Долго време беше чашата полна,многу караници,расправии,тензии,често раскинување.Доста беше све,ова веќе не се трпеше,само се чекаше бродот да потоне. За жал љубовта беше исчезната од пред неколку години,така да најубаво е вака.
Најлесно му е на глупавите, зошто не размислуваат за последиците. Живеат за моментот, секогаш се среќни и изгледаат како да немаат ниту еден проблем во животот. Што не ме воспитаа мене да не се секирам никогаш за ништо, а најмалку за луѓе. Си ветив еднаш дека нема да се секирам и да се нервирам за човечки суштества, ама не можеш, едноставно се нервираш зошто не знаат да се постават како што се поставуваш ти и да кажат што е и како е ! фаќа карма кај глупавите ?
Леле луѓееее.... На 1ви септември тргнувам Италија на одмор, а сабајлето во 3 сабајле голем земјотрес мана Италија. Многу жртви, срушени градчиња..... Поооо.... И сега? Како да одам? Многу ми е страв... Ц. Еднаш ќе се решам негде на убо место да одам и ете. Малер му носам. Не знам шо да се прави. Non-refundable ни се и картите и смештајот. Додуша далеку сме од каде што мана земјотресот, ама многу ми е страв. Посебно дека со фериброд треба да одиме. Ц.
Она чувство кога ќе отвориш категорија „секс’’ и се чувствуваш како во друг форум да си влегол, сосем други членови, многу латиница...
Дома сум веќе 3 дена ама немав воља да шкртнам тука нешто... Имам толку многу да кажувам ама мака ми е... не ми се збори... Се соочувам со фактот дека секаде ќе ми недостигаат одредени луѓе... Кога ќе бидам таму - моите домашни и блиски.. а, кога сум овде - тој! Како што ми недостига сега, како што ми недостигаше вчера, како што ќе ми недостига утре, наредната недела.. месец.. Ја љубам секоја негова несовршеност со која ми ја гали душава и го прави најсовршен на свет. Ми недостигаат тие очи да ги бакнувам кога се будат и мижуркаат сабајлечки додека полуотворено ме гледаат... и кога се широко отворени длабоко во ноќта. Ми недостига тој во моево јаве. На крајот од погледов. Под моиве прсти... Него нејсе... Имам едно комшивче, надеж ми е! Надеж ми е за сите нови генерации, дека можат да бидат подобра верзија од нас. Толку мало а толку паметно, таков убав, бистар ум носи во убавото главче и се восхитувам. Ми доаѓа понекогаш, да си поигра со мачката. Има ѕвезди во очите, а се надевам дека и таа самата ќе биде голема ѕвезда еден ден. Дел од вас можеби и ја фатиле на тв пред некој месец како свири гитара, најбројува светски познати гитаристи и метал бендови со таква страст во себе, што не те остава рамнодушен. Спојлер: ... Беше гостинче во емисија на која не и го памтам името, се случуваше на плоштад Македонија во недела, а пренос на мтв даваа.. можеби уште ја има, не знам. Ми ѕвони на врата вчера. Јас како по обичај сама дома и не отварам на непознати, па на прсти одам до врата и ѕиркам низ шпиунката... Секако не ја забележав се додека не ѕирнав надолу. Секогаш ми буди насмевка кога ќе ја видам. Отварам врата, а таа ми подава чинија со куп колачиња. И било роденден па да части. Колку што ми израдува душа, толку непријатно ми дојде.. што немав во мене ниту чоколадо да и дадам... Ама затоа станав сабајлево извадив пари, последните од картица, нели крај на месец е, па и земав поклонче. Не е ништо големо ниту многу, ама е од срце. Наклон за тие родители што ги има и што од неа направиле едно прекрасно културно битие, гордост за цела заедница. А талентот си е нејзин. Ѕвезда ми е. Поголема од сите ѕвезди заедно, од глупавиве и крајно необјективни музички фрик шоуа. И ја посакувам целата среќа на светов!
Vcera vecer doziveav 'Merllin Monro scena' Se setavme takaj pokraj more i odednas duvna veter i celo setaliste mi go vide zadnikot Ama dobro,pocnav da se naviknuvam na nezgodive..ne znam sto ke bide sledno
Дека откако почнав повеќе да читам книги како да станав потполно нова личност,сега како тоа да е единственото хоби,преку читањето градам личност,знам како да се однесувам и зборовите кои не знаев што значат дознав преку читањето.Што би рекле старите треба уште многу леб да јадеш,но иако сега ја читам 5тата книга од почетокот на распустот,јас мислам дека сум поинаква личност пред да завршеше школската година и сега пред да почне.Мило ми е што го одбрав ова хоби,деновиве беше ладно се чувствував многу убаво со топло чајче со мед,книгата во рака и на тараса со едно ќебенце бев многу среќна и исполнета,изгледа ми фали зимото но денеска кога видов па колку е жешко се изнервирав искрено
Денешниве деца се страшна работа, ама баш најсериозно загрижувачка е ситуацијата. Се раѓаат со моблините во раце, со таблети и лаптопи, а некои дури се попаметни од родителите Од мало знае се како треба, што треба, зошто треба и ако не му е нешто по ќеф одма знае како да го придобие тоа што го сака. Некои тоа го прават политички со умилкување, а други си ја корнат косата и се маваат од ѕид. На пример братучетка ми, помалата, ако не и обратиш внимание, ако си зборуваш цело време со други луѓе, таа зема да си ја корне косата. Ако и речеш престани немој така, тогаш почнува главата да си ја удира во ѕид, а не дај боже да и повишиш малку тон, е тек тогаш почнува да плаче и пробува ушите да си ги извади Е иста вкава фаца прави со устата надолу и ушите ги тегне надолу, па косата... Не знам од кај ја има таа неровоза толку мало дете Постарата братучетка па политичар невиден. Ако бендиса некоја играчка ќе ги моли 1000 дена дома да и ја купат, ама цело време со убаво, нежно, демек мирна е, јадела, си легнувала рано, ама ако види дека не ја бива работата, дека нема да и купат тогаш кога се сите собрани, оди кај баба ми во скут и пред сите вика: Немора вие ништо да ми купувате, јас си ја имам најдобрата и најубавата бабичка на цел свет. Бабичке моја, ти си мојата принцеза Елса...и баба ми радосна се замислува дека стварно е принцеза, па мора да и го купи тоа Знае да одбере зборови и знае кога треба да ги искористи, баш да не можеш да ја одбиеш. Од кај сум знаела јас на 5 год да манипулирам? Абе оваа сите ги врти дома околу малиот прст...манипулатор невиден...а што ќе биде во пубертетот? Ако сегашните деца се вакви, тогаш какви ќе бидат децата родени после 10 години? Мене страв ме фаќа... И случајно ја најдов оваа слика. До вчера буквално цицал од мајка му, а сега бара по нет девојки да му се соблакаат на камера. Абе таман ќе проодат, овие напалени се.
Во време кога зборовите се бесплатни а никој не ги употребува, Во време кога за сите љубовта е минлива, Во време кога во буирата од луѓе и зборови токму за љубов најгладни сме, не губете време чекајќи ја, чекајќи ја накитена со грст зборови. Дела, реакции... чиниш дијаманти непроценливи се, па ќе светат и ќе ви покажат дека некому сте му небитни...
Vo soba sedime so majka mi I bratmi. Odednas vaka kasno mi se pripi kafe, a pusta mrza ne me pusta da stanam da svaram. Prasuvam vi se pie kafe? Majka mi da brat mi da.... Jas, koj ke stani da napraj? Tisina.... Tisina... Tisina... Seuste e tisina... Ish mrzo... sepak mora ja da stanam :/
долго време бев сама и без љубов... Се навикнав да си бидам СВЕ на себе си .. ! Се навикнав да се потпирам само на самата себе ! Не можам да засакам некој.. ..срцето не сака...Не ми нудете љубов вие сите , јас не можам да сакам ,долго време беше срцето осамено ,сега не ми треба никој да засакам ,бидејки јас заборавив и како се сака ,заборавив да верувам после сите пропаднати љубови ... Не ми треба никој сега ... Добро ми е сама ..бар така се навикнав ....Не ми ја нудите вашата љубов , бидејки не верувам одамна во неа....
Гледам, во последно време на форумов станало модерно на СЕКОЈА тема едно те исто да се врегла, па затоа наместо да срочам некое мислење,одсега само главните поими ќе ги кажувам,за да не се издвојувам - во секоја тема... Еве, на пример, во Фото натпревар : ,, Господ , педери, зоофилија, курва, Европа, либерализација, пак курва... ,, И секако, да воспоставам и старо - нов тренд: БРАНКО Е КРИВ!!!
Некои премногу здраво за готово го сфатиле сарказмот, па тој прераснал во арогантност. Се е убаво со граница.