Фали ме усто е работава Па и трета година по ред Слатко ме насмеа А пола и више невработени седат дома Или работат за мизерни плати
Сакам да кажам дека живеам многу мачен живот,многу тежок пат одам,одиме.Душава ми е стегната и секој ден кога го гледам уствари се правам дека ништо не се случува а знам дека не е така,и он знае.Болеста е тука ама не зборуваме за тоа.Боли,многу боли!Да си млад а да знаеш што ке ти се случи и пак да можеш да заспиеш навечер е херојско.Се дивам на неговите постапки.Се радува кога ја гледа ќерка ми,си играат,се смејат...А длабоко во себе знае дека нема да може да ја гледа ако болеста напредне не дај Боже. Се е околу парите.Неможеме да собереме толку многу да помогнеме.Патат и моите и ние со нив.Се трудат,работат многу за да овозможат средства. Да би можела јас со душа и крв ке помогнам.... Малава моја е зракот светлина кој на сите ни го разубавува животот.Да не беше она,ке тоневме до сега. Од што не можам да помогнам се запустив,се предадов на цигарите и на несоницата,на човек не личам.Само мислам и се молам. Не е животот праведен! Удира секогаш на најмилото!
Ако не сакаш кучката или мачката да ти раѓа мали стерилизирај ја, не тупнувај ги обврските на друг и не создавај бездомни животинки кои не го заслужуваат тоа. По не знам кој пат се изреволтирувам многу оти изгледа комшиите мислат дека јас имам неограничени средства и ресурси и време и простор и морам да се грижам за животните кои тие ги напуштаат. Постојано освен моите домашни миленци имаме некое друго привремено, досега сите успеавме да ги вдомиме фала богу освен една мачка и рдно кутре што ми ги отровија пред да успеам, ама што е многу многу е. Синоќа слушам цивкање, цела ноќ не спиев, денес слегувам пред зграда и во мојот влез некој грижен сопственик оставил две мали чинам немаат ни месец. Знам дека се оставени оти кучки нема околу маалото некој намерно оти знае дека прибирам ги оставил. Многу се мили и срцето ми се крши ама не можам да ги соберам и нив. Неам ни време ниту место. Имам дома љубоморно куче, маче кое го лекувам веќе подолго време и за него уште чаре не најдов, имам глувци и татко кој ми се качува на глава ради прибирањето, а башка што неам време и средства. Ги нахранив и малку ги погушкав да осетат топлина да се смират. Ги ставив во кутија со додатна храна и топло место и ги симнав пред зграда. Ќе го хранам ако некој не и ги скрати маките веднаш имам злобни комшии, ама колку и да сакам не можам да ги земам...срцето ми се кине 100 пати слегов да ги проверам... Ако има некој што сака да ги присвои макар повремено јас ќе обезбедам храна и други потребни ствари...само место ми треба контактирајте ме. Еве ги
Од септември започнувам ново поглавје во животов, бришам, кинам, и палам стари и досадни страници, нека има место за да пишуваат нови убавини. Држете ми среќа, ќе ми треба!
Нема ништо магично, романтично, љубовно во моите ноќи но затоа убавината ја загледувам во мојата постелнина и уредноста на мојата соба што допонително ме смирува кога знам дека има ред барем во домот. Добра ноќ.
Молба до Apple, да не брзаат многу со пуштањето на Iphone7 на пазарот, бидејќи многу од родителите на фраерите и принцезите уште го немаат исплатено Iphone 5... Се грозам кога гледам каде оди човештвото.
Битно имаат најнов мобилен,а што немаат за јадење не е битно тоа. Мама и тато им купиле,а они се фалат,а не се способни сами да купат.Баш страшно и жално
Кога ќе се изнервирам си чистам, се додека не ми помине нервозата. Минатата вечер цело купатило си го дезинфицирав, после тоа десет минути носот ми течеше, а да не зборам за тоа дека се изгорев со доместосот. Страшна работа, ама помага. Си пијам кафе и си ги слушам Колдплеј. Кога си нерасположен ги слушаш зборовите, инаку секогаш кога слушам музика правам нешто друго, исто како да не слушам. Имајте убав ден, зошто мене некако многу кратко ми трае во полседно време, а зошто лошо кога може да биде најубаво.
Секој ден буквално се разочарувам од луѓето,многу вредности се заборавени во денешницава.Каде се оние женски кој сакаа мили и убави зборови?Грижа?Ако почнеш да со убави зборови и комплименти одма си,лигле,смрдле,сељак,идиот,кретен.Страшна работа е ова луѓе,жениве станаа мажи а маживе жени.
Се се изреметило. Убаво е да слушнеш нешто што ќе ти ја стопли душата, но без претерување. Ајде кафе да пиеме
Зарем може да ти се згади од убави зборови?Од топлина и љубов?Да знаеш дека некој се грижи 24 часа за тебе?Ајде да пиеме кафе
Маживе не разбираат кога ќе им кажеш не. Сабајлево се сретнав со еден тип. Истиот оној кој што бараше да му пратам безобразни слики на фб. Он ми зборува, јас упорно го откачувам. Му велам - оди и кажи го ова на некоја друга. А он ми вели - не сакам. Ти си најубава од сите. Се изнасмеав. Некои очигледно немаат ни грам мозок.
Нели вие девојките се жалевте дека сакате мажите да се храбри и да ви приоѓаат,од каде сега дека сме досадни?
Мене не најубаво чувство на свет е да знаеш дека некој те сака и ти посветува внимание. Ете со сонце, за најубав ден @Скопјетесакам
Како прво, јас сум мажена. Како второ, тој е женет. Како трето, сакам мажи кои што знаат да пријдат на женска на убав начин. А не да зборуваат глупости.