Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Се бројат денови.....

    Уште некој ден и пак со саканиот :inlove:
    едвај чекам да ми пристигне љубовта моја...


    http://www.youtube.com/watch?v=XGKqFTXuqa8
     
    На Elennaa и Elissa им се допаѓа ова.
  2. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Само да ве поздравам, да ви посакам убав ден бидејки јас се чуствувам прекрасно . Ве банувам :*
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    23.526
    Пол:
    Женски
    Тоа бе кралицо,кажи им!
    Они плавуши мислат немаат,не им се познава а оно уствари житни полиња се. :wasntme:
    Посебно може да се види каков напредок има житото кога ке ги гледаш од профил.
    Инаку ти спомна само нозе,а бркови?Брклите се побројни. :lol:
     
    На ColoursOfTheRainbow, QueenElena и Heartbeat им се допаѓа ова.
  4. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Има случки кои безброј пати ти се случиле и секој нареден пат, повторно и повторно го доживуваш истото, се јавуваат истите чувства, истата тежина.
    Понекогаш, се навикнуваш. Но, не може да не боли.
    Разликата е во тоа што не боли како првиот пат.

    Мене, изгледа ми е преодредено цел живот да ја чувствувам истата болка.
    Само, предизвикана од различен човек.

    Да се згазиш себе си, да ја погазиш гордоста и да правиш нешто кое не го сакаш, да трпиш, само за момент да се почувствуваш среќно, да се надеваш на подобро, а секој нареден пат да боли се` повеќе и повеќе.

    Вреди ли?
     
    На SparkyAngel, Ketrin.Moon, kala21 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    А пак книга од 750 страници,со научни факти и сл. за 25 денари :^) Кај се видело тоа?
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    СДК...
    Никогаш не сум верувала во тие клише романтични приказни каде тие случајно се запознаваат и тоа е љубов на прв поглед.
    Идам да земам бензин од бензинска со туба во рака и велосипедот лесна брзина, тренерка стајл и огромна мозолка на десниот образ, прикриена со пудра што не е мој тен :D И така јурам, се скрши педалото, ми падна тубата и тоа пред кафич, среќа што само келнерот беше. И тој истрча, девојче што се случи, јас така во шок дали од падот или од неговиот шарм, не знам, велам, не знам :wasntme: Пробува да го намести, не бива, педалото де :geek: Велам, јас стварно морам да одам, нека го тука ќе се вратам. Ајде, одам сто метри и сеуште во слатки трауми и гледам трчи по мене, јаооо си замислив филмови во глава и оп, девојче парите ти испаднале :D :D Океј, тоа не е се. Одам и кај бензинска сретнувам две пријателки трчаат и муабетче ова она се договоривме да идеме на една јака журка, онака инстант договор.
    Земав гориво, тубата во двете раце, па неизменично, стигнав, гледам 3 јаки типци ми го поправаат. Оф, леле.
    Не бива, така жална фаца направија, овде пишува Л ама не сака на левото.
    Во ред, блиску живеам. Сепак треба да ве частам кафица.
    Секако, дојди после училиште.
    Ajде некоја љубов, па да им раскажувам на децата прва средба :wasntme:
     
    На SparkyAngel, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Ketrin.Moon и 6 други им се допаѓа ова.
  7. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.777
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски

    Браво :clap: Е вака сакам, кога некој ќе ти го врати расположението и позитивата. Од вакви можеш да научиш дека треба да се бориш во животот, упорност и волја.
    Секоја чест. Среќно од мене :)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.327
    Пол:
    Женски
    СДК колку е само точно тоа, ти не можеш да живееш позитивен живот, со негативен ум. :D
    И така е. Се до тоа што мислиме ние, всушност тоа е целата работа. :)
    Доколку мислиме негативно, негативни работи ќе ни се случуваат, а доколку мислиме позитивно, позитивни работи.
    Во последно време ми тргна, да не се урочам, ама искрено и јас од толку среќа по сето тоа што ми се случуваше изминатата година, се плашам што ќе биде, дали е добро или лошо ова, но ајде ќе се надевам дека среќава ја заслужувам и ќе се потрудам да остане, затоа што никој не е вреден за моите солзи, а ниту пак ќе тагувам за некој и нешто, се што е мое кога и да е ќе си дојде, се надевам. :)
     
    На Someonespecial, Barbie20, LittlePinky и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Каде тоа да видам и јас, па да си ја купам? :)
     
  10. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Немам воља да пишувам.
    Едно време спас ми беше ова. Сега немам зошто да пишувам, немам инспирација. Инспирација ми беше мојот живот, секогаш пишував за тоа.
    Често и знаев да напишам нешто, што после ми е смешно кога ќе го прочитам, но сум го следела срцето, како тоа ми кажало, така сум пишувала.

    Сакам да читам. Обожавам книги. Ништо чудно да ги изберам книгите место шминки и облека. Битно е тоа што е внатре, другото е површно.
    Девојка со добри манири, девојка со богат речник, за мене е дама. Дама не е некоја што се облекла убаво, облеката може да биде скината, а ајде избриши го или скини сето тоа што го знаеш?
    Читајте, вистинско богатство е тоа.
    Реткост е, ама затоа се цени повеќе од било се.
     
    На Shelea, Barbie20, Dog-lover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    23.526
    Пол:
    Женски
    На саемот за книга има да купиш мало книгиче со цитати за 25 ден. и ти даваат гратис книга,600+ страни...Гратис книгата е всушност дел од библија.

    Инаку јас сметам дека вредноста на книгата не е во ред да се смета со пари.Што има врска и за 10 денари ако даваат книга па макар и книгата да го објаснува најновото големо откритие на планетата Земја.
    Но,ако ги земеме во оглед цените за некои други работи,тогаш и тоа како не е во ред книгите да се 3 по 100.
    Нешто како што би рекла нашата Cka: „Се додека 300 ден. за книга се многу а,за гаќи малку.....“
     
    На LittlePinky, Cka и Madam-A им се допаѓа ова.
  12. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    СДК од кога излезе ова Фејсбуков, па последователно овие хеланкиве, нема која не е уфилмана дека е јака п***а, да ми извините на израз. На сред бел ден со 16 штикла да шпацираш, ами и на работа така да одиш, срамота, жими се.

    Повеќе не се разликува облеката за навечер и облеката за денски, па уште помалку професионалната облека. Што ти знам јас ете може и проста да ќе сум, ама правам разлика помеѓу трите овие, па сите останати, како на пример да не ја зафаќам темата дека на слава братучеда на братучед ми пред стари, млади беше дојдена со најкусото можно фустанче што го имам видено. :?:

    Али шта ќеш, ако прокоментираш и љубомориш, така да подголтни и ќути, оти толку им е мозокот, тебе будала ќе те направат. :D

    И така ви велам. А инаку денов денес петка, бомбона. Или бонбона беше, не знам, секогаш заборавам. :$

    Нема со кого кавга не фатив, дека многу безобразна де, не дека кој стигна користи, молзи само. Негативно многу сум настроена, ај да не мрчам повеќе.

    Ај бидете ми поздравени, здрави, живи, весели и сите фини изрази кои не ги познавам зошто сум соушали окврд. :hai: :hai: :hai:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.518
    Допаѓања:
    17.538
    Пол:
    Женски
    Добровечер девојки . Јас само што си дојдов од тренинг па си велам да седнам малку на фемина :lol: па ќе се туширам и ќе се подружам малку со учебниците . Инаку многу сум среќна и незнам , долго време не сум била толку релаксирана и одморена . Сакам тоа никогаш да не заврши но тоа не е можно , барем кај мене . Утре сите обврски ќе паднат врз мојот грб па се подготвив и за тоа .

    Ајде сега да не гњавам многу , имајте пријатна ноќ и утре се најубаво и со среќа . :)
     
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Времево надвор, плаче за спиење. За пикање под јорган, вртење на перницата од нејзината ладна страна и спиење. За спуштени ролетни но, со отворени прозорци, да се слуша дождот и капењето на стреите. :smirk:

    А јас си чекам евтина струја. Ту бре, па смучено ми е секогаш да се бањам после дванаесет, еее... |-)
    Има ли бре некоја од партииве, по тоа кампањите, воведување на евтина струја, нон-стоп? :D
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Grejsi, sweet-cherry и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Девојки драги, што се замарате? :) Па вака за нас поубаво :wasntme: . Имате можност да си ги купите книгите за евтини пари, искористете си ;) Впрочем, убаво пишаа Нана и ПусиХантер, подостапни се вака :!: . Издавачките куќи и писателите нека му ја мислат за останатото..

    [​IMG]
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Не е дека нешто особено се замараме за тоа каква читателска публика си имаме и на каков начин издавачките куќи се обидуваат да ги заинтересираат купувачите. Си коментираме.

    Само што ете, јас на ситуацијава не гледам само од аспект на читател.
     
    На Antoninaaa и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  17. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Браво за времето што заврна иначе мојата соба уште ке плачеше за чистење :lol:

    Одвоив 2 саата но тоа беа нај корисните 2 саата во последно време што сум ги направила , сега собата ми свети , како да сум ја реновирала а не дека сум ја средила :rofl: .
    Не се знаеше кое каде е ептен ја бев запуштила , но сега од мерак да седиш, вака кога ке си ја средам додека пак не ја запуштам не ми се излегува од неа....

    А згора на тоа мириса цела соба на лаванда, подобар освеживч за просторија од лаванда нема , прекрасно мириса....

    Сега е време за уживкање...Кафеннце, баладички , и уживанциј...
    Поштено заслужен одмор ....
    Надвор врне , нека поврне подолго време овие дождови се најубави.... :rock:
     
  18. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    http://www.kurir.mk/magazin/scena/15401 ... -na-rakata Што е ова? Зарем некој нормален би го направил ова? Јас и за некој кој што најмногу го сакам не би го направила, а не пак за некој си пејач... Свашта. :x :x :x :x :x
     
  19. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Нешто уморна сум деновиве.
    Па,може и од мојава болка,физичка.
    Не знам.
    Сепак,ми помина работно денов.
    Генералка и плус,фатив книга.
    Колку да не биди без ич.
    И да.
    Си најдов две одлични слики.
    Една мотивирачка и другата малце,помалку.
    [​IMG]

    [​IMG]

    Ајде добра ноќ луѓе.
    :hai:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.976
    Допаѓања:
    90.419
    Пол:
    Женски
    Мајка ми е најхрабрата жена што ја знам не дека ми е мајка но навистина и се восхитувам.
    После 25години сакам да сум како неа,толку стабилна,добра,насмеана,издржлива ...
    Мајка ми секојдневно работи по 14-15 часа за да имаме убав живот,еве таква и е (ни е) работата за тоа се определиле и одлучиле пред 18 години,веќе толку долго го имаме нашиот дуќан,генерација на сестра ми е :lol:
    Не само мајками и туку сите сме таму, со сестра ми им помагаме колку можеме, сепак тоа е нашиот пат до парче леб .Ни татко ми ни мамајка ми немаат друга работа.
    Но работа како работа се си има своја тежина.
    Многу е напорно да си по 15 часа со луѓе,со секакви луѓе со разни размислувања и пред се ти треба секогаш да си насмеан расположен,среден како што ти доликува ... Доколку тоа не е така има коментари :Што ти е денес,зошто си се намрштила,зошто си нервозна,па некои дури и прашуваат: што си толку насмеана,
    Да таква е работата и свесна сум и јас а и моите дека секој проблем од дома треба да остане дома а купувачите да бидат на прво место тие да бидат задоволени ....
    Татко ми е повлечен човек и тој како мајка ми е предобар,во досегашниот мој живот не сум слушнала некој да се жали од него или да каже дека татко ми се скарал со некого.
    Немаме проблеми татко ми и мајка ми целиот живот се заедно во брак се 23 години а претходно во врска биле 9 години,постои голема љубов меѓу нив и разбирање ,но како времето поминува годините и работата се ствара се повеќе тенизија и нервоза има покрај нив и тоа заради работата :|
    Знам дека тоа е така бидејќи друга причина нема,како што вели мама: се добро дома,а проблеми од луѓето кои секојдневно ги услужуваме...беспотребни нервози и караници заради трети лица кои немаат никаква улога во нашето семејство но сепак влијаат многу...

    Многу ми е тешко што не сме нормално семејство што немаме нормален живот ,не постои слободно време,нема слободен викенд ,нема убав муабет .... Се е набрзина :( ... Тие секојдневно се преморени,а и јас, психички и физички измалтретирани ,доаѓаат дома го пијат последното кафе и од умор заспиваат...
    Ех колку пати сум ги будела да си се преместат и да легнат каде што им е местото,колку пати наутро сум го слушала татко како станува пред алармот да му заѕвони,колку пати мајка ми станувала порано за да направи јадење или да си заврши некоја обврска ...
    Ги жалам навистина ги жалам,се жалам и јас што немам пред кого да се отворам и да разговарам кога најмногу ми треба,колку пати сум ја проколнувала работата што ја одбрале и сум плачела што никогаш не сме заминале на заеднички одмор...
    Но мајка ми вели :бидете среќни што со оваа колку толку опстануваме ,тешко е но тоа е нема друго

    Некогаш ми доаѓа да побегнам и да не се вратам дома да бидам сама да с одморам,но неможам ...
    Ако не сум јас кој ќе им помага,како ќе се справуваат сами...и повеќе од 3 дена да не сум дома мислите ми е кај нив,како се дали се добри,да не се скарале поради некоја глупост,дали се нервозни ...
    Некогаш им велам :како ќе створам јас мое семејство,како ќе ве оставма јас сами ,што ќе правите без мојата помош :?:
    А мајка ми ќе каже :Ти гледај си ја твојата среќа,ние ќе проживееме ,ќе се снајдеме,нема вечно да бидеме толку силни како што сме сега,се си има свој почеток и крај

    Да се си има свој крај но незнам кога ќе биде тој крај.Само сакам да се насмеани и да имаат мирен сон,да се сложни и уште долги години да ми се живи и здрави,тоа е најважно затоа што без нив не би можела да продолжам понатаму ...

    Морав да се отворам и да кажам дел од оваа што сега го напишав... знам дека вие ќе ме разберете и сватите,само со вас можам да сум најискрена и најотворена :)
     
    На SparkyAngel, bittersweet, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.