SDK deka konecno ja nauciv tajnata KAKO DA DOBIES NESTO STO MNOGU GO SAKAS.. ...treba prv da go dades toa... Ponataka da ne Vi raskazuvam...
Душа моја <3 Само твоја мајко... *коментар на слика кај симпатијата А внатре во мене земјотреси, поплави, громови, цунами, торнада...таа е моја и само моја душа разбра вештерке !! А срцка, нема поим дека со поглед ја силувам секој пат кога ја видам, а таа пак невина... Секој пат сталкерски ги погледнувам нејзините ци...очи, очи де таму се кријат цели универзуми кои еден ден би сакал да ги откријам... Би сакал, ма по ѓаволите ќе ги откријам бе за инат на вештерката ! А таа дека појма нема дека и постојам е друго... Али муабетов ми беше... Утро е, насмеан расположен седнувам во кола пуштам радио кое секогаш е заглавено на омилената станица Антена5 и започнува сместа да кажуваа дека луѓето кои утрото се будат насмеани имаат тенденција кон помала интелегенција од оние кои не се будат со насмевка...така да кучката ме просветли со тоа дека имам интелегенција на штекер секое утро со мојата насмевка. И да не заборавам, петта годишнина веќе како што тука животаркам, дали беше плански ? Не, ниту во моите соништа но ете време помина, а јас останав штекерски оштетен во мозочето... Така да... Половина празни затоа што си пополнував душа со нив... И да за промена, госпожицата од погоре не че е лошо моја да стане, така да кажете и а можеби и чита ова, ма сеедно моја ќе си !! А на останатите, убав ви ден !!
Да се надоврзам - на женски форум во 2016 се дискутира за девојки што „си го бараат“ и за тоа дали жената има душа, а во вторава тема женски член сериозно изнесува заклучок дека жената треба да е покорна кон мажот бидејќи Господ прво нему му дувнал душа. Прекраснотии. Знаете, во моментов сум навлечена на серија у којашто има патување низ времето, главната хероина одеднаш ќе се најде 200 години наназад во историјата. Е, во последно време читајќи ги размислувањата на поединци тука на некои посериозни теми кадешто се судираат конзервативноста и либералните сфаќања - како да го чувствувам истиот sci-fi ефект...
Кудење бабе, авторот сака да речи дека сме заостанати ние што сме конзервативни на некои теми. Тоа што се коментира без да се аргументира нема врска...изнеси став поткрепи со аргументи примери, искуство па да зборуваме за било која тема.. Се нешто навредени на форумов има. Форум е, секој има различен став и размислување, но тоа не го прави некој глуп или заостанат, кој како си милува или одлучува негов избор.
Многу ми е убаво така кога на многу поим за остров и лето сум им јас. Не друго, се чувствувам дека ми се гледа идентитетот и тоа е тоа. Стварно тоа сум јас. Тоа што не плукнал универзумов кај штп не треба, башка работа. Летово имав доживување. Застанав на точка каде што мислам дека кога ми се симнала душата на земјава, таму било. Секогаш ќе го памтам тоа место. Втор пат таму, ама овој пат случајно го открив и ова катче. Мислам дека тука бев јас јас. И кога ќе ме прашаат - и кој е најубав? Не знам како да одговорам... СИТЕ! Штом се носам себе со себе и него...само небото ми е лимит. Не ми требаат услови и критериуми од типот - друштво. Познавам луѓе кои МОРААТ да имаат придружба. Е-Е не и јас, не и ние... Критериуми - да има убави плажи, да има делови за истражување, да има планински селца за истражување, да има културни елементи, да има интензитет и динамика. И кога ќе ми рече некој - сами? Па и тажна фаца демек. О да, сами!!! Мојата/нашата среќа не ми/ни зависи од други...и тоа е. Сами се забавуваме, уживаме и имаме уште многу работи да си кажеме. Скопје е доволно големо за дружења. Мислам дека и три деца кога ќе имам, Паралија нема да ми биде изборот, само затоа што е блиску. И не, нема да јадам леб и паштета, само да сум некаде колку да види светот дека сум била. Зошто познавам и такви... 14 до сега енд каунтинг...
Да ми е поблиску па да го изљубам. Денови кога ми се бега од реалноста. Да можам капка дожд да испратам да го допре место мене. Љубов да изврие. Па да се измијам. Во утро рано кога сите спијат. Да трчам боса на рамноденица во пролет и облаци да пишуваат приказна за нас. Ветришта да се раздуваат та сеното од душава да го однесат. Трева да никне нова. Зелена. Чиста како бебешко око. Па раце да му испреплетам и во нив да заспијам. Замислете желба.
Една секунда е довлона да те потсети кој си . Една секунда е доволна да те спушти на земја за да сфатиш дека си ист како и сите. Една секунда е доволна да ти докаже дека материјалното е најневажното нешто за кое сите се забораваме себеси . Една секунда е доволна да ти покаже кој сакаш најмногу и без кого не можеш. Една секунда за да си докажеш себе дека спасот можеш да го бараш само во оној на небото, не можеш да го платиш со пари ... Една секунда , важна лекција. Не ја заборавај ! Моли се и заблагодари се и тогаш кога е се во ред.
СДК... Понекогаш е неизбежно да подзастанеме и да се соочиме со оние со кои не сакаме да имаме никаков контакт. Во комуникацијата издржаните факти се објаснувачкиот дел за тоа како секој е во право на свој начин без да започне кавга, а истовремено да потенцира субјективна вистина. Смиреноста ќе ги направи работите подобри од очекувањата. П.С. Во обидот да ги избегнеме боцките создаваме почва за необични цветови.
Некаде во светот има и тоа... http://www.motika.com.mk/po-ulicite...i-za-kurban-bajram-na-parkinzite-i-garazhite/
Кога раскажувате колку вашите животи се исполнети и колку тоа вие сте на Нивоу погоре од другите во секој поглед,продолжете да уживате во своите животи. Уживајте во вашите приказни кои дај боже да се вистини,ова од се срце. Ама дајте престанете се наоколу да омаловажувате така дискретно и наивно. Измислиците со кои се служите еден ден ке се откријат. Не џабе е кажано,тие што копаат дупка за другите,самите пагаат во неа. На вас вештите,богами е многу длабока.