Veke e utro se razdenuva popoleka.Od pusti strav oko nemam sklopeno skoro celo denonokie..ne mozam da izdrzam veke.Bog neka ni e napomos.
Абе ние што дежуравме ноќеска не осетивте пак у 6ч ? јас сум задремала ама ме здрма пак нешто и сум будна еве, се токмам да работам, вчера не успеав да завршам :/ Имајте убав ден женчиња и мажиња на форумов Ај едно утринско да се почастиме:
Ми се спие ми се плаче, ама страв ми да си легнам, зошто ако здрма а не осетам, баба ми од што е злобна се сомневам дека ќе ме разбуди
Јас осетив благо тресење...прозорците завибрираа ама си го лажев умот дека е од тоа што се тресам ко лист..Доста си се тешев.
Добивам совет кој треба да е другарски, таков. И е. И го цениш ко таков. Неизмерно. Без оглед што не ти брка никаква работа, ама ете, личноста која го дава колку толку се вклучила во твоето, мислела на твоето, што ехе, личности кои треба да мислат не го прават, нели. Као. Ама, не е фино коа фокусот од тоа што го правиш се врти на тој што дава совет и на тоа што со одбивање на советот... го навредуваш, повредуваш. Као. Само затоа што,не ти брка тоа работа. Друг ти е планот. Пак уште и таква драма крене,толку носот го крене да ти се одмили твоето. Аман. Остај. Не ме мисли. задоволи се со тоа што еден ден ќе ми го триеш носот оти не сум ти го послушала советот,само не ми го укакувај нештото. Благодарам едно, доста треба да е, ко за другари,ех.
За време на земјотрес ми се случуваат две состојби. Или паничам и трчам наоколу или се блокирам. За претходниот во јуни-јули паничев. Со тетка ми бевме кај мене дома, плачев, се тресев и трчав наоколу Среќа тетка ми е најсупер тета како се носеше смирено со ситуацијата...така се смирив и јас. За вчера...што да ви причам...фешти од после погреб кај другарка ми дома средуваме за луѓето што доаѓаа... И оп земјотрес! Јас да се исконтролирам да не испаничам пред сите...се блокирав, ги извадив од памет луѓето.. Па следеа повици од брат ми со инструкции да пијам вода, да не го користам лифтот..и така натака. Мајка ми беше сама со мачката која идела по неа и и мјаукала што никогаш не се случува, и мајка ми знаела што следува. Ја земала во раце и чекала под врата. Паднале и се испокршиле рамки и мајка ми која нема воопшто страв, толку се извадила од памет што пиела нешто за смирување после тоа. Значи на 5ти било навистина страшно. Си дојдов дома секако попладнето. Мајка ми знае да каже од судбина не се бега. На приземје, петти, петнаесетти или куќа..она што ти е пишано ќе те стигне секако. Јас не сум сигурна баш..верувам во превенција. Тоа што цела вечер не тргнав око од мачката е сосем друга ствар. *********** Кафето испиено, чај на ред. Имајте убав почеток на неделава!
Светов ми е толку безличен што дури и сонцето ми е сиво. Монотонија, досада, материја... Зар би можел да ги обвиниш луѓето кои не се познаваат себеси? Па никој не знае кој всушност е. Никој не знае каков човек би бил ако не било неизбежно да се сретнеш со тие правила. Каков си бил како дете, пред мајка ти да ти каже дека е неприфатливо да пееш во продавница, пред на училиште да одлучат што треба, а што не треба да знаеш. Пред луѓето да ти кажат што е убаво а што е грдо. Пред другите да ти кажат што ти е потребно, а што не. Но сепак, постои нешто кое сите не поврзува. Нешто кое не тера да се грижиме за другите, да ги сакаме сите иако не сакаме да го признаеме тоа. Јас не сум во Македонија, навистина не знам како ви е. Не можам ни да ја замислам болката која сега ја чувствувате. Но тоа ми зборува за нешто сосем друго. За тоа колку сте полни со живот, полни со сочувство и љубов. Па дури и во таа поделена земја во која владее напнатост и омраза, еден потрес може и те како да ги сплоти луѓето. Сега не се важни ни партиски бои, ни различна националност, ни различен вкус за музика. Останете такви и после оваа катастрофа. Многумина од луѓето секојдневно чувствуаат вакви потреси. Не секогаш под своите нозе. Некогаш во нивните умови, некогаш во нивните срца.
Imam edno cc'kalo shto celo vreme mi cck'a, koga kje prestane da ccka znam deka treba da stanam od son. Pijam 10ml temen juice, polugaziran i so shekjer, mi se otvara oko i go pochnuvam denot.
Ме радуваат малите сончеви зраци кои едвај продираат низ облаците, малите врапчиња кои слетуваат на прозорецот каде што сум им оставила ронки и малото детенце кое ми се насмевна дури баба ми го влечеше за рака. Се радувам на мали чоколадца, малите играчки на внучко и изненадната порака на телефон.
Секогаш сум мразела искалкулирани и ограничени луѓе, ете штетни по здравјето ми биле... А денес кога ме просветлија со мислата: „ Јас сакам богат странец за маж, да си живеам убаво... доста беше работа за мене“ Се запрашав во кој век родена сум , штом сум вака романтична??? Се запрашав кого треба да го повикам на оттчет кога вака душата ми е затруена љубов и нежност да бара? Се запрашав зошто нам хроничните барачи на љубов секогаш главата не боли пред самоуверените материјални искази од овој тип? Се запрашав каде кој лек да го испијам , да си ја сочувам искреноста од ваквите малограѓански размислувања? Се запрашав зошто не сме останале робинки на мажите, кога сега во 21ви век преферираме да бидеме робиви на нивните пари и желби? Се запрашав дали љубовта треба да е форма на мала проституција? Се запрашав како ќе ги поместиме границите, како ќе ги тегнеме предрасудите со ваквите ставови врежани во нас? Filling lost во ројот прашања сум... но и filling secure во себе и во своите ставови, повеќе од кога и да било!
Баш ми е кул со антена 5 цел ден си потпевнувам и подигрувам и не мислам на вчера и на тоа што следи... Животот е сега..
Само мајка ми за време на земјотрес има тенденција да ја исклучи антената од телевизорот. Жено земјотрес е,не се грмотевици. Пресмешни потези прави,кога е испаничена.
СДК... Консумирањето главен оброк (ручек) без салата е како пиење пијалок без здравица. Некои нешта подобро се усвојуваат во својата поврзаност кога имаат поширока примена.