Има голема разлика меѓу личности на кои не им е гајле за чувствата на другите, и личности на кои не им е гајле што мислат другите за нив, нивниот приватен живот и личните избори во истиот.
Пријатели и непријатели... Секој ги има помалку или повеќе. Првите некогаш беа симбол за меѓусебна почит, доверба и разбирање, а денес се раритет за поимот пријателство... Вторите се распространети како лисјата во есен. Шушка лицемерието зад нашите чекори и се ронат провидни зборови низ постапките. Има смисла да се каже дека дури во моментот кога ќе престанеме да го презираме непријателот, зачекоруваме на патот кој ќе не одведе до триумф над него.
Секогаш сум со насмевка на лицето,за пријателите да не се грижат,а непријателите да не се радуваат ..
Едвај чекам да бидам 4та година за да се оттарасам еднаш за секогаш од физика, хемија и останати с*ања. А сега морам да се натерам некако да седнам да ги научам, ама морам.
Сите знаат дека сакам книги, им го сакам мирисот, им ја сакам мудроста сокриена во секоја страничка, им ја сакам верноста, што се тука и кога никој друг не е. А најмногу сакам книги кои инспирираат, кои охрабруваат, и кои молкум ги потврдуваат моите ставови животни. иако кршлива сум, и знам непотребно да заплачам пред нечиј збор, пред небитен коментар, цврсто знам дека најважно е на крај на денот, ете три секуди пред сонот да ме посети да сум си бескрајно искрена со себе.
Интересно ми дојде и ме натера на штрумфување како некои аватари на некои членови и нивните постови, не ми делуваат спојиво, хахахаха..на пр.како може @HUNK кој е тата мата со знаењето за религиите, да одбрал слика од Душко Дугоушко..не иде нели @EvAngelos исто голем умник со религиски учења, да го одбере Пинк Пантер @Bender Rodriguez -робот полн со знаење исто од религијата Баба Рада, ставила слика од девојка млада а се топори кај темите за секс
Ај ке размислам кога ке го менувам Тебе ти препорачувам под итно да го менуваш аватарот,ај да е само Путин, пеќи..ама вака и Трампчо, па и голи, па некако топли браќи а не се..хмммммммм..После цацко ти е крив кога ке ти го крадат профилот
Пријатели се Путин и Трамп, и тоа е добро бидејќи ако добие Трамп можеби заедно ќе успеат да го подобрат светот, кој веќе е отиден у пм , ама со Хилари на чело на Америка ќе отиде уште толку.
а што мерак ти прават за да ги ставиш за аватар..ај боље смени го со некој развиотка баткабарем очи ке плакнеме кога ке те гледаме
Зошто бе вака прават сите? Со ќутење, со лажење, со нож забодување, со мизерии.... Си ќути, си ќути и гледаш пратеник станал (а ти го мислиш дека другар ти е). Или си ќути, си ќути и одеднаш ти вика дека за 2 недели заминува Германија, таму ќе работи, и ќе живее.... Родената сестра не ти кажува, па што очекваш од друг. Секој ден се гледаш, се слушаш, а тој/таа зад грб ти работи и си прави планови Прв братучед се вработува, ние последни дознаваме...тетка ми заминува за Канада, ние последни дознаваме...другарка ми аплицира за Германија, јас последна дознавам... Има нешто порасипано од човек? Ова најсериозно прашувам: Има човек што знае да биде ВИСТИНСКИ ПРИЈАТЕЛ? Има човек што нема да ти заврти грб кога ти е најтешко, а да не сте крвно поврзани? Пред една недела му се јавував на другар за услуга, не ми крена...ок....денес (после точно една недела) ми се јавува тој мене за услуга. Со кое лице бе брат? Како не ти е срам? Говедо ли си, човек ли си... Ми иде да се оттуѓам од сите. Си ги сакам животните. Сакам да се земам куче, верверичка, папагал и мајмунче, и да си бегам најдалеку од сите.... Стварно си ги сакам кучињата најмногу од се. Зборувај му, жали му се, кажувај му, тоа само ќе си седи и ќе те слуша. Битно живо суштество те слуша. Само дај му да јаде, прошетај го, малку поиграј си и ќе се сака цел живот. Ќе ти биде најдобар другар...а со луѓево? Дај му го цело внимание, цело време, биди секогаш тука за него, и на крај ајде чао Зар има крај овој глуп период?