Со Закон на Привлекување ме зарази мм и имам дома и корк табла со сликички. Не коментирам многу на оваа тема пошо мн луѓе ме гледаат као фрик. А пуно работи ми се оствариле.
Секкој минува одреден тежок период од животот. Многу е битно да е само период. Мојот трае подолго, сепак му го гледам крајот повеќе од било кога. За сите што минете низ некој лош период бидете трпеливи. Ви пружам и подршка бидејќи знам како е поготово кога несакаш да правиш врева за својата болка и кога нема кој вистински да те разбере. Си се разбираме мислам
За глупавоста, нискиот морал, за љубомората, злобата нема лек. Ако условот за да бидам прифатена во одреден круг на стадо овци е нискиот морал, таканаречено либерално размислување и однесување тогаш подобро да си бидам волк самотник на планина, што реално сум. Не би сакала да бидам лигавец, упиклива со глупости кои се косат со моето однесување, карактер и воспитување само за да се слеам во толпа.
Speaking of ниски страсти, ама ич немам жал за девојчици што само така пробуваат да привлечат некој, па после кукаат како никој не ги сака и цени. Што ви е филмот кога ќе видите дека некој е зафатен, па ве удара некое сценарио дека сте ватрената Соледад што ќе го освои типот со правење сплетки? Ако не сте го освоиле кога бил сингл, што е поентата да се докажувате сега? Ако ве сака, ваш ќе е. Толку е едноставно и не бара напори. Се изнагледав слики од јадење банани, праќање извадоци од книжулиња а ла 50 нијанси срање, па дури и гениталии. Каква ви е таа љубов, ако му направите на типот да е несреќен? Пусто его и нула самопочит/самодоверба. Али која пара може да се извлече. Давај еврата или ќе покажам на твоите дома што правиш по нет. Мислим, свака част на храброста, ама ако типот не крие ништо пошто не пати од хроничен неебитис, и ако не е заглавен ментално на 17 години каде сака да легне било што, само ако истото мрда, стварно не е зор неговите најблиски да ви ги знаат газот, рибицата или било кое глумење фатална заводница. Не си дозволувајте да бидете предмет на потсмев. Вака ко сестра и женско ве молам. Кај е таа самопочит и јаката, самостојна женска која се фалите дека сте по интернет и уз кафе муабет? Разочарувачки.
Boze, boze sto te nema lepoto da poses, prosto se cudam hhhh sleden pat koga kje naletas Na nekoja kako mene zs Na mene nema hhh kje begas Sega od mene, kaj taa ne pokusavaj da ucenuvas. Toa kaj tie kako mene ne pominuva lepoto. Postojat dva tips lugje, edni samo zboruvaat, vetuvaat ne realiziraat,a jas ne se zakanuvam jas samo kazuvam sto kje napravam, natamu e tvoe, sakas veruvaj sakas ne, kje da e Sega veruvas.
СДК ..ако мислиш дека: - СЕ знаеш, - во СЕ се разбираш, - даваш а НЕ прифаќаш совет, - најпаметен си во собата и - ако потценувачки гледаш кон сите тогаш -Г Л У П С И !! п.с. Не се занимавај со политика,спиј, работи, ќути и не верувај веќе на никого
Многу работи сакам да кажам драги мои виртуелни другарчиња... За почеток, разбрав дека ВИСТИНСКИ другар во ова невистинско лудо време нема! Како го разбрав тоа ќе си го оставам само за себе. Дружба? ДА! Здружување и откривање на важни работи за себе ? НЕЕЕЕЕЕ! Имав три многу добри другарства. Од нив само едно ми остана како другарство, а останатите две се симнаа на скалата за пријателство (бидејќи нели другарство>пријателство). Воопшто и не ни знам дали она третото најслабо сегашно пријателство ми е пријателство. Можеби глуп кафе- муабет ми е. Можеби ми е и само издувен вентил за второто срушено другарство, хммм којзнае. Јас сум комплицирано човече кое сака само да се дружи со добри луѓе. Без забиени ножеви во грб, без дволичност, а толку искрено како првата љубов кој сите од нас ја имал.
На овој ден мојата најголема желба е да сум здрава и сите што ги сакам да се покрај мене здрави и живи,другото се само ќе си дојде. Една година постара и попаметна А се чувствувам како да сум бар едно 5 години помлада
Сдк дека нема нешто што не можам сама да го направам и за што ми е потребно друштво. Не зависам од никој. Без разлика дали е во прашање пиење кафе или патување. Па така и сега, без да прашам дали некој друг сака си резервирав пропусница за прекрасен четиридневен бачата фестивал во Белград. Едвај чекам!
Значи ти завидувам (во позитивна смисла ) кога ке прочитам дека одиш сама .Би сакала и јас да ја имав таа храброст..Убаво да си поминеш
Одамна нешто волку убаво не сум прочитала кое ќе ме натера да го запишам во тетратката со мудрости која си ја имам.
И како стареам рацете ми стауваат најважен дел од нечие тело... зошто тие даваат насока, покажуваат чувства.... зошто тие сакам да ме гушкаат, тешат, милуваат, нежно бришат солзи, цртаат по кожата, ненадејно допираат, намовнуваат и зграпчуваат... И кога за миг се најдеш во најпразната прегратка, каде рацете се ладни, усните неми, а погледот лутаа наоколу знаеш дека е готово, дека си завршил со тие раце ти, ниту тие те познаваат тебе, ниту телото твое калап нивни скрил, нити душата ти ги посакува веќе....
СДК дека универзумот ќе ти ја праќа истата лекција се додека не ја научиш. По не знам кој пат повторно се докажа она: Не верујвај никому.
Ја знаете ли онаа грутка во грлото што и после пиење на тон течности никако да ,,слизне'' и да ја снема? Онаа грутка што те тера ненадејно да пуштиш некоја солза, додека се возиш во автобус и гледаш незаинтресирано низ прозорецот или додека читаш книга, и наеднаш те стега толку силно, брутално и немилосрдно што и се покоруваш и и` даваш простор не само да те стега во грлото, ами во секоја клетка од телото... Небаре е болест во последен стадиум што се шири безмилосно брзо. ...живот...