СДК колку е убаво кога денот ќе го започнеш со позитивни луѓе...насмевки наоколу Enjoy your day ! http://www.youtube.com/watch?v=oPci3WVJ9hk
СДК дека ова денешна младина е излезена од раце...Каде младите па и овие со мажи со деца што се Како можат да дозволат тие мажи нивнните жени сами без ннив апсолутно секој втор ден да се во фустан краток што газот ни се гледа, градите им се скроз голи и голи грбови....НА МАСА ВО КАФАНА Ужассна гледдка...Се тие истите ги гледам секој ден каако играат по кафани по маси и неможам да поверувам. Јас не сум против тоа да се шета кога си во брак , но нека го прават тоа со своите сопрузи, има момент и кога треба само со женско друштво да се излезе но фамилијарни жени никогаш да не излезат со мажите ? .....искрено од една гледтка се згрозив кога погледнав како им се обесиле на врат на свирачите деколтето целосно им виснало а рацете ннво вис колку се само тие горди... Нивните деца треба да излегуват по кафани но ете мајкичките се повеќе загреани за шетање... Се истресат тамо пред пола град , се обркуаат и после дома кога отидат тие се тоооолку многу невини мислиш со полу отвори очи гледа од невинст...И утре у маалото пак е нај големата домакинка она е многуу мирнна, скормна , како да кажам... одвратно
нешто што ме запрепасти вчера девојка(најверојатна помала од мене) облечена во кошула со наметка и откопчано копче на кошулата градникот и се познаваше и секако светкави црни штиклички-демек еве јас решив да го заведувам докторот, кој е ко мене а требаше да и речам сестро прибери се малку на клиника си пред пациентите ли ама после прегледот го подвитка опавчето изгледа свати што направила ама кога дојде време за наплата аксесоарот поголем од чантата-демек сите можам да ве купам бре бре а гласот и беше ко керката на претседателот е
Кој рано рани две среќи граби. Озбилна, ја зафркна алармот. Се успа. Полека Озбилна, денов е пред тебе. Се спремив, се дуздисав, и се бапнав в кола ... тргнав на работа. Касно касно, ќе видат некој аер од тебе. Поминувам кај газда Жика, србин, сопственик на клуб ресторан, стар пријател. Где си Озбилна, што те нема!? Ту сам брате, радим да не гладим. Хајде да попијемо по једну. Оди мори Озбилна, кај касно, нека биде покасно. Оди мори, од овој свет на оној другион, ништо нема да земеш. Само гостин си еј. Па, си ја послушав оваа другава Озбилна... дигнав тоа црните стакла, окалките на глава. Дај брате, од таа што ја криеш таму доле! донесе детето и мезенце. Еј море еј. Па, како је тамо доле, како су твои, како иде посао, ова - она, ете го мојов. Се јави преко мобитела Кај си Озбилна? знаеш колку е саат? Колку вчера во ова време. Еве кај газда Жика, да ја допијам ракиичкава и идам. Сега касно е, ја заеба работата од сабајле. Не мора да идеш. Така златен, што ќе речеш ам, сработи сам :geek: Јас го зебав него, алармов ме заеба мене. Кај е заебано, неке е дојебано Чек, да си поднесам дневен извештај во Сдк. Да е жив и здрав Marley, што ја отвори Инаку, како ќе разберевме која што мислиме, работиме, мислам не работиме. Одам да фатам некоја работа. Ќе ме разведе овој мојов кој ќе бара друг маж на овие години. А, како што ме има фатено мрзава, никој ваква нема да ме земе Ве гушка, ве бакнува, и среќен ден ви посакува - тетка Озбилна, мрзата
СДК гледај да сум во положените професоре и тоа 8че си сакам, едно шубо сонце надвор, а мене ми се спие
Си се дотерала,си се нашминкала,си се намирисала,си опнала штикли ...иииииииииии бамммммммм...Ја залепи рканицата со шлајм на сред улица Македонија. Алал да ти е двојко ПРАВА ДАМА си. Штета што облеката по најнова мода на тебе не ги крие сељачките манири и невоспитание што ги носиш во себе !
Денеска сум многу среќна и ништо не може да ми го расипе расположението Се чувствувам како да сум на седмо небо Среќна сум што докажав дека не сум неспособна како што мислат моите непријатели и дека можам да се справам со се во животот . Постигнав успеси за кои и самата мислев дека не можам да ги направам но ете успеав и се гордеам со себе . Среќна сум што им докажав дека на непријателите дека со мене неможе никој да си игра , а ако го дозволам тоа тогаш треба тој да знае дека е специјална личност во мојот живот и дека ми значи . Но и на тие личности не им давам право да ме напаѓаат и навредуваат а уште повеќе да ме омаловажуваат и да ме прават неспособна затоа што тогаш ќе дознаат со кого си имаат работа . Но доста со мрачни мисли , среќна сум и мислам дека имам право и јас малку да уживам во тоа нели ? По неколку дена ненаспаност и нервоза заслужив малку да уживам . Девојки имајте убав ден и не се нервирајте за глупости .
На 30/03/2014 станав мајка на едно прекрасно, мало, невино, детенце! Веќе недела дена како живеам еден поинаков живот, прекрасен живот! Девет месеци го носев во својата утроба, споделувавме љубов на еден посебен начин. Секое негово движење ме правеше среќна, возбудена, разнежнета. Сега кога е тука и кога ќе го погледнам не можам а да не си помислам: - Ова стапало ме клоцаше, од ова стапало имам сликичка од ехо, се сеќавам кога прв пат го видов, а не можев да го допрам! - Ова раче ме допираше од внатре, кога јас го допирав од надвор! - Ова лице ме израдува кога го видов на ехо за прв пат, а не беше свесно дека го гледам! - Ова грпче кое денеска го чешкам и газенце кое го пресоблекувам ги видов оној ден кога тргнав на преглед со намера за прв пат да му го видам лицето. Не се разочарав, помислив: Во мене расте живот! Останав без сон, уморна сум, имам многу малку време за себе.. Но не ми е важно и не се жалам! Срцето ме боли при секој негов плач. Се радувам на секоја негова насмевка. Каканата пелена ме прави среќна, знам дека убаво јадел. Доењето ми причинува задоволство, иако понекогаш е болно, знам дека моето дете нема да е гладно. Кога ги гледам тие очи, ми се плаче.. Ми се плаче од среќа! И никој никогаш нема да може да го објасни тоа чувство, чувството да се биде мајка, тоа треба само да се доживее. Јас до оној ден, 30/03/2014 како да не сум живеела!
Се наоѓам на животна раскрсница,а погледот ми е насочен кон иднината. Разум или емоции.Реалноста тешко се поднесува,ама решителна сум да се соочам со моментот. Зеленото светло на семафорот не свети за мене или јас не сакам да го забележам. Секогаш има друга можност доколку знам каде се движам. Портокаловата боја одамна сигнализира. Се уште ништо не сум изгубила,ама свесна сум дека не можам ни да добијам повеќе. Останува да го притиснам црвеното и да ставам крај на тежината што ми виси како планина. Патот е долг.Подготвена сум продолжам да чекорам...
Пред малку имав одличен разговор со ангелчето од моето десно рамо и ѓаволчето од левото. Кога ми скисна од се излегов на тарасата и си седнав на моето старо место, на ќошот на оградата. Така само си седев а сонцето ми светеше во очи и гледав во небото, па во свеќињата, во секој детал од дворот. Сите негативности исчезнаа од мене, на чудо Божјо, си ги наполнив батериите со енегрија! Тогаш ме викна ангелчето Ангелчето - Гледаш ли колку е убаво? Ти треба да се смениш! Јас - Гледам Ангелчето - Да направиме договор? Јас - (Се вртам на лево да видам дали е тука е ѓаволчето) Ајде! Ангелчето - Веќе нема да викаш дека си грда!!! Јас - (не обрнувам внимание) Ангелчето - ColoursOfTheRainbow!!! Ќе престанеш да викаш дека си грда и дебела!! Тоа само ти ја намалува самодовербата што ја немаш! Јас - Добро! Ангелчето - Ќе престанеш да се нервираш и да мислиш премногу на некој што можеби не мисли на тебе ни 1 секунда! Ако му недостасуваш ќе ти се јави! И да се смееш дури и кога си сама! Веќе никогаш да не плачеш за таков! Јас - Ќе се смеам! Ангелчето - И најважното. Прастани да живееш во минатото! Го можеш ли тоа? Јас - Не знам!!! Ангелчето - Пробај! Можеш! Јас - (се вртам накај ѓаволчето, а тоа ми се насмевнува и исчезнува, па се вртам накај ангелчето) Амгелчето - Чеситам. Сега си сменета!
СДК мразам луѓе кои што лечат комплекси врз другите, ужасни се и страшни. И додека можат ако, ама кога нема да имаат сила баш да ги видиме истите. Се се враќа во животот. Како беше онаа старата „Фрли си пред тебе за да си најдиш зад тебе“...
Април, сонце, љубов, насмевки, пролет, парк, јас, тој , ние! Само 9 зборови ми го опишуваат денешниов ден. Прекрасен ден после школо. Расположение и мала успаност после синоќешната средба и дружењето со огромно по малку напиено друштво. Прошетка низ прекрасниот сончев парк, среќна и јас и тој , исполнети, пролетно расположени. Многу муабети, прегратки, бакнежи... Кафенце , антена5 хитови, и време е за да се изршуваат и обврските за утрешниот ден. Беше прекрасен ден, батериите се полни, јас сум задоволна , среќна и исполнета а сега ме чекаат многу обврски. Имајте убав ден.
нне .... типките се рекламираат по фб по 101 слика од вечер ставаат за да биде забележан секој детаљ па згора на тоа и клипови ставаат како им имграат на келнерите и на свирачите
Се договараш, се спремаш, готвиш отсабајле, се средуваш, шминкаш и очекуваш да си расприкажете за се и сешто, сметаш на сонцето за да пиеш кафе на тераса, гледаш саат за да стасаш по кафиќ да порешетите денеска ...и на крај се стуткуваш со солзи и утешно држење за раце, на тросед, забораваш и на време и се , ама ја празниш душата така фино, што веќе ни здив не останува ... И сепак се шминкаш одново, има време, макијатото порачано, ама овојпат така слаатко си го пиете и двете, зашто животот не завршил кога ќе те удри некој благ депремуд, туку станал уште поубав... Еее бе, што ти е другарка...
Леле колку ме нервираат луѓе кои што своето не го даваат а туѓото го сакаат... Ќе пукнам од нервоза телефонот ми е целиот побркан , а што е нај лошо немам ниту еден број во именик, броеви кои што ми требаа а сега неможам да ги најдам , немам ниту една порака а имав таму зачувано некои информации.. Дојдоа едни пријатели со дете и детето почна да квиче сакала да си игра со телефон и нејзините родитеи не сакаа да ги дадат нивните телефони ми рекоа дај го твојот и детето како лудо почна све живо и диво да штрака ми го побркала целиот телефон... во еден момент кога видов како штрака реков дај ми го малку оно ми се дрзна и рече ЕПА НЕ МОЖЕ неможам да верувам дека родители не рекоа ништо туку ја гледаа нивната ќерка и се смееа... Детето се обрати на мајкаму рече мамо дај ми го твојот телефон а она кога му се дрзна Неможе јас недавам телефон ке ми го упропастиш јас си го чувам како глава во очите го имам 2 години а немам ни една гребнатинка на него земи го тој на НАНА а јас останав ваква Бравооо за родителите наместо , да си го смири детето и да му објасни дека неможе да добие секогаш што сака таа го праќа да му го дадам мојот телефон за да нејзиниот не се оштетил иако мојот е далеку по нов и по модерен телефон.. Ете благодарејки на таквите родители сега немам ни еден број во именик, немам пораки немам слики немам ништо што ми е потребно...Си кинам живци и се чудам од кај да почнам да ги си барам броевите.. Иако знам дека нареден пат пак ке го побара бидејки декогаш тоа го прави , и ако кажам дека едвај сум го оправила ке кажат како само се жалам за да не го дадам... Да е мое дете јас ке му кажам што смее да зима а што не , и ако некој треба да му даде на тоа дете некоја занимација за да можам јас на раат да пијам кафе и да теглам цигаре ке му го дадам мојот телефон или некоја играчка а не да го учам да бара туѓи телефони па после мене некој да ме гледа под око... Незнам како така си дозовлуваат и едноставно неможам како можеше така ладно крвно да рече неможе мојот телефон ке ми гу уништитш земи го тој на нана....Згора на тоа кога го побарав ми викаат не и го земај нека си игра, сега нека дојдат и нека ми го средат телефонот, нека ми ги вратат сите потребни работи во него... На таквите деца што све живо им дозволиле нека му ја мислат утре кога ке им се качуваат на глава...Еден ден јас нема да сум тука со нив кога ке му текне во сред ноќ дека сака да му купат апарат или таблет па нека си ја мислат.... Можеби и јас ке дозволувам утре се на мои деца , но ке му давам мои работи а не да крши туѓи.... Си седнале си пијат кафе си пушат цигаре а децата нивни куќата ја бутаат ти оди мавај ги а они си седнале и ич мува не ги лази па како не им е срам ? Епа сум увидела тоа како е и никогаш нема да дозволам да отидам некаде да плеснам газот на креветот а некој да ми ги мава децата по соба со цел да не скршат нешто што тие цел живот го зачувале.... Така скоро дојдеа и почна да лудуваат по соба еден пат ги опоменив дека тоа му е успомен на таткоми , нешто што си го купил со прва плата да внимаваат на децата дур варам кафе, но не по битно беше кафето а детето отиде право на тоа и го скрши па мислам срцето ми го скрши...Тоа нешто го чуваме дома 30 години го има , и да дојде едно детиште со немарливи родители да уништи за една секунда.... Не е работа само да правите деца, поведете малку ред од нив ако сакате таму кај што ке отидете и друг пат да ве поканат , а не кога ке се јавите дека ке дојдете некој да се кае што сте се запознале !!!!!
Се извинувам за де мислења едно по друго но многу е големо неможам да го реадактирам да не го кратам но ова морам да го споделам..... Ова е говорот на една мајка, скршена од тага за своето дете по еден настанав во градинка.... ''Еве вака, во случај да се прашувате како и колку ги чуваат децата во градинка. Ова е моето дете по денешниот ден во градинка, ова се случило утрово, без никој да ме обавести, детето останало во градинка до 16 часот. Не ми е јасно, каде биле и што правеле воспитувачките тргнувајчи од фактот дека за да се направи вакво нешто не е потребна само секунда. Детето денови наназад ми е истрауматизирано со спиењето и има постојано гребнатинки, секако не се бунев зошто нели "деца се" ама ова ниту ќе го толерирам ниту ќе го оставам така. Алал вера на учителките а богами и на родителите кои би требало да знаат дека имаат неподобни деца за во градинка па или да ги оставаат на чување кај баби или да ги носат со соодветни кафези. Животот ми се скрати.'' додека ова е превземено од фб....Морав да споделам , да знаете што може да се случи но ова не ми се допаѓа за ова треба веднаш да се реагира...... жално е .. ДО КОГА ВАКА ? Разочарана, повредена и прелиена со болка и тага. Случајот со @Mia Kiera Kost и нејзиното детенце навистина ме потресе тотално. Тоа е, излезе на виделина конечно од некаде. Повеќето го имаат истиот проблем, но не сакаат да го изнесат тоа во јавност, го прекриваат, од страв дека нивното дете утре ќе биде казнувано и омаловажувано од истите воспитувачи. До кога вака ? Дали размислувате што се им се случува на децата во градинките ? Дали знаете дека некогаш тоа ќе се случи и на вашето дете? Дека и тоа еден ден ќе биде жртва на ваквите случки што се случуваат во градинките. Мајки .. имајте во предвид што се случува со вашите деца, додека вие мислите дека сте ги оставиле во воспитувачка установа која што мислите дека вашите деца ќе се стекнат со култура, знаење и навики пред се. Секако децата уште од најмала возраст првите навики и култура треба да ги стекнат од своите родители. Но, секојдневно се повеќе и повеќе родителите немаат време и можност да им обрнат внимание на своите деца, бидејќе се оптеретени од својата работа, проблемите од работата и сл. А, на сите тие проблеми наидуваат децата, несакајќи уште од мали се справуваат со истите. Така родителите оптоварени со својата работа, едноставно ги препуштаат своите деца на милост и немилост на воспитувачките во градинките. Мислејќи дека во таа установа се наоѓаат образовани, културни и личности со морал. Но, тоа сепак и не e taka. Децата треба да се гледаат како очите во главата. А, пак и воспитувачките со своите проблеми од дома доаѓаат и го истоваруваат тоа на децата кои што не се надлежни тоа да го трпат. И секако доаѓа моментот кога се собираат сите учителки на број, и почнуваат муабетите кој, каде, што, како и со когo поминал некаде. На децата им се даваат некои играчки и ги оставаат сами да си играат, додека тие си редат долги муабети и долги седенки со кафе и цигара во рака. И секако кај децата се јавува револт, и како што викаме деца како деца знаат да се заиграат и знаат и да се степаат. Се тоа доаѓа од невниманието на воспитувачките. Доколку тие би биле присутни во секој момент во тие 5 или незнам колку саати во градинка, ни едно дете не би дошло ниту со една гребнатинка дома. Децата таму треба да бидaт опкружени со внимание, љубов и топлина која треба да им биде дадена од воспитувачките. Не за џабе е кажано дека градинката е вториот дом на детето, учителките се втора мајка на децата .. Секако не многу често се појавуваат и деца на родители кои што не се ситуирани за да бидат примани во секоја градинка, за да им наштетуваат на останатите деца. Ваквите треба да се примаат во установа на која што им припаѓа на истите. Има установи за секој тип на деца. Но оние кои што ја заслужуваат љубовта и вниманието, не треба да бидат подложни на тоа. Секоја мајка кога го праќа своето дете во градинка единствено што помислува е тоа дека нејзиното дете таму е најзгрижено, додека таа заработува за живот. И така родителите не секојдневно брзаат, брзаат кон своите работни места, ги оставаат децата во рацете на воспитувачките и покрај сите проблеми што ги имаат со работата, едноставно ги запоставуваат децата, одавајќи се на културата и навиките што ќе им ја дадат таму во градинка. Дури понекогаш се случува децата да им кажуваат за тоа што се случува всушност таму, но родителите тоа не го прифаќаат и мислат дека нивните деца едноставно само ги обвинуваат учителките. Државата пред се ? Сите сме за тоа, но само до кога вака ? Државата треба да се вклучи во акција и да ги отстрани ваквите воспитувачки кои што на немил начин им се осветуваат на дечињата кои што не се должни ова да го претрпуваат. Затоа, мајки имајте предвид каде ги праќате своите деца и на кому ги оставате. Водете ред и грижа за тоа. Бидејќи, децата ден низ ден се повеќе се жртви на насилство. Сеуште сум млада, но се плашам за иднината на моето дете ... Неможам да верувам што се случува.... Го оставаш детето во сигурн раце... Сигурни раце ??? Ова ли е сигурни раце да ми го вратат детето целото изпогребано, недај боже утре белези да му останат за цел живот а си го гледал како глава во очите ???? Срамотааа !!!!!!!!! Се сложувам дека има и бедни деца , но затоа постојат предпоставени кои што треба да водат ред од тие деца, ако не се способни нека дадат одказ а не вака да им ги враќаат децата на родителите.... Но ова не е само овој случај , јас сум сведок и на друг случај каде што детето е алергично на одредени материјали и мајката кога го остава му остава и ранче со марамици за кога ке го пресоблекуваат да го бришат со марамици , но тие ваквите го бришеле со пелени , кој никој тоа не го прави бидејки се многу твр материјал а децата се многу нежни и детето фати алергија , од жал да го гледаш неможеше ни да оди по веце ни ништо , гледката беше страшна , колку доктори посетиа и колку лекарства прими детето да ја излечи алергијата благодарение на тие таквите.....