Се скаравме со Татко ми нешто,го извадов од контакт еве признавам,и човекот нервозно ми рече ѓубре едно....и,еве внук ми сега по цел ден ми вика тета е ѓубре и каке Ај после речете малите не копират се од возрасните. Ќе му помине,ќе заборави,ама ако,секој збор ми е сладок од него...за некој ден пак ќе ми вели убаа тете,секогаш кога излегував ми велеше уба тета. Ах душа моја,знаете колку го сакам,има две ипол години,а јас го гњавам уште од сега ,дека кога ќе излезам од дома како невеста ќе бидам со него под рака,место со брат ми или деверот
Утре кога ќе види татко ми дека испив шише пиво од пола кило ќе ме "пее" цел ден. Кога не пијам, не пијам, ама па кога ќе ми се напраи форес ништо не ме запира.
Се надевам дека еден ден ке биде подобро .... ова си го кажувам долго време .... и сеуште го чекам тој ден ...
Кога си здрав ти и саканите околу тебе , кога има мир, спокој, хармонија, љубов, толеранција, разбирање, искрени и чисти чувства,смеа, верба за подобро утре дури и во најтешки денови, верба во Бога - е тогаш си среќен човек! Нема пари со кои би го купил сето ова! Не е ништо ново измислено од мене, туку само благодарност до оној на небото , кој ми ги дарува овие работи. Си легнувам со полно срце , благодарна за уште еден ден.
Ми се смачи вака сама цел живот. Ми треба некој покрај мене , што ќе ми пружа внимание, што би рекла јас да имам на кого да звонам кога сум пијана.
Којзнае од кога немам вака одбројувано денови до нешто, некоја дешавка што ја исчекувам.. Па правење планови месец дена унапред, па како ке им кажам на моите, што ќе им кажам, да не се дознае. Абе ептен ко детенце се осеќам и убаво ми е од една страна. Ми текнува кога имав 15 години и буквално молев да ме остават уште пола саат надвор, па ќе се вратам начукана од едно пиво, а тоа мириса ко 10 ракии да сум испила Па тука правдање, кај беше до сега, пиеше ли нешто, неее мамо. Иако, во моментов не знам на што се надевам, искрено не ми е важна ни забавата, ни колку ќе седам, сакам само да го видам, не мора ништо повеќе. И среќна сум, иако сум во друг аспект тотално несреќна. Среќна бидејќи конечно чувствувам, ми тупоти срцево се појако како што изминуваат деновиве, смислувам приказни што да им кажам на моите, во меѓувреме заборавив и на неположениот испит и префрлањето, само ова ми е во памет. On a side note, другаркава што ќе оди со мене, за овој краток период што се дружиме ептен ми прирасна за срце, ако бидам реална пред себе си, не сакам многу луѓе безрезервно, се бројат на прсти, но таа стана една од нив. Помала е од мене една година, и сакам да си ја гледам како сестричка, ако и двете сме гладни прво неа сакам да и дадам да јаде, ја надгледувам нешто ако прави да не и се случи нешто лошо, сакам да биде безбедна првенствено, а потоа среќна и се' друго што следи. Секако дека ги сакам сите мои другарки, и општо би помогнала на секој човек, но чувствувам некоја необична поврзаност со неа што неодамна ја забележав.. и би сакала да опстане ова другарство. Можеби, кога ќе се сетам... одредени работи што ги правам со оваа другарка ги правев и со неа, можеби несвесно правам некоја споредба меѓу нив две, но не сакам да е тоа случајот. Уште 16 денаааа.
Јас денес си читам, и сфатив! Трпе, Петре, @Cka и клавирот(запирка), Стојна, Мирка... Сијаличката светна. Ден се раздени. А мене ми се спие уште. Колешкава кафе вари, белким ќе се преживее. @okcenzi peace сесре
Последниов период едино нешто кое ме радува е насмевката на внуками,мала е има само 10 месеци ама кога ке ме види секогаш ме пречекува со насмевка и со вриштење .Животот би го дал за нејзе
Фина сум и насмеана со ликови док не си го побараат спротивното. Никад не се умилкувам, никаде и за ништо. Поготово не на луѓе кои лечат комплекси и се изживуваат врз други луѓе. Арогантна сум ако некој заслужи, па поготово ако не ме знае и ми суди.
Еден ден се ќе си дојде на свое место. Колку луѓето го прифатиле ова како реалност па го чекаат.мирно тој ден. Не би рекла така, ако не се помачиш во животот ништо нема да си дојде. А и колку звучи клише ова кој е тој што се му дошло на свое место? И тоа се е пролазно. Така да СЕ, без сопствен ангажман е едно големо НИШТО.
СДК...да си пркосен или полн принципи , тоа значи да си штетиш сам на себе. Никогаш незнаеме во кој правец ќе дува ветерот. Паметен е оној кој едрата ќе ги насочи и ќе го користи максимумот од ветерот.
Не ќе се отвори небото, ако немаш ништо. Напротив, ко да имаш се Ја имаш слободата, да правиш се, а да не изгубиш ништо. Без страв од губење на нештото,без раскрлушени соништа, во кои ликови со месијански комплекс, надоаѓаат, во редица... И агонијата е завршена. А Шекспир беше тука, секогаш, за секое мое скршено срце.
Изјава на денот е дека се оженил и се разведи по некое време како резервен план во случај јас некогаш да се одлучам да се разведам од маж ми и да се омажам за него, да не ме јаделе луѓето, да не испадне зел разведена а тој беќар, вака двајцата разведени и овците на број и волкот сит и така.. Него преѓеска правев една статистика, чисто да заокружам дека дневно испод 2 ца стари педери не сум. Ова за озбилно, не врви ден во јавност без да ми се удвара некој на земја што мириса.
Така кога некој ми се жали и жали и жали како има необјасниви здравствени проблеми, а јасно се гледа дека е жив здрав кукурек, се прашувам што треба да кажам и како да реагирам? Да му речам леле лиукемија имаш? И секое гледање истото та истото... Оди на лекар човече, 10 години истиот муабет... Стварно изгледа сакаат да им кажеш дека се болни од опака болест...