Никoгaш не сум сaкaлa дa рушaм мoстoви зaд мене.Нo некoи се срушувaaт без дa имaм тaквa нaмерa.Кaкo нa детскa нишaлкa.Зa дa дoбие едниoт другиoт мoрa дa изгуби. Штетa.
Ниту нож, ниту сабја, не може да ми го раскрвари срцето колку текстот на некоја песна што ја слушам. Некои песни ми доаѓаат како сол на рана, ми предизвикуваат солзи на очи, ме потсетуваат на тоа во каква сенка се претвори некогашната среќна девојка. За кого се прашувам? За кого леам солзи? За вредното што е изгубено или за невредното што посекако го немам? Вечерва на репертоар Ѓорѓи Крстевски.
Некогаш е тешко да ја прифатиме реалноста од поинаков агол. Се што ни се случува, добро или лошо и го искусуваме во различни периоди од животот, не е ниту само црно, ниту само бело. Промените водат кон нешто поразлично и подобро од доброто искуство што сме го стекнале низ годините. Во се постои пукнатина низ која продираат зраците. Светлата точка блеснува тогаш кога сме подготвени да го забележиме нејзиното постоење...
Црвено блузе сатен, дискретно искинати фармерчиња, пеглана, нашминкана, се сум ја скоцкала, спремна е за вечерна журка со Коцев Ја искарав да не претерува со пиење оти сепак ми е мајка, плус во години жената, не сакам да ме брука Враќање во разумно време оти не планирам да останам неспана од грижи
Не знам зошто секојпат кога ќе погледнам во темава Сакам да кажам ми иди да речам сакам да не кажам...
Да живееш значи да правиш избори. Често се прашувам,што ако го одберев тоа,наместо ова. И кога ќе се вратам назад,пред неколку години,се започнало со една мисла,со една случајна одлука. И пријателите,и љубовниците,се нашле на нашиот пат кој случајно сме го избрале. Тоа ти е,како кога ќе се најдеш на раскрсница. А цело време се најдуваме нели ? Ако ја избереш улицата право,ќе ги сретнеш тие. Ако ја избереш улицата лево,ќе сретнеш некои други. И кога ќе размислам,ништо не е случајно,се е така како што треба да биде.
Освен тетка на внук ми почнав да му служам и како полигон за возење,буквално ме тера да легнам на спална и сите коли,камиони,автобуси ги вози преку мене од глава до пети Ќе се изнавози онака убаво и потоа јас правам разни акробации со него,што ќе ми е теретана кога дома си имам подвижно тегче И така среќни и задоволни си го поминуваме денот сега откако останав без работа
Moze nekoj da otvori tema sto e vo trend ovaa esen? Ne deka sum vo trend nego cisto da vidam sto ke se nosi na evropskite ulici. Blagodaram
Дедо ми умира.Институциите го враќаат назад.Немало слободен термин воа ноа.Како може човек има срцево заболување,шеќер и триста др болести да чека со месеци за едно мочано снимање ? Како може на човек што неможе да јаде,да пие,да спие веќе со месеци да му речат чекај си како сите останати ,и да не му дадат итен упат ? Сега благодарение на Мој Термин и на нивната нестручност дедо ми е во кома,,Кај ќе им оди душата ?
Жално е ова со здравството,се додека седиме со скрстени раце и чекаме нашите најмили да умираат како глувци така ке си остане,за здравството бомба една и крај на сите мачења. Господ нека му помогне на Дедоти.
Македонките се нај-некултурни како никогаш порано ќе да е до некој нови шарени медиуми ...нека е за арно
Да одамна ме немало на форумов, Еве сум сега и тука - накратко да пишам некој коментар. Купив што купив, бев на кафе, сега малку чистење по дома. Е и не мораше да најдам непожелни гости, обично доаѓаат кога не сум дома, и си бегаат кога не сум дома, ама не очекуваа брзо да се вратам, ги изненадив.
Да кажам-да не кажам,ама морам да кажам.Животот понекогаш е многу суров,или поточно кажано-''КОГА ЧОВЕК КЕ ГО ЗАКЦА ГО КЦА ОД СИТЕ СТРАНИ''. Малер месец,по малер нема,снаата заврши во болница со крварење,и предвремено породување т.е во 30 недела,дај боже да ми е жив и здрав внукот,сонце теткино .Пробаа со секаква терапија но не успеаја да издржи уште 3-4недели барем во мешето на мама.Докторите велат дека е добар,но сепак е многу малечок,1500/43см.Оптимист сум Господ е со нас,ке биде ДОБРО. ЗА уште поголем да биде малерот одејќи накај Ск,брат ми сообраќајка,колата партал,али ајде пак ке кажам среќа што е жив и здрав,не му е ништо само колата е лом. Дај боже сега се да испадне во ред со бебчето,мама ке си излезе од болница,а тоа ке остане уште 2 недели.
@a.c.k.a Баш ми е жал, сестра на мојата цимерка е исто пред време родена и многу малечка, па израсна во прекрасна девојка исто и моја друга другарка, и правиме роденден два месеци покасно господ здравје само Сите имаме поминати низ тешки периоди, мора да си јака и со позитивна мисла, се ќе помине
И читам дека по 12 години планетата на среќата, Јупитер, конечно влегла во знакот на Вага, да им отвори пат на чудата кои посакуваат да им се случат. А јас, типична Вага, преемотивна, преамбициозна и оптимист до крај, со сенка во очите го пречекувам овој Јупитер. со страв од луѓето, со вештачка насмевка, со кожа која да биде допрена не сака. А јас, жена со 1000 соништа, со мислата на Хегел „Сите постигувања во светот се последица на страста“ истетовирана на душата, страст немам и мраз низ крвта ми шета, и омраза наутро ме буди, омраза со страв, болка, сомнежи ве себе, во секој. А јас, филозфот на љубовта, со потсемев гледам на пораката „Јупитер влезе во знакот на Вага, време е да ја вратите верата во љубовта“ А јас љубопитната, гледам дека немам за кое чудо да го барам Јупитер, кога грбот ми е скршен од една грешка, од зборовите нејзни, од делата мои. Сепак, добредојде Јупитер, не барам многу, само срцево со бескрајна љубов наполни го, за друго се ќе се снајдам сама
На баба ми и дадоа дијазепам а имаше пренизок притисок. Падна во кома жената. Да не знаеш дали да ги тужиш или да се молиш никад да не ти затреба медицинска помош.
Имаше тука една тема,дали Господ казнува Е вакви треба Господ да казнува,тие што измислиа,мој термин,тие што се вадат дека пациентите од странство имаам предност (Косовари),демек они плаќаат,како ние да не плаќаме Народов треба да се освести и да види дека нашето здраство е К а т а с т р о ф а
Кога би морала да бирам попрво би избрала да гнијам во земја и да ме јадат црвци отколку овие паразитиве околу мене од кои мир немам!