Колку брзо помина времето, го добив трофејот четврта годишнина на фемина. 4 год на фемина, иако не пишував многу и не бев активна ама редовно ве читав тука и скоро сите ве знам немој да помислите дека лично ве познавам. Сега во последните неколку месеци почнав да пишувам и да ве дружам повеќе, се надевам дека ова долго ќе трае и ќе имаме убави спомени. А сега да ве почастам
Кој рече дека инатот е лоша работа? Може да биде насочен и кон желба за успех. На пример можам да се заинатам да успеам по секоја цена. Или да живеам среќен живот по секоја цена.Е тука нема промашај мили мои верувајте. Само следете ги своите соништа и бидете инаетливи на патот кон успехот. Тоа ке ве направи издржливи ѝ ке ви го зајакне уверението дека можете се, без разлика како се чуствувате. Од денес може да се заинатите дека нема да ги минувате деновите тажно и со жалење, оти не се враќаат а многу ќе ни требаат кога ќе им раскажуваме на нашите деца и внуци. Не е само да им раскажеме колку ни бил тежок животот туку и како лавовски сме се избориле да смениме нешто. А можеме, секој ден.
SDK deka ubavite ama gupi lugje se kako krasnopisot. Koga gi gledas oddaleku izgledaat elegantno i seksi. Ama ako gi zagledas poubavo iodblizu...i koga ke procitas sto e napisano..pihh..se pagja vo voda.
Посебно ако си како мојава. Кралица. Само дома чувана, те гледаат како очите свои, те галат, си одмараш на тераса по цел ден, им се плеткаш во јадењето и не те бркаат, туку што и да јадат тда и даваат да пробаш, спиеш оптегната на кревет, кога сакаш се закачаш, си играат со тебе, кога не сакаш не те замараат. Абе милина. Сакам да се разбудам задутре и се' да е во ред.
SDK deka sakam gosti,duri povekje da mi doagaat otkolku da idam,no ne da preteruvaat istite dva dena po red Za prv pat posakav porano da odam da si legnam so kerka mi,posto rano zaspiva,pa prilikata si ja iskoristiv i si zaspav do sabajle,opravdano neli
Деновиве ме обвзема длабока носталгија, меланхолија за септемврскиот ден, месец септември.. Кога го слушаш оддалеку првиот џагор на децата кој што неуморно трчкаат дома што побргу да кажат на родителите како поминале тој ден, нивните ранчиња и првите книги, ми недостасува кога сега се сетам и нашето маалско собирање на диви костени на најрашумената наша улица после училишниот ден. Жешкото примамливо сонце кое неуморно свети, но свети овој пат во други бои, во бои на есен со благи длабоки зраци испод гранките. Лисјата кои што лани ги газев во доцен септември, слушајки ги како паѓаат и створаат магија од топлотни бои кои што се приказна за себе и за никој друг. Си ги сакам и панталоните мои со кондурките што ги искинав од носење, ми беше шубе да ги фрлам. Газев и газев на најрашумената улица, улицата со изобилство од бои и есенски мирис, се свртев и по костенот. Таму беше.. за него времето не беше поминато. Тој сјај, таа магија секоја есен стои а ние растеме и стануваме возрасни личности низ времето поминато до костенот. Тој е ист, но јас не сум. Колку ми фали таа магија на мирисот од бабиното старо раѓосано ќумбе, кое чадеше неуморно цел месец, ајварот, компотот, мармаладот, пинџурот и салцата.. Тоа беа деновите кои што се радувавме и нејморно работевме во двор извалкани од црвените пиперки и обгреани со есенското сонце кое што печеше овој пат на поинаков начин. Времиња.. Се е исто, ама јас не сум, луѓето не се.. не знаеш патот каде ќе те однесе и не знаеш каде ли се ќе се најдеш.. но таа носталгија, тоа што го имаш во срцето од мали нозе не се менува, стои и те потсеќа на секој септемвриски ден. Секое годишно време носи свои приказни и е прекрасно на свој начин, на своја идила.
Би сакала да пронајдам некоја голема скала висока до небото која ќе ми дозволи да ѓи прегрнам сите оние таму горе или пак само да ми дозволи да ја почувствувам нивната блискост,повторно..
Бруки сум целата значи... Си појдов на кафе а новчаник у друга ташна... Среќа со другарки бев, да бев на дејт ке беше интересно...
Спојлер: Ништо паметно Кај нас дома поголеми се проблемите на Фатмаѓул, Сакине, Џемиле итн. наспрема нашите реални проблеми! Се нервирам, многу се нервирам за глупостите на моите родители! Еве не знам што да направам памет да им дојди не знам.
Најдобронамерно не прави ништо, на тие години тешко дека ќе можеш да ги промениш. Знам колку е тешко да си во таква положба, но пробај да ја насочиш енергијата кон себе оти ќе те исцрпат обидите да ги смениш. Биди се што не се тие. Не го сфаќај ова како солење памет, истите ги имам дома, не знам колку години си, што побрзо се помириш тоа подобро
Што и да направиш џабе е, на тие години не се менуваат, и моите често ме нервираат, се трудев да ги сменам ама видов дека неможам, па ги прифатив такви какви што се. И да, од 8 до 10 на мајка ми времето и е резервирано за гледање турски серии .
Имав катасрофален ден! Прво се случи нешто неочекувано и не убаво. Второ не знам како може воопшто да постојат луѓе од следниов тип: Жената и детето дома ми се, а ја шо си запознав една АВИОН .... и така натаму раскажува за швалерката. Сестра му од страна дополнува дека многу е убава типката шо ја запознал брат и. И луѓе како: Ја идам у казино да, си играм рулет таму ова она, и купувам на жената по сто пара чевли и само фирми носам ...... На страна ова небитново.. Се надевам се ќе биде во ред. И ова што се случи ќе се среди. Му треба време да. Малку повеќе ама ајде ќе се среди. Уморна сум, пишувам со полу отворени очи. Идам рано во кревет.
Прееска бев излезена со брачедка ми и додека си одевме сретнав едно мало дете.Немаше ни 5 години,и облеката му беше многу стара Немаше никој со него а после дојде една жена изгледа мајка му беше со едно бебе во рацете Го изгаливме со брачедка ми беше многу слатко дете,и мислев што ќе му дадеме пари подобро ние да му купеме нешто за јадење и пиење.Mене ништо не може да ме расплачи ама кога ќе видам такви деца што немат дом,немат што да јадат срцето ми се кине Зашо некои луѓе имат се а некои ништо ? Не можам да го заборавам малиот како ме гледаше го имаше најтажниот поглед
@mynameislove Во нитуеден поглед не сум слична на нив, ниту носам нивен ген. Знам дека не можам да ги променам, но се трудам да спречам катастрофа, која би ме чинела и скапо би ја платила само јас... @Sashko1992 Нека гледа турски серии ама нека не глуми лудило на потресеност за актериве во серијата кои се платени да се трескаат, да плачат и да врискаат наспрема нашиот реален проблем со кој живеееме со години.... Заборавив прееска да спомнам за еден бивши. Не знам што му е на човеков што бега од мене како смртта да си ја гледа. Не знам како да го сфатам бегањетокако моја грешка во однесување или негова засраменост за глупоста што ја направил? Да заклучиме Од мене ќе побегне, од сенката ќе си побегне ама од грижата на совест ако си ја има тешко.
Утре одам Италијааааааааа Хаха возбудливо е... Иако малце сум нервозна за патот, бродот, и триста други гомна шо си ги помислувам оти сум паничарка, ама небитно. Битно ќе одам! Најтешко ми е Марли кутето мое да си го оставам на две недели Сонце моеее! Да можев да си го земам шубо би било. Беше болен плус, ми е страв да не му се деси нешто дури не сум тука да треба да се фрлам од негде. Му напишав дома два телефонски броја од ветеринари и му оддржав 10тина лекции на сите од поширокото семејство дека ако му е нешто одмааааа да викаат ветеринар! Денес го преизгњавив! Да можеше барем да знае дека кај и да одам во светот тој ми е секогаш во душата и во мислите
Кога мајка е убедена дека има одличен вкус за СЕ и дека слободно може да се остават работите во нејзини раце. Постои доза на сомнеж, но кога е сигурна во себе не останува ништо што би можело да се направи Си доаѓам дома после работен ден и што ќе видам ..... Ѕидовите во дневниот простор варосани во сина боја .... Зедов фломастер и почнав да цртам рипчиња ... За жал само делот со рипчињата беше шала
Го мражам стемнувањето,паѓањето на ноќта,кога сите чувства надоаѓаат и сите спомени се враќаат и кога се покајуваш за работи што не си ги направил бидејќи во тој момент си бил исполнет со доза лутина и бес и немоќ. И мразам кога треба да се разделам од најблиските и кога солзите надоаѓаат како река и само течат и течат.....
Точно 5 месеци од веридбата ! Кога поминаа? Стварно ми се падна лажицата во медот. Фала му на Господа. Нека ни се множат ♡