Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    И да!

    Синоќа после 12 часот ја дувнав свеќичката за мојот роденден!
    Пријатно изненадена од моите најблиски, повторно си ја посакав истата желба што ја посакувам со години, бавно се остварува но мислам кај и да е, тука некаде е. Доаѓа.
    Кога бев малечка, на некои си 10 годинки, сега, на овие мои години, си замислував дека се идеални за да станам мајка, и да бидам во среќен брак.
    Можеби за жал, или за среќа, немам ништо од тоа. Се во свое време, нели?

    Среќна сум, и благодарна најмногу на моите родители, за начинот на кој ме воспитале првично, за се што ми пружиле, сите благодети на животот кои сум ги живеела, образованието кое ми го пружиле, и парите кои ги лупнале во него.
    Ќе се исплати, секоја капка пот која сте ја потрошиле за да ми овозможите се. Верувам и ветувам....
    Знам дека се гордеете со мене....
    Самата на себе си посакувам здравје, среќа, и по можност оваа година да си го остварам и сонот кој од малечка си го имам :$

    И овде, фала ви феминки што постоите, вашето присуство, зборови, долги , кратки постови кои ги читам секој ден ми пријаат и ми го разубавуваат секој ден.
    Имајте убав викенд, мојот веќе почна
    Повелете на прослава , а и она како се вели : Денес ми е роденден, и денес јас сум главна
    Една година постара, но и помудра! :P :dance: :party: :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    На cresa-jagoda, hermosa, huston и 16 други им се допаѓа ова.
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.078
    Пол:
    Женски
    СДК... Милиони срца чукаат на планетата Земја за да може секој да ја пронајде другата половина.
    Таму некаде не чека делот од нас...
     
    На fatamorgana123, hermosa, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Убаво рекле старите: Не расфрлај ги бисерите на свињите..
    И со право биле...
    Наместо времето да го потрошиш на некој кој заслужува и вреди, зошто да го губиш на некој кој нималку не заслужува.
    А, времето е скапоцено. :)

    **

    Не знам што е со темиве на форумов...Повеќето стари членови не ни пишат, и скроз ги разбирам во тоа.
    Не постои веќе здрава дебата овде.
    Само превртување зборови, погрешно цитирање, намерно зајадување.
    На пазар со стари баби и дедовци поубав муабет ќе направам.
    Многупати се прашувам себе си: зошто си го губиш времето ?
    За тоа време една книга ќе прочитам, наместо да читам исфрустрирани личности, кои немаат каде, па се истуриваат над компјутер.
     
  4. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.518
    Допаѓања:
    17.538
    Пол:
    Женски
    Денес денот ептен убаво ми почна ама ЈАС НЕ СУМ ЈАС ако нешто не зезнам . Па бива ли до толку да сум несмасна бре ? Тренерот кога го закажувал тренингот случајно на ушите да не сум си седела :@ :@ :@ .
    И паметната Snow - Star си мисли дека тренингот е еден час подоцна :fubar: :fubar: :fubar: ама не е , и се јавувам на тренерот да го прашам дали е во градот ( затоа што има и други обврски надвор од градот )
    бидејќи некогаш знам само и де се прошетам до салата а тренингот да е откажан . Тренерот вели кај си Сноу , јас : па нели тренингот е од 19 : 30 часот ? .Он : не тренингот е сега и сега ништо , глупава јас ќе си седам дома :worried: :fubar: :doh: . Ама ако тоа ми е од главата , кој нема у глава има у нозе .
    Ај вие останете ми со здравје и мој совет е да не бидете толку трапави како мене . :@
     
  5. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Oхоо, ги "изедов" моиве :geek:
    Си доаѓам изморена од курс, станата сум од шест и тие намуртени седнале и си прават муабет.
    "Овоа нашево ништо не помага, како син да чуваме" :^) Влегувам и ајде да измиеш садови, сигурно за да ме тестираат :wasntme: Мајка ми од таму, не сум можела да измијам пет чинии, маа дај :D
    Отидоа демек да спијат, се знае што прават во спална "муабетче" :lol:
    Кога ме фати еден инает, мијам, бришам, ја светнав кујната за едно пола саат, ставив цвеќиња, им ставив вода и се расчистив низ соба.
    И толку што бев исфрустрирана од нивното незадоволство, земав стикери и им напишав во кујна
    ДА МИ ЈАДЕТЕ ТУЛЕТО, И ТИ И ТИ !!! :rofl: :rofl: :rofl:
    Мајка ми кога виде, ме пофали, ама кога прочита се насмеа од срце и татко ми исто :wasntme:
    Ах, убав син на мајка што имаат, блазе нив :D
     
    На Abeja, kate21, Ketrin.Moon и 3 други им се допаѓа ова.
  6. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Уф, конечно ја истрошив сета енергија што ја имав.
    Хиперактивна ќе станам како што тргнало. :D :^)
     
    На Gordana10 и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  7. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Верувајте во тоа што го сакате, ќе се исполни. А, ако верувате во тоа од што се плашите најмногу, да знаете дека и тоа ќе се исполни. Не за џабе кажуваат дека треба да веруваш во тоа што го сакаш за да стигнеш до целта.

    И, да, јас не верувам во моите непријатели: злото, злобата кај луѓето, завидливоста, тагата и стравовите. Затоа не се плашам од ништо, затоа не наштетувам кај луѓето од завидливост, затоа на злобните луѓе им се обраќам со добро, затоа и мразам да сум тажна, ја одбегнувам тагата, ги одбегнувам солзите што ми ги горат очите.

    Не за џабе возвишените кажуваат да се верува во добро, да се верува во тоа што најмногу го сакате. Ако јас, едно најобично 13 годишно девојче го може тоа, зошто ВИЕ да не го можете тоа?
     
    На vinozito1, hermosa, Snow-Star и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Positive vibrations are back! 8) :D

    Фала Богу ми се врати расположението.
    И тоа онака, без некоја посебна причина.
    И секогаш после одреден депресивен период се прашувам како сум можела да паѓам во депресија за неважни работи, ама тоа е.
    Живот.
    Секое чудо три дена.
    Можеби немам работа, немам љубов, но имам семејство кое ме сака и прекрасно друштво. :)

    Знам дека не сум единствена и свесна сум дека има луѓе со уште поголеми проблеми, но има периоди кога се` ти доаѓа преку глава, период кога не гледаш никаков излез од ситуацијата во која се наоѓаш и не ти преостанува ништо друго освен нервози и стресови.

    Решив да се посветам на себе. На надоградување на мојата личност, работење на работата која ја сакам, правење работи кои ги сакам и ме исполнуваат без разлика дали на другите им се допаѓа или не.
    Сакам кога луѓето кои ги сакам се среќни. Тогаш и јас сум среќна.
    Сакам сонце, насмевки, љубов...
     
    На Anonymous996, hermosa, Elennaa и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Секој ден ми е се поубав и поубав. Среќна сум луѓе. ^_^
    Плу плу, да не се урочам.

    Си купив неколку книги од саемот, нешто козетика, некои блузички и сега сум среќна и исполнета. А утре ќе одам да си правам ноктите, а и можеби ќе се шишам.

    Цел ден на нога, изморена сум, ќе заспам врз тастатура. Сега ќе изгледам некој филм, малку музика, добра книга и храна. :inlove:
    Ах тие ситни работи што ме прават среќна.
    Ценете ги малите работи.
    Среќата на тие е поголема.

    Тргнете ја таа негативна енергија од себе. Времето не е криво. Самите сте си криви. Мислете позитивно, смејте се гласно и уживајте во секој момент.
    Малиот зрак од сонцето сепак многу значи.

    Штом јас сум среќна, секоја може да биде! :D
     
    На kikav, QueenElena, SparkyAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Desert.Rose

    Desert.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    189
    Тешко е кога некој ти недостига, но уште потешко е кога знаеш дека на истата личност и ти и недостигаш... :|
    Колку и да се обидувам да ги отргнам мислите и да глумам дека сум добро, на крајот на денот, кога сум сама, кога сум своја, кога нема на кому да објаснувам зошто и како.. Е тогаш боли, тогаш сфаќам колку ми фали, тогаш сфаќам дека не ми е сеедно, а најлошо е што сфаќам дека ова чувство уште долго време нема да помине... :shake:
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Моментот кога ја гледаш твојата помала пријатлка, како се тресе целата од емоции , се радува и скока од среќа бидејкии очекува да и се случи првата средба....Колку изгледа прекрасно и среќно :inlove:
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    СДК вратете ја темата „Труднички муабети“. Еден куп теми се полнат со офф топици и препукувања, ама само темава уште е затворена :!:
     
  13. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Нееее какво расправање 8) Знам дека е таква темата, во спротивно би се пријавувале мислењата, јас онака си пишав :) Во право си дека има поубави теми, ама па има и тема испукајте се :wasntme:
     
  14. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    23.524
    Пол:
    Женски
    Нема ништо поубаво од тоа да видиш радосен и позитивен човек па тој ти ја пренесе сета енергија на тебе.
    Безразлика дали причината за радоста на личноста е некоја добра оценка,ново момче,брак или пак бременост. :lol:
     
    На senza.parole, hermosa, LittlePinky и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.737
    Пол:
    Женски
    Една од причините што толку го сакам петокот, викендот, е позитивната енергија што се чувствува во воздухот, радоста на луѓето заради тие три дена што ќе си ги посветат на себе. ^_^
    Средношколци расприкажани и весели по школските дворови, повозрасните спремни за одмор од работните обврски. Сите за тие три дена забораваат на обврските, стресовите и се препуштаат на релаксација, дружење и насмевки. :f:

    Едноставно ми е мерак кога гледам растрчани, расприкажани луѓе кои ќе се подноват во петок, ќе се наградат за работата преку цела недела, кога ќе слушнам нечие ѕвонливо смеење наоколу. Мило ми е кога ќе видам луѓе кои се радуваат на мали нешта, макар и непознати, дел од толпата околу мене. :sun:
    И така секогаш срцето ми се полни, секогаш за викенд сум си позитивно расположена.
    Цел ден исполнет со позитивна енергија, а во друштво на некои луѓенца секогаш сум како да сум вдишала смешен гас, и така неколку саата ме држи тоа. :D

    Туку, полека но сигурно, фотографирањето ми се вовлекува под кожа како омилено хоби. Ако видите некоја со телефон кога се враќа од школо да ѝ текне да слика некое дрвце, кученце или цветче, да знаете дека сум јас. :wasntme: Веќе телефонот си го преполнив со сликички од природа и животинки што ќе ги видам по пат, планирам и да си земам една касичка и да штедам за апарат. :D
    Бидете ми поздравени и уживајте викендов во релаксација или некое хоби за кое со задоволство одвојувате некој час од вашиот ден, игнорирајте ја оваа зима во пролетта надвор и згрејте се со насмевката на лицето и топлината во срцето... :hug:

    http://www.youtube.com/watch?v=lkazf4nMYwU
     
    На Sexybaby86, ozbilnazena, bittersweet и 8 други им се допаѓа ова.
  16. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Најиритантното нешто во едукативниот систем е обидот за создавање слепци, идејни следбеници, сателити со помош на зборување добри работи за државното уредување.
    А никаде нема објаснување.
    За ништо.

    Кога учам лекција по граѓанско ми доаѓа да се „послужам“ со солна киселина.

    Плукајте вие по комунизмот, но вашата демократија ми смрди на комунизам.
    Туку, не е моја работа, нели. |(
    Подобро да си молчам.

    Петок е - не мора утре да станувам за школо. :geek: :D
    Инаку, сакам кошарка. Многу сакам кошарка. 8) ;)
     
    На Marossa, XstrongerX и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.326
    Пол:
    Женски
    Среќа е да имаш добри родители! :D
    Не ми се верува животната желба ќе ми се исполни, па не го очекував ова сега, мислев за 7-10 години, а може и повеќе. :D
    Франција ме чека мене, а јас го чекам јуни. :D
    Уште сега страв ме фаќа како ќе летам со авион. Едно дијазепамче и мечка страв мене не страв. :rofl:
    Како и да е вреди тој страв. :)
    Ги сакам моите родители бе, едни и единствени се! :lol:
    Што ли ќе правев јас без нив?! :?: :D
     
    На SparkyAngel, Golden, Barbie20 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    964
    Допаѓања:
    4.033
    Пол:
    Женски
    Нова фризура, нови стартки, нови книги,.. живот во кој ми се случија многу промени. Само едно нешто недостасува а тоа е топло време... :D
    Не можам да ви опишам колку ја сакам пролетта, најубаво време е и најпогодено. Не е ни многу топло ни ладно туку е пријатно и е време кога треба максимум да се ужива.
    Незнам за вас ама јас постојано сум во исчекување кога наутро ќе ме разбудуваат пролетните топли зраци на сонцето и ќе се задржат до предпладне. :sun:
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Многу, ама многу се радувам, додека комуницирам со некого и таа истата личност ќе спомне некој извадок или што било од Жикина Династија. Е, такви луѓе бре сакам! Tакви! Мои човеци. :rofl:

    За нив, одма пишувам пљусче у тефетеро. :rofl:
     
    На Antoninaaa, Monna.Monna и Barbie20 им се допаѓа ова.
  20. ABeautiful

    ABeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    56
    Завршеток на уште еден ден од неделата на прекрасниот месец Април.Месец во кој преовладуваат широките насмевки на лицата на луѓето..но се случува и некое намуртено лице да те одмине..
    Заоѓањето на сонццето го завршува денот и ја започнува ,,долгата,, ноќ..Темна ноќ!. Ноќ во која се е темно а едниствена светлина дава прекрасната месечина и прекрасните далечни светли ѕвезди.
    Еве веќе сум легната во креветот со цел да се одморам и да го започнам утрешниот ден (Сабота) со активности и одмарање на сонцето.Сакам да се одморам после напорниот ден поминат на училиште..но наместо тоа продолжува да ме јаде сомнежот кој веќе некаде две недели го има во мене..Сомнеж со кој самата ЈАС како личност неможам да се справам!!! |( . Додека ме гризе сомнежот потајно во мојата потсвест се запрашувам дали навистина сето тоа што го правам во животот и со некого што го поминувам.... е добро?!?! Сепак овие години се најслатки,најубави ..средношколски години,убави години.. за да се поминат со добро друштво,добри забави..итн. Или пак да го поминеш со некој дечко..и да те јаде сомнеж?!?!? Секако дека би го избрала првото,барем за овие години..но лично ЈАС го посдеувам и тоа второто имам личност до мене,што знам дека ме цени,што знам дека кога и да му завртам на телефон тој е до мене...но дали тој е само МОЈ? Ете тоа е мојот сомнеж,кој сеуште не сум го расчистила ни со него а пред се со самата себе. Дали сето тоа што го поседувам ме прави навистина среќна или сепак има нешто подобро што ќе ме направи среќна...Заспивам со надеж дека утре ќе биде решен тој сомнеж,ќе го снема веќе. Знаете како велат ,,Сомнежот е како прст на трн,, а најмногу ѓи мразам работите кога се така. Тонам во мојот сон и сакам да се разбудам во поубаво утро...Добра ноќ !