Моментот кога одиш кај другарка ти дома, а на лаптоп гледаш дека е логирана на фемина....и тоа не било кој член туку со една што се искаравме па дури и банирана беше на недела дена, пред неколку месеци Не и кажав дека јас сум JAС, пошто таа нема многу работи пишувано освен во мода нешто, си игра игри и кај музика по нешто, а откако беше на принуден одмор од форумов, скоро и ништо не пишала Сигурно не знае дека јас сум нејзината другарка пошто таа е тип на човек што ако дознаеше ќе ми речеше: Мори офцо, ти си Џоли на фемина?....а не е тип што би ќутела, така да.... Знам дека тогаш за една X тема се каравме ко ненормални и баш си викав добро која е оваа будала што ми се нафрли олку И сега се ставив во мислење...што ако има и друга моја познаничка овде? Што се сложуваме или караме? Што ми давала совети или сум и ги читала проблемите? Што сум ја ругала? Што прашувала дали е бремена, а јас сум се смеела на глупостите? п.с. пред една недела почнав да вежбам, и веќе осеќам резултати. Си реков не е множно толку брзо ама си има резултати според кондиција, според изглед...ајмо пукаме од мотивација п.с.2. @fallenangel од никого не е форумов па за да те избрка некој...седи си и уживај
Го знајте она чуство кога ти се гушка ти се плачи(а немаш никоја), а на Фб почетна секој пат кога ја освежиш ти излегуваа статуси од типот животот во три слики со заљубени гулапчина од мали нозе па се до она кога двајцата си ги оставате вилиците навечер во вода пред спиење... Епа да и јас го знаев до пред полноќ, а на тие мајмуните што ги креираат таквите постови да даде бог вилицата секој пат да си ја гинат кога ќе стигнат на последната слика !!! Лека ноќ !!
Сакам да кажам i'm in love За арно нека е После сама ќе си патам така тивко без никој да знае. П.С. Пивото од мене говори.
СДК кога само би имале мирна и чиста совест ние луѓето би спиеле толку мирно и спокојно,без да се вртиме во кревет препотени од разни мисли кои како бумеранг се враќаат повторно и повторно за да не потсетат каде сме згрешиле...ниту перницата и постелнината со мирис на омилениот омекнувач и парфем,не може да ви обезбеди мирен сон ако ви фали душевен мир... Јас одамна не сум спиела мирно..толку многу работи ме прогонуваат...не знам дали и кому да му се доверам,дали ќе ми биде полесно незнам... Вие спијте си мирно и добро размислувајте за секоја постапка,за подоцна да не се каете
Цел ден се изедов бре што заборавив фала да кажам на типот... Аман. Инаку, сдк дека многу се радувам кога луѓето споделуваат радосна вест со мене. И многу сакам да им се најдам на истите кога им е тешко и да им помагам. Добра ви ноќ
Велат:"Кога ќе изгубиш некој, ќе сфатиш колку вредел". Не, не е баш така. Премногу ја сакав, сега веќе не е до мене. Премногу боли кога ќе изгубиш некој што си го сакал, поштувал. Душава ми плаче, тајно и тивко. Се делка на парчиња од таа сурова и остра болка. Премногу ми дојде деновиве. Ах, зошто е ова вака?!
Денес сакам да кажам дека И дека одсега ќе легнувам пред 00:00 оти сите разговори после тоа време не ми се при здрав разум и не треба да се случат.
Не верувам во карма, но верувам во одмазда. Верувам дека можеш да ја превземеш работата во свои раце, да смислиш план и да го спроведиш. Прекрасен ден за нови почетоци, нови планирања, нови надежи... Требаше пред некое време да ме викне фризерката за да ми ја осветли косата, ете уште ме вика .... Мразам кога сакам да почнам нешто ново, а истата боја ми е на косата. Си викам да одам кај некој друг, па да не испадне после да ме побара и да се изрезилам. Ме фати мерак за лешник боја. Кафеави корени и останатото лешник боја, таман како за есен, ама нека ме исконтактира жената прво
Убаво ми е кога денот ќе ми започне со убави вести,се радувам и ја делам среќата на моите блиски луѓе,несебично знам да се израдувам бидејќи е сосема заслужено. Уште еднаш се потврдува дека со мака и труд,со чесност и воља чуда се случуваат. Фала ти Господе,чувај ми ги сите сакани.... А мене дај ми малку сила да надминам се!
Уште еден испит .. Добро бре мора ли се кај нас да се случува .. Што ако таа особа не излезе жива од операцијата .. А што ако излезе жива со прогнози за живот од недела , две или месец .. Епа неможам повеќе навистина .. Дај Господе веќе и нас сонце да ни изгрее .. Дај веќе мирни да бидеме маку . Доста е со лоши вести веќе .. Навистина ..
Другарка ми шампионот на колешка и која очигледно си го фаворизира едното дете, а стално повторува - кој прст и да го исечам ќе ме боли. Оваа и рекла - абе можда ќе ме боли, ама мора да си признаам дека показалецот ми е грд и нефункционален и малце се срамам и си ја кријам левата рала ради него. Сурово, ама и го шлапнала...
Има денови што сакаш да траат вечно. Моменти во кои посакуваш времето да застане. Денеска ми е таков ден. И утре и засекогаш, ќе знам дека сум побогата за уште едно убаво чувство, уште еден убав спомен.
Перон.На перонот куфери,зарем веќе?А во купето таа со коса полна јасмини,мириси.Патува.Во куферите сонце,зрак на прозорецот.Догледање. Илјада мириси,повеќе спомени.Те љубам и од далеку.Четири букви и брои името,четири за навек. Есен,ќе ти раскажам некогаш.
Пред 6 год. ова време се лицкав. Средба со тебе. Возбуда, срам, вљубеност, измешани чувства. Мајка ми влезе во соба доека се спремав да ме праша да не се мажам ?!?! Се најдовме. Текила санрајс и се е можно. Дали тоа после година дружба ни тргна муабет? Од мирно и топло , наеднаш бура. Ние во влез чекаме да престане.Отиде мојава коса . Се плашам ,грмииии ! Гушни ме бе идоте ! И кога кренав раце, ти бетер од гром од ведро небо ми беше. Среќна со смс си заспав. Еххх кој би рекол. Мислев дека си пропратна станица , онака за забава. Ама ти сериозен си бил . Сакаш жена да ти бидам ? Дааа ! Ќе ти бидм и ќе те сакам со цело , сега знам дека од година во година те нервирам се повеќе, ама љубам искрено. Нека се множат 6те после 00:00!
Има нешто што сакам да кажам, може 100 пати го имам пишано тоа у дневник ама не ќе да е доволно. Слободно скролните, ми треба само да исфрлам мисли од мене пред да почнам со работа... Денес една професорка спомна како сексот го вртел светот. И се насмеав, помислив колку убава ствар е тоа,како сите клетки ни се будни и вибрираат, како се губиме у нечии очи, како осеќаме топлина и страст од другата страна. Прекраснотии со еден збор. И си поставив прашање на сама себе, зашто јас не можам да уживам у тоа? зашто мора да имам емоции за некој за да имам секс? Зашто тој некој мора да го знам некое време, зашто да не е некој случаен патник? Одамна сум немала, ми фали да, ама ја не можам да се замислам со друг само он ми е у мисли. Како бе побогу? Сфаќам емоции, го сакам и све ама до толку бе да не можам да се опуштам пред други? И еве еден цело време ми пишува, фино дете, онака се труди да е коректен спрема мене, а јас не чуствувам такви емоции кон него. Напротив, страв ми е дека ке ме закочи кон мојата цел ако му дадам шанса (против моја воља и инутиција). Тоа е мојот страв и (за некого, кој ме чита/слуша од страна) кочница. Кочница зашто јас не се гледам со него у блиска ниту далечна иднина, не ни се сечат линиите некаде. Јас 3год. врска завршив поради тоа, немавме иднина само трошење време. А јас имам соништа големи, покрај факултетов сакам уште нешто да постигнам у слична бранша е сонот мој, па страв ми е дека некој нема да ми го сфати и поддржи сонот. Затоа ј*бено не се повржувам лесно со машки бе, ке му смета мој фокус кон факс, ке му смета што ке немам доволно време за него. Па најубаво бе да не почнувам ништо со никој. Може треба да се појави личноста што ја барам, а може тој (плавиот) е тој што го барам и што сум го нашла ете, па на него чекам само а на другите гледам како некои со кои не сме на иста фревенција. Не знам, може не ми е време за врска ниту пак сум спремна за истата, без ралика што ете се будат некакви потреби у мене.... Небитно. Битно ми е да го завршам ова што го почнав, битно ми е навистина, па за љубов има време, цел живот ке имам некого на кој ке се посветувам, а факсот и годините се тие што ми бегаат а никако не се фаќаат. И така, одох ја....