Што го гледав фудбалот што се нервирав Абе за ништо не не бива баш за ништооо... Еднаш некој ќе ја израдува ли оваа проклета земја Македонија? Абе што да правиме, се наопаку излга на крај. За 15тина мин не можеа да се одбранат, барем да не примија гол Слабаци! Дрва! Такви се Македонците за се! Само да се нервира човек... Пандев остарел, ослбел, топка не фати а најјак играч е, епа замисли другите какви се идиоти ми го расипаа денот
СДК Од секогаш сум имала доволно цврст карактер да кажам НЕ! Единствено слаба сум кога ќе ме прашаат: Дали сум сигурна?
До пред некој ден по купачи се шлапкав во вода,сега со џемперче го чекам пристигнувањето на есента. Секое годишне време си има нешто убаво.Како секој човек што има нешто посебо во себе,така и времево. Прееска,поминувам низ едно мало тесно уличе,гледам дека есента навистина многу се приметува по бојата на листовите,мирот,тишината,дождот. Кога бев мала есента и не ја сакав баш,доаѓаше време за школо,домашни. Но,од некоја страна бев и радосна доаѓаше време и за зимници,ајварче и време на дождови. Тоа ми беше омилено,ме смируваше,опушташе И сега ми треба истото,некое тивко,мирно место каде што ќе бидам сама со чај и некоја добра книга. На вакво депресивно врмеме моментално ми треба само одмор,мир и тишина. Ништо друго.. Многу ли барам?
СДК го обожавам времето Обожавам кога е ладничко, смуртено, кога врне дожд тогаш се чуствувам свежа и исполнета. Времето е сега само за читање на некоја добра книга што ќе те однесе во некој поинаков свет Порано го мразев ова време ладно, облачно, дожд, не ми се излегуваше никаде, бев нерасположена, немав желба за ништо, а сега просто уживам Имајте убав остаток од денот, искористете го максимално.
Јак тренинг +добра музика = Young Spirit 4ever Колку само свежо се почувствував со само 30минутен домашен тренинг
За мене иделен дождлив ден се поминува со топло какао и саканиот под ќебенце,да го гушкам како мече.Но мојот идеален ден постои само во моите мисли, се надевам ќе се реализира многу бргу во реалноста.
Сакам да заспијам и да се разбудам барем после 5 месеци.....колку полека ми поминува времето,бројам денови до следните обиди за бебуш....еххххххх...тежина на душава
Утре е голем ден за мене. Дожд се истури, ај може има добро значење и ќе ме огрее сонце. Држете ми среќа.
Сакам да кажам дека пре-гледувајќи ги Хари Потер филмојте, по не знам кој пат, овој пат со дечко ми, ми светна нешто во глава како на пример ... нели за да идиш во Хогвортс до 11тата година треба да имаш магични карактеристики, е сега во случај да немаш, туку тие карактеристики да се појават после 11тата година - ете ги македонските гатачки и бајачки !! А и многу ме интересира дали Kyle има сопствен jewbox ...
Некoи луѓе ги дoбивaaт пoсaкувaните рaбoти нa пoлесен нaчин, a некoи нa нaјтешкиoт. Јaс сум oд oние втoрите. Сaмo штo рaзликaтa е вo тoa штo првите ги земaaт рaбoтите здрaвo зa гoтoвo, a ние втoрите (ќе) ги цениме пoвеќе.
Сакам да кажам дека не можам да сфатам или сум природно смотана дали државата си ги приграбува парите од донациите за себе? Па добро, не ми е јасно зарем производи од 50 евра за во школо за секое дете од поплавените подрачја вклучува 1 тетратка, 1 линијарче, 1 моливче и фломастери? Па каде е ранецот, од злато ли е таа една тетратка? Срамота, мизерни сте. Ми се повраќа што живеам покрај вакви изроди.
Ете го и дождот. Го чекав. Ми прија...или ми пријаше...притисокот уште низок, главава ми е тешка... Ова се оние денови кога зборовите се излишни. Друштвото од секогаш било најбитно. Чаша чај, омиленото ќебе и ТВ. Си глеаме ракомет заедно. Сум забораила да стиснам испрати отиде полувремево..