Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ти да немаш некоја допирна точка со Смајли? Оти по муабетиве,или си истата личност,или си бетер :D
    Еден куп феминки те советуваа и ти помагаа по темине за љубов додека расправаше за дечкото,па овде додека сакаше да го убиеш татко ти,а сега сите сме ментални..
    Свести се малку.
    Од каде вакви карактери уште мали вадите не ми е јасно.
    Разбирам тежок живот,ама лесно е да се жалите и да плукате по се и секој.Потешкото е да испаднеш на правиот пат,да ги научиш сите лекции од искуствата и да станеш човек,а кон тоа треба да се стреми секој.
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.262
    Пол:
    Женски
    Добро ајде, доволно е, да не се полни темава страници и страници со истото, ете ѝ укажавте, нема потреба од повторување нон стоп на истото.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Од политикава неможам на раат тв да си гледам или оној на сдсм кандидатот со жолтиот микрофон ке шета и ке рапува по бината, или Грујо ке кажува дека изградил споменици и чека од народо дозвола да си направи свој. Амн веке кога ке се мавнат еднаш!!!
     
    На GirlLove и Marossa им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.100
    Пол:
    Женски
    Или тамн ќе си седнеш, ќе се наместиш со сок и јадење ќе пуштиш тв и оп реклами. Е аман.
     
  5. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Колку болка содржи песната :(

    за момент помислив како да се ми прочитани мислите.... Како јас да сум го пишувала текстот....

    Проклета да е туѓината...Ми зеде се , ми го зеде најмилото !!!!!!
    проклета да е !!!!!

    http://www.youtube.com/watch?v=W3qnlulH1Tk
     
  6. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Вчера беше рано, утре доцна, а денес не е денот.. Така ги пропуштаме најубавите мигови во животот!
     
    На Barbie20 и Nana19 им се допаѓа ова.
  7. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    2.452
    Леле аман нека завршат избориве колку се досадни сите напнаа. А, најтрагично од се е што луѓево партијата си ја наследуваат, нешто како верата, тешко дека некогаш ќе ја сменат. И најголемите глупаци да застанат на чело на партијата тие сеуште ќе бидат за таа партија.
    Ни ги интересира што ќе придонесе едната партија, а што другата. Да размислат што е подобро за нивната иднина, поважно е од која партија имаш партиска книшка, оти ако победи твојата партија леле, леле што не ќе добиеш и работа и стан, куќа.
    Кутри деца со менталитетов македонски за партии слушаат од самото раѓање, а некаде во светов луѓето не знаат ни претседател кој им е. :fubar:
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Чисто мал предлог: А да ни биде темава одмор од политика. А? Сите се жалите дека ве напнале, па имајте малку предвид дека и вие напињате некој кој се ставил на форум да избега од телевизиските пропаганди,а верувам и од фејспуковските.. Во ред, досадни се, јасно ни е на сите. Верувам дека многуте мрчења кои ќе наидат на потенцијален читач што набрзо им ја открива содржината, се прескокнуваат.
    Каде се оние постови на креативните девојки кога имаше нешто да прочиташ.. :worried:
    Разбрав дека и рубин-кармин ќе се затварало, па тоа беше поим на времето за парфимерија..
    Пребрзо се вртиш Земјо! Не можам да ти ги стигнам промениве... :?:
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Конечно ке се собереме сите јас , дечко ми , неговата мајка , сестра му , зетот , детенцето аххх СОВРШЕНСТВО....Колку само ги сакам овие луѓе :inlove: .... За толку кратко време а толку се зближивме , тие веќе се моето семејство. Значи постојат и прекрасни луѓе, кои вреди да ги познаваш, да ги сакаш , да ги почитуваш. Толку многу сум среќна што овие луѓе наскоро ке станат моето семејство, дел од мојот живот.Чувствувам како да ги знам целиот мој живот.

    :inlove: покрај нив осетив дека покрај моите родители може и некој друг да ме сака и почитува.
    се чувствувам прекрасно во нивната близина.
    Прегратката од малото ме усреќува , толку е нежна и мила можам да кажам нај милото дете на свет е ...
    Цуцка моја конечно ке ја видам...
    Она чувство кога ќе рече вујноо :inlove: па во тој момент и срцето би го извадила да и го дадам.
    Сонце на вујна наскоро ке се гушнеме...

    добра ноќ...
    Утре денот нека ви биде пресреќенн , усреќете некого , насмевнете некого и направете го она кое долго време го чекате, бидејки животот не чека !

    |-) :hai:
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Нервоза, напнатост, стрес и болка.
    Има веќе неколку дена како се` ме нервира и ништо и никој не може да ми ја врати насмевката на лицето.
    И само се убедувам дека од утре ќе биде подобро.
    Нема некоја посебна причина за ваквото расположение, но има моменти кога сфаќаш дека животот ти нема ама баш никаква смисла.
    Нема на што да се радуваш.
    Период. Ќе помине.

    Од друга страна двоумење.
    Да се фрлам себе си во оган или да се тргнам додека сеуште можам да се спасам?!?

    Да можев барем на кратко да се изолирам од се`, да си ги средам мислите, чувствата...
    И да се вратам како нова личност. Со нови мисли и нови чувства.
    Или најдобро без нив.
     
    На SparkyAngel, Elennaa, anggell и 5 други им се допаѓа ова.
  11. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.011
    Допаѓања:
    16.117
    СДК Good morning to all !


    Иако денеска ( барем во Прилеп) времето е намуртено уште од сабалје,направете го првиот ден од викендот забавен и убав...нацртајте сонце во вашите срца и нека блеска со љубов и позитивна енергија каде и да одите...

    :*
     

    Прикачени фајлови:

    На Barbie20, MandyLane, anggell и 5 други им се допаѓа ова.
  12. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Бурек и Placebo.
    https://www.youtube.com/watch?v=dr_wSwKFQQk
    Одличен почеток на денов.
    Цутови на јоргован кај комшиите.
    Намуртено време.
    И почнуваме.
    [​IMG]
     
    На francais и kikav им се допаѓа ова.
  13. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Сакам дожд! :inlove: Поготово наутро, додека го пијам утринското кафе и навечер пред да заспијам или додека се гушкам со саканиот. Само уште да не требаше никаде да одам. :D Ви посакувам пријатен ден на сите и уживајте уште малце во дождов, после ќе го бараме. :wasntme:
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Еее камо среќа само телевизиски тортури околу изборите да има, ами и по вратите доаѓаат.
    И така синоќа, од нигде никаде ми се појави еден со список во рака, и ме прашува дали ќе гласам за таа и таа партија. Му велам ова нели беше демократска држава, мое право е за кој ќе гласам, и притоа тоа да биде моја приватност.
    Ама нели сте задоволни? Ајде ќе ве пишам во списокот, и плус забелешка дека имате поплака, и ќе пратам некој од надлежните :o
    Чекај бре, кој ти дава за право да ме евидентираш во некои списоци, без моја согласност?
    А околу поплаката, ами јас одамна се жалев, никој не реагираше. Сега пред избори-не фала!
    Занчи крајно сум изреволтирана од 'демократијата' во земјава.
    Очигледно за нас тоа само претставува мисловна именка..
    **

    Велат денот по утрото се познава.
    Што знам, врнежливо е, тмурно.. Црни облаци зададени, пасивност до бескрај.
    Има некоја светлинка, некој зрак како да пробува да се пробие низ густите облаци.
    Така и јас се чувствувам..намуртено, тажно, иако има нешто во мене што пробува да се пробие на виделина.
    Нешто позитивно. Нешто убаво. Некоја убава мисла. Некое добро дело кое чека да биде направено. Некој убав збор кој чека да биде изречен.
    Се срамам некако.
    Како некому да му кажам нешто убаво? Нешто што ќе му ја стопли душата?
    Не, не. Па побогу, јас бев таа бесчувствителната.
    Така би признала пораз. Не!
    **
    Единствено добро е што не сум на факс денес. Какво што е времево, уште по автобуси да се 'мрцварам' :D(го научив зборов од една познајничка, и колку и да пробувам, тешко дека ќе го исфрлам од употреба).
    И така некако, по две недели, дојде денот Д :lol:
    Ќе го видам него... :$
    **
    Ви посакувам убав, најубав ден драги феминки!
    Како вообичаено ќе посакам да бидете добри. :)
    И запаметете, луѓето кои вообичаено се претставуваат како бесчувствителни и карактерно силни, се токму тие луѓе кои во себе вриштат за слушање на убав збор. Добивање топла прегратка. Пружање безусловна рака..
     
    На SparkyAngel, Barbie20 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Претпоставенава, што органски не можам да ја сварам, влегува утрово во канцеларија а колегава што претходно беше кај нејзе и заедно влегоа (притоа оваа што не можам да ја сварам излезе) и колегава ми вели-не ја гледај у гз! :o :o Мислам дека тоа ме разбуди така по сабајлечки, од тој човек не очекував нешто така директно и отворено за таква работа. А и човеков си е во години, некоја година пред пензија, знае да откачи многу работи, да се зеза, ама во ваков стил не бев подготвена да го слушнам и видам. Што си мислел тој значи од сабајлечки, тоа што тој го правел мене ми го префрла и се смее. Така запрепастена му викам-леле зар тоа мислиш уште од сабајле? А тој-па што да правиш остаревме више-и тогаш влегува таа за која зборевме :rofl: па се стиши колегава малку, инаку којзнае што друго ќе одлепеше во контекст на муабетот. Остаревме бла бла, море оди шетај, внуци ќе имаш уште малку, ти личи на годините :rofl:
    И тоа, што да кажам друго поише, надвор заврнало јас абер си немам. Не сум многу креативна деновиве, може за викенд нешто ќе земам да заплетам, за време на избори, може и сонцето на црвена површина ќе го извезам, дотогаш ќе кулирам.
     
    На Elissa и Lunaria им се допаѓа ова.
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Луѓево се дотолку расипани, што посебен однос имаат и кон комшиските кучиња.

    Едни комшии се побогати, подиви луѓе, си живеат во свој филм. Имаат куче. Никој не смее ни да се пожали на него, ни да го чепне.
    А, многу им лае и знае да го пуштат да се рашета низ маало, само штета прави по дворовите.

    Другиве комшии, обични луѓе, фини и добри, посиромашки, муабетливи, имаат малечко, слатко куче.
    Сите комшии само им се жалат: аман бе, што сте го прибрале кучево.
    Кога ќе го начекаат го маваат и бркаат.

    Е, сега на првиве не им се може, ама на вториве им се може да им зборуваат.
    Ама ако на првиве му направат нешто на кучето, има да ги нема !
    И затоа си молчат.

    До тоа дереџе дојдовме, да има куче со повластици и без. Зависно газдите.
     
  17. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    2.452
    Немам никаква намера, ни да се расправам ни ништо. Само сакам да кажам дека оваа тема е таква, некој ќе каже дека е радосен, некој тажен, некој нервозен, што му смета... неможеш да очекуваш во оваа тема да се опуштиш. Има многу други поубави теми за тоа.
     
  18. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Феминки можеби ова не е место за споделување но сепак се чувствувам дека имам должност да го споделам! На деканот од медицинскиот факултет во Штип,Рубин Гулабоски вчера му беше украден лап топот. За повеќе ќе прочитате овде. Би ви била благодарна доколку го споделите на социјалните мрежи.
    Се извинувам, но не е мала работа...

    http://prntscr.com/38w3ss
     
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Убо е кога човек сам ќе си ја открие грешката и кога сам ќе си ја поправи, барем ако не друго, се надградува себе си, кон подобро, станува подобра личност.Во животот не е секогаш некој да му укажува на човека што направил и како направил, се додека други гледаат за него, џабе.

    А времево, врне ли врне, сите го оговараат, некои јавно, некои тајно :D Арно велам, не спасува чадор, туку шатор, па нека врне ако сака и торнадо нека има :wasntme: :lol:
     
    На ozbilnazena, SparkyAngel, Barbie20 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Луѓето во мојата околина-работна се возрасни луѓе.Посебно моите шефови.
    И тие треба да знаат дека:
    1. на нив никој не им верува;
    2. се заринкале во местата/фотелјите како насукан брод но еден ден ќе ги сменат некои други;
    3.не е човечно нивното однесување, кога не гонат по канцеларии само за да видат дали сме на своите работни места, а не ги интересира што работиме и како;
    4.не е човечна нивната одлука да не ни дозволат за време на работа да ги однесеме децата на лекар, затоа што има прегледи кои траат со денови и
    5.немаат домашно воспитување и грам почит, а тоа што не си ја знаат работата е друга тема.