Велат човек учи од своите грешки,а види ме мене,до ден денешен не научив ништо освен тоа да ги повторувам повеќе пати. Е кој е ко мене друг???
Sekogas ke postoi edna licnost na koja sto si slab!!! I da ja imas i da ja nemas...taa ti e vo srceto. Pusta ljubov me otepa veke nikad nema da se zalubam!!!
Уште мнооогу одамна... Ти дозволив да ми влезеш во животот, да ме земеш целосно, да сум само твоја, на секој е*ан можен начин. И те засакав.. ти се дадов. Се препуштив на твоја милост и немилост. Ги трпев сите срања, и кога беше и кога не беше во право- со цел да не се караме повеќе од потребно. Те поддржав во се што сакаше да правиш. Те чував кога беше болен. Те тешев кога беше разочаран. Плачев, се смеев, работев, јадев, уживав, излегував, шетав, учев, спиев, играв, лажев со тебе. Се правев со тебе. Ти поклонив се што мојава душа носи. Те сакав, најмил. И те сакам, уште... зар можам тоа да го сменам??? Ама сепак. Не сум доволна. Никогаш ти не мислеше дека јас правам се за да успееме. Ретко ме гледаше колку се трудам. Веројатно затоа што мојот труд беше џабе. Никогаш не успеав да те утешам онака како што сакаше. Никогаш не виде дека сум тука и те поддржувам. Никогаш не сфати дека секој мој приговор е за твое добро. Никогаш мојата рака не ги избриша трајно солзите од твоето лице. Никогаш не се смеев доволно гласно за тебе. Никогаш целината на моето сработено не беше доволно добро. Никогаш не уживаше во тоа што уживав јас. Никогаш не можев доволно добро да го правам она во што уживаше ти. Не бев доволно вешта за тебе. Никогаш не те задоволив како ти што сакаше.. дури и да беше така, не беше трајно, ниту константно. Малку сум ти. Од секогаш сум ти била. Само не знам... кој к*р уште пробувам?!?! Мора да не сум нормална... И мора да те сакам, повеќе од колку шо можам да поднесам!
Цитирам : ,, Мене само ме интересира зошто сите на кои им се случило чудо, кои биле во допир со видовите луѓе, кои имаат полнето вода од три чешми, зошто сите тие луѓе не знаат да пишуваат правилно? ,,
Има песни што кога и да ги слушнам, инстантно ме носат на друго место во друго време. Во моментов сум во Минхен, саботно сончево претпладне, надвор пожолтени лисја, а јас седам на некоја тераса со убав поглед, впивам топли зраци и пијам топло макијато. Песни што сум ги слушала во некои такви моменти, се врзуваат за тие спомени за цел живот. Кога и да ги слушнам после тоа, имаат моќ да ме извлечат од автобус, од маркет, од канцеларија во центар на Скопје, па да ме сместат на некое поубаво место... Макар на неколку минути...
СДК... имав прекрасен ден Полн со љубов, сонце, насмевки. Па ви пренесувам дел од мојата позитивна енергија феминки.
Утрово на тремот најдов три листови,за три години. Креативноста не се учи. Лавиринти,во животот ти велам,ќе ти се нанижат,ох ќе сонуваш во црно.На лето очите ми имаат потемна боја.И некогаш телото ми се уморува од зборови,прости што некогаш без борба се предавам.Утрово чајникот чадеше,па напишав три писма,на поштарот не му беа познати адресите.Сеедно.Ќе ги испратам следната есен,рана,на трепките милион спомени.
Ќе сватиш некој ден ама касно ќе ти биде,изгуби личност што најмногу те сакаше И ти нема да можеш да ме заборавиш знам идиоту
Почнувам да не го поднесувам она кога седам со другарка ми во кафич и кога ќе донесат пијалокот веднаш да го слика по 5 пати ... да не зборувам кога седнуваме да јадеме! добро е, можеш без телефонот саат време?
А тек кога разговараш, а таа е зафатена со објавување на слики .... ах абе да ти е милина да седнеш на кафе
Мое проклетство е што не можам да скријам емоции. што не можам да скријам кога нешто не е во ред или кога се е сјајно. Знам да глумам ладна, ама не знам да глумам дека некој ми значи кога не ми значи. Уште ме прашува што ми е? Како да кажам што ми е? Како на смирен и човечки начин да кажам дека нешто не е во ред со наш однос, дека ме исцрпува и дека ми е негативна? Ох, како да кажам без да ги навредам или без да се налутиме... Сакам да скријам да се правам дека се е ок, ама не можам, сакам некад да сум лицемерна, не е лошо тоа, напротив те штеди многу. Ме издава енергијата, од порите ми излага кога сакам и не сакам некој и нешто...
Да си жива и здрава, иста сум. Еднаш ќе се изгорам и не ми е доволно, уште два-три пати треба. Викаш дека ќе ни дојде паметот ? Кога ми смета нешто кажувам веднаш. Не можам да го кријам тоа и да дозволувам да се натрупува и да ми го пореметува спокојот. Какви ли се луѓето што секогаш премолчуваат ? Како издржуваат. Порано молчев и ништо не кажував. Сега сум се претворила во најизбувливото суштество кое кажува се и ништо не чува во себе, било да е позитивно или негативно. Не дозволувајте да ги криете емоциите, посебно ако се лоши. Така само душата ќе боли, ништо друго.
Ок, и се налутив на другарка ми што абер нема да дојде на кафе, испадна чистела низ дома, па и се скарав што не ме викнала да помагам... Се е у ред со мене? Ај утре ке надокнадиме со голема ... Не знам што ми е периодов ама страв ми е дека не е арно ова моево и со луѓево околу мене...
@pupi.girl ми помина, не ќе да е тоа... Не е на арно, некако избегавам контакт со луѓе а многу што ми биле блиски до сега сакам да ги тргнам од животот. Конкретно оваа другарка сакам да ја задржам ама ме напна што ја немаше да се видиме или да ме викне да помогнам.... :/ п.с. мислењето што си му го пишала а него, абе исто, исто го мислам и би му го кажала! оххх најубаво чуство у негова прегратка нели ))) Буквално да ти е страв да го гледаш у очи и да мислиш колку е се нај нај, у страв дека ке ти ги прочита мислите ја така се чуствувам а него ))