СДК дека кога ќе ги чујам поимите ДИПЛОМАТИЈА и ФИЛОЗОФИЈА одма ме асоцираат на ЛАГА. СДК кога ќе го чујам поимот КОМПРОМИС одма ме асоцира на ПОПУШТАЊЕ (паметниот попушта ) СДК кога ќе го чујам зборот ИСКРЕНОСТ ме води на ГЛУПАВОСТ (ко признаје пола му се прашта, ко не признаје - све ) СДК кога ќе го чујам за ЛИБЕРАЛНОСТ ме води на РАСТУР СДК кога ќе чујам за МЕДИЈАЦИЈА ме асоцира на ЗАКРВЕНОСТ Дали елоквентноста не заглупе ?
Долго време сум од телњфон и не гледам потписи па не знам дали уште стои. Цка имаше за потпис,клавир кој го влече човек со јаже. Така мешто беше. Па доста често знаеше да го употреби во постови. Пример во темата за колички за деца во продавници,таа беше против и ги споредуваше количките со клавирот. Како би било и таа да го влечка клавирот по неа,како што сакале мајките нивните деца во колички. Се надевам ви појаснив. За човек каков е,можеш да разбереш по она колкаво значење си придава за самиот себе.
Пред 4-5 дена беше така жешко да речам...и сега седам на балкон и ми текна една многу несалам идеја... Значи вака... Бидејќи бев во можност да одам на капење оваа година,мојата желба да имам тен нешто во налик како нестле чоколадото,односно да прецизирам бронзен тен,се зголеми нагло. И затоа се решив,иако доцна,да ја отворам Симона плажата на балконот.Овој пат не зедов леген,решив да му ја удрам на сончање.И затоа решив маица со куси ракави(односно без ракави) и кратки панталони да си седнам на столчето,ги испружам тоа нозете,намачкај заштитен фактор,читај го Донато Каризи и мозокот во лера. *Нормално не ќе седам по купачи,не сум до толку забегана * И после ладниот туш,чувството ми беше како да ја ослободив Македонија. Ееееех што ти прави жешково... Абе тешко мене П.С. ме примија на факс
Да, стои, ама сепак не знам каква врска има клавирот со мене, Анаконда и уште некој тагнато Инаку се сеќавам на темата со Цка и клавирот.
Бев на свадба вчера. Патем мразам свадби. Секогаш по некој непишан закон ќе ме седнат на маса со новопечени мајки каде муабетите за гомцето на бебето излива исто како млекото од дојката. И трујат, и се трудат да те вклучат во муабетот. А јас така маната, на муабетот за пасирано јаболко по 3 саати активно пиење Розе им вратив дека многу се напушивме до другарките пред некоја вечер, и другарка ми се качи на клацкалки за деца а мислеше дека е механички бик па мафташе каубојски со блузата, притоа топлес и дека имам клипче ако сакаат да го видат. Од друга страна, мажите не беа нешто отровни, тоВа сопрузите нивни, па седнав од другата половина на кружната маса, таму до нив. И еден за еден налеваа, розе, швепс, кисела вода и келнерот ( мојот, да имам мој келнер, imagine that ) помини замини фрли мраз и маст ја поминав вечерта. Немаше толку да јадам лајна да не беше до пред да затруднат да не идеа по мрежести хулахопки Расчекор секоја вечер, а сега као заборавиле од која земја се ( рековме! ) Почнав пак да дрдорам незауздано, пред некој ден стар момак ( наравно како и секогаш ) кој некое време ми се удвара, а е во доцните 50 ти ми вика кога ќе го завршел хотелот ќе си земел маче за горе во собата, младо маче да го галел. Пред син му, постар од мене. И гласно искоментирав, со пчејнцата в уста маче ќе земел ој отепај се. Не требаше можеби, се згазивме од смеа ама се најде увреѓен. И јас сум многу пати денот ама кој ме прашал. Него ми фали секс, повеќе од обично. Нервозна сум.
Некако случајно ќе ми се најде во глава едно "Среќна сум." и за секунда цел свет ќе направи сѐ за да се смени тоа. И така, си реков веќе таа помисла не ја ставам во глава. Ма не ми треба среќа, доволно ми е да ми се претерано глупи деновите.
@okcenzi во еден поздрав ги поздравува @Cka и нејзиниот познат клавир, што не е тука јасно хахаха Неможе само @Cka да ја поздрави бидејќи @Cka е позната на форумов по нејзиниот клавир, затоа е во пакет спакуван поздравот.
Sega vidov muabetov. Da ne mi go traskate klavirot po temive, nezen mi e ke vi razjasnam posle od kompjuter. I fala na pozdrav
СДК саботата бев на свадба и преубаво поминав.И јас не сум некој голем љубител на свадби,ме нервира целото тоа трчање и спремање во еден ден.Ама како и да е... Сакам да споделам нешто-бесплатен почетнички курс по танго(прашав целиот курс е бесплатен). Ние се дружиме на поинаков начин! Ние слушаме различна музика! Ние играме поинаков танц! За нас нема поголема среќа од играњето танго! Придружи ни се! Пријави се на tango.mkd@gmail.com да добиеш бесплатни часови. Курсот почнува на 6 септември 2016 година. Исто така и бесплатен курс за германски јазик-http://www.mladi.mk/2016/08/15/%D1%86%D0%BC%D0%B0-%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%BA-%D0%BE%D0%B1%D1%98%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-%D0%B1%D0%B5%D1%81%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BD%D0%B8-%D1%87/
Oti ne kazete oti bend imate? koga e koncertO da dojdeme..eve site id 40-kata ke dojdeme,ama loza za nas.. Ke pleskame i ke vikame!!
Ехеее бендот постој откога сум јас на фемина можите и да се зачлените ако знајте зезнати песни да обработвате со ваш текст и смешен текст примени сте е за концерт неаме договорено ама во СП ќе бидете известени ако има
Пред малку се вратив од продавница и стоев до едно бебенце кое го држеја во рака. Сакав да кажам дека нема поубав мирис од оној на бебе.
Некои луѓе, кога им требаш и во темница те гледат. Кога не им требаш и на светлина не те препознаваат. За жал се почесто има такви луѓе коишто за помош веднаш дотрчуваат кај тебе, но кога тебе ти треба помош никаде ги нема и да умираш нема да ти помогнат. Колку злобен народот станал тоа е чудо, ама највеќе се такви тие што ти се роднини, на нив се да и помогнеш, да ги услушеш со нешто, а тие не. Повеќе некој странец ќе ти помогне отколку некој близок.
Денес роденден на мајка, денес ни се роди внука од братучедка, денес почина една жена која ја сакав и почитував и ми беше драга. Одамна толку емоции различни, а подеднакво силни ми се немаат помешано во еден ден. И тажна сум и среќна и боли...