Тоа е, така испадна.... Mи ја пушти the time is now и така.... п.с. Дај боже сите така насмеани да се
Се издаде мадам. СЕ сетив што сакав да речам синоќа. За некои личности најдобриот подарок е внимание, љубов, прегратка, насмевка, доволно е самото присуство кога знаете дека некој ве чека било за роденден, празник, обичен ден нека е. Што е толку тешко да се разубави нечиј ден? Денес сакав да речам дека не сум знаела дека фустани кои по правило се со гол грб се носат наопаку па голотијата е на градитемислев таква глупост само Благица Павловска прави ама не имало и други модерни женички. Не знам како не им пречи тоа што цели гради се надвор, па барем брош да прикачи со усул да биде деколтето и да не се познава дека фустанот е наопаку облечен ама тоа е за вкус не се зборува ама како и секогаш ја морам да си речам што мислам.
До пред некое време имаше личности на кои им се восхитував за цврстината и силата која ја имаат. Како поминуваше времето, така животот едно по едно ми приреди такви несакани настани што на никој не му посакувам да му се случат... Утрово застанав пред огледало и се гледав може пола саат и више И на крај на глас си реков "Каков човек си ти? Како после се што доживеа си сеуште исправена на нозе, како сеуште имаш сила да постојано има насмевка на твоето лице?" Како и секогаш се насмевнав и сватив дека она мало девојче кое кога нешто ќе ја мачеше во истото тоа купатило плачеше скришум никој да не ја види, прерасна со челична дама која ништо, ама буквлно ништо не може да ја сруши. Почнав да си се восхитувам на самата себе...
На фб ме додала наставничка што ми предаваше биологија во 8мо одд. Се познаваат со татко ми, ама како и текнало на мене бе дури сега после 100 години? Ајде не е ни битно тоа, битно ме врати многу спомени жената уште кога ја видов на слика...убави и безгрижни спомени од тој период, кога се ти е полно и рамно во животот Ми текна дека со неа учевме за полови органи, и на крај на часот вика да не има некој прашање, сите ќутат само еден се јавува: Наставничке зошто жените за време на секс испуштаат звуци, стенкаат? И таа се изненади од прашањево, кога почна да се смее, и ние сите по неа. И му вика од кај знаеш ти дека испуштаат звуци? Тој враќа: Па по филмови што сум гледал, од кај да знам инаку....ги боли ли? Затоа така стенкаат? Од болка или...? Таа се смее, ние се смееме, тој мртов сериозен....Му вика прво не знам како не ти е срам вакви работи да ме прашуваш, второ кога ќе дојде време ќе дознеш. И тој вика: Па сега ми е време да знам, вие сте ми наставничка по биологија подобро вие да ми објасните отколку некои деца по улица (па демек кој знае што треба да објасни, уште крива наставничката да излезе ја направи на крај ). И само му рече не е од болка, туку од задоволство... И во тие истите часови кога објаснуваше за машкиот полов орган, вика знаете што е ерекција? И од нигде никаде, се избацува Трајанка од последните клупи, најмирната и најповлечена ученичка што глас и немавме слушнато 4 години....Ерекција е кога пенисот има цврстина и јачина.... (баш со овие зборови) и тогаш првите 10 секуди беше штама пошто прв пат и го слушаме гласот, и после кога почнавме да се смееме мислам плачев од смеење и стомакот ме заболи. И почнаа сите ее мори Трајанке изгледа си го примила ти, еее мори Трајанке да не пукнеш...и цел час замина у пичку матер.... А на крај кога се разделувавме со класниот (млад, тазе женет, тогаш вработен) му подаривме книга, и му викаме: Еве наставниче пред да си легнете, да си читате и да се сетите на нас....и тој вика, пред да си легнам имам друго нешто работа, читање не е за навечер и си се смее И сега баш се прашувам...добро, ние сме имале расипани умови или и наставниците си биле такви одлепени? Ех спомени...камо да се врати тоа време. Прст да ни покажеш ќе умревме од смеење... Паметот на лер и терај....
Читам наслов: Цел живот погрешно диплите чорапи, отворам, што ќе видам, стварно, цел живот погрешно сум диплела чорапи Затоа никако да ми тргне во животов
Дечкииииииииии пресреќна сумммм Другарка ми конечно почна со студирање во странство! Се до денес беше неизвесно дали сигурно ќе почне и кога ми кажа пред пола саат дека денес почнала премногу се израдував Нејзе и се исполни мојата желба Ама ако, многу се радувам за неа. Одличен ден, одлично расположение
Mi se jade kolac prelien so cokolado I malku kokos...mh... Usvari zosto kazuvam...odam da si napravam
Не знам што правда ќе беше ова што се случува. Првите курвичиња што идеа со женети, роми, албанци за пари најубава среќа испадна да имаат.А другиве ко проколнати се траскаат, се нервираат, прават се да угодат на некого и на крај пак нечинат, ќе ги остават, ќе ги тепаат, ќе ги малтретираат, ќе ги изневеруваат. Од друга страна што се случи со онаа познатата изрека секој на крајот го добива тоа што го заслужува?Дали всушност истите тие курвичиња кои се вмешале во врска/брак ќе ги стигне казната па ќе се сетат на солзите што им ги причиниле на другите кога ќе бидат во лош брак, па ќе се сменат улогите, ќе ја почувствуваат болката како е да бидеш изневерен, навреден, понижен?Дали тогаш ќе се покаат за се што имаат сторено на друг? Друго што сакав да кажам е дека бев излезена низ град, го сретнав бившиот со кого идев три години после долго време, кога почнав да бегам како да ме брка манијак или Богдачува сериски убиецкако јас да сум виновна за пропадната врска, како да сум изневерила, а всушност беше обратно.Ај ја што се запрепастив ама па и тој ме гледа^)очи му истекле. Типичен пример дека дојдов до ситуација кај те сретнав кај се запустив, нејќум ни на патот да те сретнам да ми поминеш, подобро црна мачка отколку ти!Почнав да се гушам, почна стомак да ме боли, почна глава да ме боли, ме урочил кретенот!Ама уште е убав, згоден и секси, убаво му стои војничка униформа и брада.Ма колку и да е убав завршено е тоа,го мразам кретен па затоа бегам од него не сакам ни сенката да му ја видам.
Нема нешто полошо од неискажани зборови и чувства што се кријат. Како нож во срцето да се, и не ти даваат мир. И се што можеш да направиш е да гледаш отстрана, за свое добро, и за доброто на сите... Боли. Боли оваа љубов. Но некогаш работите и не се баш во наши раце, па постапуваме онака како што се мора, а не онака како што ни кажува срцето. И се прашувам дали баш секогаш срцето знае најдобро?
Ми треба една прегратка, од оние искрените,топли прегратки кои барем на миг ти ги лекуваат раните кои самите ние не можеме да си ги излечиме.
Најчесто времето во автобус го поминувам читајќи, некогаш стручна, некогаш слободна литература. Ама одвреме навреме знам да затворам книга и да заталкам со мислите гледајќи низ прозор. Секое сабајле во тие гужви и чекања на семафор, од автобус ги анализирам луѓето што ги среќавам по пат. Некој пие кафе во кола и се обидува да се расони, некој јаде бурек, некој пуши цигара, некој нервозно збори на телефон, некој ги смирува децата што се закачаат на задно седиште... Толку многу луѓе, толку многу различни приказни. За секој од нив несвесно се обидувам да погодам што работи, или барем како е расположен тоа сабајле. Денес на враќање накај дома, стандардно заглавуваме на семафорот што најмногу го мразам. Ги гледам излозите на продавниците покрај кои секојдневно поминувам, па забележувам дека на еден излог ставиле нови невестински фустани. Погледот ми оди накај фустаните и во еден момент здогледувам некоја идна невеста која во продавницата пробуваше венчаница. Носеше голем, балски фустан, со долг вел и ми личеше на Пепелашка Си се смешкав додека ја гледав како се врти пред огледало. Ќе биде многу убава невеста И ако случајно се пронајде во мојов пост, сакам да ѝ посакам цел живот да биде среќна и насмеана како што беше денес додека го пробуваше фустанот
Решив да симнам една книга и...заглавив Моментално е 548мб што книга ќе беше И сдк, секогаш навечер ми се пријадува, некој да ме репрограмира?!
Фала им на Т-хоум што ми го вратија Фокс крајм. Тоа ми фалеше во моментите кога треба најмногу да учам. Дистракција. Како да ги немам доволно. А со тоа и три нови серии за расонување секој ден, ооооо убавини.
Сите нешто чекаме во животов. И чекалните се секогаш преполни со неостварени мечти. Со пулс зад кој искрат желби. Со жедни срца. Влажни очи. Исчекувања до сите вечности. Неисполнети или полуисполнети очекувања. Бескрајно долги редови стари планови и желби, кои чекајќи таму некаде низ времето и просторот нанижале и дузина нови. А пусто срце ненаситно...често ќе најде да посакува нешто непостојано, несигурно, недостапно, а сепак толку неодоливо привлечно. Тоа се тие чекални. Секогаш преполни, но во исто време, за секого има место.
Периодов обично ни поминуваше со дружби на виноскоп, обично секогаш свиреа Нокаут и верно си ги слушавме, онака цимерска дружба( од два стана). Секоја година иста традиција. Ги сакав тие моменти кога заедно се средувавме за излегување, па кога се враќавме дома хаос...па отвараме фрижидер и онака малку дамлосани си вадевме се од него и си правевме комбинации, па се смеевме и тресевме зелени до сабајле. Сега едната е на работа во странство, другата е на учење во страснство, третата веќе како да не заборави. Имам уште две овде за дружба, најжалните останавме. Си се присетуваме како беше. Не ми се верува како лета времево. Магично. Пред некој ден бев кај цимерката, таа ми беше најблиска, четири години делевме соба. И не правевме муабет за сегашноста туку се присетувавме на сите убави работи од тие студентски денови. Ми се плачеше иако убаво ми дојде да се потсетам. Не знам дали има некој што толку е носталгичен за студентските денови или ја сум луда.