Џабе барате совршенство кога не постои,џабе барате дечковци/девојки искочени како од филм,тоа е исто како да барате во кората од јајцето влакно.Прво видете се самите себеси(али реално),па послем тоа според вас барајте го дечкото/девојката.А не да барате нешто кое не постои,и нешто кое е нереално. Имајте убав ден
Зар нема нешто поубаво од лежење во ноќните часови во прегратката на љубениот. Бакнежи и милувања. Зарем нема нешто помоќно од ЉУБОВ?! Добро утро!
Љубовта која е за вас ќе ја добиете одма, во големи дози, ќе се грижи за вас, ќе бидете сигурни во неа, дури ако и за час ако се залула, пак ќе ја погледнете и пак ќе биде ваша... Тоа се чека... тоа се бара....
Блазе на тој што ќе се фати со мене, најубавите песни ќе му ги пуштам и со најубави стихови ќе го опсипувам.
Cekam, vtor pat vo zivotot cekam nekogo da ne bese vazno vala, tesko deka kje cekav. Ajde, Boze pomogaj da ja turneme rabotava.
Секој ден само вести за сообраќајки. Кога летаат како да се бесмртни, кога немаат страв. Па кога не се плашите за својот живот, некој друг се плаши за неговиот. Пилиштарци без памет, а со брзина. Неизживеани мажишта со мотори. Иде зима. Кој ќе живее во маглана и гадостите. Како детето ќе ми живее. Страв ме фаќа.
Точно две години како сум на форумов. Благодарение на него, запознав доста пријатели. Со дел од нив се гледаме, се дружиме, се надевам дека ќе продолжиме и понатака Да ве почастам по повод за мојата втора годишнина на форумов.
Кога ќе дојдам тука се осеќам како мало засрамено ѓаволче залутано некаде во рајот и околу него на облаци седнати ангели со бели убави лица, со долги руси коси и прекрасна златна облека како свират на харфа, а до нив седнати мали слатки ангелчиња со дупчиња на образите и сите меѓу себе си се смешкаат, секаде само музика и смеење, светлина, вино се точи се наздравува за животот и плодноста, а доле некаде далеку на земјата се гледаат закрвавени мажи што копаат тутуни.
Не плачам многу често, ниту пред секој. Ретко за себе, повеќе за другите.Плачам кога блиските ми страдаат.
Она кога си имаш некои тајни знаци и фрази само со една личност, и пробуваш да ги искористиш со некој друг уз муабет, ама едноставно не оди работата Или така занесена зборуваш со друг и ги кажуваш тие фрази и тој/таа те гледа ко WTF, па и уште ќе се налути.... па сфаќаш дека подобро е да си ќутиш пред некои луѓе. Денот ми го разубавија само овие две убавици заборавени во џеб... Сонциња мали, едвај чекаат да се потрошат. Како ли ми останале така нечепнати? хмм.... п.с. Тешко е додека се решиш да почнеш да работиш/учиш, ама затоа таман се решив да отворам книга да учам, и слушам во позадина: Ајде идај, компирчињата се испржени....и како да одбијам сега?
Се криеш зад сенките. Молчиш! Темнина го опколила срцево. Ти ми ја пренесуваш. Како да те пронајдам? Како да те извлечам од себе, кога се плашиш и не сакаш да се извлечеш? Посакувам да ти ја подадам раката, силно да те прегрнам. Да ти кажам колку ми значиш! Да ти кажам колку само те сакам! Дека во оваа моја љубов нема лицемерие, дека е чиста, исконска, духовна, Божја пред се’, дека не сакам да те повредам, дека само сакам да те спасам од тие сенки зад кои се крие твојата душа! Посакувам да би можела да влезам во твоето срце. Таму да се засолнам барем за миг. Да ми дозволиш да отворам еден прозорец. Да продре Сонцето, да продре светлината и топлината. Да го скрши ледот кој ти ја мрзне душата. Посакувам да направам многу нешта за твојата душа. Но како?! Како?! Едно ми преостанува, молитвата. Ќе се молам од срце, за твоето срце! Еден ден ќе ја погледнеш вистината во очи. Ќе се загрее срцето. Само се надевам дека нема да биде доцна, дека нема да бидам далеку за да ти помогнам искрено. Знам... Само на овој начин, само преку молитвата можам да ти кажам колку само те сакам.
Кога ќе прочитам вакви срцепарателни текстови од Серафима, ми иде да си се угушам уште толку во солзиве што ми навираат и без посебен поттик..
Ах, убав ден, тмурен ден, се`-ми-се-прави-само-да-не-учам ден. Па правев ручек, па миев садови, па чистев, па си ги средував алиштата, па се кубев, се шлакав со маски и пилинзи, се лакирав, ја прередив собава оти нали на не средено не ми е убаво да учам, па.. Ах, сесијава. А не оти имам многу, еден шугав предмет ми е, еден од најглупавите, оти нормално можам да ги положам најтешките, ама на вакви безвеза глупи предмети обавезно си заглавувам, зошто прво - не се замарам, оти е глуп предметот, второ - го паѓам, оти касно почнувам да учам. И така секоја сесија. Ах, убав ден, тмурен ден, гледај Friends маратон ден. Ај од утре почнувам.
Тато, иако не стигнав на време да завршам се, како што секогаш сум правела, иако сум се чувствувала како да те разочарав најмногу, ми докажа дека се гордееш со мене, зошто виде дека сум доволно зрела за да размислувам како што не размислуваат многу мои врснички. Не сакам никогаш да те разочарам или да мислиш дека нема да го исполнам тоа што одамна сакав да го исполнам. Знаеш дека сакам највеќе од се. Сакам подоцна и за се да ти вратам, зошто ти го заслужуваш само најдоброто. Ќе правиме луди работи секако, зошто сме многу добра комбинација за забава, а и забавата се врти околу нас . Нека поминат уште најмалку две-три години, ќе видиш дека се ќе си дојде на свое место. Ти си тука за мене секогаш, ти си мојот идол, личноста со најјака психа. Ќе видиш дека ќе ни биде најубаво и дека ќе сме уште посреќни. Сакам да дојде тој ден, ептен сакам
Не ја гледам серијава „Тоскана“,но ми влета во уво реченицата „Подобро да живееш со грижа на совест,отколку каење“ каде една од личностите ја советува другата.Интересно за размислување!