Поминуваме граница и си викам чекај по станициве да фатам нешто грчко. Пуштам радио, а таму пее Меморија: Кога си сааам, и тажно е сеее, на неа тиии сети сеее... Добро е што на одмор тргнав, а не на печалба, инаку ќе си поплачев
А не, хипохондрици се други, овие се вечни жртви и желни за внимание. Хипохондик си е сосема трета категорија. Другарка ми им вика, леле ќе умреш, јас уште не сум стасала до таму, ама кај и да е ќе почнам и јас. Секад нив им е полошо во било која сфера од било кој друг. Ако тебе ти е нешто, нив им е пута сто. Имаше еден јак твит нешто у стилом, другаркава ја прашува - што ти е? оваа одговара - трагедија, ми умреа родителите и оваа и враќа, леле ќути, мене ми е бетер... Не беше баш вака, ама поентата ми ја сфаќате.
Никогаш не сум била човек кој носи розеви очила, се заслепува од лажен сјај па нема ниту сега да бидам. Најдобро е да се согледа реалноста колку побрзо се соочите со ситуацијата во која се наоѓате толку подобро, ќе изнајдетерешение на секој проблем, на она што ве измачува и ќе делувате практично. Цел ден молчам како риба. Кога не ми се сите овци на број си молчам, уживам во тишината и во мислите свои. Кога молчам значи нешто сум повредена, тажна, разочарана, празна. Но вечерва наеднаш некако се расположив, па почнав да ги зезам фините луѓенца на форумов, не ми се лутат така ми иде, да лупнам некоја смешка. Читав интересни статии за тоа кои личности треба да ги исфрлите од вашиот живот и ми олесна, сум го направила правилниот избор што сум ги отфрлила само штета што малку сум закаснила. Но сепак мирна ми е главата без нив, никој не ми ја краде енергијата и не ме заразува со негативност, глупавост, злоба и љубомора. Бидете ми поздравени, останете позитивни како и секогаш.
Не можеш да не зборуваш за тоа, не можеш да не мислиш на тоа, не можеш да ги избришеш страшните слики од главата. Никогаш никој нема да се врати како пред таа вечер, никогаш ништо нема да се врати, ниту пак да биде слично, сите тоа ќе го паметиме, и во сите нас ќе биде врежано.
Ма у три лепе нека иде и диета и леп изглед..стомаков ми вие ко три сирени на пожарна да сум лапнала МИ СЕ ЈАДЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕе
Лошо чувство е кога сакаш нешто/некој, ама не можеш ништо да направиш за да го имаш. Немоќен си и мора да се помириш со тоа, но не можеш и не сакаш да се помириш. Уште полошо е кога некој ти недостига ама не можеш да му го кажеш тоа, а најлошо е откако ќе му кажеш дека ти недостига, да не добиеш повратен одговор... Живото е станат права кучка спрема мене. Додека порано ми беше гајле буквално за се, сега не поминва ден без да бидам загрижена за нешто, да се гушам или да не можам да спијам...се нешто ме мачи... Додека порано едвај чекав да почне некој цртан по нашиве програми (пошто немавме кабловска кога бев помала), и скокав и плачев од радост кога ќе ми почнеше некој цртан од тие што траат по 20тина минути, сега не сум задоволна, и ни мала насмевка не може да ми украдат ни со лаптопи, ни таблети, ни мобилни, ни интернети, ни компјутери, ни телезивори и 5000000 програми, со ништо. Нормално дека сама сум крива. Колку повеќе работи имаш, толку повеќе ќе сакаш да имаш и сепак ќе бидеш незадоволен. Имам чувство дека периодов ништо не ми оди од рака. Се осеќам ко во зимски сон да сум пропаднала сред лето. Полош период сум немала, а се надевам нема ни да имам. Кај да одам, се ме потсетува на една личност, што да правам пак ме потсетува на таа личност, кај да се завртам ја гледам таа личност, во секој човек препознавам карактеристики од таа личност, што да слушнам го слушам името на таа личност.... Најлошо е што на никој не му е гајле...т.е. може само на една личност би и било гајле, а тоа е психолог.... Во право си бил Петар Пан што не сакал да порасни...Паметен човек....
Почнав пак да се занимавам со Law of Attraction и налетав на еден српски форум http://www.ana.rs/forum/index.php?topic=70238.18975 каде што научив доста корисни работи и дознав за една книга можеби ја имате прочитано. ЗАКОНОТ НА ПРИВЛЕКУВАЊЕТО (ОСНОВИТЕ НА АБРАХАМОВОТО УЧЕЊЕ) - ЕСТЕР И ЏЕРИ ХИКС Цитирам дел : Спојлер Da biste izvršili istinsku pozitivnu om iskustvu. Bolest može postati zdravlje, manjak njati vibracijske obrasce na koje Zakon Privlačenjaodgovara Значи, сето ова што ми е сервирано е еден вид лекција. Депресијата , анксиозноста како и редум личности и ситуации. Знаете те тераат да пораснеш. Значи тој што поминал знае. И на крај :
Не сум љубител на спорт и на вржбање, а сум љубител на храна, на толку гурманско живеење и никаква физичка активност јас сум одлична, не велам дека сум бомба ама имам простојно тело. Е сеа деновиве ми се врте у глава дека сакам да се запишам на танц, а кај нас нема...и сега си мислам да си ставам една шипка дома и да практикувам домашен стриптиз ова пол фитнес де. И му велам на татко ми ,,тато абе шипка каде можам да најдам? Вика каква шипка бе ќерко? За стриптиз бе тато. Што не кажа каква шипка ако е за тоа јас ќе ти најдам"...ова секако мисли дека на шала велам па на шала тера, ама јас сум многу сериозна. Од каде да најдам м?
СДК дека : Живееме во град каде вредиш онолку колку што имаш во џебот. Во град каде се отфрлуваат грдите, сиромашните и болни луѓе. Во град кој е свртен кон материјалното, каде што секоја трета е спонзоруша. Во град во кој тешко можеш да најдеш вистински пријател. Во град во кој се живеат туѓи животи, а својот се смета за совршенство и за него не се зборува. Во град во кој има се повеќе малолетни родители отколку факултетски образовани. И затоа нека разбераат сите тие ситни души – Не се важни работите кои ги имате на себе туку онаа што го имате во себе...
Ајде сега сите групно да се насмееме за да не пропадне смешката. Ако познаваш некој кој се занимава со изработка на огради, измери си висина од под до плафон, осмисли некој детаљ на споевите (барем тоа го владееш сама секако) и побарај да ти изработат шипка со поголем дијаметар. Вуала.
А смешката за мене ли беше не можам да го најдам коментарот? Ќе се насмеам ајде. Едит го најдов. Да може да бидам, па може и намерата ми е тоа да се учам за да имам што да работам оти вака немам што. Не бе луѓето ќе те осудуваат за било што ако не им е по нивна мерка. Само да се лае. Инаку Мишелке не е лоша таа идеа да ти каж ич не ми падна на ум. Има да го средам тоа да ти кажам, мислам дека ќе ми лежи ваков тип на фитнес.
За коментарот над моето мислење, т.е. за првиот коментар под твојот текст. Да не се разбереме погрешно. Верувам дека може да се изведе и да функционира вака без проблем, па кажи ако успее и ако се решиш да го осмислиш. Pole dance-от во Тринити не ми остави којзнае каков впечаток, но од друга причина, вежбите си беа супер. И факт е дека ги разгибуваш сите можни ковчиња од телото и баш го препорачувам, посебно ако си како мене и единствена физичка активност ти е куцање по тастатура.
@Mishela да да знам дека не беше од тебе коментарот само сум го испуштила и мислев избришан е ама го најдов. Ќе ти кажам дали ќе успеам. И јас мислам дека р одлична вежба, а плус што е секси и што можеш да му правиш приватна забава на љубениот. Мене единствена вежба ми е расправање со странки на работа пошто работам во Вип и си ги вежбам гласните жици, веќе и тоа го сметам за физичка вежба оти се стегаш да не натепаш некој.
До каква мизерија сме дојдени човек да не поверува,дојде време каде што не смееш човек да го прашаш како е.Ако го прашаш зашто си го прашал што те интересира,ако не го прашаш зашто не си го прашал?Атомска бомба и да се спасиме од мизеријава.
Ми фали некој флуид, некакво лепило измеѓу двајца, иако технички се е во ред...нешто фали, не ми е тоа, тоа. Кога велам , "не е тоа,тоа" обично мислам дека таа личност не ми "паше" во овој момент. Не утре, задутре, не до крајот на животот. Не е толку важно ни по што , ни зошто, ни како не ми одговара. Едноставно не одговара. Едноставно, е грешно,нели. Како да фали некаква битна состојка. Тој однос е всушност, како прекрасно платно, пред кој се воодушевуваш како се е убаво, отсликано, али фали случување. Емоционална компонента која ќе те втресе, да останеш прикован за земјата.
Лажењево ме убива Сите лажат,пријател,пријателка,другар,другарка,сосед,соседка,колега,колешка,дечко,девојка,брат,сестра,сопруг,сопруга Само родители не лажат,барем мојте никогаш не ме излажаа.....многу ми фалат