Значи од ко почнав да ги пијам овие хормоните за цистата на јајникот, јас цело време јадам! Не можам цело време сум гладна. Ќе примириса нешто ми се јади. Денес колку шо јадов не сум јадела во три дена пред да ги пијам апчињата. Ама ајде, можи ќе се здебелам некое кило таман хаха. Оти многу имав ослабено, ми требаат барем 3 кила да се поправам. Ми е чудно само. Сега јадов буквално пред 3 минути. И се чувствувам гладно. Аххх...
Каде и да оди човекот не може да побегне од тоа што му е во срцето и од тоа што го боли во душата. Но затоа секогаш ќе се враќа во местото каде што бил среќен и се чувствува безбедно. За некого рутинатата е сведена на досада, секојдневие, за мене таа е сигурност. Текот на реката не се менува затоа дозволи водата да ти го прочисти патот, кога е најтешко и најмногу ти се брза забави, затоа што брзото често знае да се изјалови.
Сакам да кажам ... ѓубре сум. Абе си седиме со дечко ми в парк и збораме за тоа како си поминавме на одмор и му кажвав колку го тормозев дур он спиеше, како лежев врз него и гледав телевизија и тропав, и кафе праев со машинката и му ставав хартија врз грб како потпирач дур цртам, а он кутриот ... не јадел зошто сум била свртена кон фрижидерот, па кога ќе отворел ќе светнел и ќе ме разбудел и на тераса гледал серии, од звукот да не сум се разбудела. Се осеќам како ѓубре.
Испишани,и од времето потпишани страници.Во ноќта понекогаш талкам,како небесен патник во темни хоризонти.И со отворени очи се сонува-ти велам,и зо затворени се живее.Од прозорецот месечева светлина на подот,и фенерот трепери а неуморно фрла сенки на ѕидот.И секое утро посјсјно од друго,чиниш темнината лесно ги губи битките.Неуморна е ноќта никогаш не и верувај.
Добро бе како може некој да те чека да направиш мала грешка,мал пропуст и после да те прекорува едно 10 дена за тоа,а ти на истата таа особа си и прогледал низ прсти мал милион пати,само да е се во ред,да се има мир... Чудни се луѓето,и уште почудни стануваат! Се тие се посупериорни,се ти не им чиниш,абе ајде веќе!!
Поздрав до сите што ќе останат будни цела ноќ до сабајле, секој со своја причина. Јас заради несоница. Само што се зачленив на форумов.
Епа че си умреме @biGirl на здравје нека ни е. Туку сериозно луѓе треба да се спие навечер пошто кога спиеме се лачи одредена група на хормони која штити од рак и разни заболувања, а ако сме будни нивното лачење е далеку помалку. Размислувам за промена на навиката за спиење. Ќе биде и тоа.
Jas si koristam apxinja za spienje protiv teski nesonici ama mi se potrosile deka so meseci ne gi upotrebuvav belja rabota ne sakav da posegnam po niv ama ete
СДК дека шминката е за ЛИЧНА употреба. Нема позајмување креони, чупалици,пудри кои се нанесуваат со сунѓерчиња. Тоа што директно се става на лице, нема што да шета по другарки !!!
СДК има периоди кога треба да се направи некоја промена, колку и да е подобра сепак е промена и треба време да се навикне човек. Мене ме фатил некој период се ми се испомеша и арно и безвеза, свашта. Што би рекол Марфи, мојот омилен цитат “Кога работите ќе тргнат наопаку, тргнуваат по најлошиот можен редослед. Ај да видиме до кога. статус кво Инаку многу се изнасмеав на вицот: Малото детенце прашува- Тато тато што е тоа брак и таткому оди во собата му ги зема сите играчки и му остава само една, ете сине тоа е.
Знам дека ке дојдат подобри денови и убави моменти,не се откажувам во вербата во Господ.Ке ги издржам сите препреки и сите сопки,се предаваат само кукавиците,а јас се сметам за војник кој целиот живот е на војно полеи не се откажува,знам чуствувам дека ке биде подобро.
Во паркчето што неколку пати го имам спомнато, накај работа, утрово еден чичко свиреше на пластична гитара за деца, а пет дечиња играа слабо следејќи го тактот. Возрасните со нив, насмеани го следеа сето тоа. Премногу сериозно го сфаќаме животот. Ни треба радост, уживање и спокој.
Полошо од зло,се две зла поседувани од две различни персони ама сплотени. Без разлика дали се жени или мажи. Уортачени зла се како пранги. Може да се сузбијат само ако се удрат една со друга.
Имам проклетство да му се радувам на родедените, свои, туѓи. ете пустите радост ми носат, мерак ми прават, чиниш дете кое 5 години прави сум. Имам проклетство да се преиспитувам токму во предвечерјето на своите родедени, да видам што сакам, што сум сакала. и се чудам како мали работи среќна ме правеле и се чудам како трошки од внимание среќа и мир в душа ми носеле, и се чудам како пораснав во овој ладен ѕвер... Имам проклетство да се радувам на родедени... така ќе биде и овој пат, и покрај мразот во градиве