Не се каам за ниту еден збор што сум го кажала затоа што се што сум рекла вистина е Господ ми е сведок, за секоја болка која ми ја причиниле бедни, мизерни луѓе кои ги заслужиле сите погрдни зборови кои сум ги рекла. Воопшто не се срамам за секој еден збор затоа што не е грев да ја зборуваш вистината и да бидеш искрена личност пред себе си и пред другите, да им го кажуваш тоа што го мислиш. Грев е да уништуваш туќа среќа, радост, грев е на некого да му причиниш болка во душата, да го расплачиш а тоа што некој се чувствувал навреден поради вистината не е мој проблем. Мојата вистина и моите зборови имаат тежина исто како моите солзи. Како што сега е невреме надвор така е во мојата душа добри десет години затоа што секогаш ми ја рушеа среќата, ми ја крадеа радоста, ме плукаат, ме навредуваа. Но јас не верувам во никакви луѓе ниту магии ја верувам во Господ и оставам тој да пресуди за секоја една болка, за секоја една солза, за секоја навреда. Порано или подоцна секого ќе го стигне Божјата казна за гревот што го направил, за туѓите солзи што ги причинил.
Само мене ли ми се смешно мажи кои цело време користат деминутив? Само мене ли ми се причинува дека кога некој постојано опишива други луѓе уствари се опишува самиот себе си а не е свесен? Само мене ли и кога најмногу ми се спие пак заглавувам до 2 после полноќ?
Синоќа еден рандом тип ми приоѓа и ме опсипува со комплименти од типот прекрасна си, совршена... Бла бла бла... Не дека беше лош типот, ама не ми ласкаше ни најмалку тоа што го кажа. Но, морам да признаам дека мило ми е што ете така изгледам во очите на другите. И покрај се, значи вешто ги прикривам емоциите и болката и цврсто стојам на земја. Позади добрата облека, совршената шминка, вештачката насмевка, лажната самодоверба - стои вистинската јас, која е далеку од совршена. Згрешив многу, си признав самата себе, но, не знам да си простам... Не е прв пат да ми се сруши цел свет, но овој пат е некако поинаку. Можеби дека овој пат се зависеше од мене, си дозволив премногу па потфрлив. Сфатив дека не знам да прифатам и поднесам пораз. Од тогаш па наваму толку сум деструктивно настроена кон самата себе, не престанувам да се казнувам и измачувам... Не можам да се препознаам, но не можам ни да си помогнам... Само се тешам дека и ова како и се друго, ќе помине...
Мило ми е што се пронајде во моево мислење, ама мислам дека малце премногу си ласкаш ако мислиш дека си првата што го напишала и дека баш тебе те имав на ум додека го пишував. Не те цитирав, бидејќи не се ни однесуваше на тебе конкретно - пролистај малку наназад низ темава (и низ другите теми на форумов) и ќе видиш дека не си ниту првата ниту последната што изразот „Деца читаат“ го искористила како аргумент во некоја дискусија. Се создава погрешна слика - според тебе. Според некој друг - не. Така е на сите теми на кои постојат спротиставени ставови. Да тврдиш дека твојот став е исправен, а туѓиот не е, без за тоа да изнесеш конкретен доказ и не е некаков аргумент. А уште повеќе, да му забраниш на другиот да си го изнесе своето мислење, бидејќи „Деца читаат“ е уште полош, да не речам, никаков аргумент. Децата на форумов може да прочитаат се и сешто - од хомофобија, исламофобија, национализам, говор на омраза, религиозен фанатизам, разно-разни заблуди во врска со сексуалното здравје и репродукцијата - но, на невистина треба да се реплицира со вистина, на заблуда - со факти, а на слаб аргумент - со посилен. „Деца читаат“ не е ни едно од наведените. Улогата на родителот не е и не треба да биде 24-часовна контрола врз детето - таквиот план е осуден на пропаст од самиот почеток. Родителот треба да го научи детето да биде самостојно, да размислува критички и со своја глава и да не ги прифаќа работите здраво за готово, особено не ако ги прочита на некој рандом форум. А што се однесува до воспитувањето, ние на форумов ниту можеме, ниту треба да ја превземеме улогата на родителите. А не треба ни да се преценуваме и да си даваме претерано на значење и да мислиме дека она што го пишуваме туку-така ќе успее да убеди некого во било што.
Се додека македонецот во својата држава го третираат како граѓанин од последен ред, а сите други дојденци во државава кои не ја признаваат, ги третираат како граѓани од прв ред, нема да функционира ништо како што треба во државава и нема да има подобар живот за македонецот во неговата држава. Тоа ти е исто како да отидеш кај комшијата и во неговиот дом да се правиш поголем газда од него. Крајно изреволтирана сум од дрскоста на институциите во државава, кои за македонецот се однесуваат како маќеа, а за другите националности во државава, пред се за албанците се однесуваат како мајка. Како е можно некој после мене да дојде, а да заврши работа пред мене, само поради тоа што е албанец/албанка, а за истото сме таму, притоа не постои некаков проблем да ми се заврши мене работа навреме и според редоследот кој кога дошол. Ама додека македонецот не се испокара со сите таму во институциите нема да може да заврши работа ќе го вртат вработените како сакаат, бидејќи македонецот никој не го погледнува во сопствената држава и е третиран како граѓанин од последен ред кој дошол од некаде, а не како роден во оваа држава и со родители македонци. Хаос е насекаде, во сите институции во државата, хаос ќе биде се додека има неписмени во политиката кои ни ја водат Македонија во пропаст. Хаос ќе биде се додека има алчни политичари кои гледаат да си ги наполнат џебовите, не мислејќи за иднината на овој македонски народ кој се потешко живее и излезот го бара надвор од државава.
Мора ли секој што ќе те погледне да те свиѓа? Освестете се бре. Не сте единствени на светот. На крајот на краиштата и да те погледнал нели секој може да гледа кај што сака и не мораш толку да драмиш. Може не те погледнал на начинот на кој што мислиш.
Deka me nerviraat iskompleksirani licnosti, koi poradi svoi kompleksi i problemi navreduvaat i drugi luge, dali taka si gi lecat kompleksite neznam, sto kje bese toa covek da pukne na tugja ubavina i srekja
Потпуно се сложувам со тебе Страшно е кога некој ќе дојде од друга држава,браќата на спомнатите,и медицинарите ќе ти кажат дека они имаат предност затоа што плаќаат Кај го има бе ова,во која држава,само кај нас
Na kratko konecno sum si vo Skopje Uzivam vo denovive tuka,ama jas nemase da sum jas akp ne mi se sluci nesto. Prvo me fati strv zaa pomfrit od Gorki i neli morav da go probam. Arno ama tesen prolaz,mali masi za tie XXL porcii..I brat mi taka nesakajki so raka ja butna Koka kolata i normalno vrz koj ke otide,akp ne vrz toj koj sto e cel oblecen vo belo I morav taka celata sarena so temni fleki nasekade da si izlezam i prosetam dodeka stignam do Taxi. Ako vidovte takvo nesto,jas bev Ama nebitno,preubavo mi e,na niedno mesto ne bi se cuvstvuvala poubavo
СДК дека никогаш нема да бидете среќни ако не си ја прочистите вашата душа. Сте се запрашале ли колку е таа затруена? Направете место за љубов во неа. За разбирање, сочувствување со другите, за радост. Не потклекнувајте пред гневот, не дозволувајте зависта и гордоста да ве обземат и да ви го поматат мирот. Стојте цврсто и бидете отворени само за убави нешта. За се останато вратите нека бидат затворени. Не само затворени, туку и заклучени.
Се додека има повеќе осуда од разбирање и емпатија никаде нема да стигнеме. Сите сме различни и сите имаме различни мислења и водиме различни животи. Но, тоа не значи дека ако не се согласуваш со нечии одлуки во врска со НЕГОВИОТ живот имаш право да го напаѓаш и да го осудуваш. Прости луѓе!
Ниту се преценувам , ниту сакам некого да убедам, само си го кажав моето мислење зад кое стојам, за кое нема жива сила да ме предомисли, еве ќе го тргнам и на страна тоа "деца читаат". Нема да те цитирам веќе , темава е сосема друга ,нема да ја полнам со неповрзани работи, се извинувам за цитатите.
Ги вдомив кутренцата и мачето ептен радости во еден ден. Да се живи и здрави и тие малку луѓе кои останаа со добро срце. Нека им е убав животот во новите домови.
"она што можеш да го направиш денес - не оставај го за утре " - не' учеа од мали. Но, јас би рекла, напротив, остави, почекај да се раздени. Особено во ситуација - она што можеш да го кажеш денес... немој, зошто никогаш не можеш да го повлечиш назад!
Дефинитивно, време е да направам една чистка, да се ослободам од токсични луѓе кој се во животов само за корист, а тебе кога ти треба услуга нигде ги нема. Ама ако кој како со мене, така јас со него. Па после ќе се чудат зошто сум се сменила за 360 степени. И роднини и пријатели се ќе збришам и ќе почнам да живеам само за себе без никој да ми кажува што да правам. Време е за промена
Колку e убаво кога ке видиш двајца заљубени,срекни кога се венчаат.Едноставно им се познава на лицата, по осмехот! И на оние кои се зимаат ради реда им се познава,едноставно ја немаат таа искра во очите,во погледот, ама ај ...