Синоќа ѕвони некој на врата, отвора татко ми и само слушам: Добро вечер, ние дојдовме да ви донесеме книга. И во тој момент ми се вртат некои чудни хипотези во глава, од кои најпосакуваната беше дека по повод Саем на книга, се делат рандом книги по случаен избор на куќи и станови низ градов (колку интересна идеја би било тоа). Кога подоцна слушам: Оваа е за тоа што ќе направиме, а таа што ви ја донесовме пред некој ден беше за тоа што сме направиле. Се гледаме на избори! Оф Јас и моите хипотези... Туку, пред некое време го добив најчудниот комплимент: Девојко, имаш многу убави уши. Значи, она баш идеална и правилна форма на ушна школка. Хм... Е па тогаш супер, спремна сум за рекламирање чепкалки за уши Друг начин да го искористам тоа, стварно не знам.
Кој се тоа сите ??? Еве, еден не се јави за да те одбрани... И која си ти овде на форум да кажуваш кој колку работел, исто и нејзините родители...??? Која вистина имаш ти да ја соопштуваш ? Навистина си незрела и никако не ти доаѓа паметот. Тешко твоите со тебе.
Биле, извини не сакав да се карам, но добронамерно е ова: Доколку сметаш дека е ова ментален форум со ментални членови, не учевствувај во него ... едноставно не знам што те наведе на ваква изјава ? А немам ништо против тебе, но морав ова, зошто сите не навредуваш. На 16 години, не знаеш ти уште ништо, има муви да лапаш за да сватиш
Е ај кажи ми што е потешко, работата на мајка и или на некоја жена што работи 12 саати физичка работа, стои на нозе, со гребаници на рацете? Ако е тоа потешко (работата на мајка и) и јас кажав лага, тогаш пред сите ке и се извинам на девојката.
Таа е млада, за нејзините години и браво што 15 часа работела. А има време за сите кога ќе имаме деца дома кои треба да се школуваат и прехранат , и да , факт е дека ќе работиме и по 15 саата физичка тешка работа за да ги оствариме сите желби и потреби на децата. Затоа и е мајката. А девојчето си работи за себе, за да си ги задоволи своите потреби. И да, да и се извинеш овде треба!
Ова е форум од анонимен карактер !!! Кој ти дава право да изнесуваш информации и да кажуваш за мајка и, па и за мајка ти !!!??? Ти ги жалиш твоите родители, а до вчера се молеше татко ти да умре ??? И ако имаш проблем со неа, пиши и ЛП, не мораш пред сите !
Камо среќа да беше така, и само тука на форумов да ги читам овие бесмислици. Но, многу често, "вистински" академски граѓани ги употребуваат во секојдневниот говор...
Знаете што? На форумов се вклучувам за да се релаксирам, да прочитам некое позитивно мислење(ако денот ми е тапа), да се насмеам на некое смешно мислење, да научам некои работи... Порано тоа и се случуваше, ми беше интересно, вклучувајќи го и дружењето со одредени феминки, со кои се` уште имам контакт. Како поминува времето, гледам се` повеќе кавги меѓу вас, провоцирања, и не разбирам... Со која цел го правите тоа, луѓе? Аман престанете да си дофрлате, пишете некое корисно мислење, затоа е и форумов. Друго, периодов сакам да го посветам на повеќе учење, да поправам тоа оцените. Не дека се лоши, ама... Всушност, сакам да се променам малку и да им докажам на одредени личности дека не сум таква каква што ме мислат. Ај чао, одам да читам книга.
И мајка ми работи физичка работа, па не и се фрлив на Викторија. И на половина форум тука мајките сигурно работат физичка работа па не и рекоа Уа Викторија мајка ти работи со луѓе. Иначе за зборот ментални којшто го имаш употребено за да ги опишеш членовите на форумот од кои ти патем се отфрлаш, сакам да ти кажам дека таква терминологија веќе ретко се користи дури и за оние кои имаат ментална попреченост а ги викале луѓе со ментална ретардација која пак, не е состојба за потсмејување и за посочување на некого со истата. Ама нема врска, ќе научиш има време, мала си. Тек од дома ти го прифатија дечкото, така?
Секое лошо за добро е, што и да е ќе помине. Можеби. После колку месеци, после колку години, после колку децении ќе помине? Прифати го и живеј со тоа, зарем тоа е најлесно решение? Колку само изгледаше животот едноставно. Ама што знам јас. http://www.youtube.com/watch?v=EuCfoEnsAfA
Aман луѓе само затоа што не сте имале среќа во животот не уништувајте ја ТУЃАТА... -Ги загубив пријателите и соседите , но тоа е добар знак, тоа значи дека нешто сум постигнала во животот и дека тоа не биле вистински пријатели... На секој мој успех , губев по некој пријател , сега сум толку многу среќна што ги загубив сите а сум ги имала ''многу '' ова резултира дека јас сум постигнала многу успеси бидејки не ми остана ни еден пријател... Почнавме да си го поправаме домот и приметив како соседите ме избегуваат ми беа некако како под налутели , си реков ајде може одкако имаме работа не им обрвнувам доволно внимание , па покрај големата работа почнав и почесто да ги поздравувам , да ги поканам на кафе мислев во мене е грешката и ДА...Грешката беше во мене , бидејки јас ке имам сега поубав дом а тие НЕ ! Но додека јас во неделата еден пар фармерки 3 пати го перев за да можам пак и пак и пак да ги облечам тие се врткаа секоја неделА со кесите од рака враќајки се од шопинг и коментирајки толку гласно што купиле за да можам да ги слушнам... Јас пак се радував што некој има нова гардероба додека некој ме мразеше што од устата си делевме за да си го поправиме домот...Помина и тоа сега и јас си имам гарероба но пред се си имам скромен , убав и комотен дом додека тие немаат ни плакари за своите ''Евтини крпи''.... ----Кога забележаа другарките како ме чува дечкоми се потрудија се и сешто да ме разделат од него , но бидејки тоа не им успеа тие ми го свртеја грбот. Си заминаа кога мене најмногу ми требаше пријател , кога јас беспомошно лежев во кревет и бев скоро неподвижна никој не дојде и не ми се јави да ме праша....Само мајками , таткоми и дечкоми ми беа пријатели... тие се моите пријатели од детсво , пријатели од школските и тинејџерските години и пријатели до смрт....Други немам и не ми требаат !!! --На соседката керкаи и нема баш среќа со маж и , но таа вината го бара во зетот и сакајки да прикрие каква к*рва е керка и па виновни и се сите други...Почна да оди по град и да труби како јас имам дечко од друг град со цел да дознае овој мојот и да се скараме но не и успеа, сега длабоко во себе жали бидејки сум со човекот кој го сакам. -Кога ме видоа дека ја носам дипломата , мислеа дека носам некоја опомена и кога им реков дека носам диплома само рекоа Аааах сигорно те спремаат негде и на стол да седиш, не работиш ти секаква работа , ке те наместат тебе некаде и сега кога секој момент треба да појдам на работа ми е страв да не дознаат моите ''пријатели'' и ''соседи'' страв ми е да не почнат вени да сечат .... ДОСТА СЕ ЗАМАРАВТЕ СО ТУЃИ ЖИВОТИ , барем малку да поведовте ред за своите животи до сега ке бевте многу успешни луѓе , ке имавте и работа , семејство и се, но затоа треба да се борите, а вам единствена борба ви е да слушнете нешто ново а другите , и да уништите нечиј живот... Искренно ве жалам....Со години не мрднавте од место бидејки навистина НЕМАТЕ ВРЕМЕ , Треба да водите евиденција за другите животи...Но искрено мене ми е мило , бидејки кога некој ми завидува и ми ги брои успесите очигледно сум подобра од вас и има за што да љубоморите... Само продолжете така.... Пензија ке земете , само да наполните години ! Денеска се повеке луѓето СВОЈ ЛЕБ ЈАДАТА, ТУЃО ГАЈЛЕ ВОДАТ !!!!
Која вистина ја кажа ти ма што кажа а ? Која си ти да зборуваш и да кажуваш што е тешко што не,кога сум ти се умешала во мислење или нешто за да заслужам такво однесување од твоја страна ... едно време па и преку ЛП те советував и гледав да ти помагам,сега гледам дека залудно ми биле советите. Ти ќе ми солиш памет со 15 години,ти што менуваш расположение 5пати во ден и пишуваш се и сешто овде ,ти што посакуваше смрт на својот сопствен татко Чукни се малку што зборуваш,и што напаѓаш и пишуваш. Јас си зборував за мене ниту споменав некој друг ниту навредив некого. Не си никоја да ја спомнуваш мајка ми и да зборуваш за неа ,значи да не ти се случило уште еднаш да напишеш МАЈКА И јасноо ??? Ти девојченце што незнае да се однесува и што нема карактер ќе ми зборуваш за тежина на работа дали била физичка и дали била психичка?Си ги извалкала ли еднаш рацете си се испотила ли еднаш да заработиш нешто за себе ?А ? Немам повеќе да ти објаснувам затоа што ти и оваа нема да го сватиш... да си била малку океј ќе застанеше некого на твоја страна и ќе те одбранеше и ќе кажеше дека си во право.Но и самата виде колку членови го прокоментираа твоето однесување.СРАМОТА !!! Несакам никакво извинување ниту јавно ниту преку ЛП таквите луѓе како тебе гледам да бидат подалеку од мене на било каков начин !
Човек пред да рече дека нема луѓе, нека размисли подобро дали некогаш во животот забил нож токму на оној кој бил човечен према него.
Значи навистина некои работи ми се случуваат без причина,а токму тоа ме вади од такт. Ах веќе ми е преку глава од се.Зошто се јас да мислам?Зошто се јас да се нервирам,кога некој не мрднува ни со малото прсте.Некој ден и мојата чаша ке се прелее,па некој ќе настрада,а тоа воопшто не го сакам. Боже,те молам дај ми трпение.....
Лелеееее колку ми е мака тоа што имам слаб желудник. На ескурзија не ми се иде ради тоа. Не знам што да правам за да не ми се лоши. Али ајде. Ќе помине. ** Обожавам кога луѓето ме прашуваат дали сум добро и навистина го мислат тоа. Едноставно,сакам луѓе кои се кротки и можиш да си разговараш со нив,а при тоа нема да стравуваш дали ќе ти бидат извртени зборовите. Сакам луѓе кои имаат душа,а не маски. Толку.
А јас,јас сум само заробеник.Чиј?Понекогаш ќе залутам таму.Некогаш молчам.Зборува таа.Молчи таа,зборувам јас.Некогаш си ја врзувам душата за илјада разнобојни балони и ја пуштам ја пуштам јас,одлетуваа таа,сонувај малку и велам.Се враќа таа.И тежината ја остава таа,таму горе во облаците. Во мојот град,често врне. Виножито сред сивило.Понекогаш јас ги набљудувам птиците,јас си велам,јас, сум една од нив,при невреме и сонце ,виножито и молњи ,со раширени крилја.Понекогаш и јас се враќам во својот мрачен агол,и среќна сум си велам,и плачам и се смеам,за сите студени зими,за оваа пролет. Јас така, ти велам,секому оставам парче душа,за да може тој да сонува кога ќе не можам јас,оставам илјада желби ненапишани, непосакани.За да ги посакаш ти. Јас сум само патник со книга во рацете,јас сум само сонувач. Понекогаш и јас некому недостигам,понекогаш и некој ми црта празнини мене. Исто како и ти.
Во еден убав, сончев ден од речиси завршенава априлска недела, кога влажноста на воздухот беше како во октомври, а сонцето печеше како јули, и кога претходната ноќ се чинеше толку долга како што одамна не била (комшике, алармот ти е убитачен!), а утрото беше намуртено и никакво, сообраќајот заглавен повеќе од вообичаено, автобусите преполни а ЖИВОТОТ СЕПАК УБАВ..... Дузи зема виза! Нема веза дека ќе одиме да се пукнеме од работење, ејјјјјјјјјјјјј, ќе одам бе, ќе шетам, ќе видам места што отсекогаш сум сакала!!!!!!!!! Преку барата! Еуфоријата ме држи веќе подолго време, што така, на моменти добивам напади на клештење и смеа, па после си викам ајде де, сите скоро отидоа, ама после си викам, абе гајле ти е, твое си е, заслужено си е, радувај си се. Пред да отидам, мислам дека ме стегна таква паника, како што одамна не се сеќавам да ми било. Се закашлав, почна топка да ми се збира, да не можам да спијам, да ме стега стомак и да ми се здрвува раката. После се стабилизирав афкорс.... Ама... Ми падна жал за самата себе, не сум била свесна дека јас живеев така константно со месеци, не ми се веруваше во каква состојба сум вегетирала. Неисполнета, стресена, исплашена. А ВИДЕТЕ МЕ БЕ СЕГА, А! Имам сила за уште 100 години, аа а!!!!! КАЈ е Хипстер да пееме? АЈДЕЕЕЕЕЕ тамбура, вино и гитари, давај, давај!