Просто мразам да се наоѓам во ваква ситуација кај што не знам за што да се одлучам, дали да продолжам со работава или едноставно да се откажам од тоа
Едноставно ненормално покрај патот за теферич си ја седнал на хауба и ја дигнал блузичката нагоре, си грицка цициња си ја плеска, коли поминуваат им свиркаат бато плеска а мадам насмеана од 8 до 8. Е ова се вика храброст
Го видов бившиот (тазе) со новата девојка. Искрено, не ми беше баш сеедно. Се држеа за рака. Па погледнаа и двајцата накај мене! Пфф,не сум љубоморна, ама поубава сум од неа! П.С Не ти стои оваа девојка,ич,да знаеш
Стварно си луд, пиши на крај за фемина, Петар директно од местото на настанот. Ај тие си бркале работа ама тебе нели ти беше незгодно да ѕиркаш и како ти баш на тој пат се најде или и ти по истата работа тргна,(се зезам, немој да се налутиш) ама морав да прокоментирам. Инаку наминав на темава за друго нешто што сакав да речам ама заборавив од постот на Петар.
Нормален ден поминат со пријатно кафе и пријатна другарка на кров под синото небо, над раздвижените сокаци, на висина која предизвикува одземање на здивот и возбуда. Никогаш не ги земајте при срце љубовните советите што ги добивате од пријателите. Секој најдобро си знае за себе. Јас никогаш не го наметнувам кажаниот збор, туку давам совет. Дали другарот/ката ќе го примени или не е негов/а избор
Патот го газам за до теретана и назад, не зиркав поминав со кола и бев трета кола по ред од кој првата возеше бавно највероватно заприметувајќи ги нив и им свиркаше и забележав и јас
Имам идеја кога ке се бираат најфорумџии за годинава, да се додаде нова категорија во која @Petar80 гарант ке биде на прво место а тоа е најсекси форумџија
Е зошто навредабаш напротив, треба да ти биде чест..ехеееее, таква титула секој маж посакуваПа гледаш ли дека јадна@Fallenangel заборави што сакаше да каже, се збуни душичка
Сдк .... Уморна сум од лажни ветувања ... Уморна сум од лажна надеж , уморна сум од верување во други .... Уморна сум од дволични луге , Уморна сум од давање на втора , трета шанса на други ... Уште ме прашувате од каде се моите фрустрации ??? Па вие ме направивте ваква ! Кога ми требаше најмногу рака никој не ми подаде , многу пати бев на дното никој не ми помогна да се исправам на нозе , никој не беше тука за мене , зошто би била тука за вас во иднина ?? Мојата лекција што требаше уште порано да ја научам е дека лугето не се такви какви што се преставуваат и не треба да им веруваш ниту кога плачат ниту кога се смеат .... Но едно е сигурно Карма е кучка
Се прашувам дали ноќе мирно спиете? Дали не ве мачи совеста? Дали се оптоварувате вака требаше да биде,не вака?! Јас да! Кога само би можела да избришам многу моменти со гума или да направам да изчезнат со магично стапчеподобро би било се,и тоа многу...
21-век,време кога луѓето живеат за лајкови и каде тоа им преставува дневна душевна храна.Каде ако денеска не добијат минимун 10 лајкови на Фејсбук и уште 10-15 овде на форумов,неможат нормално да фукнционираат.. Се прашувам,зошто сакаат да го укинат четот или да гледаат кој ги чита? Дали заради тоа што ќе бидат откриени дека на темите на многу членови им се обраќаат со ,,прекрасна си",,најмила",,најдрага",,имаш поддршка од мене" а таму на четот меѓу себе истите тие членови ги оговараат со ,,Неможам да ја поднесам таа",,,глупача",,одвратна",,,како може она да му лајкува на тој/таа "??? Или едноставно ги храни душевно тоа што на едно место зборуваат се најубаво за нивните "фемина пријатели" а позади грб само најлоши зборови за нив? Пазете се од волци во јагнешка кожа.. Such a misery
Среќна сум.Пресреќна.Го избрав најдобриот човек за мој сопатник,човек кој секоја минута ми дава до знаење колку ме сака и колку сум горда на него.. Помина и нашиот втор меден месец,но овој беше навистина посебен..
Она кога си го чекаш Мој Термин 2 месеци, и 3 часа пред терминот ти се јавува сестрата да ти каже „Ако можете сега да дојдете на термин, докторов треба на друго место да си заврши работа“. Молим?