Значи лекариве овде секој ден се трудат да докажат колку им недостига емпатија. Брат ми со внатрешно крварење на стапало, со болки и отечена нога се обраќа за помош во Градска болница, за да му помогнат и добива одговор "Е јас што да правам, да ти ја исечам ногата ли?" Не, туку да му помогнеш, па макар и со давање совет што треба да прави и за колку дена ќе зарасне вената. Ногата му ја снимаа и преврзаа патем, ама секогаш мора да се најде некој ваков кој ќе искоментира, па на крај да помислиш дека може и стварно не требало да отидеш на преглед.
Секој ден се повеќе се изненадувам, плачам,пагам и никако да ми дојде умот... Ретко можат да ме повредат зборови , но од блиските премногу болат. Преголема разочараност имам од луѓево околу мене...
toae... zalno ama vistinito .. nekoi lujge ednostavno nemaat oset ni kontrola batali i zivej si go zivotot po tvoe..
Ни дојде на свет убавицата мала Знаеш дека треба да се роди, очекуваш секој момент и сепак кога ќе ти се јават си препревозбудена и пресреќна како прв пат да слушаш дека требало да се роди А тек кога ќе го видиш Ако ваква радост е за внуче, тогаш какво е чувството за свое дете? Како сите дроги на светов да си ги примил одеднаш и се осеЧаш ко да Љетиш
Некогаш одамна, верував дека не постои поголема болка од крвави колена и лакти. Потоа мислев дека пораснав и големата светска болка беше скршеното срце; сите беа идиоти заинтересирани за голо месо и згодни нозе, а јас сакав моите танки нозе да трчаат во ист интервал со некој кој ќе посака да продре малку "подлабоко" од клишето наречено тинејџ-авантура. Имав само 17 години, а толку голема љубов кон животот покрај некој вистински посакуван... Откако навистина пораснав и станав самостојна, дојдов до заклучок дека секое едно нешто во животот е минливо, само болката по изгубените блиски луѓе останува вечно зачаурена во некоја од ќелиите на умот. Спакувана во црна кутија, се отвара во вистински моменти, да те здоболи потсеќајќи те на сите тагувања во кратки и остри секвенци. Не знам дали денес сум позрела и попаметна или уште си ја носам истата навидум наивна глава на рамениците, меѓутоа сигурна сум дека најголемата болка од сите големи болки кои би можел да ги зададе животот, е онаа да се изгубиш себе си некаде во густите виуги на црн вртлог. Боли неопишливо многу, кога си го гледаш сопствениот одраз во огледало и не можеш да се препознаеш; каде ли ми се изгуби насмевката, која сум, чија сум? Секој имал таков период, верувам, а верувам дека и секоја болка поразлична од оваа полесно се пребродува доколку се осознаеш себе си. Всушност, силни сме кога сме се осознале и се имаме самите себе си за потпора и пријател, тоа е и најголемиот дар на светот. Никогаш не дозволувајте да си се изгубите негде по пат, занесени со болки од различен степен кои ви го роварат срцето...
СДК незнам што ми е во последно...премногу сум уморна и ненаспана постојано..на работа очите ми паѓаат. Не бев ваква. Не сум човек што можи да се убие од спиење. Гледам онака нормала 7-8 сати да спијам, и пак џабе. Дали е до времето или до нешто друго незнам. Ама одвај чекам да залади. Ми се смачи веќе. Ако не нешто друго, барем студот ќе ме расонува
СДК, секој ден е зрно песок од песочниот часовник кој што се врти наопаку во моментот на раѓање. Зрната се ронат едно по едно... Мислете, правете, творете....незнаме кое зрно е по ред....незнаеме уште колку зрна песок има после ова сега што паѓа...
Не го разбирам јас тоа дигање у облаци без основа. Што се наличила оваа? Башка највеча секс икона?! Ма ајде... ни икона, ни највеча, ни секс. Мене не ми е привлечна, но ај тоа на страна да го ставам. И кој што сака нека рече, ама не стои убаво вака испружена, да и се претура вишокот масно ткиво. Не сум ни јас фатална згодњоча ама барем не се оптегнувам вака како риба на суво. За самоувереност треба стварно да имаш на што да се потпреш. И не мора тоа да е тело, нека биде друго, ама да има нешто. Убаво е секој да си се сака себеси ама уфилмавање дека е нешто изнад остали, кога реално не е, е тешка дијагноза. Можда на „мотивирачкава слика“ друга била целта, ама лошо се изјаснала. Плус нешто ми фали моментот за психичката лабилност и злоупотреба на дроги, ама ајде, битно она има заводлив поглед на сликава.... Со неоснован препич, ништо не праиме. Смешно е. Tуку, утре е 1ви септември, а јас не ни знам која смена сум . 1-ВИ СЕПТЕМВРИ! ОООООООООХ време, ти птицо неуморна! , ваша М,
Едно од помачните работи во животот е да те боли половината. Вчера си правев чучњеви изгледа од тоа ќе да е. Не можам да се наведнам, едвај седам само сакам да ми помине. Инаку нема фајде од трчање по стаза, пола време ми помина во чистење на очите од мушички кои ги има на секој чекор и не знам дали само мене решиле да ме напаѓаат. Да не коментирам за мојата фобија од жаби и одвратниот звук што го испуштаат. Да си седам дома јас, ниту половината ќе ме боли, ниту мушички ќе ми влегуваат во око. There you have it, problem solved.
Смачено ми е од луѓе на кои највисока цел во животот им е да стапат во брак и да имаат деца кои во остатокот од животот ќе ги користат како изговори за неостварените соништа.
Сонував дека ми паднал Пасатот на грепка. И радосна одам со грепката му се фалам на сите и едно време ми текнува дека треба гаража да направиме за колата и дека ми требаат пари за возачка, а имам трошоци за новата дома да ја уредам. И се разбудив. Си велам е*ати животот ни во сон неможе чоек рајат да се израдува без резерва. Опседнати сме со проблемите и обврските дури и кога спиеме.
Доста е мачење и тупење мозок и глава,ке оставам све на времето.Времето ке ги покаже правите работи и вистинските вредности.Она што е мое ке си дојде,а она што не е мое,ке си замине еднаш засекогаш.
Ти пишувам денес под сонцето,да ме читаш утре под дождот,под јоргованот. Не знам која боја ти се очите ниту каде заспиваш.Би сакала да бидам ноќна сенка.Во ноќта црнила.Сум.Колку ли страници пропуштив кога не пишував.Како ли дишеше.Слушнав си тргнал на исток,а јас сум секаде,во визбите во аголот од улицата,Оти писатели многу има,а ти не знаеш што сум јас,ниту дека еве седмо лето со исто перо пишувам,не оти немам,нс нашиот пазар за шише млеко би ми го дале,но јас од ветрот купувам. Ти пишувам денес,да ме паметиш утре.
Пред некое време, некоја членка имаше пишано за тоа како сака да биде мачка, поради тоа што немале никакви грижи и проблеми. Седам во двор и ја гледам мојава мачка, си лежи гајле си нема. Ниту се замара со тоа што утре е први септември и почнува школската година, ниту со тоа што да облече, како да ја намести косата... буквално со ништо. Најадена, напиена, ништо не и фали. Жими сè и јас сакам така!
Не можам да ти простам што дозволи да живеам со овие луѓе. Што не знаеш да пресечеш со нив кога е потребно, а потребно е одамна. Што дозволи се ова да го видам, да го слушнам , да го почувствувам. Што не ме заштити така како што треба. Преголем хаос за мало дете, прегласни викотницни за тинејџер , а големи лузни за возрасен. Доста е . Ајде да бидеме себични. Нас да ни е убаво и мирно. Не сакам цел живот на грб да носам туѓи погрешни одлуки. Да страдам поради нив. Не сакам веќе да сочуствувам кога никој не сочуствува со мене. Границите се скроз поместени, време е да ги доведеш во ред.