Вчера накај 11:30 ми текна да му пишам една порака. И му пишав, му кажав фала што е секогаш достапен за мене и што ми помага во се. И дека е посебен во мои очи. А стварно е посебен и најдобар. Не ми треба ништо друго освен тој. Знам што има да ми пружи, го сакам. Одам само пополека, пополека да пробијам низ оклопот негов. Не знам што му се случува во животот, но сакам да му давам до знаење дека ми значи. И така луѓенца, идам да работам сега да завршам тоа. А од утре почнувам со новиот живот Пак во тие клупи, некако ми е проблем што ке бидам повозрасна од скоро сите таму а јас не сум лесно прилагодлива и не се дружам со секој. Веројатно ке најдам луѓе со сродна енергија, а и да не најдам знам зошто сум таму и што мора да сработам, не ми е дојдено до пиење кафе со колешки, заебанции и слично. Ова мора да го завршам за 3 год од сега! Возбудена сум и среќна за новиот почеток. Охх morning
СДК вчера се исклучвам од тука и дремнувам на сред игра. Ми се јавува дм после играта да ме разбуди да не го стромачкам лаптопот. #victory Барем да се наспиев зошто работат на куќата и радо би сакала во 7 да ме станат, него некој неартикулирани звуци под прозорецот да имам. И немам млеко за кроасантите. Добро утро.
Постојат луѓе кај кои приметувате различна нијанса во погледот на денот. А они, не приметуваат дека вашиот поглед е поразличен денес, во однос на дваесетте средби претходно. Постојат луѓе кај кои приметувате нешто што им је тешко да го изговорат на глас, а они нема да ве приметат вас дури и комета ако ве удри. Постојат луѓе на кои ова им смета, а и такви кои се прават дека не им смета.
Во план сум да се повлечам од форумов во име и за доброто на сите. можеби ќе играм игри само.Ќе ми фалат некои членови и муабети со нив ама тоа е. Малку беше фб што деактивирав сега и од фемина ме избркаа.
СДК дека нема поголемо задоволство, среќа и гордост од сопствениот успех. Успех со кој буквално сам си копал и гребел со нокти во земја да го извлечеш од најдлабокото. Она кога ќе зацрташ нешто дека сакаш да го направиш, да го имаш и добиваш огромна мотивација и порив да не се откажуваш додека не успееш во целта. Бесценето е сега кога ќе се свртам наназад и ќе погледнам во удолницата од патот која сум ја поминала сама станувајќи, паѓајки, влечејќи се на колена и пак станата со сили извадени од петни жили, знаејќи дека тоа е само мое дело. Гребаници и лузни за цел живот кои ќе ги сакам вечно и ќе се гордеам со истите. Уште побесценето е кога гледам нанапред во угорницата која ме чека да ја изодам, а самата себе сум си ветер во грб да продолжам уште повеќе, уште повисоко. Едноставно среќна, исполнета и горда. Нема помоќно чувство од ова. Ви посакувам убав ден на сите.
И ти си една од тие најмилите што ќе ми фали, ај ќе останам, ќе ги реметиме заедно. Ај да изиграме една партија од игрите.
И јас размислував да се повлечам, два пати, ама решив да останам за да ги нервирам. Ајде да поиграме.
@srcence1607 уште многу вакви моменти да си имаш. Се најубаво ти посакувам, секој план да ти заврши со успех
Ги гледам боите,ах црните птици на крововите.И Чемпресите. Боите на годината,на денот,и ќе ти се заколнев дека ноќта брои повеќе. Љубам. Љубов надвисната над времето. И извлекувам насмевки. Мигови.Како што студот црта по стаклото.Несебично.
Мразам фамилијарни веселби каде што сите глумиме среќни роднини а во реалност никој со никого не сакаме да се видиме.. ама јбг...
Вие кои се вртат во темата ,,омилени производи...“ знаете ли колку пари ми должите??? Се што фалите е или прескапо,или не ми одговара ...и ништо нема магичен ефект. Не ве читам повеќе!!!
Многу ме разочара по незнам си само по кој пат. Небитно.Нема да кажам ништо освен само нека ти е срам и на чест нека ти е.
Што све нема да прочитам во пп,не ви е мизерно да ми пишувате нездрави работи и да си бладате? За жалење сте(си знаат кој) Значи мислев на форумов дека само машки ретардирани има,ама деф девојчињава се шекнаа со паметот и забегале ептен.
Значи во Битола има еден свирач/пејач не знам ни јас како да го наречам,шо свири секаде каде што ќе го викнат.И само две три песни ќе ти врти цело време и ако му порачаш нешто до пола ќе запее и толку,доста е бе... Значи човекот го знаеме сите како Акиф.Абе легенда. И ќе ви кажам две случки шо се така познати од многуте со него: *На некој човек му се роди ќерка и го викнале Акиф на крштевка да му пеј свири таму за атмосферче тро. И Акиф толку му треба,ама како ја погоди песната...и почнува: Сиииин ми се роооодииии мајкоооо Го прекинува човекот:Абе Акиф ќерка имам Акиф:Не бери гајле са ќе попрајме И пак:Син ми се роди ќерка се стори *Оваа другава случка се дешава во државното музичко каде што свират пеат сериозна знаете онаква класична музика.И му влегува Акиф таму:Абе ај да ви запеам тро нешто Тие професорите:Не бе Акиф,бегај сега овде не свириме таква музика Акиф му се запна:Ама да ви запеам И ајде се насмеа една професорка и на шала му вели:Еми ајде Кармен запеј ни ја(демек операта ќе ја пее палениот) И Акиф:Нема проблем.Ај леле Кааааааармееееен Е легенда е жими се