Треба да се знае што е паметно па да утврдиш што е тогаш глупо Штом цела година не си прочитал ништо паметно тогаш логиката твоја е..не си имал попаметна работа
Браво Бабе јас во позавиена форма да не биде навредливо сакав да го напоменам но ти поубаво го изпрезентира. А бе не рекле бадијала искуството се стекнува со годините. Секоја чест
дека љубовната болка кога тогаш минува,спомените избледуваат,но во срцето секогаш ќе имаш еден празен дел што никој неможе да го исполни и така ќе остане.
На помладите членови кои допрва почнуваат на факултет би им рекла блазе си ви колку само позитивна енергија и еуфорија ве обзема од упис па до прием на факултет. Ме навраќате на еден дел од времето на кое не сакам да се сеќавам. Од денот кога поднесував документи за факултет па некаде до трета година од моето студирање, живеев во пекол но преживеав. Немав никаква позитивна ниту добра мисла за упис, немав ниту елан за учење, ниту мотивација, бев опкружена со лоши луѓе како во приватен живот така и на факултет, бев газена како тепих, понижувана, навредувана без причина иако на сите помагав. Но се се промени кога подоцна се разделив од сите нив. Ниту сама не знам како се променив. Болката, тагата, повредата, навредата ме направија посилна личност. Променета беше видлива. Добивав коментари од типот ти си друга личност, многу си среќна, нон стоп си насмеана. Последните две години од моето студирање беше рај за мене затоа што сфатив дека постојат и добри личности, кои се вредни со нив да збориш, со нив да учиш, да се дружиш и забавуваш. Најмногу се каам за пропуштената можност што не се осмелив да го почувствувам вистинскиот студентски живот, во смисла на тоа да престојувам во Ск со цимерки било во стан било во студентски дом. Да бев похрабра ќе имав долг мир од стартот на факултетот, ќе променев многу други работи па одговорно тврдам дека и денес не би била овде каде што сум. Но никогаш не е доцна за нов почеток, нов предизвик. Којзнае утрешниот ден каде ќе ме однесе, може засекогаш ќе заминам од овој град. Па после ќе се збори камен фрли и повеќе не се заврти.
Здраво народе! Шта се ради? Добро бе Кечапчо, ок, ќе се вратам на сцена. Следно кажуј конкретно дека ти фалам да поднапишам нешто, не вака со индиректни постови да праиш забуни и збрки . Туку, шала на страна, не дојдов за да се занесувам, сакав да пишам нешто ама како и цело лето уназад така и сега, ми испари. Ќе речеш топло беше другите денови, ама за сега немам баш некое оправдување . Ај да не биде дека поминав само онака да направам гружва, еве ви сонг за попладневно друштво. Blow out the fire, don't be so shy ... In the dark, I see your smile. Do you feel my heat, on my skin... , ваша М,
После 2 милениуми ќе се реши човек да оди на шопинг и ќе зажали што го направил тоа. Влегуваш да го пробаш она што ти фатило око и во рок од тие 5-10 минути додека пробуваш 5 пати ти тргаат завеса. 5 пати. Деца мали трчаат низ бутикот, тргаат завеси, си влегуваат внатре додека некој се пресоблекува, на мајкиве не им е грижа. Дете е, не знае што е правилно, а што не, ама родителиве барем маааалку повеќе да обрнат внимание на децава не би било лошо. Постари нетрпеливи теткици и некултурни тинејџери трчаат до секоја можна пресоблекувална божем светот ќе пропадне ако почекаат 2 минути. Додека сум внатре секогаш мрдам, претам како улава со лактите в завеса, да им дадам до знаење на луѓево дека е зафатено, ама ќе се најде некој онака крвнички да ја стрга завесата и душата да ти ја извади, а притоа некој рандом купувач да види се'. Друга работа е тоа што една од продавачките нагласи дека сегде е зафатено и дека треба да почекаат. Тешко било да се праша дали е зафатено пред да направиш некој да се засрами поради твоето нетрпение. Запомнете, почитувани луѓе: Кога завесата од пресоблекувалната не е тргната настрана, тоа значи дека внатре има некој и е зафатено, ќе си почекате. Осет, елементарна култура и трпение-што беше тоа?
Ova da go napises vo edna od temite,gnevni i "osetlivi" majki ke te raspnat. Decata trcale i narusuvale necij mir...ma nemoj..
Одма имаш аргумент: значи ние мајките дома треба да се затвориме со децата, а? А? Не си мајка, ќе видиш по неколку години како е.
Утре ми е прв ден на работа , мислам дека ќе приумрам, ем од страв (да не згрешам нешто , пошто сум родена за грешки правење), ем имам срам, дека не знам никој , смотле невидено сум шта чеш
Животот ме научи дека не се лавици оние кои не плачат, лавици се оние кои паѓаат и стануваат, гребат, врескаат и плачат кога ги боли, им го кршат грбот и повторно продолжуват напред. Лавици се оние кои плачот в миг може да го прекинат, и кожата сами да си ја милуваат наместо да молат за милост и оние кои продолжуваат....само продолжуваат напред....
Имав лош ден, што се претвори во лоша недела, што се претвори во лош месец. И сега сакам само да спијам, до наредната година. И да се будам за да јадам лепчиња со авокадо и кромид или ајвар.
Не треба да се затворите но треба да се воспитаат децата, да им се рече што не е во ред да прават! Знаеш ли колку пати кога сум на банкомат ми се случило да ми дојде дете од 5 години, ми чепка на копчињата, мајкава на мобилен збори ич не и чуе, го гледа дека чепка ништо не му вели! Колку пати ми се блокира банкоматот со картица заглавена па ни пин не можам да внесам! Што треба да направам, да му се развикам на дете, јас ли да го воспитувам! Колку пати имам речено госпоѓо приберете го детево , ми смета, не можам да си завршам работа и еве вака као тебе ми се понашаат па и уште превртуваат очи, ко ја да сум крива што не си ги воспитале децата! Се случило да шетам низ град, децава шетаат со мајки мизерни, прости, ми креваат фустан на мене и на неколку девојчиња. Ама нели децава се заштитени не можеш да преречеш, педофил, манијак, тепач ќе те направат. Некна гледав емисија на Канал5 со девојче што наводно изработувало икони знаеш како се понашаше како уличарче, без култура. Го грабна микрофонот, збеснуваше во студио , од кревање на фустани до трчање а емисија во живо! Водителкава пропаѓа во земја а мајкава гајле си нема, си молчи. И не верувам дека тоа дете имало талент за тоа, прво нема основна култура и воспитание па за други работи да не зборувам. Да не речам за деца што зборуваат глуп, прости работи што не се за зборување. Не се децата криви ама родителите кои не ги воспитале да! Има многу деца кои се воспитани и знаат како да се однесусват и воопшто не треба да внимаваш додека шеташ низ улица, град, идеш на гости како ќе се понашаат затоа што некои родители си се поставиле како авторитет.