Најголемата и најчеста кавга со дм ни е зошто не гасам вифи на мобилен кога спијам, и зошто телефонот го чувам преблиску до мене.. Значи не сум тип што е зависен од телефон. Често го заборавам во ташна, по џебови од палта, во другата соба. И мрзам да зборам долго на мобилен. Сите муабети ми се што е можно по куси. Ама кога ќе легнам сакам да ми е при рака. Ете баш тогаш го сакам до мене. Често ме мачи несоница па сакам да го земам и разлистувам по нет додека не ме фати дремка. Или кога ќе се разбудам сред ноќ и сакам да видам колку е саат... Тој од друга страна, пред да легне гасне вифи и мобилниот го остава на другиот крај од собата. За да види саат и за аларм си има дигитален сат во близина. И да, смета дека за моите главоболки е одговорен мобилниот. Прво затоа што ми стоел блиску до глава додека сум спиела и друго, зошто сум зборела на моб со вифи он. И продолжува со тоа како на работа им доаѓале доктори и им предавале за тоа колкаво зрачење има вифито и дека буквално го пржи мозокот. Ја не познавам некој друг што гаси вифи пред спиење..еве не знам.. Епа решив од денеска да почнам мал "експеримент" и од вечерва гасам вифи и мобилниот во друга соба ќе иде. Баш да видам дали ќе ми се намалат главоболките и дали еднаш конечно ќе се разбудам одморна. Крстозбори имам секогаш дома, па кога ќе се разбудам сред ноќ...со нив ќе убивам време. Само да не ме мавне на јадење, како што сум во пмс...тогаш прекинувам и експеримент и се!!! ********************** 22ри. Есен. Мириса на старо вино. Додуша јас ново чекам, тазе. Шира и печени костени. Ај не сакај есен после!! Ах да... Друго што ме врзува за овој број е тоа што нареден 22ри патувам кај него. Пак. И пак бројам. Бројам денови и недели. Многу било, малку останало велат старите. За добро да е само. ********************** Иначе пред некој ден, обични шајки не најдов. Најдов штрафови. И влегоа во ѕид како подмачкани. се што требаше да иде на ѕид си го најде своето место. Па си земав на сила, па покрај иконите, и друг ѕид расцветав со две рамки кои одамна чекаа ред. Немој некој да писнал дека жена и чекан не иде во комбинација!! Ќе го расцветам и него со што ми дојде при рака! Шајка, штраф, поп-нитна! Ејјјјј стручна литература изучив од тоа поле во меѓувреме! Е сеа, палецот да може би прозборел ама не е тоа сеа муабетот. Ух...се изморив! Имајте убав ден!
Луѓе сме сите. Човек е многу тешко да пронајдеш... Сите си гледаат за себе, сите нервозни, клањкаат, се дерат, се докажуваат , се расправаат, сите се експерти, сите се паметни, сите знаат се` ... Тешки мизерии се прават кралеви, а кралевите од мака стануваат мизерии. Многу страшно! Посакувам да живеев поред 40 години, во тоа време..
Од главата си патиме Зашто не измислат далечински управувач,да си го враќаме животот наназад,и да ги исправаме грешките
Де бе комшивке стиши се, кур е, не е нож.... Мора сред бел ден да пиштиш? На пладне еј...има постари луѓе, деца, гости врие по зградата ама сексуалните задоволства и звуци мора да се на прво место. Едно време помислив дека порно се снима, после сфатив дека не баш. Се дере, се дере и на крај уште вика уфф ќе ме полудишшш Во зградата кај другарка ми ова се дешаваше, и таа беше зачудена и рече ова прв пат се дешава.....тие што се дереа не беа млади туку биле повозрасен пар со деца средношколци.....разбирам дека сите имаат сексуални односи, нема врска возраста, ама така да се дереш бе? Ако дојдеше детето порано од школо прво ќе помислеше дека мајка му некој ја коле, второ да им влезеше одеднаш во станот....трауми.... Туку пред некој ден бев сама дома и правев концерт....ама најгласно се дерев и по 1000 пати ја пеев Do you wannaaaa builddd аааа snowmaaan, come on let's gooooo and plaaaayyyy....и после некое време кога излегов надвор, пред порта кај нас правеле ајвар комшиите и ме слушале. Среќа не викнале полиција, среќа не помислиле дека се давам дома. Сега сакам да им купам нешто во знак на извинување и да им кажам дека ми е жал што сум им ги силувала ушите....
Здраво здраво,не само што гасам вифи од мобилен туку рутерот навистина премногу зрачи,гасам рутер вифу,отварам прозорци за свеж воздух и навистина сонот е поквалитетен.Обиди се,послушај од љубов ти збори
@JollyGirl, мене па, од сите звуци кои допираат до мене од комшиите - бушење, мајсторисување, карање и кршење работи, плач на бебиња, турбофолк - звуците на секс уште ми се и најомилени. Ако не ради друго, зашто траат најкратко од сите.
Сакам да му посакам добредојде на моето омилено годишно време есента. Иако таа од неодамна е тука, ама сега официјално календарски ни пристигна. Би сакала да трае многу повеќе, сакам да уживам повеќе во магијата што есента ни ја создава
СДК дека ми се ближи роденден и во моментов разгледувам торти Сеуште се радувам на шарени - детски торти и секако свеќички
Ејј хелоу Ете сега познавам двајца со таа навика ))) Обавезно почнувам со гасење вифи. И да не е директен виновник за честиве главоболки, сигурно има добра улога во нивно предизвикување. П.С. Се радувам на твои постови. Пишувај почесто, инспирација си.
Е да, најкратко трае ама така едно незгодно чувство ти иде дур слушаш... Замисли си седиш со домашните и одеднаш слушаш дерење... Или гости имате и тие почнуваат... Плус ова НЕ беше во рамките на нормалата дали со нож, со сабја... Не знам страшно беше за слушање
Еве ме назад, освежена, одморена, со нови сили. Си поминав прекрасно, времето не ме изневери па си уживав на плажа секој ден. Помина тоа, но спомените се тука. Сега се враќаме во реалноста. Се појавија некои нови случувања и прилики па се надевам ќе испадне добро. Веднаш си го фатив стариот ритам и некако сум помотивирана, мотивирана и по малку исплашена. Добро секој се плаши од непознато, не сакам некогаш да се каам затоа што не сум пробала нешто ново. Се наоѓам на некоја раскрсница, за прв пат ми се случува ова, но се тоа е составен дел од животот. Комфорот не носи ништо добро. Убава е есента, убав е периодот што следува, носи нови надежи и почетоци, секој ден е можност за подобро утре и нов почеток. Среќата постои и е тука околу нас, но ние често ја избегнуваме. Се надевам наскоро ќе се пријавам со добри вести Ми фалевте феминки.
Кога се сакаме се е убаво. Но, што кога ќе се скараме? Начинот на кој некој човек се кара или полемизира кажува многу повеќе за неговиот карактер и него воопшто.
Почеток на есента - период се мислиш што да облечеш на нозе - дали балетанки, сандали, ниски или веќе и повисоки чизми за кои ти е мерак да ги носиш, и надвор во еден ден можеш да видиш луѓе што ги носат сите овие видови обувки...
Не е ништо тоа ... Кај моиве и регали паѓаа Срам , несрам и отидов на газдрарицата и кажав како знае да ми ги макне , кираџии беа. Секоја вечер беше вака ...
Леле, леле што се случи, не ми се верува луѓе... каков пресврт, не очекував воопшто. Мислам дека сите можни емоции поминаа низ мене во рок од 20 секунди. Не сакам ништо директно да кажувам, да тргне на лошо работата. Со среќа да ми е богами воопшто не очекував @Yowannty јас спијам со телефонот до мене, но секогаш го исклучувам интернетот. Нема ништо полошо од телефон постојано уклучен на интернет и да е некој online, чекаш да ти врати, а никаде го нема. Веднаш караница за глупости. Инаку пробај сигурно подобро ќе ти е и нема да имаш главоболку. Најлошо е да спиеш до телефон, а ако гледаш нешто на интернет тоа треба да е пола час пред спиење, зошто инаку спротивен ефект има и потешко ќе ти е да заспиеш.
Сигурно ти било многу интересно додека ги слушаш тие милозвучни гласови во ноќта Кој знае што пози пробувале штом до регалите дошле Среќа јас сум во куќа па немам проблем со вакви нешта, и затоа еднаш или два пати во годината ако начекам некои звуци додека сум на гости во некој стан, интерсно ми е