Неκои луѓе немаат сρам, ниту мозоκ. Додеκа се возев денес во автобус, имав масажа на мозоκот од еден постаρ господин. Почна да ми филозофиρа и на κρај пρужи ρаце за да ме фати за газ. Ало бρе? Κаκо не ви е сρам да се пуштате на млади девојчиња, магаρиња стаρи? Сешто дρжи земјава.
Колку луѓе, толку табиети. Некој со некого може, некој друг пак, со истиот тој не може. Она што некому му пречи, на друг пак, не. Некогаш со самите себеси можеме, друг пат и тоа ни е тешко. Па ќе речеме "од оваа кожа, во друга не се може". А пак, да укривиме друг, секогаш ни е најлесно. Оти, да речеш за себе, не чинам, всушност да го препознаеш моментот кога суетата твоја истрчала пред тебе, па направила беља. ...E тоа е состојба кога навистина се познаваш себеси, па со полно право можеш да речеш, таква сум, тоа сум јас.
Ми се пиеше кафе во град,другарките најдоа 500 изговори,не ги помолив ич,си го зедов внук ми за раче и најубаво си поминав Уживав да го гледам среќен како трчка низ парк,се крлаше,се возеше на количиња и така,после се напивме едно кафе на широк сокак,уствари јас де,тој јадеше шлаг пена. Веќе не молам никој за излегување,си имам најдобар,ама најдобар нов пријател. Го сакам И нема врска што има две ипол год,разбира повеќе од возрасните
Во пластично од сладолед некогаш ќе најдеш сарма, ама некогаш палачинки. - Животот објаснет во една реченица.
Денес сретнав една и се потсетив на дедо ми еднаш шо ми кажа, уствари он стално по нешо паметно знае да ми каже. Пиевме кафе у двор и една ко помина дедо ми кажа охооо ама те загледа оваа, ако реков, грда е. Он ми рече не е бе само незнае да се нашминка. Така денес оваа шо ја сретнав тип топ средена стварно личеше ан нешо, ама ми текна каква е кога е "обична" и ми падна
Во добра намера да и докажам на другаркава дека греши што излага со помал,плус со некој што си го лади со неа,а се дружиме долго време ,ми замери госпоѓава,со тоа докажа дека ме става на исто рамниште со некои стварно лошо што и мислат.Некои работи не требало туку така да се кажат,епа девојче ти не ја цениш мојата искреност и тоа што знаеш дека сум во право тебе те уништува...боље сурова вистина ,него лажна љубезност.Ке се снајдам јас,ти ке останеш сама.
СД си Кажам што ме мачи. Значи не знам колку држи вода заклучоков ама мислам дека карактеристика за Македонците е што ги потценуваат другите луѓе освен себе си. Еве на пример во Србија и Америка нема толкава дискрминација, толеранцијата е поголема затоа што Србите ги имаат Ѕвездите на Гранд и воопште ги подржуваат на секакви типови на луѓе. Исто и во Америка, колку поголема драма(искажување чувства) повеќе те сакаат-барем за селебрити е така. Еве пример сега излезе акцентот на луѓето со Даунов синдром, потоа плус-сајз модели...Колку повеќе си различен повеќе те ценат и помала дискриминација има за сите луѓе. Нели владеат со мотото - "Сите сме луѓе,еднакви". Тоа во МК го нема, и најлесно е да се каже "Абе овој ли? Па тој вака/онака..." Така да мислам дека ми се потврдува тезата дека сме народ што пребрзо донесува одлуки и потценува, не им даваме шанса на сите што не е добро за општеството во секој случај. Друго, за комплесксиве... Дали тие луѓе што ги хејтаат на оние што слушаат турбофолк и сметаат се најолшо за нив(алергични се) уствари имаа комплекси на не знам што или се работи за нешто друго?
Роденденот е денот што го чекаме цела година.. За една година постара али ја уште се осеќам ко да сум 3 години у паметот, детето во мене никогаш нема да дозволам да го снема Мајка цел ден се распремала дома салати, кифли, благо, брат ми ми правел честитка, бидејќи на 8 години друго не можел да ми купи, а мене доволно ми е и само една прегратка, само искрена да е, а татко ми па, мислел дека правам 1 година појше од тоа шо праам, абе забораен чоек. Ама и покрај сите комедии ја многу си ги сакам. На фејзбук, ко секоја година дволичност на ниво, ич не мораш ни среќен роденден да ми пишеш ако не ти е искрено, свашта, али тоа е во време на социјални мрежи мора да се навикнеш на тие лажни особи. Ќе прославам со најблиските и тие што најмногу си ги сакам, друго и нејќам од овој роденден освен позитивни и искрени особи кои се тука со мене кога и да ми е потребно, а тие лажните и негативни нека се исчистат од мојот живот, поубаво е без нив. И повелете на торта, за сите ви чувам по некое парче.
Колку си ти сладок овие твои гестови што буквално ми го разубавуваш денот. Како демек случајно дојде до нашата маса и побара дали е слободно столчето иако имаше слободни одма до твојата маса. И баш па и немаше некоја потреба да се прошеташ едно 5-6 за да те видам. Што уште треба да се деси за да го направиш првиот чекор или ме чекаш мене? Епа срце мое ако мислиш дека јас прва ќе ти пишам или пријдам, нажалост се лажеш
Зад другата страна на женската совршеност која импресионира, но и инкогнира. Убавината повлекува и жртвување. Вклучувајќи го и раното станување. Се пронајдов
Ако секој ден е нова лекција ако со секој ден се трудиме да стануваме подобри од тоа што сме биле вчера, јас денес знам дека за да сакам некој јас морам да му се восхитувам, за да сакам некој морам да учам од него секој час, за да сакам некој морам без срам да го прашувам за секоја ситница, за да сакам некој морам да знам дека сонува, да знае што сонувам..... Добро утро.... нека и денес биде нова лекција, нека биде еден чекор кон себепознавањето!
Ја затвотија најдобрата сендвичара во градов... сите почнаа по ресторани и lounge bars да одат и им замина прометот...се осеќам ко во некоја далечна иднина да сум каде сендвичарите исчезнуваат. Квалитетен хамбургер да се немало во градов... ех на што спаднавме.
СДК дека треба да бидеме толерантни према тие што се ,,изгубиле,, на својот пат Да не им се замерува и да им се зема ,,здраво за готово,, тоа што го зборат... Незнаење, љубомора и зајадливост излегуваат само од изгубена душа