"Знаеш дека е готово кога повеќе ги сакаш спомените, отколку човекот кој ги создал." Ќе се убијам колку е точно ова !!!!
Хахахаха еве да се насмеете така добро пред спање хахаха.....Лека ноќ но првин погледнете го видеото https://www.facebook.com/photo.php?v=353242708117637
Мајка со 3 деца, се сликала покажувајќи среден прст и сликата ја објавила на фејзбук. Јас моиве врснички не ги сфаќам со тоа сликите со средни прстови, ама МАЈКА СО 3 ДЕЦА, па каков пример ќе е таа за нив во иднина, а едната ќерка и е на моја возраст и така мојата мајка да се сликаше, озбилно ќе ме фатеше срам и не знам уште што... Очигледно е, светот пропаѓа.
Целам директно во центарот затоа што така се успева во животот. Нема многу аир од заобиколување пошто тоа е вртење во круг. Не е во тој контекст ставена сликичката во мојот потпис ама ете ми даде инспирација да сумирам некои филозофии. Потписот е симболика на мојот ник дека ловам опасни и непокорливи мачкици меѓу останатото во слободно време. Само ве гледам подобро преку нишанот не пукам без гајле шетајте си ги газињата. Лека ноќ. До сега јас ви бев чувар на сите што спиете, ама и мора да
Сакам да кажам дека периодов ми е многу мило што не сум Македонија. Не сум преплавена со предизборниве кампањи, митинзи и 300 други чуда. Не знам што се случува и најискрено не ме интересира. Но, од друга страна ми недостасуваат моите, да ги гушнам, видам, да седнам и направам муабет со нив. Ми недостасуваат улиците на мојот град, другарките, кафулињата, згодните момци кои ни крадеа воздишки. Ми недостасува она време во кое единствен проблем ми беше што да облечам, да отидам нашколо, да научам, да испаднам, да шетам... Но, секој период си носи своја убавина и свои проблеми. Планини кои треба да ги освоиш, мориња кои треба да ги препливаш. Уживајте во секој момент во денот. Не знаете што ке ви донесе утрото.
Подршката и разбирањето од саканата личност се најубавото нешто што може еден човек да доживее... Љубовта,насмевките и убавите моменти се само доказ дека таа љубов е вистинска,сила добиена за сигурно чекорење напред,сила за живеење поубав живот и чекајќи го утрешниот ден. Убавина која секој ден прераснува во се поубави моменти... Не чекајте момент за да кажете некому дека го сакате,кажете го тоа секогаш кога ќе почуствувате,отворете го вашето срце и разубавете го денот на човекот којшто ви значи се ,насмевнете се и разнежнето го и вашето срце Имајте убав ден,мојот веќе е преубав
А, ти дан знаеш ??? Оди, прочитај што пишуваше завчера во денешната младина, после паметовај на други. На 15год. ти се искрши од работа.
Ти со кое право ми се обраќаш мене вака Што ти е девојче имаш некој проблем или ... Да да очигледно е дека имаш проблем па ми лечиш овде комплекси шириш негативна енергија и ги згрозуваш сите со своите раззмислувања Недорасната ... Ај бегај оди прочити нешто што ќе ти служи во иднина.Научи како треба да се однесуваш
А ти демек знаеш на твоите 15 години што е тешка работа. Ајде доста шириш негативна енергија. Кој што сака ќе пишува.
Подобро тоа да не знае, отколку да не знае основна култура, почитување и разбирање, како ти. Засрами се. СДК, според Аристотл, луѓето кои не ги интересира политика, се нарекуваат идиоти. Плус, ослабена сум дуууури 2,5 кила, и се познава по малку. Уште малце, да ме соберат новите фармерки. И ненормално многу ми се ужива, а дури сега иде тешката работа....ах
Денеска бев тресната од земја како и многу други.Мудрец како мојата професорка нема.Многу би дала за еден ден поминат во разговор со неа.Прво нешто што ми остана в памет е нејзината реченица: „Многу грешно е сфатено училиштето.Не е се до пасусите сервирани во учебниците.Во училиште не се доаѓа само за да научите за науките,овде треба да научите да бидете човек.“ Ах,да...понекогаш и професорите прават грешки...Од никого друг не сме добиле такви совети.Ова беше нешто поразлично од „Вие треба само да учите,ништо друго...“. Потоа, таа продолжи со нејзиниот зарипнат глас „Веќе и поразлично значење имаат зборовите,среќа, љубов,успех...среќа не е ако имаш по длабок џеб од другите,успех не е ако си ја купил и најубавата куќа на светот...“ Вистината се слушаше...немаше место за лага.Се прашував дали има нешто по вистинито од тоа. „Сите ние зборуваме за тоа каква е денешнава младина,за тоа колку е се загадено во 21 век...но никој од нас не застанал решително да придонесе за тоа да не биде така.Никој од нас не се навистина нафатил да проба да ја придонесе за сопирање на таа епидемија „21 век“.“ Во секој момент сакав да скокнам од столчето и да ја прегрнам.Зборуваше,тешките зборови на сите ни одѕвонуваа во главата.И продолжи: „Свадбите,родендените...како се слават во денешно време?Се чини дека невестите да би можеле во очите дијаманти би ставиле.Зар има толкава потреба та да се мора да се оди на десетина фризери и уште толку шминкери?А за родендените...ние родендените ги славевме дома со смоки,пица и сокче...со домашно направена торта...Не се трошевме по кафани...А сепак се добро се забавувавме и бевме среќни,весели...Иако тортата не беше украсена со стотина „џинџири минџири“ сепак за нас тоа беше највкусната торта...А и заборавив!Се внесе и нешто ново-„полуматура“.Па уште и како се слави-девојчиња осмооделенки одат по фризери,прават нокти облекуваат штикли 12 сантиметри,фустани со отворено деколте до колена...а зошто?Како божем постигнале нешто...па и матурата нема толкаво значење та да се слави...Завршете факултет,вработете се па славите,барем ке имате за што.“ И на крајот,заврши: „Нема излез од ова.Ова е еден зачаран круг кој нема крај...Нема спас...“ И се чу училишното ѕвонче.А желбата да останам остана само желба...Подобар училишен час од тој немаше...Знам дека со ова професорка можеме да излеземе од училиштето како луѓе. „Сите ние сме човечки битија а реткост кои од нас се луѓе.“ !
Ете како одма се мрда од мртва точка кога ќе си најдеш работа. Не е совршената, но е работа. И засега е добро, здравје во иднина и подобро. Друго нешто... кога ќе престане човек се' да си зема при срце многу полесно се поминува денот. Не можам веќе да се замарам со туѓи проблеми и судбини. Немам енергија и сила едноставно. Има периоди кога таа претерана чуствителност и емпатија не ми дава мир, навечер се вртам во кревет и размислувам за туѓите маки и несреќи, како јас да немам свои. ...И така пополека многубројните помени ми го одбележуваат периодов. Прв пат во животот сум цврсто решена дека треба да го решам тој мој проблем со ужасно балансирање. Живот во екстремни рамки не може да доведе никакво добро, барем не долгорочно, а преку глава ми е веќе да живеам без компас и без конкретен план. И кога мислам на план, не мислам на некоја илузија што си ја замислувам во глава, туку постапно осмислен план со цели и точки и како до остварување на тој план. Не дека се ќе иде по замисленото, туку барем да имам увид кога ќе го играм орото, две напред три назад, до каде ми е прогресот. Понекогаш е жално кога ќе се свртиш назад и ќе видиш како си размислувал, што си очекувал од себе си, какви идеи и планови си имал. Како вчера да беше кога уште бев средно, а сето ова што се случува денес ми изгледаше толку далечно. А времево толку си лета и не те прашува за кочница. Мислиш дека има време за се', а уствари за колку работи немаш и ќе снемаш. Малку депресивно можеби звучи мислењево, ама не го доживувам воопшто така, затоа што го сфаќам како онаа точка во животот кога нагло преминуваш од вжарена глава што мисли дека знае се' како треба во возрасен човек што не знае ништо, но е спремен да се бори, истражува и да го извади максимумот. Микс на емоции, но главно позитивни.
За некои луѓе очигледно е дека Најтешка работа на светото , е да си ја гледаш својата работа !!!!!!!!
Имам голема почит, голема респект кон одредени типови на луѓе. И сакам да ги поздравам истите - тие што слушаат рап - мислам дека секој знае да слуша и разбере R'n'B, поп, и сл. а не секој може да разбере рап. (Си тргнувам од другарката, ја слушала Only God can judge me од Тупак, една од најпознатите рап песни и според неа Тукап само Only God can judge me викал во цела песна ) - тие што слушаат рок, метал - секоја чест, имам почит до таквите, и овој тип на музика како рапот е тешко да го разбереш - хипиците - мислете дека е лесно да веруваш во мир во светот, љубов и такви работи денешно време? - тие што вежбаат, се обидуваат да ослабнат или само си го одржуват телото - секоја ви чест, самата знам колку вежбањето е напорно -тие што веруваат во духови, вонземјани и сл. т.е. така нареченити freaks - денешно време е многу тешко да веруваш нешто во пто не верува мнозинството и да не бидеш осудуван или наречен луд - позитивните луѓе, постојано насмеани - луѓето што знаат повеќе на тема „Другата наука“ - храбрите бремени жени и весели, психички и физички активни стари луѓе
Дали е нормално да си купам машки патики? Ама озбилно, многу се поубави машките, наспроти женските. Башка тоа, кога ќе ти дадат четириесетка број, а калап триест и шестка. Затоа, кај машките нема проблем. Па дури и машките парфеми се поубави.
ќе гласам за тој што ќе го намали рекламниот политички блок за време на избори на 10мин дневно ... ми здосади... да имав папагал дома досега ке викаше ДРЖАВАТА ПРЕД СЕ ГЛАСАЈТЕ ЗА...а може и цела програма ќе ја знаеше уф едвај чекам молкот да почне
Вчера се вклучувам тука и што да видам,директен пренос од митингот на Вмро во мојот град .Се заседнав уште па вклучив да ги слушам,се зезам дома викам демек ради дождот дома ќе ги гледам .Aман веќе од таа пуста политика,секои 20 мин се политички реклами,и само се препукуваат меѓусебно власта и опозицијата,не се интересни веќе .Со душа го чекам молкот! Tуку,денот сончев а јас сум расположена,за промени ,за убав живот и така ми минува времето.Одвреме навреме си имам кризички ама брзо ми минува .По незнам кој пат се уверив дека животот го прават убав малите нешта,и дека здравјето е најважно од се. Какви мисли таков живот,ширете позитивна енергија за да ви се врати ,и насмевнете му се на животот за тој да ви се насмевне.Имајте убав ден сите
Јас си купив машки еве две недели како си носам машки патики и баш ми е гајле....По комотни се , не се тесни па и поубаво стојан на нозе...