Едноставно,како да е нов почеток. Хартијата може да ги трпи сите мои расположенија.Страниците не можат да ми судат како што општеството тоа го право. Искреност и вистина.Болка и љубов. Животни приказни. Со љубов. Не,не со љубов. Патетично е.
сдк... Илјада мислења= Жолто цветчеее Одвај го чекав ова цветче искрено,од секогаш кога ќе го видев ме потсетуваше на нешто убаво,на топли денови,можеби дека жолто незнам ...и ете го дочекав баш сега,конечно . Пријатна вечер
Како тебе математико нигде нема-ти цело здравје ми го земаааа! Учеше Симона математика и шо? Следниот ден: Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=zntf9VhZTxo
Сега некој што знае дека пишувате на форумов може комотно да ви рече :„ Ти ма! Членуваш на вмровски форум!„ Ако сакате да видите колку глупи луѓе има во државава само читајте ги коментарите под статииве што се објавуваат дневно по страниве како актуелни настани. Еве некој се смее на тие коментари, некој е рамнодушен, а некој како мене се нервира зошто, ооо зошто во оваа ера на се подостапни средства за учење не зимаат да прочитаат на научат нешто корисно Уште една категорија на луѓе од кои ми се собира желудникот ми се оние кои до пред година две збореа за катастрофалната политичка состојба во државава, за кои лопови се партииве, за тоа колку мрзи политика, па тоа критикување и на власта и на опозицијата. Па за тоа колку мрзи лижење гзови и работење за партија, па како никогаш нема да стане член на ниедна партија, како вмровциве само со книшки вработувале абе се се... И сега одеднаш оп на митинг на сдсм, пааа така кажи бе другарче. Зашто се криете бе, кога нема избори само критикуваат, а кога ќе дојдат избори први се во штабче. Кажи си бе за таа и таа партија сум затоа јадам г*мна за другиве, а не тука се праиш паметен. Што има врска, незнам ако стигнавме и по тоа да ги судиме луѓево кој од која партија е многу далеку отидовме. Ако си за нешто, ако веруваш во нешто, ако се надеваш на нешто и ако тоа го правиш од личен интерес нема потреба да го криеш ниту пак да збориш на разглас за тоа, прави како што чувствуваш, ама немој да ми се правиш паметњакович и неутрален, ама како збориш против едните, а ти уствари да си ми бил од другите па затоа така да си зборел. Мене ми е сеедно ама глупи сте! Глупо, глупо, се ми е глупо денес!
АБВГДЃЕЖЗЅИЈКЛЉМНЊОПРСТЌУФХЦЧЏШ! Се заљубив, можеби. Можеби не е точно. Ама така мислам. Сеуште е измеѓу опсесија и љубов. Ќе си умрам. Преубав е. А како ме гледа. Ааааааааааааааа. Ок. Смирена сум. Мене ми треба една пријателка, како мене. Нешто како дупла верзија од мене, можеби само малку поубава. Сакам да се видам од нечија перспектива, како изгледам и какво мислење имаат за мене. Ех, да можев. Убав ден, прекрасен ден. Среќна сум, заслужувам.
Колку и да имаш добро мислење за некој, штом разбериш какво мислење има за одредени политички настани или за која партија навива, одма ми расипува убав впечаток. Иначе ако начекате некој пост од мене во иднина, слободно цитирајте ме или пишете ми лп, да си одам од форумов и да учам. Добра ноќ.
СДК дека сум многу разочарана и тажна..и депресивна..и нервозна е сеа коа ќе дојде ред да кажам зошто.... Епа незнам зошто ... и НЕ, не сум во ПМС
Сакав нешто да пишувам во темата за Х Фактор, ама била затворена. Зошто ? Зошто таква актуелна тема е затворена, а Македонски Идол, Опра, кои одамна се завршени сеуште се отворени? И многу други живи глупости, како Пет шоу со Мелита, Фарма, итн ? Сега да пишувам некаде офф топик, или немаме право на збор никаде ? ** Некои малечки правеле серија овде. Прво заминувале со проштални постови, потоа се враќале. И наместо да се смеете, сфатете го тоа како своевиден апел, аларм, дека нешто не чини на форумов и затоа се закануваат на некој начин. И, наместо вие да не молите да останиме овде, се присмевате и со сите дејствија на форумов не бркате. ** Е, стварно на човек и да не му се пишува овде веќе.
за разлика од претходните недели, сега веќе подобро се чуствувам.Можеби околината ме притиска со проблеми, но сепак тука сте вие феминки! Имам малку позитивни мисли, и повторно почнав да се смеам. Сакам кога животот е позитивен и кога човек ќе ги прифати работите онакви какви се, реални.
...... и така, после многу патешествија, после долго време чекање, посакување, разочарување па повторно надевање.....дојде денот. Денот кој одамна го чекавме, денот кој го посакувавме повеќе од се на светот. Добро, уште не е официјално дојден зашто не знаеме точно кој е, останува само картите во еден правец да се резервираат Си го остваривме сонот. Мхм, имало и такво нешто, за промена Конечно можам да кажам дека ОДИМЕ, дека ја напуштаме земјава. На определено долго време Почнува нов живот. Сосема ново место, нови луѓе, нова култура и традиција, нов начин на живот, поинаква клима, нов член во семејството во новиот дом......Практично, се раѓаме и ќе растеме по вторпат и јас и тој А некој месец подоцна и ова нашево на кое официјално не му го знаеме полот, а јас во себе си знам дека ќе биде син плукнат на тато Знам во што влегувам. Тазе мајка во непозната земја, сама да чува бебе, сопругот само ќе работи .....Повеќето кога ќе слушнат само ги подигнуваат веѓите во неверување и со израз на лицето „аха, мисли си дека ке успееш!„ Епа, ќе успеам, ќе можам Ќе дадеме се од себе за да успееме. Ќе доаѓаат баби, дедовци и тетки на помош кога ќе можат , но најголемиот товар ќе биде на мене. И сакам така да биде, никако поинаку. Измешани чувства, среќа, тага, мала неизвесност и несигурност, огромна желба за успех надвор......На сето ова додадете ги и трудничките хормони, па може ќе претпоставите каков циркуз ми се дешава во главата и во срцето http://www.youtube.com/watch?v=y6Sxv-sUYtM
СДК не знам ни дали воопшто да кажам.... Оние што не ни учеа доволно,се омажија и во други градови и нареден му е животот..погоден човек,дете,патувања,одмори...а ние што учевме и бевме јаки останавме ем без работа ем без дечко...на овие мои 23 не можам да се замислам да чувам дете ( не дека не сакам)...не знам како е правилното,не знам..и се чудам на мојава генерација или е по дома и седи- се уништува праќајќи апликации за работа и го чека негативниот одговор и се разочарува и не сака да запознава нови луѓе или троши пари од дома и се филма дека уствар е којзнај шо..дотерани погодени,секогаш убаво нашминкани и дигнати до небеса ( назад накај земјава врќање-нема..пошто убо е на облаци горе се до моментот ко ќе трасни од земја) Стварно ко ќе гледам вака по фб слики од некои школски што имаат и деца по 3 години ме фаќа неубаво од една страна оти немам и јас некој...а од др страна среќна сум што се среќни...и за крај не мом да сфатам како можи и децата уште од болница во инкубатор сликани и стаени на фб....во креветче не е ИН поќе... Како и да е,да го направиме светот подобар денеска....Позз
Баш е екстра тоа. Достапни се за сите секој може да ги чита, само треба волја и време. Вистинската вредност на книгата е она што го пишува внатре, а не цената. Нормално дека писателите мора да живеат меѓутоа... уметноста е таква, не е најдоходовна професија и се работи со љубов. Е ај живеј од љубов само да те видам. Се зезам малку, поентата ти е во ред, ама пред се зависи која книга е во прашање и кој е авторот. Добар автор ќе знае поскапо да се пласира на пазарот.
Не знам што е лошо тоа ? Па баш убаво има многу луѓе кои што сакаат да читат но за жал неможат да си дозволат да дадат пари за книги...
Прекрасно е чувството кога го правиш тоа што порано не си можел ни да го смислиш! Порано, кога бев помала, сите ме знаеа како буцкастото девојче што не може ни колкуг напред на направе по ФЗО, а не пак да трча поголеми патеки. Кога ослабнав драстично се сменив, можеби само „пораснав“, ама сменив и изглед и карактер, станав посилна. Порано не можев да смислам да трчам на трка. Денес имаше школска трка, т.е. крос. Се се случи толку брзо. Бевме на старт, се слушна свирчето, сите почнаа да трчаат. Гледам две другарки пред мене, јас и уште една предпоследни и уште една последна, минуваме покрај камерата, на два чекори од неа, едната од другаките што беа пред мене ја гледам на земја (паднала). Застануваме сите ја држиме и ми вика еден наставник „Ајде продолжи!!“ дури луто. Јас трчам, ги гледам сите изморени, а во главата ми е да истрчам побрзо да видам добро ли е другарка ми. Веќе при крајот поминувам покрај едно дете и ми вика „Ајде ти си последна“ јас се вртами му викам „Не сум види уште колку ги има“ и ми вика „Ама последна од првите 10“. Јас целата во прашалници ги гледам наставниците сите ми мавтаат ми викаат „Ајде побрво ќе влезеш во првите 10“ а јас сум како „Јас????“. Поминувам покрај камерата (на целта) и прашувам „До кај треба да истрчам?“ а јас веќе на целта сум била И ми честитаат, ми кажуваат дека треба на општински да одам, а јас само гледам да си ја видам другарката. Си викам да не паничам, а не можам се плашам да не и се случило нешто, ама фала Богу добра е.
^ Знаете ли колку време и труд лежи во тие книги? Некој се вложува себеси во тоа парче хартија. Има разлика од пристапна цена, на крајот на краиштата и симболична. Ама вакви пазарлаци од типот 3 за 100, не доликува за книги.
Многу ми е глупо кога некоја девојка/жена не си ги депилира нозете од причина што е плава. Црни, жолти или зелени, влакна се влакна и се познаваат, за информација. И така мислејќи дека не им се позаваат влакната како supеr saiyan златен мајмун се шетаат по улици. Абе, да. И проѕирно влакна да имате, пак ќе ви се познаваат. Интересно... Инаку, денес е прекрасен ден. п.с Не можам да размислувам. Татко ми спие во другара соба и х'рчи како моторна пила.