Поздрав и благодарност до двајцата 'мажи' што откажаа од мене кога му кажав дека имам панични напади (воедно анкс) и ми рекоа : Доста измислуваш, сама се си правиш. Крива си сама. Ти да не си забегала? Ко ќе си во ред барај ме. Добра, така нека биди а ми требаше само некој да ме фати за рака и да ме поддржи. Фала, што не ја разбирате мојата состојба. За машкоста Можеби и јас грешам шо кажувам. Сепак, не е до вас до мене е, ви ја покажав слабоста. Грешка. Лекција. Шо ќе ми биди убаво ко ќе се ослободам од се....... Ќе ви докажам што СЕ пропуштивте. Поздрав И имајте убава саботна вечер
Некој ден ќе земам ќе напишам оглас: Барам нови другарки! Искрени, отворени, паметни и љубители на пиво и свирки. Да не се пријавуваат драма квинс и дволични идиотки оти ќе има последици! Ух. Се исфрустрирав. Озбилно ми требаат нови другарки во животот. Забавни луѓе. Наместо машки да ви се пуштат јас ќе ве здружвам. Одам на Широк Сокак во бело сега. Ако се здружам со некоја ќе ви кажам.
Извини шо ти враќам ама да кажам нешто сакам. Ко се запознав јас со дечко ми имав ужасна ансиозност и панични напади. И ми беше страв да не испаничам пред него и затоа му кажав на второ гледање. Му реков вака и вака ми е одам на психолог ако не си заинтересиран ок е. И ми рече знам како е. И јас ја имав 3 години. И со него ми помина по долги месеци... Не се замарај со такви идиоти. Тој што ќе те разбери ќе вреди повеќе од сите тие идиоти заедно. А до тогаш можеби и сама ќе си ја победиш! Поздрав
Поздрав до тебе најголем Мене повторно ми се јави, но пред 5 години јас пиев лекарства и бев најверојатно во тешка фаза. Но, срам ми е да му кажам на наредниот. Сепак, не губам надеж. Шо викаш можеби тој ќе вреди за 1000ници. Поздрав и ти благодарам за поддршката. Имај убава вечер на Широк Сокак
Еве јас Не да сум љубител на пиво Ми откажаа сите за белата ноќ ќе одиме и на крај ништо, да не можиш за забава да се договориш. Знам дека убава забава пропуштив, јбг
Доста ми е веќе од лажни другарки кои гледаат само на кој начин да те искористат,лицемерни те бараат само кога им требаш инаку не те познаваат,подобро сама ќе седам него ли со такви ,,другарки'' да излагам барем знам сама на себе сум најдобар пријател.
Еднаш гледав еден филм за жена со early onset Алцхајмер, и ме потресе многу. Не знаев дека баш и на нас може да ни се случи тоа. Тогаш сеуште не знаев дека и дедо ми ја има таа болест. Раните знаци почнале да се појавуваат во 2009/2010 кога почина и баба ми, а тој изреагира на некој несоодветен, чуден начин, за кој тогаш не сум била ни свесна. Вујко ми преска беше кај нас, ослабен е, исушен, изморен. Тоа е човекот што можам да кажам дека го сакам најмногу, а сам е на светов. Само тој и дедо ми. Се мачи, има болно срце, работи за бедна плата а се грижи за него и за дедо ми, кој е веќе во поодминат Алцхајмер и не знае како да се справи со него. Знаете ли како е тоа татко да не си ги препознава сопствените чеда, сопствените внуци?! Кога одев кај нив, и да не знам за болеста, а сепак го приметував чудното однесување на дедо ми, да одам во засебна соба.. Да не знаеш кој си, што си бил еднаш во животот, вреден човек, се изнамачил работејќи цел живот.. Да не знаеш од каде потекнуваш, својот роден крај, за кој толку време жалеше и сакаше да го однесат моите пред некоја година. И не го однесоа, проклети да се, проблематичен беше да, но да го знаевме ова што го знаеме сега, можеби ќе му ја исполнеа таа желба.. Последен пат да си го види својот град, свесен. Мајка ми мисли дека сум бесчуствителна, не се грижам за дедо ми, не ги посетувам, ама не можам. Немам сила, не можам да го гледам тоа, да се запознаваш секој пат кога ќе отидеш одново и одново, не знам како да се справам со сето тоа.. На мајка ми преска и рекол дека се гледало дека е многу добар човек... Ретко пуштам солзи, но си плачам од прееска. Си велам, што ако истото се случи и на вујче, на мама, на брат ми, на мене?! Никој не заслужува таков живот, никогаш. Ми тежат уште многу мисли на глава, ме измачуваат.. Ама другпат. Дедо сепак заслужил нешто само за него.
Сакам да кажам дека цела вечер палам цигари со два потполно празни упаљачи, значи двата ги доближувам и ги палам во исто време за да направам мало скоро минијатурно пламенче....
Судбината ни е запишана на дланката Но кога ќе ја сокриеме за никој да не ја знае па дури и самите Стануваме силни
Многу пати сум била приморана да бидам меѓу пушачи, да трпам и да дишам чад, а притоа од некаква си култура да не можам да му речам на тој што пуши дека ми пречи. Добро бе вие со цигарите во рака: Мислите ли со тоа мозоците никотински затруени дека околу вас можеби има некој со астма, аритмија, или друг проблем со срце и дишење? Па 15 пати ќе добиев напад, едвај си го контролирав дишењето, тоа сегде чури околу мене. Не е ваш личен простор во јавност, па вие да одлучувате каде ќе запалите а притоа на некого во лице да му дувате чад, ако му пречело на некој нека се помести. Уште им пречело дискретно и културно доење во јавност ама кога се работи за нивното труење, кој му пречи не смее да му рече, нели негов живот било, ако сака нека пуши. Епа да ваш живот е, коа веќе се труете, трујте се самите себе, и не приморувајте и некој друг да ве трпи, имајте предвид малце дека некој не сака да трпи, ама мора. Култура да се немало. Барем да имавте некоја полза, некоја потреба од тоа, ама не бе. За тие што вака палите цигара кога има луѓе собрано околу вас едно ќе кажам ; Луѓе без осет сте! БЕЗ ОСЕТ!
За многу од нештата и за моќта на осознавањето, отсекогаш за најверодостојни сум ги сметала сетилата и нивната моќ. ...мирисот на лаванда кој се протега молкум од саксиите на балконот низ отворената врата, преку која се слуша призвкукот на мелодијата од некоја шансона. Имаме некој од Музичка Академија во комшии, а немаме поим кој тоа прекрасно ни свири и пее скоро секој ден; финиот материјал и структурата на деталите изведени на чипката од мојата омилена долна облека, која ја чувствувам додека ги пресоблекувам пижамите по будењето и облекувам нешто „ко за по дома“. Одот до бањата и кујната, со призвукот кој го даваат моите боси стапала (да ме види мајка ми, ќе ме убие, ја замислувам како ц'цка во негодување и ме потсетува дека за одење по плочки постојат папучи и дека сум женско и дека имам јајници), буричкањето низ полиците во кујна, текот на водата од славина, клокотењето на ѓезвето од кое се шири мирисот на тазе турско кафе. Вкусот на првата голтка горко кафе, која ми го пара грлото и истовремено ми ги буди сетилата уште толку. Вибрациите од моите гласни жици додека сонливо и речиси со шепот го карам со некое си: „Абе ајде станувај, ќе почнам да ти се лигавам со „бебооо“ и „сонце“ називи!“ И се појавува (конечно) ко исфрлен од арката на дедо Ное, нормално, бушав ко глуварче ( ) и ми негодува со: „Мммммм, ќе те згмечам“ и некои такви навидум излитени фори... Недела веќе некое време не ми е недела. Онаа досадна, депресивна недела, во која како да морам да го изгланцам целиот стан до најситната прашинка. Недела, врвот во хармоничното синхронизирање на сите мои сетила. Со душа ja чекам недела, дури и смешно ми е, затоа што...не ми се верува дека ова си го кажувам на глас.
Внук ми собата ми ја направи полигон за возење,25854 автомобили,камиони,авиони ги пресели во мојата соба Расфрлани се низ цела соба,ама ако! Нека се радува собата А само јас ли не бев на Белата ноќ? Изгледа да!
Убо беше. Да кажеше порано ќе те земев со мене Ајде ќе се дружиме оти да не јас сум дружељубив чоек посебно со пивски луѓе
Зошто постои љубов? Треба да постои само мајчинска љубов и ТОЛКУ. Не треба ниедно друго глупо чувство да постои. Не треба да имаме чувства во нас ако не ги сакаме. Јас не сакам да имам љубов спрема никого. ЉУБОВ, ОДИ СИ ОД МЕНЕ! Емоции глупи, одете си од мене! Абе поарно срцето некој да ми го извдеше и да ми исфрлеше, отколу ова да го видев. Не сте луѓе, вие говеда сте. Секоја моја солза и секое мое забрзано чукање на срцето од нервоза, дупло ќе ви биде наплатено. Почнувам да градам ѕид околу моето срце. Отсега никој нема да допре до него. Никој.
Часовникот е превртен наопаку. Врти во спротивен правец. Времето нема значење. Сонот не познава катче меѓу минутите. Сакам да спијам мирно..
Не знам што им е на луѓево, многу се незадоволни од одговорот на прашањето “како си?“ - Супер сум! и велам. Ама не, не е доволно и продолжува “Ама, реално она вистински, како си?“ - Ама супер сум!!! Што им е на луѓево? Не смеам да бидам супер? Да бидам среќна? По некое правило треба секогаш да има да ме мачи нешто? Не бе, не се задоволни и не се задоволни со таков реален одговор. Јбг не си ми психијатар, ама и да ми беше одговорот ист ке е “Супер сум!“
А, зошто да не верувам дека СЕ ќе се среди еден ден? Колку повеќе не верувам толку полошо за мене. А сакам да ми биде добро. Единствената опција е да веруваме дека ќе успееме. Нема друга опција, не постои. Добар ден
И мене ми пречат цигарите.И јас кажувам кога ми пречи.Некој цело време во лице да ми дува не можам да издржам ниту пак поденсувам и најмала мисризба на цигари.Еве во зима нека се смрзнуваат надвор со тие цигари.
Кога читам коментари како Ви е преку глава од лицемерни другарки и барате нови бескрајно му сум благодарна на Господ што имам најпрекрасни другарки на свет. Две ми се. Како очиве си ги чувам. За цел живот ми се. Не ги менувам и не ми требаат нови и точка. Горда сум на нашето другарство што го негуваме со едната веќе 15, а со другата 6-7 години. И ќе трае. Како што ќе си ги шетаме децата така замислувам и внучињата ќе си ги шетаме.