Морам да си признаам јас сум таква . Само јас велам дека сум учела ама не знам ништо и нишо не сум сфатила, после вадам највисоки. А бај да веј сум најголем паничар пред тест. Трема, шо ќе праиш.
Од другарките уште јас сум сингл!! Да живее слободата во мене ... Искрено ?! Ми се смачи од осаменост,или пак од обиди за врски осудени стартно на пропаст,мислам она ради реда,колку да не е човек сам... Сакам нешто ново,јако,трајно... Многу барам? Не!
И гарант сега другарките по секоја цена сакаат да ти наместат дечко Ми се допаѓа твојот став да не влегуваш во врска ради осаменост или ради реда. Ако човек нема квалитетни пријателства и врските со луѓето кои нема да го прават осамен, дечкото/женската нема да му ја пополни осаменоста - или пак ќе биде голем гњавеж и ќе го гуши партнерот/ката. И не, не бараш многу! Верувам дека бараш онолку колку што си спремна и да дадеш. И тоа е добро.
Наместо да го повторувам материјалот за испитот сабајле или да го учам тоа што не го знам, си го земав Достоевски да го читам. Па уште и уживам. Дали некои одлуки ми се многу мнооогу погрешни?! #прашањаштомемачат #воситнитечасовипополноќ
Подели ги работите на: 1. Важни и итни 2. Важни, но не итни 3. Неважни и итни 4. Неважни и не итни Сите 4 се добри, но сите 4 немаат ист приоритет. Достоевски штом ти причинува задоволство и те надградува интелектуално, е важно за тебе, но не итно. Испитот ти е важен и итен. И учи се да бидеш дисциплинирана и одговорна
Што мислат машкиве што ми се пуштаат не знам ама јас знам дека тоа што сум сингл не значи дека треба да излезам со првиот што ќе ми рече ај на кафе. Алоо, кај погрешна сте се обратиле, не сакам јас попатни авантури, зарем ви личам на некоја таква? Јас си ја знам мојата вредност и не се влечкам со кој стигнам. Мислите дека е погрешно? Некои ќе речат дека ако продолжам вака ќе останам сама. Па и нека останам. Подобро сама отколку со погрешен човек. Јас всушност немам преголеми очекувања и критериуми, само си го барам тој вистинскиот кој сака љубов а не авантура.
Сите така си го бараме вистинскиот мила. Машките такви се, пази само да не почне да те убедува дека сака нешто сериозно, па да го снема после два месеци. Да ти е страв на човек да му дадеш шанса, зошто сама ќе си зафркнеш. Ако треба да има нешто ќе има.
Сите сакаат љубов а никој не ризикува ништо за да добие љубов.Љубовта бара жртви и ризици,се додека не ги дадете овие две работи,нема да го имате правиот до вас. Убав ден и не заборавајте,ширете само љубов
^ Зошто одма одите со вакви коментари? Па не секој има потреба да учи за да има добри оцени/ индекси. Има личности кои имаат добра меморија, пред сѐ генетски предиспозиции, и можат многу работи да им останат во сеќавање само од предавање. А располагаат и со добра концентарција. Потребно им је многу малку труд за да научат нешто и да го знаат истото. Кој не секогаш го вложуваат, тоа е факт. Сепак не може до бесконечност да се извлекуваат на таа "финта". Ова го пишам дека се сметам засегната од напишаното погоре.
Ми нема ништо поинтересно и поедукативно од кучиња кои комуницираат по традиционален пат со довикување од еден до друг крај на населбата во три-четири наутро. Дури паничен напад и чувство на осаменост ме тепа кога ќе задоцнат некоја минута, полсаат, саат.
Абе,ве молам немојте за луѓето и тоа за луѓе со кои влегувате во врска, да зборувате како за роба,производи кои се тестираат, купуваат. Ве молам! Метафорите се сфатени, ама тоа звучи ужасно и ладно.
Мене пак ми се повраќа од тие што упорно гњават на тест да им кажуваш после дури те криват тебе ако извадиле пониска.До негде и затоа така правам И не требаше толку сериозно да ми го сфатиш напишаното.
Е де малце, да не претеруваш? Се работи за паника пред тест, понекогаш и анксиозност е причината, не е во ред вакви работи да пишувате. А и не знам зошто ве нервира тоа толку, јас сум таква пред секој тест, не може да немаш трема пред нешто за кое си учел цела ноќ.