Да знам какви се. Прекрасно е се освен луѓето таму.... Имате ли некои пријатели стекнато, со некои излегувате или ретко?
Imame eden mlad bracen par,isto poteknuvaat od mestoto kade i nie. Za sreka bas ni se pogodeni,taka da ne e da sum ic vez drustvo,ama sekoj si ima svoi obvrski ne mozes samk taka spontano na kafe da otidea ili soping i slicno. Se im e pi raspored
Во време кога сите се кул, секси и опасни жени, во време кога сите се лавици кои душата за грс пари ја продаваат, во време кога разголеното тело ја сокрива празната душа, кога маж ќе те доживее вака: „Не , не си ти строга жена, ни бесно девојче, туку само жива која истекла од термометар и цупка околу мене, со сјајни очиња, со брблив тон и со бескрајни идеи...“ се добива смисла за мене...
Сакам да кажам дека многу сакам кога на вакви убави денови насмевка ми изнудуваат пензионери во ЈСП. И не мислам на оние без трошка култура за нивна возраст, туку баш напротив. Мили бабички и дедовци што со една искрена насмевка, со желба за убав ден и со достоинственост и однесување вредно за почит. Сум кажувала како ми се случува некој од нив да ми даде по некој комплимент, ама и најневините моменти во кои културно ќе си поминат без буткање многу значат. Мала насмевка. Денес поминува еден дедо, се обиде да се протне покрај мене ама веднаш се врати на поширокиот простор и ми се насмевнува и вели ,,Мислев има слободно место позади, ама ништо.,, со мил глас и насмевка. Си се фати и си застана, а по неколку секунди пријде на едно девојче и ја замоли да му отстапи место затоа што удирал инекции. Девојчето фино стана, а дури откако старецот си седна го приметив дека цел се тресеше. Не беше екстремно стар, се гледа дека човекот работел убава работа и добро е сочуван, има манири, ама и покрај тоа ме облеа едно пријатно чувство и се насмевнав во себе. Пријатно во смисла, запрепастена од неговата состојба и начинот на кој реагираше и се однесуваше. Понатаму, направи место и на една бабичка, и понуди да седне до него по некоја станица и човеков е вистински репер за вистински пензионер. Јер да се биде пензионер не значи да се биде ендемски вид по секоја цена во негативна смисла, ами баш напротив. Да се биде пример за младите идни генерации.
Денес накај дома видов дедо еден кај шо носи кеси некои, ми изгледаа како тешки да се, и му се доближив и го прашав дали треба да помогнам, тој целиот радосен со плави очиња и топла насмевка само ми вика “не, не, блиску сум, фала ти“ И тоа “фала ти“ некако 100 пати го кажа, како не знам што да имам направено за него. Па накај дома си мислам, колку само нам ни фали љубезност, колку е ретко тоа нешто, луѓето дури се изненадени кога ке им понудиш помош. До каде стигнавме бе? Да се чудиме на љубезност, убав гест и сл?
Сите некаде брзаат. И брзајќи забораваат да живеат. Живот, погрешно замешан со низите од денови што минуваат, секој брзајќи да заврши. Заборавивме да живееме. Се стана, од денес за утре. Живот.
Ми се исполни новогодишната желба. Денов не може да бидееее поубав! Спојлер: :P Може, ама не барам повеќе! Доволно ми е. Бар некоја моја желба конечно да се оствари. Касни едно 9 месеци, ама ако!
Денес му е роденден на Марлиииииии Марли ми е кучето, за тие шо не знат се уште. Леле луѓе и среќна сум и тажна сум. Кога поминаја 4 години од ко се роди најмилото суштество на светот! Аман само да ми е здрав и жив уште долги, долги години! И да си дочека старост, и заедно да си се преселиме од овде Го сакам буквално најмногу шо можам да сакам!
Спојлер: . Овој живот не е за плашливки како мене, изгубена сум во душата, изгубена во срцето, би сакала да побегнам од се, од овој град, од овие луѓе, а длабоко во мене стравот ме кочи од тоа да се изгубам себе си, да се препуштам на непознатото. Бог ми дава шанси. Тоа што јас сум плашливка која не знае да зграби шанси во еден здив од икс причини е моја вина и само моја. Лош играч, лош коцкар сум. Погрешно е тоа што се коцкам со моите соништа кога во реалноста само нив ги имам и само тие ме оддржуваат во живот. Од друга страна птица со рането крило не може да полета кон слободата. Би сакала да сум храбра да излезам од комфорт зоната па макар и да погрешам, но јас оддалеку се плашам да почувствувам повторно болка, загуба во нов простор дополнително би ме уништила. Сум велела борец, сум, храбра сум, независна но сега повеќе од било кога ми е потребна рака, цврста рака, безбедна, силна, храбра која ќе ме заштити од се. Потребен ми е некој храбар кој ќе ме турне нанапред, кој ќе ми помогне да го залепам сето она што е скршено во мене. Пробувам сама да ги зацелам раните но не бива, не ми успева, се чувствувам како кукла без душа. Ми фали здив, ми фали свежина, храброст.. .
Аман со ова ПМС цел ден во плачење и нервирање ми отиде. Прво се нервирав зашто не ми се искачаше ии како да ги откачам другариве и после по пола саат од коа им кажав не доаѓам почнав да плачам зашто не сум искочила како сум смеела да ги откачам. Ахххх
Колку од вас не се мајки а имате дете кое ве вика ,,мамо'' ? Дали дека многу ме сака, дали дека јас си го размазувам, внук ми за мајка ме смета. Чувството е убаво и чудно. Некогаш ме ословува како тетка. Не рекле џабе дека тетката е втора мајка. Кога таа не му купува нешто јас купувам секогаш, кога таа ќе го искара јас сум тука да си играме, да му прочитам приказна, да го изгњавам. Само тој е секогаш искрен со мене и секогаш ме расположува.
Одамна не сум се радувала така на лајк од некој што ми се свиѓа. Луѓе рипав по дома кога ми лајкна А типот е зафатен
Има новиов iOS опција во галеријата со сликите да ми ги распореди според луѓе, им ги препознава фаците и прави посебен фолдер со нивни слики. И отворам, гледам слики од мене, моите, другарки, другари и еден куп луѓе што првпат ги гледам во животот. Им ги отворам фолдерите, за да сфатам дека се рандом луѓе што сум ги сликала случајно, во позадина на слика, на улица, на соседната маса во кафич, ликови седнати на спротивната страна на ревија. Се прашувам колку непознати луѓе имаат слика од мене.
Викаат среќата е во малите работи, и се согласувам во потполност...Како на пример мал појадок, мала ужина, пак мала ужина, па мал ручек, па мала чоколада, па мали смоки, па мали пуканки, па мала ресана, па мала вечера, па ужина по вечерата и оп гледаш „мало“ стомаче