Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Сдк гледам некои статии по ФБ се врткаат од некои недоквакани 20 годишни автори, кои уште не се ни дообразовале а пишуваат статии по портали. Како провинцијалците го расипале Скопје, не знаеле како да се однесуваат биле прости, сељаци,глупи.
    Е ова кога ќе го прочитам ми иде да се лишам од овој свет, како може некој да се замара со други луѓе. Како може на некого да кажат што си дошол во Скопје, па божем дома му отишле на гости.
    Што има некој на некого да му соли ум.
    Па имало куќен ред во Ск и требало сите да се придржуваат кон него. Е куќен ред само дома ќе си имам и ќе внимавам со оние на кои им е гајле за мене, за мојот живот и мојата иднина а не да имам ред за оние што не ме ни познаваат што не би ми ни помогнале и да можат.
    Кои прости и сељаци се само ваквите пишувачи (не знам како да ги наречам, автори ,новинари, ништо не се). Што се искомплексирани со другите луѓе, најверојатно оти не успеале ништо во животот па другите им се криви.
    Јас не ги делам луѓето на Скојани и провинцијалци (па нели за грците сите се Скопјани, цела МК) јас ги делам на човек и нечовек. Така и ќе биде, ако имаш душа и чисто срце е тогаш си најголем на свет.
     
    На doubleinfinity, vitomir и hermosa им се допаѓа ова.
  2. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Ангелот во мене исчезна. Го нема. Ѓаволот ја доби работата. :devil: Ех, ангелче, каде си токму кога најмногу ми требаш?? Те повикувам со денови, а ти не сакаш да се вратиш.. Не те обвинувам, околностите те избркаа. Еден ден ќе се вратиш, го знам тоа. Но, засега, ќе бидам полоша од секогаш. Ќе им ги уништувам сништата на оние кои ми наштетиле. Ќе бидам ЃАВОЛ :devil:
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Во градскиот парк позади ГТЦ - „Жена Борец“ веќе некое време стои посебен простор за оставање храна на бездомниците и гладните сограѓани. Доколку патот ве води токму од тука, застанете во некоја пекара, купете некое пециво или ѓеврече, оставете го во кутијата, ќе измамите искрена насмевка од луѓето на кои тоа навистина им е потребно. :)

    [​IMG]
     
    На SparkyAngel, Mama25, bittersweet и 22 други им се допаѓа ова.
  4. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Значи колку чуден и извитоперен народ сме во ова нашево опшество, неможам да си поверувам.
    Комплексот на самоуништување, владее, во сите.
    Комлексот зошто да имаш ти, а да немам јас, исто.
    До кога вака, до кога????
    Зошто има оволку злоба во луѓево? И после се чудиме зошто младите бегаат од Мкд, е па баш за ова, зошто нема простор да се успее во ова држава, баш поради овие нешта.
    Те гледаат ти тргнал бизнисот, ти пуштаат најблиските инспекција, и тоа претходно те набљудуваат за да ти го направат тоа.
    Ама ако, фала богу без непријателите човек неможе да успее, нели?
    Тие се понекогаш главен двигател во секоја работа, те воздигнуваат штом толку се замараат со тебе како поединка, и само ти даваат елан да гураш напред.
    Јас би ве почастила ,,драги,, , да се заблажите, да не ви падне шеќерот во блиско време.
    Следува ва-ва-вууммм !
    Поздрав!
     

    Прикачени фајлови:

    На Silver.E, Barbie20 и Marossa им се допаѓа ова.
  5. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Си измислив ново хоби - буричкање по шкафот и испробување на бесмислени комбинации. :D
    Многу е забавно. :hai:
     
  6. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Токму ова сакам да го кажам: Јазикот не ни е сиромашен, туку ние не го познаваме доволно :tmi:
     

    Прикачени фајлови:

    • 12345.PNG
      12345.PNG
      Големина на фајлот:
      140,2 KB
      Прегледи:
      284
    На hermosa и PussyHunter им се допаѓа ова.
  7. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Абе Биле, Биле. :rofl: Ако мислиш дека е лесно да се расправаш со луѓе погледни се себеси, ќе ти стане јасно колку се сите на светот разнолики и како лесно знаат да згазат на нечии живци.
     
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Друже, добриот нишанџија се крие во снајперско гнездо :!: Ветер ќе уловиш вака како си се размафтал со пиштолот на мегдан :lol:
     
    На sadgirl21, Daydream и PussyHunter им се допаѓа ова.
  9. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Добро не ме сфаќај и ти толку буквално повеќе се зезав. :) Си го изгуглав никот на интернет и освен порнографски сликички од очигледни причини поради зборот
    pussy
    се појави и оваа интересна сликичка па си викам ајде да ја ставам во потписот малку да ми го краси профилот. :) Не го вадам снајперот непотребно, само кога стварно сакам да пукам т.е. ејакулирам. :lol:

    Интересно е ова ама ајде оди кажи на некоја покрупна женичка онака на шала кај си ма дундо. [​IMG]
    А запази ја оваа комбинација ем официјално значење ем дијалектна употреба: Ајде не дундај дундо една. [​IMG]

    Сепак некои зборови треба да си го задржат алтернативното значење. Во Хорацио стил ставам 8)
     
  10. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Се мислам како да разбарем некои луѓе.Не дека е моја работа, што и како прават, туку едноставно се прашувам Како можат? :?:
    Нели се свесни дека со своите постапќи ѓи повредуваат своите најблисќи?
    Како живеаат со помислата за стореното?
    Дали го сметаат за исправно, па дури и се гордеаат со тоа?
    Имаат ли барем малку срам, и грев?

    Најмногу ме загрижува помислата дека луѓето се менуваат на полошо за жал.
    Човекот од своето постоење се стремел да се усовршува, да напредува, да си го олесни животот.
    Тоа е всушност и смислата на нашето постоење како луѓе.
    Дали човекот како најпаметно суштество на оваа планета го достигна совршенството, до таа мера тоа да го полуди?
    Имаме речиси се,освен она најважното :l:.
     
    На Mama25, hermosa, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.737
    Пол:
    Женски
    Значи луѓе, до кога јас вака ко потресена ќе паничам секогаш кога во рок од 2 минути нема да најдам нешто во ташна, и одма ќе го прогласам за изгубено и ариведерчи, kiss it goodbye? :tmi:

    Денеска ми доаѓа приватен и ја барам слободната, испревртев едно 3-4 пати се низ ташна, уште фалеше на тротоар на автобуска што не ги вадев една по една книгите, и така ја барам, ја барам, и секако, како докажана паничарка, си викам, сум ја посадила некаде. :D Па се вратив и назад во школо, и кога и таму не ја најдов више си ѝ реков адиос, ариведерчи, ауфидерзен и се тоа. :D
    И така се качувам во автобус и ми текнува дека завчера во мантилот што го носев си ја пикнав едно време во џеб. Али пазете, мора по дифолт тогаш да ми текне, откако ќе ја побарам насекаде каде што сум влегла во школо (иако бај д уеј нигде не ја вадам картата освен во автобус). :D

    Пред некое време па што ми се деси, што да ви кажувам. :D
    Ми текнува така во автобус да ѕирнам во ранец, и гледам ми „испарил“ клучот. И одма си правам филм у главата, готово од дома ќе ме отселат. :rofl: Пошто моите па бетер паничари се, штом во најкраток рок не си ги најдеш клучевите во џеб, одма си ствараат сценарија како е украден, па одма следи крими филм, како може да се случи некој да провали и тако даље... :D И така јас доаѓам дома, не им ни кажав во моментот и отворив случајно ташната што ја носев претходниот ден за излегување. Слушам ми затропка нешто, ама не го гледам... и верувале или не, тоа поставата на ташната да се скинала, па во тоа дупче да нашол клучот да се пикне. Мистерија или комедија, не знам... :D

    Така јас до пред едно 5-6 години, рецки да ставав кога ќе изгубам нешто, цела соба ќе ја исцртав, во основно таква бев што главата уште што не сум ја изгубила во школо. :rofl: После кога почнав поредовно мобилен да носам, се опаметив троа, ги отворав очите малце поише. А сега повеќе си имам мака со ствари што ги оставам по разни ташни, фармерки, палта и се друго што има џебови, и што ќе помислам дека наводно ми се изгубиле. :D
    Идам јас да соберам се што ми треба во една ташна, ајт поздрав. [​IMG]
     
    На SparkyAngel, bittersweet, LittlePinky и 5 други им се допаѓа ова.
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    До кога бре луѓе зборот морално ќе го користите како синоним за задолжително?

    Еве го објаснувањето за зборот морален од “Современ лексикон на странски зборови и изрази“ од Љубо Миќуновиќ: морален- што се придржува кон моралните правила; честит, чесен, исправен, дисциплиниран, предан на должностите; душевен, духовен, внатрешен.

    Значи еднаш за секогаш морален [​IMG] задолжителен.

    Морален не произлегува од мора, туку од морал.

    Пред некој ден пишувајќи нешто се сепнав кога сфатив дека прво ми дојде да пишам морално наместо задолжително, баш поради тоа што оваа грешка ја среќавам насекаде, што значи веќе потсвесно ми се врежало дека морално е правилниот избор. :x.

    Го пишувам ова во оваа тема, а не во темата Правопис, бидејќи сметам дека овде ќе го видат повеќе луѓе.
    Се надевам дека барем некој во иднина ќе престане да ја прави оваа грешка, затоа што посебно лошо изгледа кога некој коментира за неговото образование и начитаност, а во истата таа реченица го користи зборот морално.
     
    На mimiiiii, Mama25, bittersweet и 20 други им се допаѓа ова.
  13. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    [​IMG]


    :wasntme:

    [​IMG]
     
    На Doozy и imelda им се допаѓа ова.
  14. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Абе што не фатите да работите, да пишувате, да се трудите и веќе преќинете да мрморите за провинцијалци и самопрогласени автори.
    Ако има подобри, спасете се себеси а и нас, излезете на површина и бутнете ги овие никаквиве долу.
    Веќе од мрчење...

    И да не се разбереме погрешно, не сум љубител на делата на Лајна Грејс и оној како го викаа, што се обидува да биде ко Џамбазот.
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Да има некој да дојде да ми свие алиштата... :?:

    Штракнав на дизни каналот и се загледав во Рататуи(?) и сега се туку не ми се станува, ако станам е само да си земам некои грицки оти ми се пријаде како на трудна жена само што видам јадење на чинија, па се филмам какво јадење јас ќе спремам за вечера. Ни времето не можам да го кривам. Бог да чува, сакам да заврне за да имам изговор :D

    Имало веќе официјално болест, ТАТ, од тајерд ол д тајм. Е, ај да им текне и офицјално да прогласат болест Лејзитајтис. Лек нема (остајте ја вие рачката од метлата), и тоа е, болест, не е до мене :wasntme:
     
    На ozbilnazena и bittersweet им се допаѓа ова.
  16. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    И јас претходно имам напишано мислење, баш во оваа тема, со надеж дека "академските" граѓани, во најмала рака барем тие, и сите други еднаш засекогаш ке го сфатат и запомнат соодветното значење на овие зборови. :)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    Ментални сте сите. Ама баш сите. Очигледно штом не разбирате ништо. Од мене толку.
     
  18. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    И ова и многу други работи ќе се случуваат кога позади некои профили стојат дечиња со по 12/13 години, а напишале на профилот дека имаат по 20 и нешто години , и ќе ни солат памет, и ќе не советуваат за некои работи од кои немаат ни поим.
     
  19. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Оди прво прочитај и информирај се што значи терминот ментални,па после пишувај глупости.
     
  20. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38

    Многу добро знам што значи. Бев само искрена, ја кажав вистината, а вие ме направивте дека сум за лечење. А сите знаат дека тоа што го кажав е вистина.