена реченицата), продавачката ме прекинува: Ахам тоа ти е 1500 ден преубаво, и јас си имам....јас ја игнорирам и вријам...после мајка ми нешто ми вика: дојди да го видиш ова...ете ја другата продавачка трча пред мене: Ахам да тоа ти е 2200, значи јако е премногу... И тука ми пукна филмот и со стиснати заби и пола уста на мајка ми и викам излагај да не напраам беља Запамтете бре еднаш сите што работите во бутици, не туку одајте по муштериите...знаете колку е нападно? досадно? глупо? Па пушти на раат нека видат и нека излезат. Ако земев да пробувам, сигурно и таа ќе дојдеше со мене да ми помогне да се пресоблечам Ни култура, ни осет, ни НИШТО. Кога ќе влезе чоек сака да разгледа на раат, да се помисли, да проба,а не да ти го осеќа здивот во уши Па ни музика немаше пуштно и буквално и го слушав дишењето во врат. Ни ја, ни дете мое веќе во такви бутици. Ај може во иднина РОБОТИ ќе ги превземат работите во свои раце...
Господи фала ти што сум дома и те молам запри го времето.овие моменти нека траат засекогаш. Само тие што со години не биле дома и не се виделе со најблиските знаат каква болка е тоа.
Ми треба одмор, ама асален, да излегувам, да се издувам, да не му ја мислам на ништо битно, зашто веќе зоврев и не ја бива вака.
Толку многу немам јогурт, а толку многу сакам моментално. Ај јогурт утре ќе си купам, ама со другиве работи што ги немам, а ги сакам што правиме? #Мисли што ме мачат на полноќ...
Од тој ден со него како да ми се зголемија критериумите за тоа што значи среќа... И после тоа ништо веќе не е исто, јас не сум истата... Ако претходно дозволував ситници да ме радуваат, сега ни големите работи не допираат до мене... Се мразам себеси моментално што си дозволив да се доведам во состојба сопствената среќа да ми зависи од некој друг...
I always fall for the bad guys. Си имам нов симпатија. Како што може да претпоставите овој е најлошиот од најлошите. Прво глумеше за да го освои моето срце, а после тоа си покажа дека имал некоја друга цел. Совршено изгледа во профил, а понекогаш си се возиме заедно во кола и се смешкаме зошто му викам дека е убав кога го гледам така. http://images6.fanpop.com/image/pho...-and-Joker-suicide-squad-39790196-500-213.gif Ни малку не е нормален. Кога ќе ме видеше од далеку го довикуваше моето име. Сега сме разделени, но ќе најдам начин да го видам зошто ептен сум заљубена. Моментот кога ќе си го пронајдиш љубениот во некој негативец во филм, онака совршено одговара карактерот на Џокерот со неговиот, исто фризурата носето, очињата. Ахх Mr. M... ова де Mr. J
После толку време се чувствувам смирено, нешто ми ја исполнува душата а најсреќна ме прави што можам да бидам тука за некого и да му помогнам, ако ништо друго барем со мојот збор и присуство. Зошто знам дека јас сум среќна кога знам дека има некој кој ме сака, мисли и се грижи за мене. И тебе ти посакувам се' најдобро, знаеш дека сеуште те мислам, да не завршиш лошо во животот, да те сака некоја најмногу, да те извлече од она што ти се случува... Но, толку е. Мислам дека конечно сфаќам колку сум ги поминала овие две години во заблуда. Имам огромна желба и да ја видам, да одиме некаде и само да ја гушнам, без ништо да проговорам. Но, нешто однатре ми вели - не можете веќе. Знам дека на човека секогаш нешто ќе му фали, но да беше таа тука психички и емотивно, како мене, сликата ќе беше комплетна. Сакам да го гушкам и него, да спиеме така, во најневината смисла на зборот. Станувам веќе нетрпелива. Треба уште две делчиња да се сложи сложувалката. Ќе ги добијам ли?
Ме нервираат луге што секаде се мешаат. Не ги ни прашуваш ни пак те интересира нивното мислење но сепак ти се јавуваат за да ти дадат совет,затоа што тие подобро знаат што е за тебе добро. Ај што делат совети но да си го средат својот живот прво не ке да е лошо.
Херман Хесе: ,,вчера бев паметен и сакав да го менувам цел свет....денес сум мудар и ќе се работам на себе,,
Само една атомска бомба во нашево утепано државиче и да не снема како народ,абе ние сме штетници и брука за светот.Само ние можеме да си вадиме очи едни на други.
Се изнаседив на жешково со баба ми во двор. Сенка + столици. Чисто небо. Кучето. И уште еден ваков базен и не ме барајте 365 дена. Мерак...